Не треба да си научник за да знаеш дека луѓето во Африка немаат пристап до лекар и задрвствена установа, ко луѓето во Европа и луѓето на запад на пример. Значи:
1. Недостаток на болници на прво место, кога ќе се исполнат капацитетите, едноставно нема каде да се примаат пациенти. Луѓето треба да патуваат многу за да дојдат до болница. Со самото тоа има и помал контакт со заразени лица.
2. Понатаму, лимитирано тестирање. Се претпоставува дека голем е бројот на такви кои не се вклучени во официјалната статистика, а го загубиле животот од сарс-ков-2.
3. Демографија, Африка има претежно младо население. Средна возраст таму е 18 години, а не 30-40.
Пример, Уганда (просек 16 години, само 2% од населението е постаро од 65 години), Канада (просек 41 година, 20% од населението е постаро од 65 години). Исклучок од сето ова е Јужна Африка, која во поголема мера беше погодена од пандемијата, но таму имаме и повосока просечна возраст на населението.
4. Не знам, ете и повисоката стапка на витамин Д може да игра улога и се спомнува како заштитен фактор.
5. На запад и Европа, фокусот е на хроничните болести и малигните болести, додека во Африка, фокусот е на инфективни болести. Искуството со другите епидемии си го прави своето. Нив не му се од вчера мерките за дистанца.
6. Некои спомнуваат и евентуален имунитет, од претходно циркулирање на вирусот.
Мислам дека треба да се направи компарација за стапката на заразени, но тука да се земе во предвид и бројот на направени тестови, па и демографијата како фактор и тек дури тогаш да се прават компарации со другите земји. Во Африка луѓето многу повеќе страдаат од економските последици од пандемијата, отколку од самата болест.