Коронавирус (COVID-19)

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.645
Поени од реакции
27.953
Дали има информација за починатиот кавадарчанец кој имал 44 години дали имал пропратни болести?
Истото прашање и за 27-годишната родилка?
Другар,секој може да умре од вирусов.Нема правило,ниту знае некој.Единствено што се знае за старите и болните
Автоматски споено мислење:

Одеднаш се влошува состојбата на заболениот и толку,здравите и силните зашто умираат никој не може со сигурност да каже
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Дали има информација за починатиот кавадарчанец кој имал 44 години дали имал пропратни болести?
Истото прашање и за 27-годишната родилка?
Не е кавадарчанец, Албанец, државјанин на Албанија на работа бил тука, и тоа најверојатно непријавен во градежна фирма, умрел уште на 1 април, а голема мистерија е со кој се контактирал последните денови, се претпоставува дека имал и колеги со кои комуницирал, се шетал по градот, никој не знае точно.
 
Член од
26 декември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
279
Ова е една причина поради тоа што ми се гади од муабетот "Коронава е за стари и луѓе со слаб имунитет"

Финтата е дека слаб имунитет имаат родилки после понапорни породување , луѓе со разни операции и болести кој без короната со медицината се решаваат.

Жално е што гледаат во карантинов како спас. Треба масовно со 24/7 известување на сите канали , со флаери со све да се научи народов на дистанцирање , маски , хигиена .

За жал ова е резултат на 20 години политика само во државава , без никаква едукација и премин во 21 век на сите полиња - од култура до технологија

Карантинот нема да придонесе за да исчезне короната треба агресивно да се работи на промена на навиките на народот во следниот период!
 
Член од
17 септември 2012
Мислења
896
Поени од реакции
515
Не ја знаев починатата, ама пред некој ден и свекор и починал, трагедија голема... Како што вика членот погоре, ми се гади од луѓево, никој ништо не почитува ни дистанца, ни хигиена, ништо, и нон стоп слушам државата не презема мерки, а кога ќе се донесат истите мерки не ги почитуваат, дури и се жалат, плукаат, тоа е дно народ сме. Самодисциплината ни е најниско можно ниво, пензионерите се бутаат по 100 луѓе у 5м2, страшно, никаков ред, се изнервирав максимално...
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Некако многу млади кај нас починаа, особено без болести. Би сакал некој доколку има подобра статистика да напише колку е просекот на години на починати кај нас и во Европа.
Ако добро следам и нема некој резултати од лекувањето со двата лека, дали е до начинот на примена, дали до квалитетот...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917

ја имаш таа статистика на миљон пути посочуваниот сајт (во темава):
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Преѓеска од 14-15 часот во паркот карши Веро Тафталиџе, пред трите згради Козле, народ народ народ едночудо. Одбојка, фудбал, вежбање на справи, деца млади еден куп. Со ваков однос нефермање препораки и одлуки, прашање на време кога ќе воведат уште построги мерки.
Прееска со кола проаѓам низ Чаир таа главната улица Цветан Димов ли како се вика беше накај 14ч се беше надвор излезено и машко и женско и најмладо, младо, средовечно, старо, цел народ од 5 до 105 год. преполни улици со народ, ретко кој носи маска, неверојатен сообраќаен метеж од коли, мотори, велосипеди... Поентата ми е што фајде ако основните школи, средните школи, факултетите се под клуч веќе цел еден месец кога младите и оние основците, но и средношколците повторно се дружат и се во директен физички контакт, истото важи и за повозрасните генерации кои не ги почитуваат мерките, се гураат туркаат по маркети, банки, аптеки, пазари, заштитни маски ретко кој носи, можеби е најдобро и сите овие вонредни кризни мерки да се укинат и повторно да се нормализира се како што беше до пред три недели бидејќи нема ефект !
 
