Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.333
Вакциниве се сега засега да не ги уручам, пу пу, се одлични, но реално не знаеме дали може да има проблеми со наследни последици.

Никаде не реков, неплодност.
Не ти, ама општо тоа е сега еден од аргументите против. Ретко вакцини даваат нус ефекти после 5, 10 и поќе години. Ако има тие се појавуваат за релативно брзо време, зборуваме за минути, денови и недели.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Кажете што ќе кажете за Србиве, ама за ова секоја им чест. Она кога си пред голем дел од ЕУ земјите и уште нагло ќе им расте % на вакцинирани е за пофалба, за ова како за земја која нит е членка на ЕУ и НАТО...

Македонче, #WeAreNato #WeAreEU
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.729

ама зеко кажува тие не биле во Нато па зимале руски и кинески вакцини:facepalm: ... па и Унгарија е во Нато и зема руски вакцини, а Турција свои ќе праи
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Не ти, ама општо тоа е сега еден од аргументите против. Ретко вакцини даваат нус ефекти после 5, 10 и поќе години. Ако има тие се појавуваат за релативно брзо време, зборуваме за минути, денови и недели.
Ова што го предлагаат Модерна и Фајзер, тоа и не е вакцика, нешто сосема ново такви ствари до сега никој, никогаш, не користел, само господ знае, ќе има последици од нив или не. Обично треба да поминат 5 генерации за да видиш има ли генетски промени, тоа го кажува вирусолог, професор,нобелов лауреат- Лик Монтањије.
Не сум антиваксер, иако од некакви причини последниве 50 години има зголемен аутизам, може да е од многу ствари.
Сакам да го прашам почитуваниот форумец Igorcemk, лекар вирусолог ли е, па дава вакви смели прогнози, или барем да цитира некој таков.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872

Јас не сум вирусолог, ама да те прашам. Дали кога матичниот ти препишува апчиња, дали проверуваш дали се произведени пред повеќе од 50 години и пребаруваш нус појави што пациенти ги имале откако се произведени? Зашто кон другите лекарства не се гледа со толкава недоверба како кон вакцините?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659

Не би се изненадил да проверува. Овој во вц кога оди, проверува дали има змии во шољата, да не го уапе за чмарот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.600
Поени од реакции
34.794

...затоа што другите лекарства имат активни супстанци што не се ,,генетски материјал,, mRNA-1273 на пример ,,Модерна вакцина,, делува ДНК на клетката, сомневањето е од клиничко недоволно искуство што може да направи тој ,,генетски материјал,, во нашите клетки, зборуваме за сомневање на новите mRNA вакцини, а не другите класични вакцини каде се деактивирани сегменти од вирусни соеви во минимални дози кој го активират нашиот имунитет да го препознае ,,вистинскиот вирус,, и цела популација ги прима според календарот за имунизација, т.е. до пасивна и активна ии
Не би се изненадил да проверува. Овој во вц кога оди, проверува дали има змии во шољата, да не го уапе за чмарот.
...па подобро да проверува и во веце, отколку да се прими нешто што не се знае што е, дали знаеш што се случува во телото со тие пациенти што со трансплатација добиваат нов орган во своето тело, а имаат различен ДНК од донор? ...и зошто се плашат телото да не го отфрли? и знаеш ли какви лекарства примаат?
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин
Ова што го предлагаат Модерна и Фајзер, тоа и не е вакцика, нешто сосема ново такви ствари до сега никој, никогаш, не користел, само господ знае, ќе има последици од нив или не.
Без разлика што е нова технологијата, вирусот е ист. Начинот на кој што ќе функционира вакцината ќе биде на принцип да генетскиот материјал со помош на mRNA се инјектира во организмот, при што во клетките ќе се поттикне синтезата на т.н. spike (шилести) протеини (одредени сегменти) кои имаат афинитет да се врзуваат за ACE2 рецепторите на клетките од респираторниот систем (всушност во нормални услови така настанува инфекција, односно зараза на клетката домаќин). Но, во случајов целта на овие spike протеини е да го тренираат имуниот систем на организмот да го препознае вирусот без да предизвика болест.

Така што, ако инфекција со вирусот не предизвикува стерилитет, не предизвикува ниту вакцинацијата.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558

Едно не ми е јасно, а тоа е зошто мораме да носиме повторно маски и после вакцинирање?
Колку долго не штити вакцината и што ќе се случи ако не примиме во одредениот период ревакцинација?
Зошто мора, а и после колку време, прележан пациент од ковид , со доволно антитела, да се вакцинира?
Многу нејаснотии!
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.333
Едно не ми е јасно, а тоа е зошто мораме да носиме повторно маски и после вакцинирање?
Колку долго не штити вакцината и што ќе се случи ако не примиме во одредениот период ревакцинација?
Зошто мора, а и после колку време, прележан пациент од ковид , со доволно антитела, да се вакцинира?
Многу нејаснотии!
Едно не ми е јасно, а тоа е зошто мораме да носиме повторно маски и после вакцинирање? - За да не го пренесеш оти можеш и вакциниран да заразиш друг.

Колку долго не штити вакцината и што ќе се случи ако не примиме во одредениот период ревакцинација? - Потврдено најмалку 8 месеци а можеби поќе (не е уште научно потврдено). Најмалку имаш имунитет толку колку што има човек кој прележал.

Зошто мора, а и после колку време, прележан пациент од ковид , со доволно антитела, да се вакцинира? - Не мора, за негово добро е оти вакцината дава поголема имунизација.

Све е јасно, сто пати на форум е пишано и пушти малце гугл, ќе најдиш ако сакаш.
Автоматски споено мислење:

...затоа што другите лекарства имат активни супстанци што не се ,,генетски материјал,, mRNA-1273 на пример ,,Модерна вакцина,, делува ДНК на клетката, сомневањето е од клиничко недоволно искуство што може да направи тој ,,генетски материјал,, во нашите клетки, зборуваме за сомневање на новите mRNA вакцини, а не другите класични вакцини каде се деактивирани сегменти од вирусни соеви во минимални дози кој го активират нашиот имунитет да го препознае ,,вистинскиот вирус,, и цела популација ги прима според календарот за имунизација, т.е. до пасивна и активна ии

...па подобро да проверува и во веце, отколку да се прими нешто што не се знае што е, дали знаеш што се случува во телото со тие пациенти што со трансплатација добиваат нов орган во своето тело, а имаат различен ДНК од донор? ...и зошто се плашат телото да не го отфрли? и знаеш ли какви лекарства примаат?
мРНА не менува ДНК. После реакција на телото после вакцинирање, целосно ја чисти од телото. Едноставен е методот и постои со децении. Проверен е и безбеден.
Автоматски споено мислење:

Ова што го предлагаат Модерна и Фајзер, тоа и не е вакцика, нешто сосема ново такви ствари до сега никој, никогаш, не користел, само господ знае, ќе има последици од нив или не. Обично треба да поминат 5 генерации за да видиш има ли генетски промени, тоа го кажува вирусолог, професор,нобелов лауреат- Лик Монтањије.
Не сум антиваксер, иако од некакви причини последниве 50 години има зголемен аутизам, може да е од многу ствари.
Сакам да го прашам почитуваниот форумец Igorcemk, лекар вирусолог ли е, па дава вакви смели прогнози, или барем да цитира некој таков.
Вакцините не предизвикуваат аутизам. Потврдено е за тие детските што се крева заговори. Има повеќе начини како функционираат една е мРНА. И не менува ДНК.

Монтањије беше тој што викаше, дека вирусов е измислен во лабораторија и дека има ХИВ делови во него? Во цела корона наука е апсолутно ирелевантен. Колеги го негираа.
 
Последно уредено:

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Едно не ми е јасно, а тоа е зошто мораме да носиме повторно маски и после вакцинирање?
Колку долго не штити вакцината и што ќе се случи ако не примиме во одредениот период ревакцинација?
Зошто мора, а и после колку време, прележан пациент од ковид , со доволно антитела, да се вакцинира?
Многу нејаснотии!

Па онакој ќе нема за што да казнуев, ако се донесе уредба да не се носив маске. Македонска логика. :P
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
Едно не ми е јасно, а тоа е зошто мораме да носиме повторно маски и после вакцинирање? - За да не го пренесеш оти можеш и вакциниран да заразиш друг.

Колку долго не штити вакцината и што ќе се случи ако не примиме во одредениот период ревакцинација? - Потврдено најмалку 8 месеци а можеби поќе (не е уште научно потврдено). Најмалку имаш имунитет толку колку што има човек кој прележал.

Зошто мора, а и после колку време, прележан пациент од ковид , со доволно антитела, да се вакцинира? - Не мора, за негово добро е оти вакцината дава поголема имунизација.

Све е јасно, сто пати на форум е пишано и пушти малце гугл, ќе најдиш ако сакаш.
Автоматски споено мислење:

мРНА не менува ДНК. После реакција на телото после вакцинирање, целосно ја чисти од телото. Едноставен е методот и постои со децении. Проверен е и безбеден.
Како можам вакцинирана да заразам некој друг!?
На гугл ако читаш, нервен слом ќе добиеш.
Ништо не верувам.. а тек сега па со овој новиов мутиран вирус:facepalm:
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.333
Како можам вакцинирана да заразам некој друг!?
На гугл ако читаш, нервен слом ќе добиеш.
Ништо не верувам.. а тек сега па со овој новиов мутиран вирус:facepalm:
Не е уште научно потврдено ама ако си имуна на вирусот можеш ваљда пак да го пренесеш ако го имаш. Вакцината е да не заболиш. Се сомневаат дека сепак пократко време и со помала доза тоа моментално се истражува.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.430
Поени од реакции
9.152
Без разлика што е нова технологијата, вирусот е ист. Начинот на кој што ќе функционира вакцината ќе биде на принцип да генетскиот материјал со помош на mRNA се инјектира во организмот, при што во клетките ќе се поттикне синтезата на т.н. spike (шилести) протеини (одредени сегменти) кои имаат афинитет да се врзуваат за ACE2 рецепторите на клетките од респираторниот систем (всушност во нормални услови така настанува инфекција, односно зараза на клетката домаќин). Но, во случајов целта на овие spike протеини е да го тренираат имуниот систем на организмот да го препознае вирусот без да предизвика болест.

Така што, ако инфекција со вирусот не предизвикува стерилитет, не предизвикува ниту вакцинацијата.
Одговорот знаеш како ти е? Без разлика што е комплетно нов концепт на возило на пазарот - патот е ист, ќе те однесе од точка А до точка Б.
Точно е дека ќе те однесе, знаеш во УСА колку има судари само ради тоа што новите ТЕСЛА модели се врв на технологијата, па може сама да вози, дрн дрн дрн... слушнато - непроверено...

Е исто е и со тој тип на вакцини од Модерна и Фајзер, слушнато, недослушнато, прочитано ама непроверено.
Ќе има такви без никакви последици, барем краткорочни кои не можеме да ги видиме и ќе има такви кои ќе имаат последици. Би ризикувала да си на едната или другата страна, чисто ради што така некој кажал, а досега тоа не се користело и применувало во медицината?

Со причина има милион непознаници и околу овие 2 вакцини, сепак да не релативизираме дека знаеме се' околу нив само затоа што читавме некаде. Тестови врз хумана популација нема релевантни кои ќе ни докажат краткорочни/долгорочни последици, особено овие вторите. ;)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
Не е уште научно потврдено ама ако си имуна на вирусот можеш ваљда пак да го пренесеш ако го имаш. Вакцината е да не заболиш. Се сомневаат дека сепак пократко време и со помала доза тоа моментално се истражува.
Затоа е недовербата..всушност одговоров е за прашањето на Мис параноја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom