Коронавирус (COVID-19)

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.252
Поени од реакции
29.731
Сумамед(азитромицин) е антибиотик, не антивиротик. Огромна разлика. Примарно не се дава на релативно стабилни пациенти туку на нестабилни пациенти(високо ризични) како превенција пред секундарна бактериска инфекција. Значи апликацијата се остава за хоспитализирани пациенти позитивни на Ковид-19, не за домашна употреба.
Не ја спорам терапијата, но азитромицин има антивирални својства.


Патем ако некој познава кадар што работи со вентилатори/респиратори (апаратите за дишење) посочете им на истражувањата кои укажуваат на полезност од повремено (или постојано) легнување на пациентот на стомак. Веројатно многу од нив следат и знаат, но можеби за некој сепак ќе биде новост. Во многу случаи такви нијанси ќе одлучуваат за живот или смрт.




едит:
...спомна дека може да останат последици после прилучување на респиратор? Може ли ако знаеш малку поише да пишеш? Ми спомна прееска еден дека после тоа можело обична настинка да те пеплоса
Последиците не се од респираторите, во некои случаи (најчесто заради прејак одговор на имуниот систем) се оштетува дел од ткивото со алвеолите и пациентот останува со трајно намален капацитет на градите.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
@Ilumious извини,ти спомна дека може да останат последици после прилучување на респиратор? Може ли ако знаеш малку поише да пишеш? Ми спомна прееска еден дека после тоа можело обична настинка да те пеплоса
Не, немам спомнато вакво нешто, тоа беше докторот на Алфа. Не сум чула респираторот да остава последици.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
880
Поени од реакции
1.403
нов случај?
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.701
Поени од реакции
5.326
нов случај?
веројатно, ама сепак треба да се зема со одредена доза на резерва сеуште нема официјална потврда.. исто тука пише дека од вечерва во изолација се три села од Струга, Лабуништа, Велешта и Татеши... исто и за оваа информација нема официјална потврда сеуште...
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.720
Видеово ми го прати другар од Индија. Вика дека според податоци од телефонските компании, 1,5м кинески мобилни броеви престанале да прават било каков сообраќај, и има сомнеж дека ова се за жал жртви од јануари наваму, што е далеку повеќе од тоа што се пријавува од кинеските власти.

Слично зборува и човеков на видеото. Вика, дури и да ни пратите помош, власта нема да ја прифати бидејќи сака да го прикаже западот како кривец за вирусот. Фала на прашањето за помош но нема да оди кај што треба... 49 крематориуми само во Вухан работеле по 24 часа на ден, 17 дена по ред.

Не знам колку време треба за да се кремира едно човечко тело, но бројкиве се страшни.

Во Франција одат бројките нагоре, меѓутоа изгледа подобро изреагираа властите од Италија и Шпанија, сепак има помалце заболени.

Макрон јадеше трици дека ќе има маски уште таа недела, но не само што нема маски, антисептичен гел и ракавици, нема ни топлочери во повеќето аптеки.

Не тераат да пишуваме различен документ за тоа едно излегување на ден од по еден час на кое имаме право и тоа со час на него, за да може да се провери. Улиците се празни но заебано е кога се оди во продавница, не само од тоа дека има луѓе, иако не се пуштаат неодреден број на луѓе, се тоа се контролира и има чувари на секој влез, ами од тоа дека некој од вработените може да го пренесе вирусот преку допирање на амбалажите на продуктите...

Во Индија им давале антисептик, ракавици и маски на влезот во тие продавници кои се отворени намерно да може луѓето да јадат, тоа го нема ни овде во Франција...
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.545
Поени од реакции
7.251
Многу ме интересира твоето мислење на овие три прашања пошо те гледам цело време се контраш, а никако не приложуваш решение
1.Зошто е прогласена пандемија ако е ова само грипче
2.Дали треба да се укине карантинот и се да се врати во нормала
3.Како го толкуваш фактот дека одредени селца во Италија за неполн месец ги стигаат бројките на годишно починати луѓе од претходните години во истото населено место

Иначе, како што е бројката на заразени поголема од официјалната, така е и бројката на починати. Ако се верни одредени извори, официјалните дневни бројки на починати во Италија се само од пациенти во болниците. Тие што починале во своите или во пензионерските домови тек треба да се избројат, а ги има сигурно во голем број.
Воопшто не контрам, барам факти и бројки од кои можам да извлечам логично решение

1. Прогласување на пандемија после 2.5 месеци борење со вирусот во Кина - во најмала рака е смешно од страна на СЗО. Се додека вирусот не им се појави во Европа и не почна да ги коси италијанските болници, СЗО ништо не му чуеше. Така да, прогласување на пандемија, после толку време ич не е релевантно. СЗО беа нем посматрач во Кина а не им текна дека додека Кина се бори уште во Јануари дека постојано има проток на луѓе од Кина кон останатиот дел на светот

Месеци ги гледавме кинезите како градат нови болници, никому во Европа не му текна, абе чекај да се спремиме и ние? Така што, не е страшно што е прогласена пандемија, страшно е што одговорните кои треба да му ја мислат на вакви епидемии, спиеја цврсто

2. Карантин немаш никаде. Тоа што болни или можно инфицирани се во карантин, апсолутно не ти помага кога 3 месеци вирусот се шири и пренесува без да го знаеме или приметиме. Колку време помина, колку автобуси поминаа, колку авиони дојдоа од цела Европа дури не почна некако карантин за новодојдени? Тие луѓе кои претходно дојдоа, не мислиш дека го раширија вирусот или од појавата на дебарчаните тие го донесоа вирусот и никој друг?

3. Италија од самиот старт самите медицински лица ја ебаваат работата со непостапување и со несериозен пристап на заболените (види на интернет, имаш и премиерот се жалеше на истово)

Што од демографски, што од регионални, што од лоша нега, што од неспремен кадар - има многу фактори кои во овој момент не се познати. Не може една Кина да има 3000 жртви а Италија 10000. Или Кина лаже за бројот или нешто од старт се згрешило во Италија.

Останатите земји во регионот, Швајцарија, Австрија, Германија, немаат ваква слика како Италија. А сите се изложени бидејќи и затворањето на границите пред 2 недели не го запре вирусот, тој се ширел уште од Јануари. Шведска втора недела пичи па не се ништо поразлични од останатите во регионот.

Голем дел на жртви во Шведска биле Сомалијци. Зошто швеџо нема гајле а африканецов умира?

Јас верувам дека со општ карантин не можеме да го решиме проблемот. Прво што мора да разбереме, зошто најмладите и младите се најмалку загрозени од овој вирус (дали од редовна и скора вакцинација, имунитет итн) и после тоа да се пристапи кон изолација само на најризичните групи. Останатиот дел да продолжат да живеат нормално бидејќи големи се шансите тие веќе да го прележале вирусов и да бидат имуни.

Чим се создаде имунитет, вирусот ќе изумре и останатите ќе можат да излегуваат. Или дур не се најде вакцина.

Во било кој случај, ненормално и невозможно е сите да живееме во карантин подолго од 1-2 месеци. Затоа што после тоа ништо нема да остане на светов. Дали ќе се најде или не лек, народот наскоро ќе мора да излезе и да продолжи со нормалниот живот

Доаѓа наскоро сезона на сеење, во Европа нема веќе бугари и пољаци да работат на полињата, што ќе јадеме?

И дури покасно ќе ги гледаме последиците на сегашните мерки и колку тие ќе помогнат
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
А дали ти пример заболен од сезонски грип би примал терапија на инфективно а во соседната врата се наоѓат пациент со корона? Требит и на тие пациенти да се мислит и на здравјето нивно.
Според приоритет едните моментално имаат предност.

Во Кина монтажните болници биле за тие со лесни симптоми на вирусот, нешто како карантините низ хотелите во МК, за полесна контрола.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.229
нов случај?
По текстот, нови 2 од кои 1 е смртен случај. Само и во текстот пишува дека е непотврдено дали се работи за позитивен случај на вирусот, но по симптомите е возможно.

Пишав и пред 1 недела и повеќе дека мора масовно да се тестира во струшкиот, кичевскиот, гостиварскиот, тетовскиот регион, како и регионите каде има многу повратници, поготово од Италија, затоа што овие региони се баш со таков карактер на иселеници-печалбари. А сега мислам дека се задоцни и за жал луѓето таму кои веќе се заразени не се во рана фаза, туку баш влегуваат во онаа најкритичната. Исто така, за жал постои голем ризик за локална трансмисија во тие населени места.

Е сега, протоколот загрижува што во градови каде во локалните болници нема инфективно одделение, ваквите случаи ќе се носат директно во нивните амбуланти со што од една страна во ризик влегува медицинскиот персонал кој не е добро опремен за да се заштити, нема соодветен протокол како да постапи со такви пациенти и останатите пациенти кои веќе се лекуваат во тие одделенија се под ризик да се заразат од вирусот, а од друга страна се губи драгоцено време во навремено реагирање за спас на пациентот. Недостигот на протокол од ваков тип ќе продолжи само во конфузија како случајот со починатата жена. Не можи сите случаи да се препраќаат на инфективната во Скопје, да бидеме објективни сега.

Треба што поскоро се премине на масовно тестирање и што поскоро да се уреди квалитетен протокол за подрачјата кои немаат инфективни одделенија како Струга, Кичево итн...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Како за кризна состојба страшно многу пребарување е ова. Шо му фали на Криволак, има храна, вода, покрив над глата. Појче од доволно. Па и ништо не се бара од нив на крај краева. Седи, читај, пандемија е мајке му. Уште не удрило јакото, а вече незадоволно фиромчето од хотел и оброк. Шпагети, јајца, виршла па и ги слика. Ех гадно фејсбучарење. Зато навивам за коронава, да се јади трева и со ножој да се бркаме за една павлака.
bas taka treba na tie gospodata
jas na Krivolak usm odel skoro sekoj dve godini i si vikav vo sebe daj koga ke napolnam 60 g. da ne odam poveke.A ne deka sum se zalel za nesto. kako rezervista na protivavionska brigada tuku aj ceta,odevme tamu na gaganje na ziva meta. Spievme vo golemi satori,dole na zemja po 20-40 lica,jadenje od polska kujna. Sam si nosis onie vojnicki pribor i sam si gi mies ( e taka treba za ovie a ne HOTEL)Nema lezenje preku den,cel den trcanje obuka cistenje orudija i taka dve nedeli za da eden den nisani pali i gotovo. A da i straza obavezno pa koj ke ti gi cuva topovite. A malku potesko bese koga stariot veke ja izgubi ednata noga i tamu moravme da bideme na gotovs,spievme so cizmi.Po malku kasalam ,nosot mi e zatnat,sakam vo HOTEL.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.119
Поени од реакции
16.586
Зошто Кина би прикривала бројки на смртни случаи ? Ај на почеток сваќам да се случеше тоа дури не се прогласи карантин,се плашеа за економијата,нејќеа паника да се шири, ама која е поентата после тоа да кријат.
 

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
719
Поени од реакции
1.528
Не ја спорам терапијата, но азитромицин има антивирални својства.


Патем ако некој познава кадар што работи со вентилатори/респиратори (апаратите за дишење) посочете им на истражувањата кои укажуваат на полезност од повремено (или постојано) легнување на пациентот на стомак. Веројатно многу од нив следат и знаат, но можеби за некој сепак ќе биде новост. Во многу случаи такви нијанси ќе одлучуваат за живот или смрт.




едит:

Последиците не се од респираторите, во некои случаи (најчесто заради прејак одговор на имуниот систем) се оштетува дел од ткивото со алвеолите и пациентот останува со трајно намален капацитет на градите.
Nema konkretni dokazi za antiviraniot ucinok na makrolidite ( vo slucajov azitromicinot). Ex vivo prezentiraa antiinflamatoren I antivirusni ucinok no pri in vivo studiite duri imase negativen ucinok. Taka da momentalno tvrdenjeto deka azitromicin bi imal direkten ucinok I bi pomognal protiv virusni infekti e nevalidno.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.594
Поени од реакции
18.009
Видеово ми го прати другар од Индија. Вика дека според податоци од телефонските компании, 1,5м кинески мобилни броеви престанале да прават било каков сообраќај, и има сомнеж дека ова се за жал жртви од јануари наваму, што е далеку повеќе од тоа што се пријавува од кинеските власти.

Слично зборува и човеков на видеото. Вика, дури и да ни пратите помош, власта нема да ја прифати бидејќи сака да го прикаже западот како кривец за вирусот. Фала на прашањето за помош но нема да оди кај што треба... 49 крематориуми само во Вухан работеле по 24 часа на ден, 17 дена по ред.

Не знам колку време треба за да се кремира едно човечко тело, но бројкиве се страшни.

Во Франција одат бројките нагоре, меѓутоа изгледа подобро изреагираа властите од Италија и Шпанија, сепак има помалце заболени.

Макрон јадеше трици дека ќе има маски уште таа недела, но не само што нема маски, антисептичен гел и ракавици, нема ни топлочери во повеќето аптеки.

Не тераат да пишуваме различен документ за тоа едно излегување на ден од по еден час на кое имаме право и тоа со час на него, за да може да се провери. Улиците се празни но заебано е кога се оди во продавница, не само од тоа дека има луѓе, иако не се пуштаат неодреден број на луѓе, се тоа се контролира и има чувари на секој влез, ами од тоа дека некој од вработените може да го пренесе вирусот преку допирање на амбалажите на продуктите...

Во Индија им давале антисептик, ракавици и маски на влезот во тие продавници кои се отворени намерно да може луѓето да јадат, тоа го нема ни овде во Франција...
Чим почнаа да снимаат видеа како доктори фрлаат маски од лице се знаеше дека е пропаганда ала преродбата продолжува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom