Од тоа што читав Астра Зенека со Фајзер се покажа како солидна комбинација. Мислам дека
@Igorcemk е така вакциниран.
Јас сум со две дози Фајзер. Веќе кажав дека не сум за да се форсира вакцинација со трета доза, сè додека има луѓе кои сеуште ја немаат примено првата доза.
Студија за други комбинации на вакцини (освен Астра Зенека, Фајзер) сеуште не сум прочитала. Ама ќе се заангажирам малку повеќе деновиве, со оглед на тоа што и мајка ми спаѓа во категоријата лица кои треба да бидат вакцинирани со трета доза (веројатно Фајзер), а има примено Спутник.
Како и да е, ова е мое мислење. Јас не сум имунолог, ниту генетичар, се држам до фактите пласирани од страна на стручните лица.