Им е гајле на нив, нив каурски болести не ги фаќаат и каурски ограничувања нема што да почитуваат. Проблемот е во нашиве пензионери. Нив ништо не ги штити, а ипак се трудат да се глупираат.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.344
Поени од реакции
4.961
Преѓеска од 14-15 часот во паркот карши Веро Тафталиџе, пред трите згради Козле, народ народ народ едночудо. Одбојка, фудбал, вежбање на справи, деца млади еден куп. Со ваков однос нефермање препораки и одлуки, прашање на време кога ќе воведат уште построги мерки.
Во здраво тело, здрав дух

Sent from my LG-H872 using Tapatalk
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.832
Прееска со кола проаѓам низ Чаир таа главната улица Цветан Димов ли како се вика беше накај 14ч се беше надвор излезено и машко и женско и најмладо, младо, средовечно, старо, цел народ од 5 до 105 год. преполни улици со народ, ретко кој носи маска, неверојатен сообраќаен метеж од коли, мотори, велосипеди...
Така е и во Шведска, тоа е шведски менталитет и свест. Браво за нашите напредни сограѓани од Чаир.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
"Луѓето кои со години дишеле загаден воздух имаат 15 проценти поголема веројатност да умрат од проблемите што може да ги предизвика коронавирусот - пишува Њујорк тајмс.
Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, најави дека еден од неговите тимови ја истражува генезата на коронавирусот, заснована врз сомневањата дека зад него како причинители се кријат глобалното затоплување и огромното загадување на воздухот. Бајден вели дека загадениот воздух треба да се сфати посериозно отколку сега.
Гардијан пренесува дека според проценките, за нијанса почистиот воздух на Менхетен во изминатиов период, веројатно има спасено стотици животи.
Слична студија за Италија потврдува дека постои корелација меѓу огромната стапка на смртност во Северна Италија и нивото на загадување на воздухот во тој дел на земјата
Штета што никој не ги есапи најзагадените градови во Македонија како материјал за научни студии."
O2 Иницијатива
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Какви парадери се србиве не ми се верува, секој ден му слетува помош од Русија, и успеваат да тестираат само колку што тестира и Албанија :facepalm:

Реално кизнај каква е состојбата, нит знаат колку им се заразени, нит колку му се починати од Корона.

И уште има такви кои го слават начинот како србиве се справувале со Коронава.

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592

И не само тоа, пред 1 недела најавија дека од 8-ми април(денес) ќе почнеле да шијат заштитна опрема, што значи 2 недели после нас. Ресторани, образовни институции покасно затворија од нас, потоа 60 души од армија им се заразени, па концертите кога пандемијата веќе беше прогласена.
Све на све катастрофално менаџирана ситуација и дно од народ и држава. Не за џабе најголемите будалаштини на нашите портали се преведени од српските.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.858
Ne postoi nacin imunitetot i zdravjeto magichno da go sredis za 2 dena.
Toa e nacin na zivot, i ako duri sega vi teknuva na toa, kasno e.
Автоматски споено мислење:

Odredeni ekspozituri vo pomalite mesta bile zatvoreni.

Kako i da e, ne e samo za penziite, ima luge i sho imaat rok za isplata na kredit.
А кој спомена средување на имунитет за два дена? Постојат начини да се подобри имуниот систем на икс начини, вклучувајќи и медикаменти кои го бустаат. Наместо тоа, фашистичката управа воведува домашен притвор, прави bottleneck насекаде и се труди да го намали колективниот имунитет до ново дно. Ама ок, со "образуван" народ кој ми соопшти вчера дека ќе умреле 700.000 народ тука ако немало домашен притвор и слични тв-индуцирани хистерии, нема да ме чуди и одобрување за користење на боева муниција за дејство врз прекршителите на притворот. Знам, делува забегано, но и ова моменталново некој да го кажуваше пред пола година ќе делуваше забегано.

рептили... ти е метафора за теорија на заговор...
СФРЈ ... ти е метафора за функионална држава во вакви ситуации.
Автоматски споено мислење:

одговорот не ти соодејствува на тоа што сум го напишал...
Претпоставував дека е нешто као обид за хумор...
Автоматски споено мислење:

Што пофашистички мерки, тоа повеќе случаи. Јебеш га... :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom