Коронавирус (COVID-19)

Член од
5 март 2018
Мислења
15.139
Поени од реакции
16.651
Премериот на Шведска вечерва имаше пет минутно обраќање до нацијата.
Да се остане смирен, без паника, дека не сфаќа сите ама тешки времиња се за сите. И сите веќе слушнати мерки за самозаштита.
И рече, многу ќе го фатат вирусот и од многу треба да се збогувате, на време.

Како Шведска се спрема.
Со најмал број на болнички кревети по човек, во цела Европа.
Поставени се над 1000 лимени “сандаци” пред клиниките, за тие што ќе умрат. Така се спрема Шведска, во тоа да е подготвена.

Прв пат имам некоја глупа грутка во грлото. Отиде човештвото во неповрат. Навистина е потребен рестарт ...

Прегледај го приврзокот 239887
Цела среќа пасошот го имав загинато и ми истекува за некој месец, влакно фалеше пред неколку недели да летам за Малме. Не за нешто друго, другарка ми ќе требаше да ме трпи месеци кај шо добивам паник атак на секое обраќање на премиерот.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Замисли ова било кој политичар од балканов да го кажеше каква реакција ќе имаше? :)
И Министерот за епидемологија го кажа истото уште пред една недела ама веројатно од Премиер е многу пострашно. :) Сигурен си дека навистина тој им е планот, кој не може да се избори, ќе умре. Зошто да страда цела нација во карантин и да има економски крах?
Во превод, така излегува ...

Ги читам низ групите, шведите баш премногу реагираат на случувањата од вечерва односно на не случувањата. Не е дека се имуни.
А и не дека околните држави не реагираат. Финска секогаш имала чудна почит кон Шведска, завчера изјавија дека не можат да сфатат какво е ова играње руски рулет.

Ама да, да го кажеше некој наш ќе беше сосема поинаку отколку овој. За жал.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Има што лажат несомнено. Ама не би искрено.

Да го праќаат бар тој брисот 1500ќе дадам не жалам.

Но да се визам во воз или автобус, ако сум потенцијална да заразам некој, ако не да се заразам.

Нема логика навистина ситуацијава.


Значи логика и теорија нема сите градови се зафатени, само за Битола и Прилеп се ќути. Шансите да нема случај на оваа бројка официјална во овие градови се рамни на нула.

Не пиши во кои градови ќе има и незнам од каде си ти, ама јави се, распрашај се.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
1.497
1 заболен, Црвевци - Кичево. Утре ќе го кажат.
 
Член од
25 февруари 2020
Мислења
196
Поени од реакции
174
Член од
17 август 2011
Мислења
9.758
Поени од реакции
17.457
И холандскиот премиер имал слично обраќање.

Ја кажува реалноста, без многу мавтање. Меѓутоа треба и интелегентен народ за да дадеш вакво интервју а не се закопаш политички. Ние сме моментално во фаза на ловење на вештерки, и треба да е луд било кој наш политичар да каже вакво нешто.

The third option is that we keep working endlessly to contain the virus.
That would mean shutting down the country completely.
Such a rigorous approach may seem like an attractive option, but experts say that this would not be a matter of days or weeks
In this scenario, we would essentially have to shut the country down for a year or even longer, with all the consequences that would entail.
And even if that were possible in practice – making people stay in their homes unless they have permission to go outside, for such a lengthy period – the virus could simply rear its head again once the measures were lifted.


Обрнете внимание на овој дел, го објаснува методот кој е особено баран во темата а и од мнозинството граѓани во државата очигледно.
Автоматски споено мислење:

Каков крај не ни се фаќа? Каде прочита затварање фабрики? И дај објасни како полицискиот час има врска со тоа? Фабриките кои работа втора и трета смена ќе си продолжат со работа, а вработените ќе добијат потврда од фабриката, и така полицискиот час нема да важи за нив. Приватниот сектор трпи штета и ете ќе се обезбедат 600 милони од надвор. Ако има потреба и од рестрикции, убаво пишав, треба да се прават прво кај олигарсите кои му ебаа матер на овој народ, кои милијардите ги направија на сметка на овој народ, а не рестрикции да се прават кај сиромашните. Тоа е погрешното. Се нафатираа за наредни 100 генерации и повеќе у луксуз да живеат, а на вработените им даваат минимални плати. Сега пак истото ќе го направат, ем ќе им скратат плати на вработените, ем парите што ќе ги земат од државата нема да ги вложат во вработените. Ќе настрадаат некои средни и повеќе мали фирми со по неколку вработени кои нема да видат ништо од таа помош. Знаеш што ќе добијат овие? Ќе добијат од кредитите што ги збореше министерката, а последиците како и во секоја економска криза, највеќе ќе ги осетет сиромашните.
Очигледно е дека тие 600 милиони од надвор не се доволно. Повеќето од приватните фирми/фабрики работат со многу мал обрт или се затворени, како директна последица на сите мерки вклучително и полицискиот час.
Убаво е што е што брзо им го зачукаа на вработените во јавниот сектор, дури 2 недели од започнувањето на мерките. Последиците треба да се трпат подеднакво, а јавниот сектор сепак е придвижен од приватниот.
Остануваме уште неколку сектори нечепнати, приватни странски фирми и лекари, полиција. Меѓутоа и нивниот ред ќе дојде. Смешното е што кога утре нема да земеш плата, нема да ти е јасно зашто тоа се случило.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2013
Мислења
841
Поени од реакции
1.292
Германија воведе нова мерка
Забранет контакт на повеќе од две лица , казна 25000 евра
Не воведуваат забрана за движење
Ова значи дека ако бидеш забележан на камера дека правиш муабет уште со 2ца , ти стигнува казна од 25к
А камери има и под мостови..
И растојание од 2 метра..
Интересно.
Ова не важи за луѓе што живеат заедно и семејства
 

Kajgana Shop

На врв Bottom