Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.818
Поени од реакции
7.187
Дај ми релевантен извор од кој се информираш. Дај ми линк кој содржи факти кои укажуваат на неефикасноста и небезбедноста на вакцините. Дај ми линк кој укажува на тоа дека вакцините предизвикуваат неплодност. Дај ми линк кој укажува на тоа дека вакцините предизвикуваат аутизам.
Ова некоја заразна болест на форумов ќе е. Наметнување заклучоци кои не сум ги кажал. Претходно членот спинуваше демек сум бил против докторите, а јас имав напишано за нивните грешки.
Каде јас сум напишал дека не се безбедни вакцините, па уште дека предизвикуваат неплодност :pos:.
За вакцините сум кажал, штом не ме штити 100%, тогаш исто ми се фаќа и без нив, бидејќи сега шансите ми се 50-50. Посебно за вирус, каде шансата да преживеам е 99,99%

Значи не зборам за маски, пцр тестови, корони. Зборам стрикно за вакцините и три месеци уназад ти барам аргументи.
Знам дека не ти се збори за маските, пРц тестовите и короните, видовме, повеќето од тоа што го кажа, споделив контрааргументи.
Прашањето е зашто не ти се збори, или па не дај боже да почнеш да се прашуваш. Човек кој потрошил толку години од својот живот во читање, би требало да се запраша, зашто теоријата и праксата се разликуваат.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Исто, барањето на „ДОКАЗИ“ од „релевантен извор“ за некое свое трвдрење кое ќе го донесиш со здрав разум.

СЗО мена 50 пати став, разни луѓе кои животот го посветиле во високи кругови во медицина (да не зборувам политика пошто не е релевантно) МЕНАА 50 пати став, ама НЕ јас и ти обични смртници треба да изложуваме ДОКАЗИ и РЕЛЕВАНТНОСТ за нешто што за цел свет (во голем дел и научната фела) е тотална непознаница.

Тотална непознаница: КАКО, ЗОШТО, КОГА (при кои услови) се шири вирусот? - еднаш е носење маска на отворено, потоа не е и слично.
Тотална непознаница 2: Краткорочни и долгорочни последици од вакцинација? - ги има или ги нема воопшто.

Нема врска дали си ПРО или НЕ си за вакцинација, забрането ти е да размислуваш, да имаш прашања, да си љубопитен. Веднаш следат обвинувања од типот: ти си антиваксер или ти си теоретичар на заговори.

Не, колку год и да верувам на медицината и на тоа што светот се избори да извади „лек“ - вакцина за кратко време, секогаш ќе ми се наметне логично: а зошто секоја држава тргна посебно да вади вакцини и практично лицитираа со ПРОЦЕНТ на успешност на нивните вакцини?
Зошто мРНА неиспитана на луѓе мораше СЕГА и ВЕДНАШ да се имплементира на шриоки народни маси?
ЗОШТО во ЕУ не се дозволува Руска/Кинеска... политика?

Од друга страна, ЗОШТО во Русија и Кина не даваат доволно релевантни податоци за нивните вакцини и искуствата со нивната примена, клинички испитувања и слично?

ЛОВЕЊЕ ВО МАТНО.
Лажни вести и од двата „табори“ и во меѓувреме еден куп обвинувања од двете страни.
Секогаш при кавга на двајца, третиот користи.
Во случајот тој е (fill the blank space)?
За вирусот и мерките имаше сменети ставови што се должи на не знаење односно расте искуството па застарени ставови се менуваат. Али за вакцините горе долу сите се едногласни.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.912
За вирусот и мерките имаше сменети ставови што се должи на не знаење односно расте искуството па застарени ставови се менуваат. Али за вакцините горе долу сите се едногласни.
Без разлика какви се, не ми ја сфаќаш поентата, со самото тоа што се оди на УНИфициран став за било што ја убиваш дебатата. Ја убиваш љубопитноста.
Грев е да се праша дали после вакцинација има некој несакан ефект.
Грев е да се праша дали без вакцина би имал океј шанси?

Знам дека не, не го спорам фактот дека треба и мора да има вакцини, го спорам ПРАВОТО да имаш став, да се интересираш, да прашуваш, да си љубопитен.

Еве, во другата тема за несакани последици и слично, постирав нешто кое го видов со сопствени очи:
Човек, после 15 мин седење на стол во салата доби анафилактички шок од кинеската Синовак. НИКАДЕ не реков дека не чини вакцината, дека сите така добиваат или дека не треба да се вакцинираме.
НАПРОТИВ.

