Коронавирус (COVID-19)

Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Абе, може и сред пандемија, бар одредени "моменти" во одесувањето. Ама во право си, бавен процес е тоа. Не се средува преку ден.
Може нормално и како што гледаме кај одреден дел од граѓаните работи свеста и се почитуваат оние мерки кои се основата за да се заштитиш од ова но според мене тоа е недоволен број за колективно да се заштитиме од тоа.

Мерките кои се воведуваа(т) кај нас според мене се правени по теркот на луѓето кои живеат тука, освен неколку грешки кои беа очигледни другото ми беше океј.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.480
Прееска во дневникот на Сител имаа репортажа од парк колку ги почитува народот мерките... 90% од тоа што снимија нит имаа маски, а останате ги чуваа на врат како украс :facepalm: а нормално паркот беше фул.
Кај ќе отвараш кафани и училишта, па уште 1 Мај да било ко нормален ден до 19 часот слободно да шетале... лупај таму карантин 4 дена ич око да не ти трепне, стока од народ сме. Нит држење дистанца, нит носење маски, групирање по 5-6 лица, катастрофа!!!
Нели се маските само за затворен простор? Зашто би носел маска ако седам во парк на тоа тополо време.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.310
Поени од реакции
7.445
Нели се маските само за затворен простор? Зашто би носел маска ако седам во парк на тоа тополо време.
Зашто има големи гужви и нон стоп се разминуваш со луѓе. Добро толку е тешко да носиш да маска? Ти се смеат другарите? Значи двајца ако носат маска а еден да е болен шансите да фатиш корона се намалуваат за 90%. Што народ ќе бевте се да ви цртаат после Филипче ќе биде крив.

Шти толку егото ви се повредува ако носите надвор нон стоп маска... Или мислите дека вдишувате УВ зраци...
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.564
Поени од реакции
7.335
Штосот е што Шведскиот модел на справување (кој полека се прифаќа и од останатите земји) е единствен на справување со вирусов. Се додека не добиеме вакцина секоја земја ќе се справува на ист начин како Шведска, вклучително и Македонија. Никој нема да биде имун, само прашање на време е кога ќе се дозволи контролирано ширење на вирусот.

Сите земји одат кон тоа решение бидејќи е единствено решение, ако се држиме во карантин одреден период и мислиме дека сме спасиле живот, истиот момент кога ќе се вратиме во нормала вирусот и кривите пак ќе се јават.

Решение нема, жртви ќе има, сите гледаат да не се оптовари здравствениот систем и тоа е тоа. Шведска не прави ништо погрешно за да мислиме дека ние сме попаметни.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Нели се маските само за затворен простор? Зашто би носел маска ако седам во парк на тоа тополо време.
Не, исклучок има само доколку се движиш на јавни површини и можеш да држиш растојание од 2 метра. Пишува во уредбата од пред една недела.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.480
Зашто има големи гужви и нон стоп се разминуваш со луѓе. Добро толку е тешко да носиш да маска? Ти се смеат другарите? Значи двајца ако носат маска а еден да е болен шансите да фатиш корона се намалуваат за 90%. Што народ ќе бевте се да ви цртаат после Филипче ќе биде крив.

Шти толку егото ви се повредува ако носите надвор нон стоп маска... Или мислите дека вдишувате УВ зраци...
Прво луѓе не носат маска на работни места и во затворени простории, а не па надвор. Мене јасно ми е дека тука на форум све сте Германци и идеални граѓани, ама малце врати се у реалноста. Ако воопшто си стаил маска ќе ти стане јасно дека истата не смее да се носи подолго време, се прави утоп и треба да ја фрлиш. Тоа ти е и препорака од официјални лица, а не од разни сезнајковци дека 90% штитела маската. Од кај ја извади бројкава жити бога?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Штосот е што Шведскиот модел на справување (кој полека се прифаќа и од останатите земји) е единствен на справување со вирусов. Се додека не добиеме вакцина секоја земја ќе се справува на ист начин како Шведска, вклучително и Македонија. Никој нема да биде имун, само прашање на време е кога ќе се дозволи контролирано ширење на вирусот.

Сите земји одат кон тоа решение бидејќи е единствено решение, ако се држиме во карантин одреден период и мислиме дека сме спасиле живот, истиот момент кога ќе се вратиме во нормала вирусот и кривите пак ќе се јават.

Решение нема, жртви ќе има, сите гледаат да не се оптовари здравствениот систем и тоа е тоа. Шведска не прави ништо погрешно за да мислиме дека ние сме попаметни.
Глеј да не. :icon_lol:

Пробаа холанѓаните истиот пристап ко Шведска, па после недела дена коа видоа дека најголема извозна ставка годинава ќе им е болни лица во Германија, почнаа да стегаат.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.310
Поени од реакции
7.445
Прво луѓе не носат маска на работни места и во затворени простории, а не па надвор. Мене јасно ми е дека тука на форум све сте Германци и идеални граѓани, ама малце врати се у реалноста. Ако воопшто си стаил маска ќе ти стане јасно дека истата не смее да се носи подолго време, се прави утоп и треба да ја фрлиш. Тоа ти е и препорака од официјални лица, а не од разни сезнајковци дека 90% штитела маската. Од кај ја извади бројкава жити бога?
Вчера Н99 од тие против загадување носев 2 саати надвор, без да ја извадам, ја перам секој втор ден, не ми се испоти. Инаку ја носев и кога беше загадено и таквите како тебе ме гледаа чудно како да сум забеган..
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Добро де не сме Шведска, немаме манталитет како Шведска, ама ете ви ја Белорусија слично племе како нашето, немаа затворено ништо, имаа спортски наптревари со илјадници гледачи.

До сега имаат 12200 случаеви, 79 умрени, 919 нови случаеви, ама како и русите и они почнале да тестираат се живо, имаат 17000 тестови на милион или 161000 вкупно, по скоро 10000 прават тестови дневно или околу 10% им се заболени со масовно тестирање (кај нас вадеа 10% со одбрани),
и да не заборавам имаат само 92 критични пациенти, значи без никакви мерки според некој требаше да има илјадници мртви, ама нешто ги нема, добро има диктатор ама не можеш да скриеш илјадници мртви во земја од 10 милиони која не е затворена како Северна Кореја.

За Еквадор се велеше дека има 8000 мртви повеќе од лани, а во корона мртвите се само 663, оние 7327 изгледа умреле од страв.

Јасно ни е на сите дека е посмртоносен од грипот, ама како одминува времето се гледа дека не е онака како што првично се мислеше.

И за маските, ИЧ не ми се допаѓа тоа што мора да се носат, предлагам место казни да ни дадат да пополнеме некаква изјава дека ако се разболиме да не не стават на респиратор, мислам кој се плаше нека си носе, маркетите и било која фирма нека си напише на влезот дали е за маска или не е и да си знаат оние што немаат маски дали смеат или не смеат да влегуват.
 
M

Macedon1um

Гостин
Зашто има големи гужви и нон стоп се разминуваш со луѓе. Добро толку е тешко да носиш да маска? Ти се смеат другарите? Значи двајца ако носат маска а еден да е болен шансите да фатиш корона се намалуваат за 90%. Што народ ќе бевте се да ви цртаат после Филипче ќе биде крив.

Шти толку егото ви се повредува ако носите надвор нон стоп маска... Или мислите дека вдишувате УВ зраци...
Јас лично не носам на отворено оти ми смета, склет ми прави ме нервира ама држам растојание и носам со мене секогаш за ако влегувам во некој објект

Денеска од она што видов ми се добри 90+ % носеа маски дури и на отворено

 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.480
Не, исклучок има само доколку се движиш на јавни површини и можеш да држиш растојание од 2 метра. Пишува во уредбата од пред една недела.
Ми се чини дека најпрво така беше најавено од Филипче, моја грешка. Бидејки слушнавме за маскиве милион контрадикторни тврдења од СЗО до разни доктори, нема ништо чудно луѓево да си тераат по свој терк. Глеам и слики од паркови во други поасални земји од нашава и таму се генерално без маски.
Можеби подобро е да се фокусираат на места каде реално се шири вирусот место да ловиме вештерки.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Вчера Н99 од тие против загадување носев 2 саати надвор, без да ја извадам, ја перам секој втор ден, не ми се испоти. Инаку ја носев и кога беше загадено и таквите како тебе ме гледаа чудно како да сум забеган..
Ja nosis 2 dena bez perenje? Koga vekje ja nosis mene mi e pologicno da se pere posle sekoe koristenje, inace dzabe ja nosis.
Sreka kaj mene ne baraat da se nosat maski zaso me iritiraat i ic ne gi sakam.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.310
Поени од реакции
7.445
Ja nosis 2 dena bez perenje? Koga vekje ja nosis mene mi e pologicno da se pere posle sekoe koristenje, inace dzabe ja nosis.
Sreka kaj mene ne baraat da se nosat maski zaso me iritiraat i ic ne gi sakam.
Ќути чиста среќа, не би сакале ти да си изиритиран...
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Што ти беее хахахахахаха да се тушираш после 22 часот полиција ќе ти викнат поради водата низ цевки што се слуша, ги болело уво што прават вика. Крал.

На @Емкаа есеноска и пререкле зошто многу ѓубре праела ко за сама живеење, немало да те оцинкарат на полиција бормашина ако пуштиш или правосмукалка или ако се тушираш после 22.
Автоматски споено мислење:


Абе не знам зошто упорно правите паралели со Германија. Во Германија сигурно на секој чекор немаш чопори од луѓе набутани како викендот во Скопје во парк. Што да носи маска ако се двајца и држат растојание? Навистина не можам да разберам и по 2 месеца прости работи се дискутираат :)

Само глумат лабавост, далеку се од тоа.

Имав јас дешавка со комшиката до мене, која е околу 30 години. Во 19 ми дојде на врата затоа што и пречела правосмукалката, работен ден било, она следното утро имала многу важен состанок.
Не нарушував ред на зградата ама бев повеќе шокирана, за реакција.
Дечко и е музичар, или сака да биде тоа.
Сабота во 15 часот имаше обид да свире. Отидов и им кажав дека на мене викендите ми се за одмарање.
Одтогаш си викаме здраво. :)

Само да те почувствуваат понизок од нив, душевна храна им е, и маста ќе ти ја извадат ако им дозволиш.


Многу се лесни споредбите со еден швед кога живееш далеку од нив, па имаш поинаква претстава.

Вчера имаше дебакл, весниците пренесуваа. Националистичката партија што на последните избори доби многу места имаа дадено изјава дека во борбата против вирусот Мора и Треба да имаат преоритет само шведите по националност. И тука дискусијата завршува. :)
 
Последно уредено:

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.564
Поени од реакции
7.335
Глеј да не. :icon_lol:

Пробаа холанѓаните истиот пристап ко Шведска, па после недела дена коа видоа дека најголема извозна ставка годинава ќе им е болни лица во Германија, почнаа да стегаат.
Австрија утре отвара хотели и почнуваат да се букираат туристички аранжмани за средина на јуни, скоро сите авиокомпании веќе нудат летови за тој период.

На 15 мај се отвараат кафичи и ресторани во Австрија.

7 мај се отвараат шенген границите за ЕУ граџани

Холандија на 11 мај отвара школи.

Ама не, се стегаат низ Европа :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom