Темава е преплавена од антиваксери кои сеат лажни вести, страв и параноја. Темава го отежнува вакциналниот процес во државава, на Редит и Фејсбук почнаа да ги казнуваат анти-ваксерите и нивните штетни мислења подгреани од лажни вести...
А самата ти како модератор не те интересира од каде доаѓа изворот, колку само да се имало 'здрава дискусија'?
Темава е штетна за целокупното здравје и функционирањето на државава затоа што е запоседнаа од штетни ликови кои сеат лажни вести. Скоро и сите про-ваксери да ја напуштија ама вие се грижите да немало навреди
Баш темава ја сопре вакцинацијата кога сите јавни анкети направени уште пред оваа тема да се отвори, а потврдени и по отворањето на оваа тема, 50% од граѓаните се изјаснија дека не сакаат да се имунизираат!
Сега стихијата и стравот паднаа, имаше неколку сериозни скандали кои ја оспорија имунизацијата (како онаа со АЗ), започна да се политизира, но и веќе доволно знаеме за вирусот каде секој може да си направи проценка и оценка дали сака да се боцне.
Темата е одлична, кога ќе се разгори и самата дебата е одлична...сѐ додека не дојдете ти и Рон да тропате глупости, да тролате и да не презентирате ниту еден единствен факт, став или просто мислење. Може го немате, не знам.
Вакцината е лично добро, изборот е твој. Ама ако некој ми ги крати моите Уставни права (конкретно мислам на "доктор" Филипче и останатите челници кои водат ресори), ќе ги навредувам. Со тоа не ги прекршувам форумските правила.
На што е сведена дебатата?
- Вакцините нема да ја сопрат заразата.
- Оваа вакцина нема да стави крај на пандемијата.
- Вакцината ги намалува хоспитализациите.*
- Вакцината ја намалува смртноста.
* 95% од хоспитализациите беа од лица над 50 год. Стапката на смртност меѓу младите е промил. Стапката на смртноста кај постарата популација е изразена во проценти.
Кај младите, најголемиот и најчест ризик со кој може да се соочат се постковид симптомите. Но генерално поминуваат асимптоматски или со благи симптоми. 1-2 од 10.000 луѓе, од лицата меѓу 20-30 год умираат. Најчесто имаат најмалку еден коморбидитет.
Постарите, да речеме лицата над 50 год, треба да се имунизираат затоа што ризиците, статистички, кај нив се повоочливи. Но тоа не значи дека мора да се вакцинираат, пак е оставено на самите нив. Зошто? Затоа што им е гарантирам физичкиот интегритет и тоа ќе биде правен преседан каде ти ќе го загубиш правото над твоето сопствено здравје. Дури и науката, медицинската етика (или деонтологијата) се сложува со мене, а притоа има и низа закони, но и меѓународни акти и декларации кои одат во моја полза. Ако сакаш и за нив ќе зборуваме.
Вакцината е лично добро, а не колективно.
Сега ако сакаш дебата, воала, ако не оди во Серија А, тропај за вонземјаните или плачи кај модераторите. Стандардот во кој си најдобар.
пи.ес. При првиот обид на тролање или реплицирање со некоја теорија на заговор, со цел деградирање на соговорникот и забавување на темпото на дебатата, ќе си попиеш пријава. Мислам дека со тебе ќе го прекинам постот од 2 год, но нема да го завршам со тебе.
пи.ес.ес. Фали транспарентноста во целиот овој процес, а на оваа тема може да се споделуваат разно-разни студии, ставови и мислења. Истите подлежат и на критика и на дебата. Со самото тоа треба да се зголеми и довербата во системот и институциите, само ако страна која ја застапуваш ги има посилните аргументи. Но целиот процес е контрадикторен од самиот почеток и со самото тоа институциите сами на себе си одмагаат. Така ниското ниво на доверба треба да си го бараат самите во себе, а не во народот.