Секој треба да одлучи што ќе прави во однос на својот интелект, искуство и ситуација во која се наоѓа, но несомено е дека полесно ни е да го осудиме соговорникот или да му посочиме дека АМА НЕМОЈ ТАКА ОТИ СИТЕ ДРУГИ НЕ ПРАВАТ ТАКА.

Во ред е, нека не прават.
Сите имаат унифициран став за вакцините? Не би рекол, пола научна фела уште има прашања по многу основи, само ако продолжам во таа насока најмалку 3 реплики ќе има каде ќе треба да приложам ДОКАЗ, РЕЛЕВАНТЕН ИЗВОР, ИНФОРМАЦИЈА.

Се надевам ме сфаќаш, не целам про или контра вакцинација туку ПРО слобода на говор без осуда.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.041
Поени од реакции
10.252
Ова некоја заразна болест на форумов ќе е. Наметнување заклучоци кои не сум ги кажал. Претходно членот спинуваше демек сум бил против докторите, а јас имав напишано за нивните грешки.
Каде јас сум напишал дека не се безбедни вакцините, па уште дека предизвикуваат неплодност :pos:.
За вакцините сум кажал, штом не ме штити 100%, тогаш исто ми се фаќа и без нив, бидејќи сега шансите ми се 50-50. Посебно за вирус, каде шансата да преживеам е 99,99%



Знам дека не ти се збори за маските, пРц тестовите и короните, видовме, повеќето од тоа што го кажа, споделив контрааргументи.
Прашањето е зашто не ти се збори, или па не дај боже да почнеш да се прашуваш. Човек кој потрошил толку години од својот живот во читање, би требало да се запраша, зашто теоријата и праксата се разликуваат.
Аха, значи не се неефикасни вакцините. Проблемот всушност бил во тебе затоа што ти сакаш 100% ефикасна заштита. Такво нешто нема да добиеш за ништо во животот, верувај. Утре, друг ден дете да имаш не постои 100% гаранција дека ќе го изведеш на прав пат. Ниту една маска нема да ти даде 100% заштита. Ниту еден пцр не е 100% точен. И покрај тоа, сепак benefits outweigh the risks. Just deal with it.

Тебе шансите за преживување ти се 99,99%, ама на баба и дедо веројатно многу помали. Никој не може да ти се спротиставува на твојата одлука да се вакцинираш, нормално, или пак на неносењето маски и непочитувањето мерки, ама може да ти се спротистави на минимизирање на вирулетноста на вирусот и способноста да предизвика болест и фактот дека најголемиот број светски научници ги правиш будали!

Бројот на починати на дневно ниво, се аргумент број еден затоа.
Познаници, пријатели, роднини кои тешко го поминаа вирусот и завршија во болница се аргумент број два. Ако немаш, има луѓе кои пишуваат на форумот не само за тежината на болеста туку и за уште потешки постковид реперкусии.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.381
За вирусот и мерките имаше сменети ставови што се должи на не знаење односно расте искуството па застарени ставови се менуваат. Али за вакцините горе долу сите се едногласни.
И за вакцините има застарени ставови и препораките се менуваат. Пример Аз од максимално безбедна стана небезбедна за млада популација. Факт е дека нусефектите се кај мал број од популацијата, меѓутоа и корона вирусот е релативно безопасен кај таа демографија. Толку е безопасен што сериозен нусефект кај мал број вакцинирани ја мења целата риск бенефит препорака.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
И за вакцините има застарени ставови и препораките се менуваат. Пример Аз од максимално безбедна стана небезбедна за млада популација. Факт е дека нусефектите се кај мал број од популацијата, меѓутоа и корона вирусот е релативно безопасен кај таа демографија. Толку е безопасен што сериозен нусефект кај мал број вакцинирани ја мења целата риск бенефит препорака.
Прашање на перспектива. Тромбозите со АЗ се толку ретки што статистички не се појавуваат на студиите при дозвола. Има стандардизирани процеси низ кои врват сите. Од ко испаднаа случаевите одма се смени препораката. За тие што ја примаат бенефитот е далеку поголем од ризикот. И не би рекол дека 1:100.000 е некој ризик или небезбедна.
Автоматски споено мислење:

Ова некоја заразна болест на форумов ќе е. Наметнување заклучоци кои не сум ги кажал. Претходно членот спинуваше демек сум бил против докторите, а јас имав напишано за нивните грешки.
Каде јас сум напишал дека не се безбедни вакцините, па уште дека предизвикуваат неплодност :pos:.
За вакцините сум кажал, штом не ме штити 100%, тогаш исто ми се фаќа и без нив, бидејќи сега шансите ми се 50-50. Посебно за вирус, каде шансата да преживеам е 99,99%



Знам дека не ти се збори за маските, пРц тестовите и короните, видовме, повеќето од тоа што го кажа, споделив контрааргументи.
Прашањето е зашто не ти се збори, или па не дај боже да почнеш да се прашуваш. Човек кој потрошил толку години од својот живот во читање, би требало да се запраша, зашто теоријата и праксата се разликуваат.
Бафра, ти само критизираш без алтернативи да покажеш:

- Маски: Подобро да имаш него да немаш. И мал да е ефектот (а е сепак поголем) со тоа се спречуваат инфекции. Правам муабет за внатре, надвор во најголем дел немаат смисла.
- ПЦР: Многу се сензитивни и окриваат и најмали количини од вирусот. Дали тоа значи дека сите тие се болни или можат да инфицираат други? Сигурно не сите. Ама што е алтернативата? Значи на крај подобро сите извади ги некое време и намали ризик.
- Ефикасноста на вакцините: Нема 100% иако скоро сите и со мутацииве 90% и повеќе штитат од тешки заболувања. Која е алтернативата? Со оглед на тоа што вакцина против грип е горе долу 50% ефикасна овие анти-ковид вакцини се далеку поефикасни.
- Опасноста од вирусот: Тоа ти е руски рулет. Можеш со лесно да поминеш, со тешко а и со трајни последици. Шансата е реална. Не правиме муабет за 0,00хх проценти туку негде 1-4%.

Твојте аргументи се колку да се рече нешто да се ствара несигурност. Подобра алтернатива немаш.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.818
Поени од реакции
7.187
Аха, значи не се неефикасни вакцините.
Не се ефикасни вакцините. Штом и со двојни дози умираат и со двојни дози фаќаат, НЕ се ефикасни. Исто ми се фаќа, и вака, и така шансите ми се 50-50.

ама на баба и дедо веројатно многу помали
аха да, затоа имаше 100годишни на нога го пројдоа. Замисли нивниот имунитет сигурно е во топ форма. Или па децата за кои нели имунитетот сеуште не им развиен доволно, не го ни фаќаат. Или па луѓе со неколку тешки дијагнози и хронични болештини, исто на нозе, иако според медиумите, 100% ќе умрат.
Логиката не ти е јака страна, ама за жал ни љубопитноста.:(

Бројот на починати на дневно ниво, се аргумент број еден затоа.
Ако не ги плашевте луѓето, ако не ги држевте затворени ко кучиња (иако заслужуваме), ако функционираше здравството, да функционираа другите одделенија, смртноста ќе беше помала. А нареден период ќе биде уште поголем.

Замисли во УК прогнозираа милиони починати. Во 2020 имаат 600.000 починати, ќе му дојде околу 1.050 на 100.000. Пред 20-25 години број на умрени бил 1.400 на 100.000. Значи годината кога шета најопасниот вирус, имаат минимален пораст од последните 10 години, но значително помалку од пред 20-25г.

неносењето маски и непочитувањето мерки, ама може да ти се спротистави на минимизирање на вирулетноста на вирусот и способноста да предизвика болест и фактот дека најголемиот број светски научници ги правиш будали!
Јас НЕ ги правам будали. Самите се прават будали, т.е. вас ве прават. Самите научници се поделени во 2 табора. Како е можно за ваква работа да имаат толку спротивставени мислења... Штом тие имаат, јас секако ќе се сомневам.
За способноста да предизвика болест, те прашав пред неколку месеци, колкава количина е потребна, те снема.
Чудно, кога се работи за бактерии, тогаш концентрацијата отприлика е јасна, ама кога се работи за Бетменчо, ништо не се знае :cautious:

@teneke што цвикаш бе, да не те наречат антиваксер :pos:. Не се плаши, нема да те исфрлат од култот на верници.

 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Не се ефикасни вакцините. Штом и со двојни дози умираат и со двојни дози фаќаат, НЕ се ефикасни. Исто ми се фаќа, и вака, и така шансите ми се 50-50.



аха да, затоа имаше 100годишни на нога го пројдоа. Замисли нивниот имунитет сигурно е во топ форма. Или па децата за кои нели имунитетот сеуште не им развиен доволно, не го ни фаќаат. Или па луѓе со неколку тешки дијагнози и хронични болештини, исто на нозе, иако според медиумите, 100% ќе умрат.
Логиката не ти е јака страна, ама за жал ни љубопитноста.:(



Ако не ги плашевте луѓето, ако не ги држевте затворени ко кучиња (иако заслужуваме), ако функционираше здравството, да функционираа другите одделенија, смртноста ќе беше помала. А нареден период ќе биде уште поголем.

Замисли во УК прогнозираа милиони починати. Во 2020 имаат 600.000 починати, ќе му дојде околу 1.050 на 100.000. Пред 20-25 години број на умрени бил 1.400 на 100.000. Значи годината кога шета најопасниот вирус, имаат минимален пораст од последните 10 години, но значително помалку од пред 20-25г.



Јас НЕ ги правам будали. Самите се прават будали, т.е. вас ве прават. Самите научници се поделени во 2 табора. Како е можно за ваква работа да имаат толку спротивставени мислења... Штом тие имаат, јас секако ќе се сомневам.
За способноста да предизвика болест, те прашав пред неколку месеци, колкава количина е потребна, те снема.
Чудно, кога се работи за бактерии, тогаш концентрацијата отприлика е јасна, ама кога се работи за Бетменчо, ништо не се знае :cautious:

@teneke што цвикаш бе, да не те наречат антиваксер :pos:. Не се плаши, нема да те исфрлат од култот на верници.

Бафра, научниците се поделени 99:1 а не 50:50 како што сакаш да сугерираш.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.381
Прашање на перспектива. Тромбозите со АЗ се толку ретки што статистички не се појавуваат на студиите при дозвола. Има стандардизирани процеси низ кои врват сите. Од ко испаднаа случаевите одма се смени препораката. За тие што ја примаат бенефитот е далеку поголем од ризикот. И не би рекол дека 1:100.000 е некој ризик или небезбедна.
Автоматски споено мислење:



Бафра, ти само критизираш без алтернативи да покажеш:

- Маски: Подобро да имаш него да немаш. И мал да е ефектот (а е сепак поголем) со тоа се спречуваат инфекции. Правам муабет за внатре, надвор во најголем дел немаат смисла.
- ПЦР: Многу се сензитивни и окриваат и најмали количини од вирусот. Дали тоа значи дека сите тие се болни или можат да инфицираат други? Сигурно не сите. Ама што е алтернативата? Значи на крај подобро сите извади ги некое време и намали ризик.
- Ефикасноста на вакцините: Нема 100% иако скоро сите и со мутацииве 90% и повеќе штитат од тешки заболувања. Која е алтернативата? Со оглед на тоа што вакцина против грип е горе долу 50% ефикасна овие анти-ковид вакцини се далеку поефикасни.
- Опасноста од вирусот: Тоа ти е руски рулет. Можеш со лесно да поминеш, со тешко а и со трајни последици. Шансата е реална. Не правиме муабет за 0,00хх проценти туку негде 1-4%.

Твојте аргументи се колку да се рече нешто да се ствара несигурност. Подобра алтернатива немаш.
Значи, здрав млад 20 годишен кој ја примил вакцината се изложил на поголема опасност него од самиот вирус. Може ништо не му било него,ама математички е така, ризикот му бил поголем од бенефитот. Не е тпа прашање на преспектива туку е пресметано и е забранета. Е ама на почеток не беше така, беше максимално безбедна се дур не се јавија овие случаи. Така да реалноста е дека не се знае што е попаметна одлука во моментот за одредени годишно групи(како деца на пример). Има премалку загинати во таа група од ковид. Утре да умрат 10 деца од миокардит ќе се смени цел рачун.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.818
Поени од реакции
7.187
Бафра, научниците се поделени 99:1 а не 50:50 како што сакаш да сугерираш.
Секој со своите информации.
Не само што се поделени, туку и тие ај ќе речеме 99, менуваат мислења од ден за ден, а сум видел поточни временски прогнозни од нивните.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Значи, здрав млад 20 годишен кој ја примил вакцината се изложил на поголема опасност него од самиот вирус. Може ништо не му било него,ама математички е така, ризикот му бил поголем од бенефитот. Не е тпа прашање на преспектива туку е пресметано и е забранета. Е ама на почеток не беше така, беше максимално безбедна се дур не се јавија овие случаи. Така да реалноста е дека не се знае што е попаметна одлука во моментот за одредени годишно групи(како деца на пример). Има премалку загинати во таа група од ковид. Утре да умрат 10 деца од миокардит ќе се смени цел рачун.
Шансата на 20 годишен со Ковид да почине или да има лонг ковид последици е поголема него да почине од тромбоза. Ама за младите имаш неколку други вакцини на избор. Како и да вртиш подобро е 20 годишен да се вакцинира, ете не мора со АЗ.
Автоматски споено мислење:

Секој со своите информации.
Не само што се поделени, туку и тие ај ќе речеме 99, менуваат мислења од ден за ден, а сум видел поточни временски прогнозни од нивните.
Не си ги сфатил принципот на наука. Ти критизираш дека на почеток на светска пандемија со непознат вирус имало промени во мислења. Искрено да ти кажам, би ме чудело да нема. Со тек на време има искуства и студии и мислења кои биле предпоставки биле заменети со коректни ставови поткрепени од научни студии. Не ти ја сфаќам поентата? Проблем ти е што при нов вирус немаа 100% знаење или дека при подобро знаење сменија неточни предпоставки?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.381
Шансата на 20 годишен со Ковид да почине или да има лонг ковид последици е поголема него да почине од тромбоза. Ама за младите имаш неколку други вакцини на избор. Како и да вртиш подобро е 20 годишен да се вакцинира, ете не мора со АЗ.
Па не, не се поголеми шансите. Имаше и графици со точни бројки. Затоа и е забранета во доста земји. Останатите чекаат нешто да им се случи првин па да ја забранат, ко Италија пред некој ден.
Тоа е муабетот што нема податоци за другите вакцини и нивниот ефект врз децата, дур не се вакцинираат еден куп деца. И тромбозата кај Аз не беше во клинички студии детектирана. Кај децава клиничката студија е кај 1000 деца само, па види сега.

Реакцијата на институциите е смешна за вакви случаи. Пример американциве сега ги истражуваат случаите на миокардит кај тинејџери. Пази ја знаев дека ќе се јават, ама они не знаеа и сеа имаат итен состанок :icon_lol: Демек у израел ако се јавиле, кај нив нема да се јават.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Шансата на 20 годишен со Ковид да почине или да има лонг ковид последици е поголема него да почине од тромбоза. Ама за младите имаш неколку други вакцини на избор. Како и да вртиш подобро е 20 годишен да се вакцинира, ете не мора со АЗ.
Автоматски споено мислење:



Не си ги сфатил принципот на наука. Ти критизираш дека на почеток на светска пандемија со непознат вирус имало промени во мислења. Искрено да ти кажам, би ме чудело да нема. Со тек на време има искуства и студии и мислења кои биле предпоставки биле заменети со коректни ставови поткрепени од научни студии. Не ти ја сфаќам поентата? Проблем ти е што при нов вирус немаа 100% знаење или дека при подобро знаење сменија неточни предпоставки?
Едно е да поставиш теза или мислење, а сосема друго е да претставиш факт. Нивните мислења светот го чинеа милијарди како причинета штета од пандемијата, илјадници животи загубени поради лошите мерки и кревање на огромна паника.

Лично не можам да сфатам како еден доктор може да паничи кога е повикан на врвна одговорност. Знам дека е човек, но мора на народот пораката да му биде пренесена со тон и наратив кој нема да биде погрешно сфатен. Така од една страна имавме "ок, папаја и манго и позитивен тест", а од друга онаа реплика од "Викенд на мртовци"- "сите ќе умрете".

Да, треба да се има конзистентност. Фаучи се држи до теоријата дека вирусот е природен, а одредени врвни имунолози од тоа поле сметаат дека има човечки фактор вмешан во креирањето на истиот. И ова е најнебитното нешто во овој момент, ама сѐ започна со ставовите за маските, држењето дистанца, ширењето на вирусот, критични групи...а излезе дека знаеле многу повеќе од она што ни го кажувале. Сепак Ковид вирусите не се новина за научниците.

За вакцините никогаш нема да стекнат дебатите. Пред се тука се нусефектите на долг рок. 1:1.000.000 е статистичка грешка, но повлекување на вакцина и менување на категории на лица кои може да ја примат во рок од неколку месеци е круцијален аргумент дека фактите се менуваат преку ноќ. Нејзината ефикасност беше засенета од нејзината ризичност кај категории лица кои лесно поминуваа со вирусот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Дај ми линк кој укажува на тоа дека вакцините предизвикуваат неплодност.
...зборуваме за антиковид вакцини (темата не е за сите вакцини во глобала), за да утврдиме нешто, треба да имаме докази, а да имаме докази треба да имаме вакцинирани жени доброволки за да би направиле нивно следење најмалку една година после примени двете дози од mRNA вакцина, според тоа одговорот според ова студија ќе го добиеме 02.2022 год!
,,,...As Israel is the first country to widely vaccinate its population using the mRNA vaccine against COVID-19, evaluating its influence on ovarian reserve is essential ..,,
...клиничката студија околу влијанието на антиковид вакцина врз активноста на јајниците, можност од стерилитет како несакано дејство (изработена по новата mRNA технологија), од 01.04.2021 ќе заврши на 02.2022 , партиципираат 200 жени од 18-42 год,
*така да е во тек клиничката студија!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom