Дваесет и четиригодишно момче од Крива Паланка починало од Ковид 19 на скопската Клиника за инфективни болести, неофицијално дознава „
Фокус“.
Според нашите информации, момчето пред десетина дена правело свадба, но никој не кажува како и од каде се заразило.
Од министерство за здравство ги потврдија информациите на „Фокус“ дека денеска на Инфективната клиника починало 24-годишното момче.
„ Точно е дека момчето починало на Клиниката за инфективни болести. Не бил вакциниран. Тоа ќе биде објавено во утрешниот извештај на министерството за здравство. Момчето имало прекумерна телесна тежина – истакнаа од ресорното министерство.
Но, тоа не е се. Како што дознаваме, денеска во една од приватните болници починала и 25-годишна девојка.
Тоа што е најстрашно во целата приказна, е што во последниот период се повеќе млади луѓе се на удар на Ковид 19. Пред само два дена на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 15-годишно девојче од тетовското село Селце.
Доктор Злате Мехмедовиќ во интервју за „Фокус“, исто така потврди дека и децата и младите се повеќе се на удар на новиот делта сој.
„Агресивноста на делта варијантата се гледа и во тежината на болеста, многу поголема е потребата за кислород и за интензивно лекување, а се поголема е и бројката на заболени во старосната група помеѓу 18-49 години. Децата исто така не се поштедени, и кај нив може да се јават пулмолошки компликации, но и компликации на мозокот во форма на енцефалити – вели доктор Мехмедовиќ.