Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
880
Поени од реакции
1.403
tesko na tie sto si otidoa i ke si otidat.. mladi 25 godini, 30, 34 40...

tuka hrabrive ke si gi lecat kompleksite i ke mlatat prazna slama a garantiram deka najveke si go cuvaat gazeto, samo palamudat i izigravaat semokni.
 
Член од
2 септември 2013
Мислења
255
Поени од реакции
237
Еден член погоре ептен концизно и убаво ја имаше објаснето состојбата со следење на некој тренд наметнат при почетокот на пандемијава. Првин беше седете дома добро си поседовме, увидовме дека не ни е исплатливо па после тоа беше враќање пак во нормала. Па после почна работава околу бабиве и дедовците да ги мислиме, и после најзлоупотребена фраза леле здравството ќе ни се урне, добро штом употребуваш таква фраза како преку кој к¥р пресмета дека така ќе биде или треба да биде. Поентата ми е ка тупите веќе со иста трака.. нешто слушнато, прочитан твит ајде навалица да споделам у кајгана.. ќе испаднам паметен.

А истите со тераат живот..
 
Munze

Dr. Oetker
Член од
21 јули 2020
Мислења
203
Поени од реакции
195
Вас ви треба сериозно лечење ако мислите дека ќе лажам за смрт на луѓе кои сум ги познавал.
Убаво објаснив, два смртни (2 од 450+ смртни случаи, не е ниту 0,5% од случаите, ама гледам правник бил, па не му замерувам што не знае математика) случаи ги знам лично и детално ви објаснив како се заболеле и починале. Двата случаи се луѓе над 60 години, но со дотогаш здравје на ниво. Во првиот случај, бидејќи заразата се прошири од еден претходен погреб, моите уште поблиски роднини, поврзани со жртвата заглавија месец дена со болеста. Не беа хоспитализирани, ама не поминаа ниту лесно. Едната ми е внука, на возраст од 31 година.

За случајот со младиот дечко, се погоди да бил најдобар другар со девојче кое го знам. Споделуваше на ФБ и се распрашав подетално, затоа што ме интересираше.
Знам уште 10-тина други случаи на помлади луѓе од мое опкружување кои беа позитивни, ниту еден од нив не беше целосно без симптоми, ама никој од нив немаше некои позначајни проблеми освен температура и губење на осет за мирис и вкус.

ОН ВИКА ГРИПОТ БИЛ ПОСЕРИОЗЕН ОД КОРОНАТА, само му објаснувам зошто не е во право.
А тоа лупањето глупости како намерно ги пишувале првите случаи од Куманово како да умреле од друго, а цели клиники ги затворија ради нив (докторите ги имаше на сите телевизии, донираа и крвна плазма, па не знам што повеќе сакате како доказ), само збори дека дечкото е тежок пациент, кој од почеток драпаше мадиња на темава како не се плашпи, ама кога кренал температура за секунда истрчал да се тестира. Па среќа поминал добро, па кажува гачки тука.

П.с. излезе ли некаде или уште на другарите им е страв и седите само пред зграда, па глумите јаки на форум?
Бројките на умрени како сакаш гледај ги не се ни блиску до бројот на случаи од грип сезонски а камо ли за помали епидемии и слично. Со бројките на позитивни/ заболени и починати се манипулира од почетокот на наметнатата пандемија. Грипот засега останува посериозно заболување и посебна патологија која никако не смее да се носи во конатација и споредби да се прават со короништето.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190
tesko na tie sto si otidoa i ke si otidat.. mladi 25 godini, 30, 34 40...

tuka hrabrive ke si gi lecat kompleksite i ke mlatat prazna slama a garantiram deka najveke si go cuvaat gazeto, samo palamudat i izigravaat semokni.
Пола овде што зборуваат демек заштитени цело време се во охрид доаѓаат секој викенд шетаат ни дистанца, ни маска ништо...
Некој после ќе ми рече нешто...
Гледам како пазите за викенд што доаѓате овде наместо дома да си седите (нели пандемија е секој се плаши, да се плашевте до толку како што велите не ќе идате како навалица- само преку тастатура чување) ...
Поздрав
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
2020, Јануари 1 774, Февруари 1 653, Март 1 674, Април 1 631
Тоа се официјални податоци за морталитет по месеци оваа година
За недела дена ќе излезе мов билтен во кој ќе има податоци за мај

2019, Јануари Февруари Март Април Мај 2 027, 1 873, 1 925, 1 668, 1 736

За првите 4 месеци вкупно умрени 2020 има 6732, лани 7493 или оваа година 761 смртен случај помалку. Тоа е скоро 200 души просечно на месец помалку.

Еве и званично причини за смрт кај нас од 2019

Морталитет во Република Северна Македонија, во 2019 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.6 % во однос на претходната година и изнесува 20 446 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10 616 или 51.9 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 112, a нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 0.5 % на 100 умрени лица. Според месецот на смртта, најголем број случаи има во месец јануари (2 027). Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 76.0 години кај лицата од женски пол или се бележи за 4.4 години повисока просечна возраст кај жените. Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ 10 (шифра I00-I99), и тоа во 51.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 18.6 %, па со 4.6 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.4 % од вкупно умрените.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.436
Само едно не ми е јасно, овие што се курчат против вирусот, зашто бе одите на лекар и се тестирате? Пикса без навреда ама зашо отиде на лекар? Па можеше дома со чајче, парацетамол, едно друго...

Стварно на никого не посакувам да заболи од корона, ама се исмевате овде некои со вирус кој не е заебанција. Не дај боже да ве покоси вас или некој ваш близок, тек тогаш ќе има плачки и ќе биде крив Цацко. И татко ми се противеше демек ништо не му е на брат ми, не кревајте паники, нема потреба од тест бла бла, па откако испадна и он позитивен ене го у спална две недели како покиснат глушец седи и нема збор кажано. Жива среќа ништо не му е и асимптоматски случај беше, без никаков проблем, али ова му е добра лекција да не брмчи многу оти наеднаш доаѓа и може матер да ти ебе. Инаку три стента има и од памет се извадив кога и него го покажа позитивен али пак ќе кажам за среќа се е во ред.

И да додадам само, комшија на одприлика 55 годишна возраст беше на домашно лекување, позитивен секако, со полесни симптоми, и кога беше при крај со изолацијата искочил на тераса со мокра коса, сместа на инфективна заврши, едвај го вратија човекот. Затоа ви велам не се заебавајте и не терајте курташак со нешто што е посилно од вас. Нормално, не треба и претерување, не е чума ова па да треба како во инкубатор да се живее.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453

Никој не исмева на некој што се плаши. Татко ми крена температура и лежеше ко покосен 3 дена дур не дозна дека не е од корона. Колку често имаме температура годишно, зарем ќе живеат старите под постојан стрес дур не умрат? Татко ти немало да осети ништо ако не била цела оваа фама, а сеа седел 20 дена ко покиснат.
Треба да се пази, не е проблем и да претерува од пазење некој ако се осеќа загрозен. Проблем е што го пореметија цел свет за џабе и сеа сите трпиме последици, а уште не ми е јасно што се постигна со тоа.
 
Еве да речеме икс персона жива и здрава добива канцер изненадно. Дали на почетокот таа персона ќе се однесува исто како до моментот кога дознала дека има канцер? Нормално дека не, се додека не се навикне на животот со канцер, додека може да живее секако. Глуп пример е ова али колку да доловам. Исто е и со короната, се случува сегде во светот, сите исто реагираат, не гледам проблем во тоа. Проблемот е од крајот на мај навака, зошто се олабавија сите, најнапред властите секако, и зошто фрлија три месеци добра работа во вода? Да бидеме реални ширењето на вирусот на почетокот и средината на мај беше значително намалено, се до тие кобни ифтарски вечери и општото намалување на рестрикциите. Да беа малце нормални властите, а и народот, сега ќе имавме многу помалце смртни случаи и заболени.

Така да ова прашање треба да се постави на одговорните за хаосот, а дефинитивно нема сомнеж дека требаше да има мерки и рестрикции на почетокот оти се уште беше непознаница вирусот за сите и боље е спречити него лечити, нели?

П. С. Татко ми може немало да осети ништо да не била оваа фама, ама гарант ќе заразел ненамерно некој што подоцна ќе го јадел од вирусот така да не ти е баш на место тоа што си го напишал.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
33
Поени од реакции
36
Да не има некој што правел тест за антитела да сподели информации. Ние бевме болни крај на февруари ги имавме истите симптоми само што немаше тестирања. Би сакала ако некој направил тест (може и бил зимоска болен) да пише нешто повеќе. Сакам во Жан Митрев да одам на тест за антитела ако некој бил нека сподели.
 
Па ништо закажуваш термин, ти земаат крв од вена, ако имаш антитела значи веќе си го прележала вирусот, ако немаш веројатно не и тоа е тоа.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Вас ви треба сериозно лечење ако мислите дека ќе лажам за смрт на луѓе кои сум ги познавал.
Убаво објаснив, два смртни (2 од 450+ смртни случаи, не е ниту 0,5% од случаите, ама гледам правник бил, па не му замерувам што не знае математика) случаи ги знам лично и детално ви објаснив како се заболеле и починале. Двата случаи се луѓе над 60 години, но со дотогаш здравје на ниво. Во првиот случај, бидејќи заразата се прошири од еден претходен погреб, моите уште поблиски роднини, поврзани со жртвата заглавија месец дена со болеста. Не беа хоспитализирани, ама не поминаа ниту лесно. Едната ми е внука, на возраст од 31 година.

За случајот со младиот дечко, се погоди да бил најдобар другар со девојче кое го знам. Споделуваше на ФБ и се распрашав подетално, затоа што ме интересираше.
Знам уште 10-тина други случаи на помлади луѓе од мое опкружување кои беа позитивни, ниту еден од нив не беше целосно без симптоми, ама никој од нив немаше некои позначајни проблеми освен температура и губење на осет за мирис и вкус.

ОН ВИКА ГРИПОТ БИЛ ПОСЕРИОЗЕН ОД КОРОНАТА, само му објаснувам зошто не е во право.
А тоа лупањето глупости како намерно ги пишувале првите случаи од Куманово како да умреле од друго, а цели клиники ги затворија ради нив (докторите ги имаше на сите телевизии, донираа и крвна плазма, па не знам што повеќе сакате како доказ), само збори дека дечкото е тежок пациент, кој од почеток драпаше мадиња на темава како не се плашпи, ама кога кренал температура за секунда истрчал да се тестира. Па среќа поминал добро, па кажува гачки тука.

П.с. излезе ли некаде или уште на другарите им е страв и седите само пред зграда, па глумите јаки на форум?
Гледам тука зборуваш за мене па убаво би било да ме цитираш, погледни си гу првиот пост па објасанувај колку си знаел заболени што умреле.
Околу болдираново милион пати спомнав деа од мое сопствено искуство, ама кој да чита... значи ајде пак... сум имал и грип знам како е, сум имал и корона и тоа знам како е, грип те легнува и тоа ти е примаш терапија инекции, инфузии, лекови... корона трчав 8 км, бев на титов врв, без никаква терапија и пак напоменувам од мое лично искуство.
Некогаш имам чуство дека на овој форум ако напишеш пост кој е оптимистичен во врска со висурот тука ти се нафрлаат околу 10 ликови и пробуваат да те дискредитираат.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Да не има некој што правел тест за антитела да сподели информации. Ние бевме болни крај на февруари ги имавме истите симптоми само што немаше тестирања. Би сакала ако некој направил тест (може и бил зимоска болен) да пише нешто повеќе. Сакам во Жан Митрев да одам на тест за антитела ако некој бил нека сподели.
Mnogu ima so takvi uskustva.....no nikoj ne se testiral do sega. I plus antitelata na Covid opstojuvaat 2...najmnogu 3 meseci , pa sega bi bilo badijala da se testiraš
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Само едно не ми е јасно, овие што се курчат против вирусот, зашто бе одите на лекар и се тестирате? Пикса без навреда ама зашо отиде на лекар? Па можеше дома со чајче, парацетамол, едно друго...

Стварно на никого не посакувам да заболи од корона, ама се исмевате овде некои со вирус кој не е заебанција. Не дај боже да ве покоси вас или некој ваш близок, тек тогаш ќе има плачки и ќе биде крив Цацко. И татко ми се противеше демек ништо не му е на брат ми, не кревајте паники, нема потреба од тест бла бла, па откако испадна и он позитивен ене го у спална две недели како покиснат глушец седи и нема збор кажано. Жива среќа ништо не му е и асимптоматски случај беше, без никаков проблем, али ова му е добра лекција да не брмчи многу оти наеднаш доаѓа и може матер да ти ебе. Инаку три стента има и од памет се извадив кога и него го покажа позитивен али пак ќе кажам за среќа се е во ред.

И да додадам само, комшија на одприлика 55 годишна возраст беше на домашно лекување, позитивен секако, со полесни симптоми, и кога беше при крај со изолацијата искочил на тераса со мокра коса, сместа на инфективна заврши, едвај го вратија човекот. Затоа ви велам не се заебавајте и не терајте курташак со нешто што е посилно од вас. Нормално, не треба и претерување, не е чума ова па да треба како во инкубатор да се живее.
Одма да ти одговорам, ми се јави заболената да ми каже дека сум бил пред 15 дена во контакт со неа, јас истиот ден качувам температура и баш со чајче и парацетамол ја спуштам утре се осеќаам саасвим одлично, трчам 8 км и пак качувам температура тогаш ме убедија да се јавам на доктор, се јавив одма ми закажа тест и бев сто посто дека ке е негативен (бидејќи по медиуми како се претстаувва мислев дека треба барем да залегнеш во кревет), ми се јавуваат позитивен е тогаш искрено ме фати паника за таткоми затоа и пост пишав претходно ( медиумите си прават психа највеќе за најблиските) кој има операција на анеуризма и уште две на останати крвни садови, но со проток на време гледаш дека нема ништо, односно после вториот ден кога качив темпеература јас повеќе не добив никаков симптом се беше најнормално, девојками која ја зараазив до ден денеска нема симптоми, со луѓето со кои што контактирав кои биел заразени мање више сите имале како мене проблеми и сега јас изнесувам мислење на кое потенцирам дека од МОЕ ИСКУСТВО грипот ми има далеку повеќе ебено матер, ова што се вика на трчање го прележав, тука ми се накачија ботови демек сум се курчел, не сум разбирал, сум бил дете бла бла бла, и пак ке кажам имам приметено секој што пише пооптимистичен пост истите ликови го напаѓаат као не бил озбилен.
А на тебе и твојата фамилија ти посакувам да пројдеш како јас што пројдов, односно без никакви потешкотии и најверојатно ке го имаш исто мислење од сопствено искуство како и јас.
 
Верувај буквално истата ситуација ја имав како тебе, 2 дена млака температура, млака грлоболка и во мојот случај и пролив ама тоа мислам од Амоксиклавот ми беше, небитно. Муабетот ми е за неверувањето околу ситуацијава, конкретно за постот што го напиша Сајбер Рајдер за кој е 100% во право. Не велам дека се што пласираат медиумите и власта е вистина, има чудни работи со пар случаи, ама дека со сила праат некој умрен од корона не верувам. Нема логика здравството за инат и без причина да ни е колабирано, докторите да се мобилизирани веќе 5 месеци и да работат без престан и да не набројувам натака.

Она што пробувам да го објаснам е дека секој организам реагира различно, можеби јас и ти сме скроз лабави зашо сме млади, здрави, спортисти, можеби имавме среќа што нашите родители не го изедоа стапот од вирусот, ама има доста случаи каде се случува спротивното и затоа треба пазење и никако потценување. Ако ништо друго барем ти лично како единка да не допринесеш некој да изгуби живот само затоа што ти е тешко да ставиш маска во продавница или банка.

Фала ти, исто посакувам и кај тебе, се да е ок и никој од твоите блиски и пријатели да не го фати вирусот.

П. С. Само да ви кажам на сите дека ова со организацијата околу тестирањето и се во врска со коронава е многу хаотично и ситуацијата е скроз вон контрола. Али ме мрзи се да пишувам што како, нека пројде се како што треба и ќе напишам еден подолг пост каде ќе кажам се од почеток до крај, чисто ако некој не дај боже во иднина фати корона да знае што да прави и како да се однесува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom