Коронавирус (COVID-19)

Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Сопругата од вчера Т 37.7. Непријатна болка во грло (зацрвенето), на "гради" сега засега нема ништо, нема кашлица. Крвна слика, Ле 10.8, доминантни Гр 72%, ЦРП 14.8, ЛДХ 355. Започнато со сумамед и витаминска терапија без парацетамол.
Понеделник или вторник повторно ќе испитаме лабораторија да видиме до кај сме.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... секогаш кога ќе се кажат параметрите на крвна слика се пишува и референтните вредности, секоја лабораторија според апаратура, методот на испитување си има и различни референтни вредности, конкретно за ЛДХ, а и седиментацијата е важен параметар за испитување! (мое мислење дека прерано сте почнале со антибиотикот!)
 
Последно уредено:
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.065
Поени од реакции
666
Со оглед на општата состојба и повишените вредности на имунолошките анализи имаше индикации за почнување со антибиотик. Знам колку можи да се искомпликува ситуацијата за неколку саати а и тоа дека е викенд, немаше друго чаре.
Инаку не барав да ми се толкуваат резултативе пошто ги работев јас, ги пишав како една паралела со резултати кои ги има еден позитивен КОВИД пациент во почетокот на болеста (нормална ккс, нормална седиментација, ниски Ле, ниско ЦРП, ниски тромбоцити).
Секако се додека не се тестира, нема да бидиме сигурни дали е бактериски тонзилитис или ковид, без тест- дотогаш лечењето ќе биде симптоматско.

Еве и референтните:
ЦРП < 5 mg/l
ЛДХ-225-450 u/l
 
...препоставував дека ти ги изработи и знам дека не бараш толкување на резултати, али зашто да не би имал и второ мислење на пример кога веќе поставуваш тука коментар, ЦРП иако е 14.8 (< 5 mg/l ) и е доста ниско за да биде третирано со антибиотик, не секое вакво мало покачување на ЦРП значи и бактериска инфекција ете нема покачени леукоцити Ле 10.8 (3,9 – 10х109/L) , (зголемениот физички напор и пушење знае да покачи ЦРП), а таа мала покачена температура 37.7 (нормална до 37.5) и малку иритирано грло не значи веднаш давање антибиотик, не мора да биде бактериска инфекција, може обична настинка со ова топло/ладно временска промена!
... до 38С телесна температура нека работи природно организмот да го убие штетникот(бактерија/вирус), после тоа ако веќе се покачува над 38.3 може интервенција да се помогне со лекарства оти организмот ја „губи“ битката и вирусот/бактеријата ќе доминира,
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.506
Поени од реакции
5.351
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Ден 15 од изложување со првопозитивен, ден 5 од изложување со второпозитивен и ден 2 од изложување со третопозитивен. Сметам дека од второпозитивниот (син ми) сигурно сум веќе инфициран, пошто се изнагушкавме му бришев мрсули цело време :D

Син ми веќе 2 дена е без температура и симптоми. Ќерка ми откако изгоре до 39.7 првиот ден, вториот ден и се намали до 37.7 и го поминува и без парацетамол. Кивањето и течењето на нос исто така сопреа.

Кај мене: Денес од пладне малку поткашлувам (се тешам дека е од цигарите) и повремена болка во грб и нозете. На моменти затнат нос. Температура 36.8, иако во нормални услови од 36.4 не сум измерил повеќе :) Мислам дека почнува да се дешава нешто, а се надевам дека ќе остане на благи симптоми. Ако остане вака, не планирам да се тестирам - евентуално тест за антитела по месец-два :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Маска не носам...секој ден на работа, секој ден пицерија....ме боли кур. Не дека не постои заебан вирус, не верувам у тоа дека е некоја превара...ама не верувам ни у апокалипса од вирус :)
Постои колективен страв дека а фатиш вирус ќе си ебеш матер, тоа е 100 пати позаебано од самиот вирус.
Пијте витамини...Д3 по 3000 единици, вит Ц по 2-3 грама, витамин А, магнезиум, Цинк пиколинат 50 мг, селен(бразилски оревчиња), кверцентин, по можност и други суплементи.......лук, овошје и зеленчук....и не лупајте толку меса и заситени масти. Јадете растителни влакна и ќефир или пробиотици/јогурт(во најмала рака).
Чувајте си ја цревната флора, она е златото што го имаме :)
 
Знаеш дека 90% од советиве што ги даде за внесот на витамини и минерали се поопасни од самиот вирус? На што ги базираш дозите? На претпоставка и сопствено толкување или? :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Ден 15 од изложување со првопозитивен, ден 5 од изложување со второпозитивен и ден 2 од изложување со третопозитивен. Сметам дека од второпозитивниот (син ми) сигурно сум веќе инфициран, пошто се изнагушкавме му бришев мрсули цело време :D

Син ми веќе 2 дена е без температура и симптоми. Ќерка ми откако изгоре до 39.7 првиот ден, вториот ден и се намали до 37.7 и го поминува и без парацетамол. Кивањето и течењето на нос исто така сопреа.

Кај мене: Денес од пладне малку поткашлувам (се тешам дека е од цигарите) и повремена болка во грб и нозете. На моменти затнат нос. Температура 36.8, иако во нормални услови од 36.4 не сум измерил повеќе :) Мислам дека почнува да се дешава нешто, а се надевам дека ќе остане на благи симптоми. Ако остане вака, не планирам да се тестирам - евентуално тест за антитела по месец-два :)
... ме потсетуваш на мене кога понекогаш ќе ги земам лабораториските анализи и све нормални параметри, а јас разочарана, како да сакам да има нешто, така и ти си запнал да имаш инфекција со SARS-CoV-2 , ете според пишаното немаш такви индиции, нормално го искажувам моето мислење,
...нормално да се затне носот кога ќе легнеш на една страна па да се одзатне со менување на положба, не гледаш какви временски промени има од - наеднаш за неколку часа +15, па ако уште го возиш бајкот, не само носот, кичма и нозете туку и газето ќе те боли! ... опушти се и не го попуштај гардот ниту надвор ниту на работа!
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
... ме потсетуваш на мене кога понекогаш ќе ги земам лабораториските анализи и све нормални параметри, а јас разочарана, како да сакам да има нешто, така и ти си запнал да имаш инфекција со SARS-CoV-2 , ете според пишаното немаш такви индиции, нормално го искажувам моето мислење,
...нормално да се затне носот кога ќе легнеш на една страна па да се одзатне со менување на положба, не гледаш какви временски промени има од - наеднаш за неколку часа +15, па ако уште го возиш бајкот, не само носот, кичма и нозете туку и газето ќе те боли! ... опушти се и не го попуштај гардот ниту надвор ниту на работа!
Сакаш да кажеш дека треба да шетам надвор меѓу луѓе откако сум 15 дена во контакт со позитивни? :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Знаеш дека 90% од советиве што ги даде за внесот на витамини и минерали се поопасни од самиот вирус? На што ги базираш дозите? На претпоставка и сопствено толкување или? :)
Моите прележаа со овие цифри на витамини....поточно: Д3 3000 и.е. кверцентин 0,5г, магнезиум 400 мг, Ц 2г, Astaxanthin 12 мг, пробиотици, мелатонин по 1 мг, цинк пиколинат 50 мг, К2 90 микро грами и претежно plant based diet... стариот има диабетес 2 и маснотии и пушач беше цел живот....ги остави цигарите пред 7 год.
П.С. Кои студии или анализи кажуваат дека 90% сум утка за витамините и минералите?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Моите прележаа со овие цифри на витамини....поточно: Д3 3000 и.е. кверцентин 0,5г, магнезиум 400 мг, Ц 2г, Astaxanthin 12 мг, пробиотици, мелатонин по 1 мг, цинк пиколинат 50 мг, К2 90 микро грами и претежно plant based diet... стариот има диабетес 2 и маснотии и пушач беше цел живот....ги остави цигарите пред 7 год.
Да, тоа е во ред, ако заболеле. Иако, нема баш докази дека препумпување со витамини помага при Ковид-19, али за плацебо ефект е секако добро да се пие нешто што веруваш дека помага. Но, твојот совет повеќе наликуваше на "кркајте ги овие витамини и нема да имате гајле", што не е баш коректно затоа што кај здрави особи овие дози само ќе се исфрлат низ мочка и ќе ги оптеретат бубрезите.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Да, тоа е во ред, ако заболеле. Иако, нема баш докази дека препумпување со витамини помага при Ковид-19, али за плацебо ефект е секако добро да се пие нешто што веруваш дека помага. Но, твојот совет повеќе наликуваше на "кркајте ги овие витамини и нема да имате гајле", што не е баш коректно затоа што кај здрави особи овие дози само ќе се исфрлат низ мочка и ќе ги оптеретат бубрезите.
Во нормални услови има друг начин на користење, плус cycling на истите.

Муабети може да правиме до сабајле на бафтана што е добро а што не...имаш студии и мета-анализи користи ги...во таа насока:
Користете https://examine.com/
Или на пр.
Да не редам линкови.....барајте студии поврзани со тоа што го наведов, откако ќе се уверите дека тропам глупости тогаш не мора да ги суплементирате :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Сакаш да кажеш дека треба да шетам надвор меѓу луѓе откако сум 15 дена во контакт со позитивни? :)
... па ако децата ти дозволат да ги оставиш сами, оти се поемотивни во вакви ситуации и си сакаат домашна блискост, инаку ако можеш и времето ти дозволи зошто да не излезеш, реков со бајкот, а не во гужва,
... денес како прават, со прв поставен ден на контакт ,,со позитивни,, матичниот ти одредува дополнителни 10 дена самоизолација без тестирање ако немаш симптоми, ако 11 от ден немаш пак никакви симптоми можеш да излезеш надвор тебе ти е 15 ден од прв контакт, ако ти се јават некои симптоми зависно од тежината и алгоритмот ти одредува тестирање и доколку е позитивен следи само 20 дена самоизолација и после си слободен без ново тестирање,
и да не се повторам, за мое мислење фамилијарно можеби мешана инфекција, сезонски грип и некој можеби подтип корона, ама не тој вирус што ја дава болеста КОВИД19,
 
Kajgana Shop

На врв Bottom