Како бре доцниме, па ние сме единствена земја во светот моментално навреме шо испозатвори све, со вкупно 18 случаи све испозатворија, колку за пример во сите земји сеуште се функционира нормално, Шпанија дури над 2000 ко стигнаа затворија училишта.
Само совеста на народот кај нас ќе не отепа, од министерство засега се ок со одлуките, дури и чудно со оглед како функциониравме до вчера.
Ми иди в уста да го бацам Филипче кога го слушам на прес хаха, напрајте ме ула ама чоекот засега е светла точка во овој хаос, дава надеж.
Најповеќе ми се допаѓа шо ги слуша советите од граѓаните, се консултира и си одржува збор, видоја дека нема разбирачка со овој народ, се кренаа сите во поголем број дека работењето до 18 часот е промашено, бам по два дена катанец на све.