... ќе дојде таа вакцина за К19, која ќе биде регистрирана како лек во државава, за што треба најмалку две недели, а до сега не слушнав за некоја започната регистрација, потоа уште толку време да се добие решение за исправноста, па уште толку време да се конкурира и да се додели која фирма ќе увезува, па ако некоја фирма била елиминирана со подобри услови ќе приговори, па повторно цела процедура на доделување,
...кога ќе има фирма одредена за увоз и дистрибуирање на вакцината треба да гарантира превоз со специјални фрижидери -70С кои сеуште никој ги нема, па ако кога ќе се обезбеди тоа идат на ред царински протоколи, па потоа проверка на увезените вакцини ако се исправни, запазен транспорт, квалитет во институт, па потоа распределба на истите вака од око најмалку три месеци било која вакцина да се примени ама сметајќи од регистрација со решение како лек што уште никаде ги нема, затоа што уште не се знае кои вакцини ќе дојдат!
...не е тоа исто како увези банани со шлепер преку шпедиција, плати царина и ајт на кванташки продавај , па и овде има неколку дневна процедура,
...така да ни остана да ги примениме барем за нас основните мерки на запазување растојание и немешање во толпа, користење на заштитна маска во затворени простории без поверение кон ниедно лице да ја тргнеме маската, сите можат да бидат потенцијални пренесувачи, често дезинфецирање на рацете на работно место без навика за чешање, чепкање по лице, уста, без дружење во затворени простории ресторани, кафани, бар, теретани, гости и обавезно пешачење во природа и одржување барем некоја физичка кондиција,