Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
А ти имаш сигурен податок дека Амди Бајрам се наоѓа на листата починати од корона вирус или вака од рекла казала муабети ми правиш? :)
Па пишан е дека почина од корона во статистиката, плус секој со позитивен постмортем тест ако има корона го пишуваат од корона.

„Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен“, изјави синот на Амди бајрам, Габриел.
Дента пред да почине, сè беше во ред, никој не можеше да претпостави што нè чека. Но, вчера, околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2.

Значи негативен тест 2 дена пред да почине, ама затоа тој еден ден го фатила и маме му расплакала коронава. Океј. Е сега рачунај колку вакви случаи има во статистиката на починати.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.865
Поени од реакции
7.254
Ќути, тек колку починаа од депресија пошто не можеа да одат на козметичар!
Ќути, тек колку ќе починат од мерките на системот, воведени зашто умирале луѓе со повеќе тешки дијагнози. Претходно луѓе со такви дијагнози спортуваа и тераа до 100ка.

Сега уствари прогледавте дека сме нездрава нација, дека здравствениот систем не функционира. За починати 200 новороденчиња во државава, немаше нешто многу загриженост.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
А колку други во овие починати се напишани како случајот со Амди Бајрам, кој почина од мозочен удар, и со постмортем тест е пишан како починат од корона затоа што бил "позитивен" на корона вирус? Имаш информација за сите овие лица како починале? Во кои услови, каква им била состојбата освен дека починале во болнички услови? Со какви болести биле? Поштеди ме од муабети од типот на компликации од корона бла бла. Луѓе умираа од мозочни удари и ред други болести и пред да има корона Што им правеше тогаш компликации?
Да додадеме и колку други од овие земале 2000 евра за да ги пишат дека се од корона.
Смешни сте со муабетиве. Тука завод за статистика нема прецизни податоци, не па луѓево кои си дебатираме во темава. Возраста на починатите се движи меѓу 50 и 70 години во глобала, не ме терајте да земам ден по ден да одам и да ги прибирам податоците :D
Ќе најдам слободно време после работа, па ќе ви извадам податоци ако толку ве интересира возраста. Али одгфовори на вакви глупави прашања никој не може да ви даде. Едно е сигурно, кај нас евиденцијата оди на следниот начин. Ако човекот што умрел е позитивен на корона, се води како умрен од корона и тоа е тоа.
 
C

CoolIris

Гостин
Па пишан е дека почина од корона во статистиката, плус секој со позитивен постмортем тест ако има корона го пишуваат од корона.

„Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен“, изјави синот на Амди бајрам, Габриел.
Дента пред да почине, сè беше во ред, никој не можеше да претпостави што нè чека. Но, вчера, околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2.

Значи негативен тест 2 дена пред да почине, ама затоа тој еден ден го фатила и маме му расплакала коронава. Океј. Е сега рачунај колку вакви случаи има во статистиката на починати.
Ама како знаеш дека Амди Бајрам е внесен во статистиката на починати од корона вирус? Имаш ли доказ?
Автоматски споено мислење:

Едно е сигурно, кај нас евиденцијата оди на следниот начин. Ако човекот што умрел е позитивен на корона, се води како умрен од корона и тоа е тоа
Јас имам пишувано порано на темава, еве ќе се повторам пак.

Постои нешто што се вика основна причина за смрт (болест), непосредна причина за смрт (како еден вид компликација на основната болест) и коморбидитети (придружни болести).

Пример, еден човек има шеќерна болест, зависен е од инсулин. Десет дена пред смртта се заразил со sars-cov-2, а три дена после заразата развил пневмонија.

Основната причина за смртта кај овој човек е sars-cov-2 (Kovid - 19).
Непосредната причина е пенвмонијата како компликација на sars-cov-2.
А шеќерот е коморбидитет.

Јасно е дека човеков треба да биде вброен во категоријата луѓе кои починале од Ковид - 19.
 
Последно уредено од модератор:

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Абе а има ли луѓе што умираат од нешто друго и не се вклучени во статистикава? Или исклучиво од корона умираат?

Еве вчера 22-ца, само тие починале, немало некои други од нешто друго?? Баш ме интересира...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Ама како знаеш дека Амди Бајрам е внесен во статистиката на починати од корона вирус? Имаш ли доказ?
Не бе, уживај, не е пишан. Докази ќе ти бараме.
Коинциденција е што има баш 64 годишен, баш во тој ден, баш од Скопје во тие 7 починати.
 
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
Ама како знаеш дека Амди Бајрам е внесен во статистиката на починати од корона вирус? Имаш ли доказ?
Ало, секој со "позитивен" постмортем тест се заведува како починат од корона, не знам што е толку комплицирано за да сфатиш? Кога изиграваш џандар тука и кажуваш статистики, ова веќе требаше да го знаеш.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Повремено само ја ѕиркам темава од причина што I can’t even, ама не можам да ја разберам логиката на одредени луѓе на кои главен аргумент за тоа дека вирусот не е толку страшен им е дека умираат луѓе кои биле стари (ајде тука може да се дебатира во некој многу мал размер колку се работи за старост per se, земајќи го предвид очекуваниот животен век во нашата земја наспроти во (по)развиените земји), а уште повеќе аргументот дека доста од починатите биле со хронични болести. И ајде ако ги тргнеме на страна “стариве”, меѓу починатите има и луѓе кои имале пеесетина години, и нив за стари ги сметаме? Или малку ги има такви, па спаѓаат во колатерална штета?
Стварно не можам да сфатам кој дел од фактот дека тие луѓе со хронични болести би продолжиле нормално да живеат доколку не биле заразени со корона не ви е јасен? Или помила на срцето ви е нацистичката идеологија дека се фалични и не заслужуваат живот, или поинаку кажано, Цацко им е крив што имаат хронична болест - шо ги вртам.
Не аргументирам за или против било кој лично, или било која мерка ама свесни ли сте дека ваквото доживување на работите не ве прави буржоазија туку саможивни и тесногледи? #РеторичкоПрашање
Факт е дека економијата ни е блокирана и дека мерките се далеку од идеални, но исто е факт и дека голем дел од мерките не се почитуваат. Џабе да се направат и најидеални решенија кога нивната примена се потпира на маса нереспонзивни луѓе. Еве за пример како една од наједноставните и најосновните препораки, маска и дистанца. На секое ќоше кој ја натнал маската под нос, кој воопшто не ни ставил, стоиш на каса а следниот зад тебе ти се залепил... Се работи за две најосновни работи кои како луѓе кои живеат во општество во кое најголем број имаат завршено барем основно школо би требало да ги разберат и почитуваат. И кога овие две работи како народ не можеме да ги разбереме и почитуваме - што може да се очекува повеќе? Социјалната свест веќе подолги години има отстапено место на примитивизам и “ти ќе ми кажеш” став, а кога ќе дојде нож под грло други ни се криви.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.865
Поени од реакции
7.254
Пример, еден човек има шеќерна болест, зависен е од инсулин. Десет дена пред смртта се заразил со sars-cov-2, а три дена после заразата развил пневмонија.
Вакви случаеви претходно немало ... пред 2020, луѓето со шеќерна болест не умирале ли...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.713
Абе а има ли луѓе што умираат од нешто друго и не се вклучени во статистикава? Или исклучиво од корона умираат?

Еве вчера 22-ца, само тие починале, немало некои други од нешто друго?? Баш ме интересира...
прашај во комора на поповите...:popce: ... веројатно друг протокол и друга тарифа е за пеење на ковид закоп..
важно сите попови си го обновија возниот парк...
 
C

CoolIris

Гостин
Вакви случаеви претходно немало ... пред 2020, луѓето со шеќерна болест не умирале ли...
Умирале, ама после неколку децении живеење со истата. Човек со хронични болести може да живее добар и долг живот, доколку истите се правилно регулирани и третирани.

Короната е тригер фактор, за компликации.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.601
Поени од реакции
5.106
Абе а има ли луѓе што умираат од нешто друго и не се вклучени во статистикава? Или исклучиво од корона умираат?

Еве вчера 22-ца, само тие починале, немало некои други од нешто друго?? Баш ме интересира...
Сигурно има. Ете просекот е 54 умрени дневно у државава во текот на една година.
Значи вчера конкретно според просеков 32 умреле од др причини. Не сите ги заведуваат од корона дека се умрени. Не верувам ни дека сите ги испитуваат пост мортем за корона, за бааги ќе пишат старост или некоја др болест што ја имале како активна у досие.
Овие од корона пишани што се, како што приметувам 90% во болнички услови се умрени и веќе детектирани.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.865
Поени од реакции
7.254
Умирале, ама после неколку децении живеење со истата. Човек со хронични болести може да живее добар и долг живот, доколку истите се правилно регулирани и третирани.

Короната е тригер фактор, за компликации.
После колку децении... Има некој златен стандард или се е индивидуално... Таквите, после неколку децении живеење, пред 2020 сигурно има што умреле така, па нема разлика од сега и претходно.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.083
Поени од реакции
8.132
 

Kajgana Shop

На врв Bottom