Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
А што ти ви менува тоа,зар некој носи маска на отворен простор? Јас само на пазар кога влагам ја ставам на отворено,со стотици џандари сум се узминал без маска на отворено никој ништо не ми рекол
Копита смрдени се џандариве, во Охрид се истурија од казни пишење јас три имам за маска, додека две се во исти ден од кој втората бев сосема сам кај мене во населба.. Скопје што ми кажаа никој не се замарал ама зато овде се истурија од казни... По кеј и на патека идат и казнуваат луѓе што пешачат фамилии итн. Уште многу примери кај што пишале казна на дете што пуши цигаре или јади ..УЖАС.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718

значи да не одиме во Охрид ??... лани немаше такви работи, барем во сезоната...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Копита смрдени се џандариве, во Охрид се истурија од казни пишење јас три имам за маска, додека две се во исти ден од кој втората бев сосема сам кај мене во населба.. Скопје што ми кажаа никој не се замарал ама зато овде се истурија од казни... По кеј и на патека идат и казнуваат луѓе што пешачат фамилии итн. Уште многу примери кај што пишале казна на дете што пуши цигаре или јади ..УЖАС.
Казната е многу мала. А не се казнува често поради тоа малку луѓе носат маски.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.108
Поени од реакции
10.411
Дали кај сите доаѓа до згрутчување на крвта? Најголемиот дел од случаите се асимптоматски односно луѓето кои прележале Корона всушност и не знаеле дека имаат Корона.

Ти набројуваш можни симптоми. Но никој на никого не му брани да се вакцинира (сем Тенеке на својата ќерка). Вакцини има и ќе има, кампања има, па и релативно голем интерес. Гледаш и дека не ги напаѓам вакцините.

Сеење страв и спинување со теории на заговор, тоа ви е стандард ("сите ќе умреме"). Треба превенција на оние кои секојдневно ни умираат. Баш тие пружаат најмногу отпор. Нема да биде лошо во кампањата да биде вметнат и некој говор на Тито. :)
Тебе па единствениот аргумент ти е најголем број поминуваат асимптомаматски.

Не може тоа никако да биде аргумент кога сите имаме по еден член во фамилија или познаник кој завршил во болница и скинал конци.

Од друга страна, што е најлошото што може да ти се случи ако се вакцинираш?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Кај мене поминаа со благи симптоми, а дел и асимптоматски. :)

Да, најголемиот број се асимптомаматски случаи.

Што е најлошо ако се вакцинираш? One in a million.
 
Член од
22 март 2019
Мислења
233
Поени од реакции
551
Луѓето се доста себични суштества и без логика у глобала, дури и да е многу пострашна болеста најголем дел пак исто ке се однесуваат. Едноставно не сите разбират математика и ризик... "нема шанса да ме фати баш мене па и ништо страшно грипче мало ке мине", и да е така за тебе имаш фамилија родители, баби, деца и сите ги доведуваш во ризик без разлика колку мал ризик изгледа во твојата глава.

Не е само проблем што умираат многу(или малку според други) според мене, и луѓе што го прележале лесно имат тешки последици по живот покасно. Од поширока фамилија имам роднини релативно млади што имаат срцеви проблеми, добиено дијабетес ама ете според нив лесно минале пред 6 месеци.

Баш вчера го слушав Благоја Груевски на едно интервју какво размислување имал, не се плашел од болеста, не верувал, ке одил по болници да дремел како Миленко АМА кога ја фатил болеста и завршил во болница го мени мислењето за 180 степени епа некогаш касно е веќе за тебе или свои блиски, голем процент размислуват вака.

Вакцинирајте се за добро на сите, барем кинеската е на стара проверена технологија ако ви е страв од новите вакцини.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751
Кај мене поминаа со благи симптоми, а дел и асимптоматски. :)

Да, најголемиот број се асимптомаматски случаи.

Што е најлошо ако се вакцинираш? One in a million.
Ти потполнуваш лист пред да те вакцинираат, и доколку си ризичен и си прележал, имаш згрутчување на крв и слични проблеми они ќе знаат и нема да те вакцинираат. Така да и тоа во еден милион не проаѓа веќе.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Луѓето се доста себични суштества и без логика у глобала, дури и да е многу пострашна болеста најголем дел пак исто ке се однесуваат. Едноставно не сите разбират математика и ризик... "нема шанса да ме фати баш мене па и ништо страшно грипче мало ке мине", и да е така за тебе имаш фамилија родители, баби, деца и сите ги доведуваш во ризик без разлика колку мал ризик изгледа во твојата глава.
Затоа се вакцинираа старите кај мене.

Другите ако се уплашени, нека се вакцинираат. Види, ако некој дедо верува дека едно обично дрво на кое има нацртано накаква манифестација на Исус и Марија го штити или друг дедо во кој верува дека сонцето извира од каллива вода, нека не се вакцинираат. Тоа е само нивни проблем и работа. :)
Автоматски споено мислење:

Ти потполнуваш лист пред да те вакцинираат, и доколку си ризичен и си прележал, имаш згрутчување на крв и слични проблеми они ќе знаат и нема да те вакцинираат. Така да и тоа во еден милион не проаѓа веќе.
Имаше листови и претходно. :)

Кој сака нека се вакцинира. Никој нити брани, ниту спори, ниту прави пропаганда против. Со сеење на страв нема да постигнете ништо.

Народот гледа што се случува околу него и самиот поединец треба да донесе одлука само за него. :)
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Јас пак друго мислам за тие што се против вакцинација.....како велат, да не ти дојде јајцето на газот.

Немале близок/блиски заболен/и од Ковид....со средно-тешка клиничка слика....не виделе како изгледа во целост самата болест.....па после "оздравувањето".....тука се долгорочните здравствени проблеми како пост-ковид....па дури и после 6 месеци проблемите сеуште продолжуваат.
Патем речено крајот не им се гледа.....можеби дел од тие здравствени проблеми ќе останат и трајни (доживотни)....како последица од самата болест. (бидејќи удрило на некој орган)
Не разговарале по телефон......со некој близок кој едвај дише....му свири плуќата.....воздух нема. Една реченица (колку гласот да му го слушнеш)....и блискиот продолжува да диши на кислород.
Не виделе.....како изгледа да се трча по Клексани.....не го доживеале патешествието за да се хоспитализира еден човек во болница.
И дај боже да не видат!

Друга работа.....Британски сој. Овој сој....не бира повеќе возраст, како што беше со оригиналниот (првичниот) Вухански сој. Лупа по се живо.....и томбола е како кај кого ќе "удри" вирусот без разлика на годините.
Кога сме кај помладо лице.....мој прв братучед (6-та година специјализација).....едвај се извлече....здрав, прав. Сега уште ги влече последиците....да не сум му во кожа.

ЗА СРЕЌА....јас и оние кои ми се под кров....немавме лично искуство да се "сретнеме" со овој гаден вирус......па при првата можна прилика се вакциниравме во Србија.

Сепак....вакцината не е задолжителна. Секој си има право на одлука......за што сум рекол.....не судам.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.108
Поени од реакции
10.411
Кај мене поминаа со благи симптоми, а дел и асимптоматски. :)

Да, најголемиот број се асимптомаматски случаи.

Што е најлошо ако се вакцинираш? One in a million.
Па така де, one in a million со некој потежок side effect.

Од друга страна, 64 луѓе на милион умираат од корона во Македонија.

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Па така де, one in a million со некој потежок side effect.

Од друга страна, 64 луѓе на милион умираат од корона во Македонија.

Ова се пријавени случаи. 40% го имаат прележано вирусот (т.е. не е 64 на милион). Стапката е уште помала како паѓа старосната група. Просечната стапка на смртност, по години, е 60-65. :)

Може 64 во светот, не во Македонија. Ама и тука стапката е помала.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.108
Поени од реакции
10.411
Ова се пријавени случаи. 40% го имаат прележано вирусот (т.е. не е 64 на милион). Стапката е уште помала како паѓа старосната група. Просечната стапка на смртност, по години, е 60-65. :)

Може 64 во светот, не во Македонија. Ама и тука стапката е помала.
А колку има што не се пријавени, па дома се лекуваат?

Ок, сакаш да кажеш дека +50 луѓе кога ни умираа на дневно ниво е скроз занемарливо во споредба со one in a million side effects од вакцините?

Статистика не учеше? Како се рачуна процент на инфицирани, хоспитализирани, смртни случаи итн во однос на вкупната популација? Ја учев. Не си во право. :sick:
Автоматски споено мислење:

Со сеење на страв нема да постигнете ништо.
Дамбс, со минимизирање на проблемот и тргање на страна не правиме ништо.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.313
Јас пак друго мислам за тие што се против вакцинација.....како велат, да не ти дојде јајцето на газот.

Немале близок/блиски заболен/и од Ковид....со средно-тешка клиничка слика....не виделе како изгледа во целост самата болест.....па после "оздравувањето".....тука се долгорочните здравствени проблеми како пост-ковид....па дури и после 6 месеци проблемите сеуште продолжуваат.
Патем речено крајот не им се гледа.....можеби дел од тие здравствени проблеми ќе останат и трајни (доживотни)....како последица од самата болест. (бидејќи удрило на некој орган)
Не разговарале по телефон......со некој близок кој едвај дише....му свири плуќата.....воздух нема. Една реченица (колку гласот да му го слушнеш)....и блискиот продолжува да диши на кислород.
Не виделе.....како изгледа да се трча по Клексани.....не го доживеале патешествието за да се хоспитализира еден човек во болница.
И дај боже да не видат!

Друга работа.....Британски сој. Овој сој....не бира повеќе возраст, како што беше со оригиналниот (првичниот) Вухански сој. Лупа по се живо.....и томбола е како кај кого ќе "удри" вирусот без разлика на годините.
Кога сме кај помладо лице.....мој прв братучед (6-та година специјализација).....едвај се извлече....здрав, прав. Сега уште ги влече последиците....да не сум му во кожа.

ЗА СРЕЌА....јас и оние кои ми се под кров....немавме лично искуство да се "сретнеме" со овој гаден вирус......па при првата можна прилика се вакциниравме во Србија.

Сепак....вакцината не е задолжителна. Секој си има право на одлука......за што сум рекол.....не судам.
Bas taka. Se sekavam uste na muebetite lani ova vreme koga retko koj znaese nekogo so Kovid i kako pominal a ne pak nekoj pocinat. Posle godinaipol veruvam deka vo forumov ima dosta koi go pominale, prijateli i rodnini sto gi poznavame sto prelezale i zrti sto licno gi znaeme. Rizikot e abstraktna rabota. Ako nemas vo tvojot opkrug slucaevi ti izgleda dalecno i ne rizicno ama ete mislam skoro sve sto se predvide ili bese najaveno i se ostvari. Na pocetok baravme brz spas, lek ili vakcini, pa se napravija nekolku vo brz rok i pak ne cini. Tesko da razberam iskreno.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
А колку има што не се пријавени, па дома се лекуваат?

Ок, сакаш да кажеш дека +50 луѓе кога ни умираа на дневно ниво е скроз занемарливо во споредба со one in a million side effects од вакцините?

Статистика не учеше? Како се рачуна процент на инфицирани, хоспитализирани, смртни случаи итн во однос на вкупната популација? Ја учев. Не си во право. :sick:
Како 64 кога имаме 5.000 починати на 2.000.000 жители. Тоа доаѓа 2.500 на 1.000.000, ако нешто не пропуштам. А веројатно пропуштам затоа што немам учено статистика. Гледај ја просечната старосна смртност. Тука се дилемите.

Ако си играме така, еден период сите ги пишуваа како починати од Ковид, независно под кои околности починале.

Види, ако си запнала да ме вакцинираш кажи датум, време и место и ќе завршиме работа? Може да дојде и Рон да направи некоја фотка. ;)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.255
не гледам како би се извела масовна вакцинација без закон. И Тито да го турат џабе. Ок е народот да има избор, ама тука не заслужува. Мора да се изгласа закон сите над 18 да се боцнат, иначе ќе мрееме. И ја иако сум вакциниран ќе морам да носам маска ради ојлиња што не сакаат да се боцкаат. Тоа го гледам како едиствен излаз од ситуацијата.
Ќе носиш, него како. Зашто да не носиш.... Вакцинираните пак можат да фатат корона и да пренесат + кај нив ќе мутира, значи ти како вакциниран си уште поголема опасност за општеството. :sakasuste:
Затоа маски има да си носите, не знам зашто сега ви сметаат, нели нема штета од нивно носење, напротив се корисни.

Копита смрдени се џандариве, во Охрид се истурија од казни пишење јас три имам за маска, додека две се во исти ден од кој втората бев сосема сам кај мене во населба.. Скопје што ми кажаа никој не се замарал ама зато овде се истурија од казни... По кеј и на патека идат и казнуваат луѓе што пешачат фамилии итн. Уште многу примери кај што пишале казна на дете што пуши цигаре или јади ..УЖАС.
3 викенди по ред сум во Охрид, може такви на смена се погодиле, ама ниту опоменуваат, ниту сум видел да казнуваат, додуша 95% носеа маски на отворено. Само за Велигден еден џандар (кај чинарот, нагоре накај црквата) ме опомена да ставам маска, му реков дека спортувам, не идам во црквата и тука заврши приказната (баш ме интересира дали исто пред џамиите ќе стојат и кажуваат за маски :D).
Сам или 2ца ако сте и се движите, не седите, нема основ да те казнат. Во кола или затворен простор, како пазар, тоа е друго.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom