Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Не дека се неспособни, туку намерно така прават.
СФРЈ имале едни од најдобрите протоколи за епидемии, пандемии, треба само да се извадат од фиоките и пресликаат.
Ама кога се работи за пЛандемија, намерно хаос се прави, а народ толку му сече, па ко кокошки без глава.

Надевајте се дека системот во наша корист работи, кај да е, ќе ги осетиме придобивките :D
Ха, нема да бидеш среќен ако спроведиме протоколи од СФРЈ :)
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.922
Поени од реакции
7.846
Не знам само како успеваш состојбата во Австралија (а и Нов Зеланд) каде што дефакто веќе реално имате полициска држава, да ја оправдуваш и да кажуваш басни. Вашите полицајци се дури поретардирани од нашите. Вашите трудна жена за некаков пост ја апсат, нашите тинејџер што го шетал кучето.




Hon Tony Abbott AC, Former Prime Minister of Australia :
“For me, the recent 75th anniversary of the end of World War Two prompted this reflection: that generation: ready to risk life to preserve freedom;
this generation: ready to risk freedom to preserve life. Yet we don’t think of our parents and our grandparents as too brave, do we; I wonder what judgment history will pass on us?”




Не постоеле циклуси :confused: . Социјалистичко перење мозок. :tapp:
Ако не постојат циклуси, тогаш треба се да е рамномерно,линеарно :несвест:
на кој не им чини нека си одат од каде што дошле
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Кој спори дека зимските месеци е поголема, а летните помала, одсекогаш тоа е така и никој не ги прави споредбите јануари со јуни, туку ги правеме споредбите со истиот месец различна година,
од септември 2019г сите месеци беа подпросечни, зошто, да не случајно снема кој да умре, НЕ, од јуни 2020г почнува циклусот на надпросечни месеци и на крајот од денот (годината) ќе си имаме толку колку што природата вика дека треба да умрат (а кај нас тој број е 20к+).
Исти податоци користиме, различно ги толкуваме. Во јуни како починати од корона (ако ми се точни податоците) се водат 166. Смртноста е поголема за 305 над просекот. Јануари почна со 321 помалку. Ако продолжеше тој тренд годинава ќе имаше помалку од 20 000 (2018 беше испод) починати.

Ќе ги почекаме бројките за јули, па за август и тогаш можеме да ја продолжиме дискусијата. Ќе имаме нови аргументи. Јас очекувам дека смртноста ќе биде голема, 2020 година ќе ги надмине сите други иако започна со мала смртност.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
"Можеби вакцината нема да спречи кивавица или други полесни симптоми. Меѓутоа, најмалку што се очекува е да ги спречи респираторната инфлуенција и тешките оштетувања на органите"
"Брзината на целиот процес се зголемува бидејќи чекорите, кои инаку одат еден по друг, сега одат паралелно"
"Затоа се надевам оти никој повеќе нема да се залага за имунитет на стадо. Имунитетот на стадо се постигнува со вакцинирање“, категоричен е Камрат.
"Препорачувам вакцинирање против грип пред оваа есен."
Томас Камрат -германски имунолог
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190
Godinava e pametno vakciniranje od grip....vo sprotivno sekoe pokacuvanje na temperaturata so kašlica ke znaci i dopolnitelen stres kaj poveketo luđe
Дајте бе бидете имуни малце не бидете ко 80 годишни старци уште од сега!
Како што кажуваш испаѓа дека сега прв пат излезе температурава и кашлицава дека ја немало претходно?
До сега не си имал температура или кашлица? И? Помина така?
И доста паничиш кога знам дека стравов е овде само на форумов а надвор друга приказна...
P. S и што мислиш дека ако се вакцинираш 100 посто имун ќе си нема да фатиш температура или слично?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Некои работи во медицината се прилично комплицирани, како на пример акутната леукемија, за која што му требаше 30 години на еден научник за да го најде начинот како се појавува.

Еве сега со помош на суперкомпјутер најпосле се насетува како работи Ковид. Во суштина Ковид предизвикува васкуларна болест, а не респираторна т.е. респираторната е последица на васкуларната болест.

Во овој текст фали само уште објаснување на улогата на дебелината, иако дебелината сама по себе има улога во кардиоваскуларниот систем.


На почетокот на ова лето, супер-компјутерот Самит во националната лабораторија во Тенеси бил „нахранет“ со преку 40.000 гени од 17.000 генетски примероци. Иако е втор најбрз компјутер на светот, за процесирање и анализа на сите генетски комбинации (а ги имало преку 2,5 милијарди) му требало повеќе од една недела.
Откако бил готов, научниците кои го водат проектот имале „еурека“ момент бидејќи резултатите сугерирале нова теорија за тоа како ковид-19 делува во телото. Наречена е брадикининска хипотеза, по пептидот кој предизвикува проширување на крвните садови и опаѓање на крвниот притисок. Хипотезата обезбедува модел кој објаснува многу од аспектите на болеста, меѓу кои и најбизарните симптоми. Таа сугерира и над 10 потенцијални третмани на bолеста, многу од нив веќе одобрени.
Според сознанијата, инфекцијата започнува кога вирусот влегува во телото преку ACE2 рецепторите во носот па се сместува во различни органи. Но дури откако вирусот удобно ќе се pozicionira доаѓа лошото бидејќи тој не се задоволува само со инфицирање на клетките кои имаат многу такви рецептори туку го мами телото да прераспоредува ACE2 рецептори на места каде обично ги има малку.
Во таа смисла, тој е како лопов кој ќе успее да ви влезе низ отворен џам на вториот спрат и после не само што прави русвај по цела куќа туку ќе ги испоотвори сите врати и прозорци за да можат да влезат и другите од неговата банда за бељата да биде поголема и побрзо направена.
Крајниот резултат е создавање на брадикининска бура односно масивно трупање на брадикинин во телото и токму ова веројатно е причина за многу смртоносни исходи на болеста. Екипата верува дека пресудна е оваа а не цитокинската бура (види: Не само вирусот, нè убива и сопствениот имунолошки систем), а можно е да има и поврзаност меѓу нив.
Како што во телото се трупа брадикинин, така драматично се зголемува васкуларната пропусност односно крвните садови почнуваат да протекуваат. Тоа е во склад со новите клинички податоци кои сугерираат дека имаме работа првенствено со васкуларна а не со респираторна болест. Како што крвните садови почнуваат да протекуваат, белите дробови се полнат со течност, имуно-клетки доаѓаат во дробовите и предизвикуваат воспаление.
Еден од најгадните трикови на новиот вирус е што измамува огромно производство на хиалуронична киселина, позната по тоа што се користи во козметиката и има способност да апсорбира 1.000 пати повеќе од сопствената тежина. Кога таа ќе дојде во допир со течноста во дробовите, резултатите се катастрофални: се формира хидрогел кој ги полни дробовите и тоа изгледа како да „пробуваш да дишеш преку желе“.
Тоа веројатно ја објаснува и неефикасноста на респираторите од кои на почетокот на болеста се очекуваше многу.
„Се доаѓа до точка во која веќе не е важно колку кислород пумпате во дробовите бидејќи алвеолите се полни со овој хидрогел. Пациенти се гушат иако добиваат полна кислородна поддршка.“
Брадикининската хипотеза нуди модел и за расветлување на ефектите на ковид и врз срцето и невролошките ефекти а особено е интригантна во поглед на мозокот. Се претпоставува дека болеста успева да ја сруши бариерата меѓу мозокот и крвта. Во нормални услови, таа бариера служи како филтер меѓу мозокот и остатокот од циркулаторниот систем кој ги пропушта хранливите материи и малите молекули кои му се потребни на мозокот за да функционира правилно, а надвор од мозочниот систем ги држи токсините и патогените. Ако брадикининската бура ја руши оваа бариера, се отвора пат за штетните клетки да влезат во мозокот и да доведат до воспаление и оштетувања.
Екипата на доктор Даниел Џакобсон упатува дека веќе се одобрени неколку лекарства кои помагаат во случаи на брадикининска бура (даназол, станосозол, екалантид...) а сугерираат дека и витаминот Д е потенцијално корисен во случај на ковид-19.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Ха, нема да бидеш среќен ако спроведиме протоколи од СФРЈ :)
Вака ни ја, ни ти, не сме среќни. Не е работата за среќни, туку професионализам, цел и последици.

на кој не им чини нека си одат од каде што дошле
Ти како лик кој не е во МКД, многу пуфки ни продаваш, за како тука да живееме, а сеа друго пишуваш.
Нормално дека ти сакаш полициска држава, само ќе видиме 2022, на колку твои сограѓани ќе им биде убаво како досега.


https://www.irishtimes.com/news/world/europe/german-lockdown-was-too-harsh-says-health-minister-1.4344930 :nesumjas:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Godinava e pametno vakciniranje od grip....vo sprotivno sekoe pokacuvanje na temperaturata so kašlica ke znaci i dopolnitelen stres kaj poveketo luđe
Сакаш да кажеш дека ако се вакцинираш од грип и ти се деси температура со кашлица ќе знаеш дека си ковид па нема да имаш дополнителен стрес?
Ако не си вакциниран, нема да знаеш дали е грип или ковид... и ти сметаш дека е подобро одма да знаеш дека е ковид, и нема да имаш стрес?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Западот денеска изглеа кажа дека руската вакцина е ок и дека све што викаат Русите дека вакцината прави, е баш така.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Западот денеска изглеа кажа дека руската вакцина е ок и дека све што викаат Русите дека вакцината прави, е баш така.
Во нормален свет се зема вакцината и сите заедно почнуваат да ја произведуваат. Во овај не.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190
Дечки како уште пред пандемијава значи пред две години уште, Македонија е на листата за набавка на тестови за ковид19?
Зошто пред две години не се прогласила пандемијава туку се чекало кога се знаело?
Зошто доколку било уште во 2018 година не се кажвело во таа година колку пациенти има од ковид заразени?
За сликите кој сака во пп ќе ги пратам дека е уште пред две години тестовите, опремата итн..
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.249
Поени од реакции
3.173
Дечки како уште пред пандемијава значи пред две години уште, Македонија е на листата за набавка на тестови за ковид19?
Зошто пред две години не се прогласила пандемијава туку се чекало кога се знаело?
Зошто доколку било уште во 2018 година не се кажвело во таа година колку пациенти има од ковид заразени?
За сликите кој сака во пп ќе ги пратам дека е уште пред две години тестовите, опремата итн..
стави на темава, што има врска
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190
Овие не ги најдов јас случајно ги видов на странана на филипче еден ги имаше постирано... И тој истото прашува..
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom