Коронавирус (COVID-19)

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
Во америка ќе биде партали, пола америка е гето 30 милиони здравствено не осигурани ... најниско ниво на свест на планетава е концентрирано во УСА, се тепаат по продавници за тоалента хартија, складираат оружје по дома. СТРАШНО
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Не им ги спорам мерките, ама што прават, ги стрелаат тие со корона? Нелогично е земја ко Македонија да пријавува случаи ко Кина што пријавува да речеме. И Кинезите имаат огромна дијаспора и Кинезите мора да отидат да си купат храна и Кинезите имаат фабрики кои не верувам дека се 100% затворени, да не зборам колкава територија е Кина и колкава маса на население живее таму. Нелогични ми се овие бројки.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135

Еве едно видео, има и превод долу, зборува пулмолог од Германија... еве и еден графикон.
1585265052413.png

Јас и понатаму стојам зад тоа што го мислев уште пред месец-два, дека ситуацијата е и доста пренапумпана од реалната слика.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
Country,
Other
Total
Cases
New
Cases
Total
Deaths
New
Deaths
Total
Recovered
Active
Cases
Serious,
Critical
Tot Cases/
1M pop
Tot Deaths/
1M pop
USA83,672+15,4611,209+1821,86480,5992,1222534
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.076
Поени од реакции
16.248
КОРОНА ВИРУС.
Обично не сум активен на социјалните мрежи но сега чувствувам потреба како Доктор и човек ,да се обратам и да дадам малку придонес кон психозата што се појави во врска со вирусното заболување кое го предизвикува корона вирусот.
Корона вирусот по име Sars cov -2 или болеста која што ја предизвикува и која се вика COVID- 19.
Најпрво морам да дадам (иако по принцип сум критизер) , едно големо признание за посветеноста кон борбата со заразата на Министерот за здравство Др Венко Филипче и за неговата сеопфатна стручна елоквентност за пристапот кон заштитата и превенцијата и сите мерки кои ги презеде и ги превзема,,,,респект.

Ќе се обидам колку што можам да укажам на сите факти без многу медицински стручни терминологии и да биде поразбирливо за сите ,и за оние кои ќе можат да го разберат објаснувањето.
Воедно не се работи за нов вирус ,овој е регистриран од науката малку поодамна, пред околу 50 години е регистриран . Има 4 поттипови на корона вирус,
Овој тип вирус е малку поиздржлив и подолго живее во надворешна средина па и затоа иако и не е во најпотентните и највирулентните сепак на експозиција лесно доаѓа до( трансмисија ) пренос на болеста или зараза .
ЗАРАЗАТА настанува при допир на вирусот и тоа преку загадени раце со или секрети и тоа преку уста . нос . очи или сексуален секрет
Се работи за честичка која нема органи за прехрана и има потреба од домаќин(човек ) кај кого треба да се насели и да може да почне да се храни да формира органели за да добие енергија и да може да се развие во болест .
Тешко е да се регистрира вирусот со тестови затоа што има 32000 партикули на Рибонуклеинска киселина и затоа тестовите кои се прават фаќаат само дел од парткулите на РНК и се пребојуваат виолетово што значи дека човекот е позитивен на корона .
Не значи дека ако на еден тест сте биле негативен , дека вие немате корона инфекција, затоа не треба превентивно да прават тестови туку мора да помине период на инкубација и позитивна епидемиолошка анкета или дека сте биле во контакт со болен од ковид 19.
Исто да се напомене дека е невозможно сите луѓе да се тестираат за корона, или тоа ви е како на еден земјоделец да му дадете норма од 100 декари да крои на ден , не е возможно технички и физички да се постигне со анализата на тестовите .Фабриката која ги произведува тестовите може максимално да произведе 30.000.000 на месец. , значи не е точно и тоа дека има тестови за цел свет .

Вирусот создава и антитела ТЕ имунитет за што се употребува и тест за присуство на имуноглобулини или (ИГГ тест) со кој се потврдува дека лицето било заболено од овој вирус и создало антитела.
Има многу нејаснотии само околу периодот на инкубација или периодот во развојот на болеста или колкав е периодот на појава на симптомите кои се многу општи и тешко е да се детектираат и препознаат во медицината и е многу тешко да се направи разлика меѓу ковид 19 и друга настинка или болест.
Кога че настане воспалението на белодробието или бронцхопневмонијата исто е тешко да се направи разлика дали таа бронхопневмонија е од вирусот или од други причинители како пнеумокок ,стрептокок, микоплазма и др .
.Само ќе ги наведам на кратко симптомите на корона инфекцијата,,,Покачена температура , Гушоболка со сува кашлица и глад за воздух поради неможност за размена на кислород во алвеолите. сувост на носот и црвени очи.
Преносот е преку секрети и најчесто е со загадени раце и останти телесни секрети. Заштита е држење на растојание од болен со ковид 19 и одржување на хигиена со миење на раце .За медицинските лица и другите кои се изложени е носење на сооодветна заштитна опрема ракавици и маски и употреба на алкохолни дезинфициенси
.Корона вирусот е најчуствителен т.е. моментално го убива алкохолот мин 40% и хлорот и тоа во мали концентрации.Кај нас хлорот го има во водата која ја пиеме во нашиот Кавадаречки водовод па затоа пијте вода од чешмите. Нема доказ ама има логика.!!!
Најтешките прогнози се дека се работи за грип во пандемиски размери од кој се отчекува да се разбболе 60 % од популацијата , или за Македонија тоа е околу 1.000.000 жители да бидат заразени од КОВ 19 , од нив околу 800.000 ќе имаат благи или умерени симптоми како обична настинка, Останатите ќе бидат со поизразени симптоми на болеста или околу 200.000 од кои околу 6% се со потешка клиничка слика или околу 12000 ќе се со атипична бронхо -пмевмонија или воспаление на белите дробови која најчесто настанува од секундарна инфекција на вирусот и на која се накалемува бактериска инфекција на белите дробови па тука е и лежи потребата за давање на терапија на антибиотик AZYTROMICIN - SUMAMED I лек против маларија HYDROHYChLOROQUINE , затоа нема потреба и не смее превентивно да се пијат овие лекови превентивно кои и не се така безазлезни бидејќи предизвикуваат и многу несаакани реакции.Овие лекува не спречуваат и не делуваат превентивно да се заразите или разболите од корона вирусот.

Има една статистика која никој не ја употребува при оваа пандемија а се вика МОРТАЛИТЕТ стапка на смртност нормална природна појава ,или за пример ќе ја земам Италија во која дневно се прикажува дека умираат по 700 луѓе од корона болест , а пред корона во Италија нормално природно умираат по 1600 луѓе .
Ако Италија брои 60 000 000 жители природниот морталитет е околу 1% или тоа се 600.000 починати на годишно ниво од старост или некоја друга болест не од корона,или на ден тоа е околу 1600 луѓе умираат секој ден во Италија
Македонија е со истата стапка на смртност или таа е со 2.000.000 жители или тоа е околу 20.000 смртни случаи од старост и од други болести или на ден во Македонија природно умираат околу 50 луѓе дали од старост или болест или несреќа.
Кавадарци е со истиот просек и кај нас годишно е околу 350 смртни случаи или дневно природно или од болест си има поеден умрет починат .
Бројките коии ги земав се паушални само колку едно приближно појаснување дека смртта е составен дел од животот и дека е дел од секојдневието и малку се заборавивме дека сите сме смртници и ако вака ги гледаме овие бројки тие се драматични ако секој ден ни се кажува дека во ИТАЛИЈА ПОЧИНАЛЕ 1600 не од КОРОНА во Македонија 54 Во Кавадарци еден починат на ден и тоа не од корона ,
Вирусот не бира ни богати ни сиромаси ни етникуми, сите се подложни можат да бидат заразени.
Воопшто работата малку забега од колосек од народот и неговиот страв да не се разболи и да не умре .Почнаа да се демонизираат работите и сите кои се болни од корона да се поистоветуваат со тоа дека се црни ѓаволи дека се виновни затоа што се болни, па дури и поповите се вклучија во бркањето на демоните . Не е така луѓе , болеста е пренослива и секој може да биде заболен и болен ,не ги бележувајте оние кои се заболени со буквата А не ги анатемисувајте може и ти си болен а не знаеш,Само треба да с е почитуваат протоколите од министерство за здравство за полесно и побрзо да се справиме со болеста за да не колабира системот,
Најјмногу , ние како медицински лица може да бидеме заболени и што треба да дезертираме и да ја напуштиме работата , бидејќи во желбата и повикот на професијата за која сме учеле и положиле заклетва ние треба да им помогнеме колку што можеме на болните свесни за ризикот оти сме во директен контакт со многу пациенти откриени или неоткриени заболени од корона .
После оваа епидемија светот нема да биде повеќе истиот луѓето ќе почнат да ги ценат другите вредности за кои малку повеќе и ги подзаборавиле вредностите ќе бидат на малку повисоко ниво и ќе разбереме дека сите сме само обични смртници кои треба да се соочуваме со предизвиците од животот и дека секој треба да си биде на местото во општеството .
Само ме зачудуваат јауците и квичењата на бизнисмените кои уште со вториот ден од превземените мерки прикажаа загуби а уште ни плата не поделија ,чудно изгледа дека се уште не им е сфатена лекцијата ,,,,,продолжува .......

Др Ратко Грков
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.007
Според мене, бројот на заболените не ја прикажува вистинската состојба во една земја, туку покажува колку е застапено тестирањето. Затоа Германија изгледа дека има мал процент на смртност во споредба со Италија и Шпанија... таму критериумот за тестирање е понизок. Тоа најдобро се гледа во САД каде што пред 5-6 дена имаше заболени колку што сега има умрени од вирусот. Тоа значи дека САД до пред извесно време не вршеше тестирања, а сега кога масовно почна да тестира, стапката на смртност навидум им се намали...

Ама затоа вистинско мерило се умрените лица од вирусот и тенденцијата на нивното зголемување. Пошто умрените кои прикажувале симптоми на грипот или ги тестираат или резултатите се очигледни, па така во случајов тоа е релевантнен показател.

А тенденцијата мене ми изгледа страшно.. пред 6 дена биле нешто околу 12.000 мртви, денеска 24.000 тоа значи дека на секои 6 дена се дуплира бројката со ваква тенденција, кога ќе се стигне до 1М ? При крај на Април негде...

Јас мислам дека како што викаше еден Германски доктор, ќе се зарази 2/3 од населението од грипов, доколку не се најде вакцина во меѓувреме, а уствари и да се најде, треба да се произведе, треба да се дистрибуира и така натака... Како што тргнало... ќе остави трага коронава врз цивилизацијата, уствари веќе остави. Кој би рекол, 21 век..
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Процентуално САД има повеќе заболени и повеќе мртви од вирусов него ли во Македонија.
Изгледа вирусот не бира дали има НАСА и добро ГДП во земјата, туку дали луѓето ќе ги следат наредбите или ќе бидат идиоти.
А зошто би имало идиоти во земја со добра економија..кој би рекол :toe:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.714
Поени од реакции
17.376
Процентуално САД има повеќе заболени и повеќе мртви од вирусов него ли во Македонија.
Изгледа вирусот не бира дали има НАСА и добро ГДП во земјата, туку дали луѓето ќе ги следат наредбите или ќе бидат идиоти.
А зошто би имало идиоти во земја со добра економија..кој би рекол :toe:
Најверојатно не мења ни дали сме идиоти, туку како земјата ќе реши да тестира и да ја манипулира статистиката.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137

Еве едно видео, има и превод долу, зборува пулмолог од Германија... еве и еден графикон.
Прегледај го приврзокот 240923

Јас и понатаму стојам зад тоа што го мислев уште пред месец-два, дека ситуацијата е и доста пренапумпана од реалната слика.
Толку не сфаќате дека поради мерките е така? Во западна кина скоро и да немаше заболени од вирусот, а и стапката на смртност во Кина е помала. Има провинции што имаа 1-2к заболени, а 2-3 смртни случаи, ние на пример имаме 3 од 200. Да оставеа кинезите да им се шири верувај ќе беше погоре.
ПС: Не се статистики за секого, незнаат множење и делење, вадат заклучоци од статистички податоци...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Prethodno davase dieti za slabeenje, a sega dava soveti za nesto so e vo del na infektologija.
И тоа какви диети, пржени јајца и сланина....катастрофа.

Сепак мора да се праи обрт, ако препорачува зеленчук и овошје кој ќе му дојде у клиниката?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Во америка ќе биде партали, пола америка е гето 30 милиони здравствено не осигурани ... најниско ниво на свест на планетава е концентрирано во УСА, се тепаат по продавници за тоалента хартија, складираат оружје по дома. СТРАШНО
Кинезиве која превара се, споредувајќи ги вака сериозните случаи спрема активни случаи, треба да имаат минимум 20.000 активни случаи. Сигурно имаат престанато да ги тестираат обичните случаи. Ако ја земеме Германија како репер, треба да имаат и далеку повеќе.
Ама битно се палат во Србија дека им пуштиле кинески доктори за да ја средат ситуацијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom