- изолацијата треба да се редуцира, од 10 дена на 7 дена за асимптоматски (тука би ставила + едно тестирање пред излегување од изолација). Симптоматски од 20, би редуцирала на 14, со можност за пролонгирање доколку станува збор за пациент кој е со потешка клиничка слика.
- најголем проблем на луѓето им задава домашно тестирање со брзи тестови, кои не се акредитирани од страна на министерството за здравство. Сфаќам дека може да се манипулира, ама со факсимил од лекар, би можело да се среди и тоа. Плус, дополнителна работа, дополнителни трошоци.
- до PCR на државно тешко се стигнува.