Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
благодарам што ме испочитува, а секако благодарност и до Дамбс за убавите зборови.
Дамблбој бидејќи во многу теми има покажано зрело и објективно размислување (за годините посебно), реков ај ќе го послушам дека има надеж и за тебе (не верував). Значи кога ти се сака можело и културна да си. Пробај и со колешките (на форумов) со истиот начин, ќе се изненадиш позитивно. Тајфата која ја копираш, не ти одговара на карактерот и капацитетот со кој располагаш.

Значи, ништо од неефикасноста на вакцините.
Ќе видиме дали е ништо или сешто. Даниловски и Пановски кажуваат дека и вакциниран можеш да фатиш. Колку од вакцинираните не се знае, но и пред да излезат вакцините иста беше состојбата. Некои фаќаа, некои не (се чудеа и едните и другите како фатиле/ не фатиле).
Во линковите имаше испитување на 455 лица кои биле во контак со асимптоматски случај, ниту еден од нив позитивен, а немаше тогаш вакцини.
Исто имаше докази и изјави дека асимптоматските многу е мала веројатноста да пренесат на други, +историски факт.

Факт е дека има голем % на луѓе кои и покрај тоа што биле во контакт со позитивни (со симптоми) не се појавиле кај нив симптоми. Значи мува не ги лази. Сега истите тие идат да се вакцинираат, добиваат симптоми на ковид (дел да, дел не). Зашто да се вакцинираат? Таквите и така и така ќе си поминат без проблем ако закачат иден период, нема поента. Рековме дека невозможна мисија е да вакцинираш цел свет во временски рок за спречиш нови бранови и мутации.

Во земји каде што имаш поголем број вакцинирани со дупла доза и од таквите има починати (споделив линк од ББС).

Тука си делумно во право! Велам делумно, затоа што процентуално гледано во однос на светската популација смртноста и не е така голема. Ама, до овој момент бројот на починати од корона вирус е 3,890,934. Скоро, 4 милиони! Тоа ти се Бафра два пати Македонија. Океј, можеби тебе тоа ништо не ти значи, ама причина зошто бројките не се толку големи може да бидат и рестриктивните мерки.И сега не сакам да звучи хипотетично, не знаеме што би било кога би било, и затоа за пример ќе ја земам Македонија. Кај нас немаше простор за друга патологија во болниците освен Ковид - 19. И не, не беше празно верувај, се до последно место исполнето и на инфективна и на клиниките по интерна медицина (сите оддели беа полни), а и хирургија (мислам дека само неврохирургија не беше)!
Претходни епидемии имало далеку повеќе процентуално умрени никому ништо. Претходно постоеле одредени правила кога може да се прогласи пандемија, епидемија, сега наеднаш пу пу не важат тие правила. Правилата не се за џабе поставени.

Ако толку е голема заразноста, преносливоста, зашто тогаш во Кина не се случи тоа што му се случи на западот... Сум бил неколку пати во Кина, нема шанси таму да спречиш ширење епидемија. Со таа динамика и големина на миграција (и внатрешна и надворешна) на населението како што има во Кина, тешко на друго место. Значи имаше тврдења и докази дека ковидот си циркулирал со месеци уште во 2019. Тоа за држава како Кина би било идеално за ширење.

Во Македонија март април мај 2020, населението беше присилено, да се групира, да се туткаат, да си дишат во врат (пред маркети, банки, институции, пензионерите) без маски, па немавме експанзија. Опасен вирус не се лечи во домашни услови. Повеќе од 70% од заболените, дома самите оздравеа.

Зар сметаш дека светските политичари, аристократија, мултимилијардери, слободно ќе си шетаа меѓу народот, ќе организираа состаноци, избори, ќе дозволуваа протести (блек лајвс метер) и што ти ја знам, доколку стварно се работеше за вирус со голема смртност, голема и лесна заразливост... први тие ќе се скриеа.

Да, маските може да го зголемат ризикот за инфекција ако не ги менуваш редовно! Микроорганизмите се задржуваат на маската, каде има идеални услови за нивно размножување (влага!!!).

Мислам дека во неколку наврати се збореше за тоа дека платнените маски не штитат! Хирушките нешто повеќе, па кога е во прашање корона кризата на пиедесталот ги стававме н95. Ќе ти постирам нешто од најпрестижното медицинско списание.
Плус земи го фактот што те тераат да носиш маска и надвор или во кола иако сте фамилија ама живеете на различни адреси. Сите мерки требаше да бидат препораки, на доброволна база, па кој смета дека е во критичните, нека си внимава. Тетово неколку пати идевме со друштво, гужви насекаде, маски дали 10% носеа, па не ги снајде помор.

Имаше графикони. Периодот во сите држави каде што воведоа задолжително носење маски, се поклопи со почетокот на линијата на зголем број случаеви на ковид. Сигурно не е тоа причината, ама од таквите графикони, може таков заклучок да се извлече ако пробам да спинувам :D

И за постулатите:
Тоа е, јбг, постулати кои важеле со децении, постулати кои реално има логика во нивното постоење т.е. примена, наеднаш, пу пу не важи.
Затоа излегува дека делувате како култ на верници, ќе си бираме во што да веруваме, што да отфрламе. Тоа секако не носи позитивни резултати за народот, туку за одредена каста- "свештениците и нивните соработници"
Ти не ги пратиш од Светскиот економски форум ( WEF), таму јавно си кажуваат дека Ковидот треба да се искористи за рестарт на досегашниот систем, за
1624393615761.png

Пропагандата е моќна работа.

Неограничени ресурси сме имале. Вселенската гига, мега, убер, сила - Македонија.
Кислород многу ограничен ресурс е и многу скап. Посебно кога цел свет најавуваа (нострадамуси) повеќе бранови, што ги кошташе во 2020 летото да инсталираат довод за кислород, да обезбедат помали боци со маски ... изгледа побитно беше живеалиште за пингвите (500.000 еур), паркче со фонтанче (500.000), дино парк (ц.ц.500.000 еур) и разни други многу (не)битни работи.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Дискрепанци
Овде се вели 1%од вакцинираните се хоспитализирани

Овде 10%?!
IMG_20210622_225940.jpg



Овие треба да се официјални

И покрај разликите, сепак официјално може да се заклучи барем засега дека вакцинацијата ја става под контрола пандемијата.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.738
Поени од реакции
7.551
Кислород многу ограничен ресурс е и многу скап. Посебно кога цел свет најавуваа (нострадамуси) повеќе бранови, што ги кошташе во 2020 летото да инсталираат довод за кислород, да обезбедат помали боци со маски ... изгледа побитно беше живеалиште за пингвите (500.000 еур), паркче со фонтанче (500.000), дино парк (ц.ц.500.000 еур) и разни други многу (не)битни работи.
Дека политичарите заебаа работа и не помогнаат нешто посебно во ситуацијава е точно.

Кислородот не ни беше ограничувачки фактор. Во принцип имаше доволно, со одредени застои коа имавме поголем прилив на пациенти. Дали ќе биде во боца или преку централен систем сеедно му е на пациентот.

Тоа шо немаме се лекари, ресурс кој ти треба најмалку една деценија за да се створи. Болнички простории и медицинска опрема, нешто шо сака долгорочно планирање.

Ама па да ти тврди некој дека сѐ си имаме, ама "Бранко ни е крив", он нѐ јебе намерно - ќе ми извиниш. Глупости без крај.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.615
Поени од реакции
34.802
Дали ќе биде во боца или преку централен систем сеедно му е на пациентот.
...не точно, не е исто!
Ама па да ти тврди некој дека сѐ си имаме,
...каде тврдам тоа? ... читај што пишувам за ситуација во државата, Кочани, Кичево нема инфективна во 21 век, Струмица нема амбулантно возило, Штип , Прилеп, Охрид немаат легла со централен довод на кислород, респиратори има донација не знаат да ги работат...алооо, Хјустон имаш проблем!
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.432
Поени од реакции
9.154
Кислород многу ограничен ресурс е и многу скап. Посебно кога цел свет најавуваа (нострадамуси) повеќе бранови, што ги кошташе во 2020 летото да инсталираат довод за кислород, да обезбедат помали боци со маски ... изгледа побитно беше живеалиште за пингвите (500.000 еур), паркче со фонтанче (500.000), дино парк (ц.ц.500.000 еур) и разни други многу (не)битни работи.
Не е тоа проблемот, во братска србија даваат на велико вакцини (буквално на кој стигнат) па и таму има апашлук од епски размери. Работата е што овие гомнариве наши буквално од се' гледаат да исцедат до последен фенинг, а народот кој го ебе!

Дамблбој бидејќи во многу теми има покажано зрело и објективно размислување (за годините посебно), реков ај ќе го послушам дека има надеж и за тебе (не верував). Значи кога ти се сака можело и културна да си. Пробај и со колешките (на форумов) со истиот начин, ќе се изненадиш позитивно. Тајфата која ја копираш, не ти одговара на карактерот и капацитетот со кој располагаш.
+1
(Good advice & observation)

п.с. Дали го гледаш наративот во овие година и кусур, на почеток ти, гиговит, менетил и пар ликови тука викаа ало бре нема сите да испоумреме дај престанете со тоа падавичарењето и полициски часови/затвори и слично - дел од вас банирани, дел шиканирани НА ВЕЛИКО.

Сега после година и кусур живот со вирусот помеѓу нас, кога испадна на вашето (дека не испоумревме сите т.е. дека не се шири вирусот баш така лесно) ПОВТОРНО сте шиканирани заради различниот став т.е. укажувањето дека не мора вакцинација по секоја цена.

Заклучок е дека луѓето полагодно се осеќаат кога се дел од група (по можност мнозинска) без разлика дали поведението на таа група е базирано врз логика и размислување со ладна глава наместо дигање паники и носење на избрзани одлуки.

И понатаму зачудува осудата при пласирање на различно мислење и барање на "релевантни" докази и "извори" во време кога очигледно СЕ ЛОВИ ВО МАТНО.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Не е тоа проблемот, во братска србија даваат на велико вакцини (буквално на кој стигнат) па и таму има апашлук од епски размери. Работата е што овие гомнариве наши буквално од се' гледаат да исцедат до последен фенинг, а народот кој го ебе!


+1
(Good advice & observation)

п.с. Дали го гледаш наративот во овие година и кусур, на почеток ти, гиговит, метанил и пар ликови тука викаа ало бре нема сите да испоумреме дај престанете со тоа падавичарењето и полициски часови/затвори и слично - дел од вас банирани, дел шиканирани НА ВЕЛИКО.

Сега после година и кусур живот со вирусот помеѓу нас, кога испадна на вашето (дека не испоумреме сите т.е. дека не се шири ворусот баш така лесно) ПОВТОРНО сте шиканирани заради различниот став т.е. укажувањето дека не мора вакцинација по секоја цена.

Заклучок е дека луѓето полагодно се осеќаат кога се дел од група (по можност мнозинска) без разлика дали поведението на таа група е базирано врз логика и размислување со ладна глава наместо дигање паники и носење на избрзани одлуки.

И понатаму зачудува осудата при пласирање на различно мислење и барање на "релевантни" дококази и "извори" во време кога очигледно СЕ ЛОВИ ВО МАТНО.
Самите си признаваат дека политичарите, одговорните како Филипче, Караџовски, Фаучи ја утнале цела работа, ама други се виновни :D

Заклучок е дека луѓето полагодно се осеќаат кога се дел од група (по можност мнозинска) без разлика дали поведението на таа група е базирано врз логика и размислување со ладна глава наместо дигање паники и носење на избрзани одлуки.
Затоа може да се каже дека се однесуваат како култ верници, ама пердето е многу појако. Тој што го постирав од фејсбук линкот, убаво кажа, секогаш ќе наоѓаат изговори за се и сешто. Во природата на човекот е да сака да припаѓа на одредена група, нема ништо лошо во тоа, но трагично е кога лидерите на таа група со едноставни и глупи финти те експлоатираат, кога може за сите планетава да биде подобро место за живеење.

