Коронавирус (COVID-19)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Аеросолно, тоа во ред, но рандом шетња која не вклучува близок контакт со заразено лице, можноста за такво сценарио е бесконечно мала, и да лиже прст, колку време вирусот е активен надвор од организмот "домаќин", значи треба да се излиже некој по раце, со тие раце во икс временски период да поздрави некого и тој што поскоро да си ја излиже дланката. И тогаш шансите за зараза не се особени високи.
Ако се искашла некој во релативно твоја близина и ти вдишеш, не ти се пишува добро :D на отворен простор на подалеку од метро и пол мислам дека сите се безбедни.

Нив ги плаши што не се знае кој е заразен кој не е, има куп што си ја прележаа веќе болеста со никакви симптоми и затоа освен на луѓето дома ти, мислам не можеш да се потпреш на никого дека е здраво лице.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
свирка венката, сите околу изградија мобилни болници, вој бате мува не го лази. вучич вика има дома да седите бре јасно ли ви е, се разболувате? веднаш у карантин у салата.
венката сирома со парацетамолче вика и дома седи :D тешко ке биде другари
Автоматски споено мислење:

додека објаснувате тука дали е опасен или не, и сметате проценти ко њутн и питагора да ви се братучеди од два браќа зетовци, во италија 683 умрени и 5210 новозаболени
На Вучич му гори шупакот,затоа што ако им се деси Италија,во најмала ќе лежи со неговион доктор за изјавите коа се подјебаваа на прес.Затоа ко радодајка,црка и "ко бога их моли" да седат дома.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Ако се искашла некој во релативно твоја близина и ти вдишеш, не ти се пишува добро :D на отворен простор на подалеку од метро и пол мислам дека сите се безбедни.

Нив ги плаши што не се знае кој е заразен кој не е, има куп што си ја прележаа веќе болеста со никакви симптоми и затоа освен на луѓето дома ти, мислам не можеш да се потпреш на никого дека е здраво лице.
Ама во случај искашланиот да е заразен (која е шансата) и вдишувачот да вдише од аеросолниот отпад.
Ми доаѓаат на памет сцените кога ложачот Миле како зомби се тетеравеше и ги фаќаше медицинските сестри цел распаднат од Вариола Вера или Џемаил Максут коа му поврати во скут на Раде Шербеџија :D
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Ако е ова вистина, тогаш ниакков карантин не ни е на помош...
Затоа тука се убедени дека карантинот ништо нема да смени освен многу откази и пад на економија.

Денес изјави дека доволно се тестира, се е под контрола. :) Тестирани 24.000, потврдени 2.500.
Денес во Стокхолм 18 починати, во еден ден. Ништо страшно рече, очекувам бројките и да растат ама се тоа е во разумна граница. :)

На крај и херои ќе излезат. :unsure:

A5402C4C-845A-4B9C-88C1-475C36765F99.png
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Па добро јас тоа го гледам позитивно.

Значи максимум заразливост, ако така се вика, е 20%. Тоа го знаеме од крузерот Дајмонд Принцес, кој е природен експеримент пар екселанс.

Од тие 20%, најмалку половина се асимптоматски. Значи ни остануваат помалку од 10%.

Од тие 10%, околу 90% ќе имаат благи симптоми. Некаде 10% ќе бидат потешки. 1% ќе бидат критични.

Најлошото сценарио за Македонија: 400 илјади заразени, 150 илјади симптоматски, 1500 критични.

Тоа е без мерки на карантин и без нови сознанија за лекување. Реално бројката би требало да биде барем 5-10 пати помала.
И ако продолжиш надоле, 10% од критичните починати. Значи околу 150-200 смртни случаи би требало да очекуваме.

Јас лично не верувам дека карантинот многу помага и страшно ќе ја намали бројката. Притоа, немам со што да го потврдам тоа, само уверување е. Се надевам дека Шведска ќе остане на сегашните одлуки до крај, така би имале одлична можност да направиме компарација дали карантинот е ефикасна мерка, или само глупост што предизвика дополнителни штети.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
870
Поени од реакции
1.378
И ако продолжиш надоле, 10% од критичните починати. Значи околу 150-200 смртни случаи би требало да очекуваме.

Јас лично не верувам дека карантинот многу помага и страшно ќе ја намали бројката. Притоа, немам со што да го потврдам тоа, само уверување е. Се надевам дека Шведска ќе остане на сегашните одлуки до крај, така би имале одлична можност да направиме компарација дали карантинот е ефикасна мерка, или само глупост што предизвика дополнителни штети.
Моја претпоставка е околу 5000-10000 мртви. Притоа, немам со што да го потврдам тоа, само уверување е. Се надевам дека карантин мерките се навремени и ке го запрат ширењето. Без мерки на карантин во ек на збувбување бројката на мртви би била преку 50000.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
На крај ќе испадне дека 90 посто од случаите во Македонија се ради непочитување на препораките кои беа спoделувани уште на првиот прес на министерот.

Самоизолација, минимален контакт, контактирање со доктор преку телефон а не скитање по болници.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
“Математиката поврзана со пандемијата што секој треба да ја разбере


Џејсон С. Варнер од веб-страницата „Медиум“ направи детална математичка анализа поврзана со коронавирусот и неговото ширење. Како што вели тој, важно е секој од нас да ја знае математиката за пандемијата со која се бориме денес.

Џејсон е извршен директор на успешна софтверска компанија што обезбедува податоци и аналитика на компаниите. Пред да ја основа компанијата, бил извршен директор на големи тимови за регрутирање во некои од најбрзорастечките компании во светот, како „Старбакс“ и „Гугл“. Има магистратура по хемиски инженеринг и факултетска диплома за бизнис.

Како што вели, тој не е новинар, а статијата ја напишал за да ја раскаже вистината за тоа што се случува со пандемијата и да ја објасни математиката преку едноставни термини затоа што многу луѓе не сфаќаат што се случува со пандемијата.

Тој истакнува неколку проблеми со кои се соочуваме во екот на пандемијата.

Проблем број 1: Социјалните норми се моќни мотиватори и ги спречуваат луѓето да ги преземат правилните чекори за соодветно да реагираат на пандемијата.

Чудно е и излегува како да претеруваме. Тоа е така затоа што повеќето луѓе ги преценуваат тековните случаи и ја потценуваат математиката за тоа како се шири вирусот. Причината е тоа што нашите мозоци имаат тенденција да размислуваат линеарно, наспроти логаритамски. За да се создаде нова социјална норма, луѓето сакаат да го видат однесувањето:
- Ако некој друг го прави, и јас треба да го правам.

Проблем број 2: Многу луѓе се фокусираат на погрешни бројки.

Да, вирусот убива мал процент од заболените. Да, обичниот грип убива десетици илјади луѓе годишно. Да, 80 отсто од населението ќе имаат лесни симптоми кога ќе се заразат со Ковид-19. Да, смртната стапка е релативно ниска (1-2 отсто). Сето ова е вистина, но се фокусирате на погрешни бројки.

Природата на експоненцијалната математика е тоа што стапките на инфекција почнуваат полека, a потоа се однесуваат како бомба и ги преполнуваат болниците.

Треба да претпоставите дека вирусот е насекаде во овој момент, дури и ако нема потврдени случаи во вашата област.

Важно е да ја направите оваа двеминутна математика од 3 чекори за да разберете:

1 чекор: За понатамошно разбирање на експоненцијалниот раст, земете го бројот на потврдени случаи во вашата област и помножете го со 10 (или 50 ако верувате во процените на „Харвард“ и „Масачусетс“) за да ги пресметате случаите што сè уште не се потврдени. 10 случаи во вашиот град, ако сè уште нема пријавени случаи. Овој број на заразени лица се удвојува на секои 3 дена кога се шири болеста. Значи, земете го вашиот број и помножете го со 2. Направете го повторно. А потоа, повторно направете го истото. И уште еднаш. Правете ја оваа вежба за множење 10 пати.

virus
Фото: Pixabay

2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x (бројот на предвидени инфекции во вашиот град денес (не само пријавени случаи).

Овој резултат е процена за реалните случаи во вашата област по 30 дена. За математиката се потребни 30 секунди и мора да ја сфатите за да видите како расте. Ова е крајниот број на случаи во вашиот град по 30 дена од денес, ако голем процент од населението не практикува социјално дистанцирање.

Пример од местото каде што живеам, Бенд, Орегон:

6 потврдени случаи х 10 = 60 случаи (заклучно со 18.3.2020)

60 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 x 2 = 61.440 позитивни случаи на Ковид-19 во 30 дена. Ова е 60 отсто од населението во Бенд, Орегон. Ова не е за паника. Вака функционира експоненцијалната математика.

Стапката на инфекција на вирусот се удвојува на секои три дена. За 30 дена ќе има 1.024 пати поголем број заразени лица во вашата област ако вашата заедница не примени екстремно социјално дистанцирање.

2 чекор: Следните вежби се екстремно важни

Пресметајте 15 отсто (помножете со 0,15) од последната бројка на вкупно заразени лица по 30 дена. Ова ќе обезбеди процена на сериозни случаи на Ковид-19 што бараат хоспитализација и споредете го со бројот на кревети и достапни респиратори во вашата болница.

Пример: Бенд Орегон: 0,15 х 6.144 вкупно случаи = 921 Ковид-19 случаи за 30 дена за кои е потребна хоспитализација.

Последен чекор: Помножете го вкупниот број на кревети во вашата локална болница со 0,35 за да разберете колку кревети може да се користат за пациенти со Ковид-19 во вашата област и споредете го со чекор 1 и чекор 2 во вашата област. Го гледате проблемот? Токму затоа владите ги заклучуваат градовите и државите низ светот.

Овие броеви што ги пресметавте го покажуваат големиот проблем: премногу пациенти, недоволно кревети и сериозен недостиг на респиратори, маски, доколку не практикуваме социјално дистанцирање.

Бројот на заразени се удвојува на секои три дена. Вестите и владините агенции заостануваат во нивниот одговор. Слушаме дека САД имаат 3.115 (15.15.2020) и тоа не изгледа како многу. Но, знаеме од Кина дека реалната бројка е поголема од пријавените случаи затоа што може да има заразени луѓе, а да не покажуваат симптоми. Во математиката „редоследот на големината“ значи десет пати поголема разлика.

Медицинската школа на „Харвард“ вели дека всушност има 50 пати повеќе случаи од пријавените. Тоа значи дека има над 75.000 случаи во САД.

Но, да претпоставиме дека сегашната бројка на заразени во САД е 10.000 за да видиме како би одела математиката:

Ако не запре ширењето на вирусот, за 30 дена ќе имаме од 2 до 10 повеќе случаи на заразени лица затоа што инфекцијата се дуплира на секои 3 дена.

Овој број е катастрофално голем проблем за сите нас: 10.000 случаи x 1.024 во САД за само три дена. Тоа се 10 милиони луѓе заразени со вирусот.

Откако владите на Кина, Норвешка, Франција и на Италија ја сфатија математиката, реагираа и затворија сè. Земјите што нема да се справат соодветно ќе платат многу поголема, покатастрофална цена.

Но, болничките кревети не се големиот проблем. Проблем е недостигот на респиратори.

Ако почнеме со социјално дистанцирање до 23 март, ќе се избегне заразување на 1,4 милион луѓе во САД.

Ако сите се придржуваат до екстремните мерки за социјално дистанцирање, САД драматично ќе го намалат ширењето на вирусот:

2 x 2 x 2 x 2 = 16

Наместо 10 милиони случаи, ќе има само 160.000.

Автор: Џејсон С. Варнер”
Автоматски споено мислење:

Моја претпоставка е околу 5000-10000 мртви. Притоа, немам со што да го потврдам тоа, само уверување е. Се надевам дека карантин мерките се навремени и ке го запрат ширењето. Без мерки на карантин во ек на збувбување бројката на мртви би била преку 50000.
Нема толку луѓе во Мкд.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.836
Полицискиот час треба преку викенди да важи,џабе е преку недела.Па пичка ли му материна 5 пати поише луѓе видов денес по улици него ли преку недела во работните денови.Пазарон Ѓорче,Стокомак,Кам волку луѓе за Божиќ и Велигден не сум видел.Сабота и Недела треба од 7 сабајле до 12 на полноќ да важи полициски час
:)
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
И ако продолжиш надоле, 10% од критичните починати. Значи околу 150-200 смртни случаи би требало да очекуваме.

Јас лично не верувам дека карантинот многу помага и страшно ќе ја намали бројката. Притоа, немам со што да го потврдам тоа, само уверување е. Се надевам дека Шведска ќе остане на сегашните одлуки до крај, така би имале одлична можност да направиме компарација дали карантинот е ефикасна мерка, или само глупост што предизвика дополнителни штети.
Јас Јапан би ја земал за репер, прегусто населена, најстара популација, може и најлесно помина во свет - барем засега.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Венко кажа дека преку капки од искашлување/кивање и нечисти раце (се фатиле по нос, уста) се заразени сите. Мене ич не ми е чудно, пола народ лиже прст пред да отвори ќесе.
денеска додека ја чекав сопругата (да не оди со автобус, да закачи недајбоже со гужвиве, цел ден сум натаму наваму) од карши имаше една бурекџилница. Баш следев девојчето како работи. Додека телефонираше со мобилен во една рака, со другата сечеше :( па си ја дотера косата :( па продолжи со сечење и пакување со 2 раце, а за да пакува си подлижуваше прст и со него на хартијата за виткање бурек :sick: Сигурно и муштериите ги служела со истите раце (парите и виткала пецива) :sick:
Дефинитивно барем засега, треба да се избегнуваат вакви продавнички или оние со производи на сецкање (кашкавал или месни производи). Јас ги избегнувам и кога немаше ваква криза, језиво е со хигиенава.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
Јас Јапан би ја земал за репер, прегусто населена, најстара популација, може и најлесно помина во свет - барем засега.
Не мислиш дека можно и да прикриваа болни, поради олимпискиве?

Дај на зокиов една маска нека му стават, не ради зарази, туку затната муцката да му е да не поштеди.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.364
Поени од реакции
7.293
Таков експеримент како Шведска може само во земји со дисциплинирано население.
Ако ние применуваме ист пристап како нив, кај нас резултатот би бил катастрофален во однос на Шведска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom