Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
5 март 2018
Мислења
14.898
Поени од реакции
16.208
Братко кај мене у маало овие 2 дена паркчето никогаш не било по пуно. Едниот ден буквално 14 души имаа формирано глутница и пиеа пиво џган еден до друг.

Полиција немаше ни за лек а обично секој ден шетаат фул. Така да некако ко да некој сака обратно да постигне.
Just saying...
Полицијата само за казни на отворено знат да пишат. Треба да ги растураат тие големи групирања.
 
Член од
25 февруари 2020
Мислења
196
Поени од реакции
174
Fresh blow for AstraZeneca as vaccine is linked to another
dangerous blood condition in Europe -
while regulators review four cases of brain clots linked to Johnson and Johnson's single-dose jab that UK has bought 30million doses of

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Полицијата/државата да не беше селективна со пишувањето на казните и спроведувањето на мерките, одамна ќе беше поминат пикот, и ќе беше веќе средена ситуацијата. Сега еве затворија, летоска пак ќе биде гунгула по кафичи и кафани, во Охрид ќе нема игла кај да падне, и пак по старо све.

Иначе, кој е ставот претежно за вакцните? Со многу што зборев пред месец дена, не сакаа да се вакцинираат ради нус-појави и глупости, за сега истите тие да едвај чекаат да се вакцинираат.

До кога мислите дека ќе трае вакцинирањето кај нас?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Fresh blow for AstraZeneca as vaccine is linked to another
dangerous blood condition in Europe -
while regulators review four cases of brain clots linked to Johnson and Johnson's single-dose jab that UK has bought 30million doses of

wow три случаи на 20 милиони. Би сакал да го видам тоа научно докажување на причинско-последична врска во овој случај.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Полицијата/државата да не беше селективна со пишувањето на казните и спроведувањето на мерките, одамна ќе беше поминат пикот, и ќе беше веќе средена ситуацијата. Сега еве затворија, летоска пак ќе биде гунгула по кафичи и кафани, во Охрид ќе нема игла кај да падне, и пак по старо све.

Иначе, кој е ставот претежно за вакцните? Со многу што зборев пред месец дена, не сакаа да се вакцинираат ради нус-појави и глупости, за сега истите тие да едвај чекаат да се вакцинираат.

До кога мислите дека ќе трае вакцинирањето кај нас?
Зависи кога ќе почне и колку ќе биде успешна кампањата за вакцинација. Засега имаат кажано дека имале капацитет за 7.000 дневно да вакцинираат. Доколку имаат вакцини и заинтересираност сигурно можат да го дуплираат или барем да стигнат до 10.000 дневно. Со што за месец- два би ги извакцинирале потребните 450.000 народ за да имаме колективен имунитет.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Ја забораваш ревакцинацијата. За 3-4 месеци можеме.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Ја забораваш ревакцинацијата. За 3-4 месеци можеме.
Ако имаме доволно вакцини може и побрзо, но и за 3-4 месеци отсега да вакцинираат 450.000 луѓе ќе биде голем успех и ако штитат вакцините од нови соеви и во исто време прележаните имаат имунитет ќе биде многу подобра ситуацијата. Но, гледано што се случува моментално како во поглед на заинтересираноста за вакцинирање, така и во неспособноста на властите да обезбедат вакцини не сум оптимист.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Многу го тупат и со вакцинирањево, ја да вакцинирам сам 500 души на ден ќе ги пројдам ко ништо. Вака ако вакцинираат они ќе ни треба две години да помине цело население.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Ако имаме доволно вакцини може и побрзо, но и за 3-4 месеци отсега да вакцинираат 450.000 луѓе ќе биде голем успех и ако штитат вакцините од нови соеви и во исто време прележаните имаат имунитет ќе биде многу подобра ситуацијата. Но, гледано што се случува моментално како во поглед на заинтересираноста за вакцинирање, така и во неспособноста на властите да обезбедат вакцини не сум оптимист.
140.000 пријавени и 21.000 вакцинирани. Дааалеку сме од 450.000.

Битно е да се имунизираат загрозените групи граѓани до есен, веројатно ќе биде со оглед на тоа дека сите имаат предност пред нив, а тука е и тегнењето на работата со АЗ! Ни јас не сум оптимист.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.379

Може рачунаат дека некој од загрозените ќе умре наскоро, па да не трошат вакцини за џабе.
Инаку проблемот е вакцините, кога ќе дојдат може и побрзо да иде вакцинацијата. Србија вакцинираше 76000 во еден ден. А и мислам дека кога голем број ќе бидат вакцинирани полесно ќе се натераат и останатите.
 
Ќе го земат Рон, еве он сам може 500. Барем уште 10тина да имаше ко него.

Прво беше "нека дојдат вакцините и луѓето ќе се пријавуваат", а сега е "нека тргне, па ќе посакаат". Чисто се сомневам. Имаш 10.000 (претпоставка е) дека се вакцинирале во Србија и 21.000 кај нас од 140.000 пријавени! Ако 33% пред пикот веќе го имале прележано, значи ни требаат уште 33%. :D
 
Само гледам што се случува во други држави. Секаде беа скептични луѓето напочеток. А за пријавувањево што фајде од тоа, ете се пријавивме. И пак си прават некој нивни списоци и приоритети.
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.387
Поени од реакции
3.078
Ќе го земат Рон, еве он сам може 500.
Моментално правам слика/визија пред мене у 3Д-е како би изгледало сето тоа на негов начин одработено...ми изби пот у вид на роса на челото,се покакав од виденото и прекинав истиот момент...сега ќе ме кине анксиозност а и така немав мирен сон...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Само гледам што се случува во други држави. Секаде беа скептични луѓето напочеток. А за пријавувањево што фајде од тоа, ете се пријавивме. И пак си прават некој нивни списоци и приоритети.
Приоритети мора да има, а списоци нека се прават за де футуро. Барем со списоците ќе има организираност, само да не се наруши редот на приоритетните листи.

Мерките ќе останат најмалку уште една година, небитно од процентот на имунизација.

Не се работи само за скептичност, туку и за отсуство на интерес. Тргам од себе. :coffee:
Автоматски споено мислење:

Моментално правам слика/визија пред мене у 3Д-е како би изгледало сето тоа на негов начин одработено...ми изби пот у вид на роса на челото,се покакав од виденото и прекинав истиот момент...сега ќе ме кине анксиозност а и така немав мирен сон...
Сака да ме боцне, вака ми се набацува. :(
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Моментално правам слика/визија пред мене у 3Д-е како би изгледало сето тоа на негов начин одработено...ми изби пот у вид на роса на челото,се покакав од виденото и прекинав истиот момент...сега ќе ме кине анксиозност а и така немав мирен сон...
за сребриња како тебе и дамблдор една утилница гратис со вакцината
 
Kajgana Shop

На врв Bottom