Поради вирус со смртност помала од 0.5% луѓе се оддалечија од најблиските, се откажаа од се и секого, верувајќи на најобична пропаганда. Дозволија системот за кој со децении плаќаме здравствено осигурување, баш кога нај ти треба, да не функционира, а за отпосле веќе касно да е (намерно гужва и хаос). Дозволија најблиските да ги закопаат без да ги видат и отпоздрават, додека за еден торко ко амди бајрам, не беше тоа проблем. Дозволија религијата во која се повикуваат и колнат (се виде колку им е битна) , предците нивни животите ги давале, да се сведе дека е небитна работа итн итн.

Ајде баш да видиме, во каков нов систем ќе се разбудиме за некоја година :D
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.432
Поени од реакции
9.154
Самите си признаваат дека политичарите, одговорните како Филипче, Караџовски, Фаучи ја утнале цела работа, ама други се виновни :D



Затоа може да се каже дека се однесуваат како култ верници, ама пердето е многу појако. Тој што го постирав од фејсбук линкот, убаво кажа, секогаш ќе наоѓаат изговори за се и сешто. Во природата на човекот е да сака да припаѓа на одредена група, нема ништо лошо во тоа, но трагично е кога лидерите на таа група со едноставни и глупи финти те експлоатираат, кога може за сите планетава да биде подобро место за живеење.

Поради вирус со смртност помала од 0.5% луѓе се оддалечија од најблиските, се откажаа од се и секого, верувајќи на најобична пропаганда. Дозволија системот за кој со децении плаќаме здравствено осигурување, баш кога нај ти треба, да не функционира, а за отпосле веќе касно да е (намерно гужва и хаос). Дозволија најблиските да ги закопаат без да ги видат и отпоздрават, додека за еден торко ко амди бајрам, не беше тоа проблем. Дозволија религијата во која се повикуваат и колнат (се виде колку им е битна) , предците нивни животите ги давале, да се сведе дека е небитна работа итн итн.

Ајде баш да видиме, во каков нов систем ќе се разбудиме за некоја година :D
Ама веќе гледаме, зошто некоја година?

Сакаш концерт? - вакцина/пцр
Сакаш авион? - вакцина / пцр
Сакаш одмор? - вакцина / пцр

Карантин / скратена плата колку за сметки и јадење / редови пред маркети, банки, болници.

ЕНОРМНО задолжување со кредити на секоја една држава, апсолутно уништување на средната работничка класа (малите бизниси први згаснаа) и воведување на прикриен тоталитаризам.

И сите си легнаа на брашното. Пропаганда + страв + потреба за припадност во заедница која осудува наместо да размислува = фијаско.

Гледаш, веќе никој не ни поставува прашања.
Денес маски на отворено - океј, важи.
Утре нема маски на отворено - океј важи

Деца кои се "образуваат" онлајн.
Млади со украдена/заробена младост.
Возрасни со НУЛА резон и пуста лажна надеж дека "само што не сме се вратиле на старо - во нормала".

Прочитани сме, како колектив потфрливме - не само поединечно.
 
Член од
18 април 2014
Мислења
75
Поени од реакции
12
Дали знае некој со која вакцина вакцинираат деновиве во Борис Трајковски?
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.194
Поени од реакции
21.345
A long-term perspective on immunity to COVID


Има знаци дека имунитетот сепак ќе биде долготраен.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.655
Поени од реакции
38.839
у темава сфатив дека сто души да има паметни, две тутурутки ќе ја водат дискусијата у погрешен правец.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.432
Поени од реакции
9.154
у темава сфатив дека сто души да има паметни, две тутурутки ќе ја водат дискусијата у погрешен правец.
Се' додека на форумот виреат ликови кои одредуваат кој е паметен, а кој тутурутка (да не ти давам примери - очигледни се), дотогаш ќе НЕМА слободна дискусија.

Имаш копче игнорирај и имаш копче одговори или цитат, ако воопшто си тука за дискусија. Доколку ти и некои, на кои не ви прилега ниту на годините ниту на тоа што го претставувате како УКА добиена преку формално образование, шиканирате, дискредитирате и солите памет ЗА ИЗНЕСЕН СТАВ на форум тогаш навистина сте ја утнале поентата - најверојатно се логирате бидејќи ви е досаден животот (поинакво објаснување немам).
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405

Kajgana Shop

На врв Bottom