Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.814
Поени од реакции
7.186
Никогаш до сега не си настинал?
Јас поставив прашање, ти одговори со прашање, па пак поставив прашање, па ти пак со прашање и до кога така ...
Членот кажа дека терапија немало, пробале се живо и диво, а сепак нели има огромна бројка на оздравени. Како оздравуваат луѓево што имале корона ...
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.455
Поени од реакции
2.462

Оздравуваат исто како и кај други вируси , организмот се изборува со инфекцијата , за повеќето вируси нема плукни залепи лек за жал.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.584

кај нас нема овакви проблеми, едноставно НЕМА доволно вакцини ни за грип( ни за пари), а не па за К19
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.625
Вакцината служи за да се смири народот ( и нормално кеш).

Еден многу интересен натпис.
https://www.mkd.mk/svet/analizi/sluchajna-greshka-ja-zgolemila-efikasnosta-na-oksfordskata-vakcina

Тука велат 70% ефикасност, подолу 62%, ама измениле нешто па се качило на 90%.

Да претпоставиме дека кај нас ќе има 300к што се старци и болни лица, од нив 30к нема да добијат имунитет и ќе бидат подобни да се заразат, 450 ќе се заразат од првата вакцина, 1515 ќе се заразат од втората вакцина (вкупно под 2000), имајќи во предвид дека овие се ризичната категорија, па за очекување е дека најмалку пола ќе си умрат благодарејки на вакцината, плус ќе има 30к кој ќе имаат лажна заштита и нема да се пазат ИЧ.

Па сигурно дека нема да развие, не е тестирано на старци и болни од којзнае какви болести, тестирано е по нашки на „арслани“, да е тестирано на старци незнам колку ќе немале потешка форма.

Во најдобриот случај биле 90%, ама пријавиле ефикасност од 95%, конфузија.

Незнам што да кажам, ама фактите се тие дека вакцината уште долго нема да биде решението за проблемот, за жал до дега не се најде терапија за короната, пробаа се живо, ама пак нема никаков ефект.
Денес читав и дека одобрувањето на астра зенека е доведено во прашање ради некои пропусти во тестирањето, може би ова што пишуваш е тоа... Во секој случај времето е кратко за да се развие и тестира вакцина како што треба, од друга страна ковидот енормно притиска во секој поглед па најверојатно ке ризикуваат и ке одобрат некоја вакцина па господ напомош.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.898
Поени од реакции
16.208
Двајца од Битола млади, едниот е родител на детенце шо учи во ист клас со внука ми.
Имал хроничен бронхит, неколку дена пред да се снеарни му направиле тест оти требало да патува, шофер е.
За кратко време се разболи, наводно бил поарен ама ете се искомплицирала ситуацијата и си ојде чоекот,жално многу
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Е како тогаш има толкав број на оздравени од корона ?? Како тие луѓе оздравеле
Самиот имунолошки систем го победува вирусот, нај просто да разбереш (оти малку се правеш глуп, а разбираш убаво) кога ќе се исечеш, тромбоцитите ја засируваат крвта и спречуваат штета на организамот,

Оние што умираат главно умираат поради пребурната реакција на сопствениот имунолошки систем.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.625
Денес еве 1160 заболени од 2864 тестирани. 30 починати. Од меркиве ни к.. не бидува и незнам кој уште верува дека некогаш ке дадат резултат. Утре во 10 филипче ке има прес, ај може му дошол умот па ке превземат нешто..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Ќе намалат работно време на угостителски објекти.
Инаку, пред умирање е еден случај од кој ќе сфатиме дека ниедни пари и ниедна нега не те спасува ако те фати лошо. Ќе биде бум веста.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.594
Денес еве 1160 заболени од 2864 тестирани. 30 починати. Од меркиве ни к.. не бидува и незнам кој уште верува дека некогаш ке дадат резултат. Утре во 10 филипче ке има прес, ај може му дошол умот па ке превземат нешто..
По логика од утре им одговара полициски час да клаат од 17 часот. Веројатно затоа е пресот.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.497
Поени од реакции
1.704
Денес еве 1160 заболени од 2864 тестирани. 30 починати. Од меркиве ни к.. не бидува и незнам кој уште верува дека некогаш ке дадат резултат. Утре во 10 филипче ке има прес, ај може му дошол умот па ке превземат нешто..
40% позитивни упм
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Ќе намалат работно време на угостителски објекти.
Инаку, пред умирање е еден случај од кој ќе сфатиме дека ниедни пари и ниедна нега не те спасува ако те фати лошо. Ќе биде бум веста.
Кој/која е ликов? Дај кажи да не чекаме, незивесноста убива...ќе биде наша мала тајна.

И како може жити се во градови како Македонски брод, Берово, Виница, Пехчево, каде пиле не прелетува, секој ден веќе 2 ебани месеца бројки да пријавуваат? Како се заразуваат луѓево бе?
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Сите умрени и тешки случаи ги познаваш.
Како ти издржува психата свака част...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Нисам модератор, ал могу банирати хехе
Те гледам со месеци немаш никаков придонес во темата, само дофрлаш со глупави досетки. Одмори малку, подобро ќе ти биде.

Не си размислил дека да ми беше близок некој од нив, немаше да фатам на форум да пишувам? Не си размислил дека можеби имам некој познат по клиникиве кој ми споделува информации од време на време? :D
Досега сум споделил за починатиот 35 годишен, за двајца спортисти/спортски работници (кои за среќа се спасија), за кавадарчанецот (постариот од двајцата браќа) и сега за лик кој е општо познат во јавност. Сите биле пример за да се долови поента на темата.
Со младите се поби фактот дека „умираат само стари“, а со другиве тројца моментот дека ниедна пара нема да те спаси, ако го закачиш лошо.

Многу одамна споделив за два случаи кои ги знаев лично (кума на братучед и брат на маж и на братучетка и некои кои беа пријатели на пријатели). Да чукнам во дрво, ниеден што го познавам не заврши трагично во последно време. Сигурно нема да земам на давам отчет на темава, да имав близок починат. Ќе земев акаунтот ќе го избришев за да не ми се појавуваше оваа тема :D

Кој/која е ликов? Дај кажи да не чекаме, незивесноста убива...ќе биде наша мала тајна.

И како може жити се во градови како Македонски брод, Берово, Виница, Пехчево, каде пиле не прелетува, секој ден веќе 2 ебани месеца бројки да пријавуваат? Како се заразуваат луѓево бе?
Рано е, постои мала шанса да се спаси. Не сакам да го погребам пред време. Во секој случај, го знаете сите.

За второво прашање, не мора да значи дека тие се жители на овие градови. Ако ти живееш во Скопје, ама живеалиштето на личната карта ти е во Пехчево, ќе те пишат како заболен од Пехчево. Има многу што со години не го имаат сменето живеалиштето, иако живеат во Скопје.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.455
Поени од реакции
2.462
Нисам модератор, ал могу банирати хехе
Те гледам со месеци немаш никаков придонес во темата, само дофрлаш со глупави досетки. Одмори малку, подобро ќе ти биде.

Не си размислил дека да ми беше близок некој од нив, немаше да фатам на форум да пишувам? Не си размислил дека можеби имам некој познат по клиникиве кој ми споделува информации од време на време? :D
Досега сум споделил за починатиот 35 годишен, за двајца спортисти/спортски работници (кои за среќа се спасија), за кавадарчанецот (постариот од двајцата браќа) и сега за лик кој е општо познат во јавност. Сите биле пример за да се долови поента на темата.
Со младите се поби фактот дека „умираат само стари“, а со другиве тројца моментот дека ниедна пара нема да те спаси, ако го закачиш лошо.

Многу одамна споделив за два случаи кои ги знаев лично (кума на братучед и брат на маж и на братучетка и некои кои беа пријатели на пријатели). Да чукнам во дрво, ниеден што го познавам не заврши трагично во последно време. Сигурно нема да земам на давам отчет на темава, да имав близок починат. Ќе земев акаунтот ќе го избришев за да не ми се појавуваше оваа тема :D

Рано е, постои мала шанса да се спаси. Не сакам да го погребам пред време. Во секој случај, го знаете сите.

За второво прашање, не мора да значи дека тие се жители на овие градови. Ако ти живееш во Скопје, ама живеалиштето на личната карта ти е во Пехчево, ќе те пишат како заболен од Пехчево. Има многу што со години не го имаат сменето живеалиштето, иако живеат во Скопје.
Мене не ми е јасно во која дупка/пештера е скриен господинов , па ни близок ни познаник да нема некој што лошо нацапал на вирусов со оглед на тоа што вирусов е насекаде , сите знаеме некој што починал , што поминал лошо и слично. Овие што верглаат вакви муабет од почеток или се во тежок denial или 0 им е социјалниот живот незнам по инаку реално како да ги толкувам нивниве глупи досетки.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.189
Поени од реакции
19.266
ЕУ започнува преговори со производителот на вакцини Спутник V
Европската агенција за лекови започна прелиминарни дискусии со производителот на руската вакцина Спутник V. Ова за ТАСС го пријави во средата официјалниот претставник на Европската комисија, Стефан де Кирсмакер.

„Европската агенција за лекови сè уште нема добиено барање за сертифицирање на руската вакцина против КОВИД-19. Сепак, до агенцијата се приближува производител на вакцини, тие сега се во рана фаза на дискутирање за вакцина“, рече тој. - Европската комисија нема информации за руската Вакцини Спутник В.

Во вторникот, шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за прв пат призна дека покрај веќе потпишаните договори за претходна нарачка на вакцините со шест западни фармацевтски компании, ЕК спроведува слични преговори со седма компанија. Ниту шефот на Европската комисија, ниту нејзината прес-служба досега не разјаснија за која компанија зборуваат. Претходно, Европската комисија постојано изјавуваше дека руската вакцина нема да биде дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација.

На 11 август Русија прва во светот регистрираше вакцина против коронавирус заснована на два вида аденовирус, беше именувана Спутник В. Лекот е развиен од Националниот истражувачки центар Гамалеја за епидемиологија и микробиологија и ги помина клиничките испитувања во јуни и јули. На 15 август, Министерството за здравство на Руската Федерација објави почеток на производство на лекот. Третата (по-регистрација) фаза на клинички испитувања на руската вакцина започна на 25 август.

До денес, ЕК потпиша договори за претходна нарачка на вакцините со AstraZeneca, Sanofi - GSK, Johnson & Johnson, BioNTech - Pfizer, CureVac. Во вторникот, Европската комисија објави склучување на шести договор - со Модерна за 160 милиони дози, што официјално ќе го одобри Европската комисија во среда. Ако сите овие компании се во можност да создадат и да ги пласираат своите вакцини, тогаш ЕУ вкупно ќе може да прими скоро 2 милијарди дози, додека населението во сите земји на ЕУ е помалку од 450 милиони. Финансиската компонента на овие договори не беше обелоденета, според најконзервативните проценки , зборуваме за десетици милијарди евра. Времето на можни испораки и реалните можности за производство на вакцини според овие договори сè уште не се познати. Европската комисија е уверена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom