Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
и членовте на неговото семејство исто
а на оној член му викаат нема тестови у Скопје, иди у друг град или на приватно
За обична раја како мене нормално дека ке нема.Плаќај здраство после.Додуша не е проблем за овие и по 6000ден за тест да дадат кога испокрадоа се живо и диво.

Затоа сега не можеме на ред да дојдеме од сите разни партиски собиранки.Како што гледам само полошо ке биде и за приватно ке се чека по 2 недели.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Србија деновиве ги достигна вредностите кои ги имаше во условно кажано, првиот бран (април...).
Ние уште одма (после Рамазан) имавме околу 300% повеќе од вредностите во првот бран.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Ова респираториве стварно треба да се забранат.Ко шо имав можност да прочитам стварно се надвор од разумот,а и има многу случаи каде шо респираториве придонесле за смртта на пациентите.Многу стручњаци се против употребата на респиратори,не знам шо толку ги форсираат!
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ова респираториве стварно треба да се забранат.Ко шо имав можност да прочитам стварно се надвор од разумот,а и има многу случаи каде шо респираториве придонесле за смртта на пациентите.Многу стручњаци се против употребата на респиратори,не знам шо толку ги форсираат!
Вело на почеток на кризава кога кажа јас се молам респиратори да не донесат, овде се јавија циркузанти како Тенеке кои пљукаа на велико и широко, после 5 месеци гледаме дека во право и за ова бил човекот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Луѓе како Марковски кој како читам е инфектолог или Даниловски, епидемиолог, се ставаат во кризен штаб (веројатно и други кои не се експонирани). Оно во Штабот само двајца доктори. Другото саде министри економисти и машинци.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
ајде да се обидам уште еднаш со тебе да држам ниво, дај да видиме што ќе кажеш ти :
... зашто седи во самоизолација 14 дена асимптоматски позитивен? и зашто би се активирала антителата IgM, ако е здрав прав, нели?

... што му фали на предложениот антибиотик азитромицин, наместо да се даде кларитромицин и амоксицилин со клавулонска? тие се соодветни антибиотици под претпоставка „настинка“ за време на пандемија со коронавирус?

... дали знаеш која е нормална вредност на д-димери и колкава е таа вредност кај некои што се инфицирани со коронавирус? во контекс на тоа што коронавирус влегува во организмот со непознати последици како еден пример!

Прегледај го приврзокот 259967


Прегледај го приврзокот 259968

...така да не може спомнатиот член да има само основно образование!
Ај да ти одговорам на ниво, иако немаш основи да разбереш
Асимптоматски лежи 14 дена затоа што на некој така му текнало, најверојатно за да не развие симптоми. Асимптоматски нема да развие игм, откаде си сигурна во тоа, или кој те убедува во тоа би било правилно прашањето. Во цел респираторен систем имаш илјадници вируси, бактерии, габи кои се постојано или повремено присутни, па немаш имунитет за нив. Пример стрептококус пнеумоние, најчестиот предизвикувач на тешка пневмонија живее во дишните патишта, па ниту се разболуваш, ниту развиваш имунитет за таа бактерија доколку ја немаш развиено болеста.
Зошто е тоа така, сега ти излегуваат прашалници, затоа што пред да почне да делува имуниот систем, телото има физичка бариера за натрапниците, а тоа е здрава кожа и здрава слукожа со која е заштитен организмот. Кај асимптоматски кој толку те боли и не може да фатиш логика, таа бариера не е пробиена и нема телото вифи или блутут па на далеку да фаќа податоци и да ствара имунолошки одговор како што ти замислуваш.
Почетокот на симптомите е всушност почеток на стварање на имунолошки одговор кој всушност и ги дава симптомите, како температура, стварање на мукоза или слуз и така натаму.
За сумамедот што имаш дилеми, само докажуваш дека немаш контакт со медицина.
Основно и најпросто кажано, сумамедот е многу поголема акутна доза на лек и затоа се дава 3 дена. Се користи како понов антибиотик и како таков се смета дека има многу малку развиена резистентност од бактериите и најчесто се препишува како втор антибиотик доколку првиот не дал резултати. Има многу повеќе контраиндикации отколку синтетички пеницилини, но поради помала резистентност од бактериите се дава како последна опција.
д-димери, нешто си прочитала или си чула и не ти е јасно што се.
Дали знаеш како функционира зараснувањето на оштетени крвни садови воопшто. Се ствара тромб, крвно згрутчување на оштетеното место. Процесот завршува со разградување на тој тромб откако ќе се формира повторно крвниот сад. Тоа е процес кој се одвива нормално во организмот. После секоја операција, а и кај луѓе кои се залежени, кои се долго време неактивни и во лежечка позиција се дава превентивно клексан за разредување на крвта бидејќи се зголемени шансите за стварање на тромб. Ако тоа тебе ти се поврзува со болни од ковид, зголемени д-димери, пациенти кои лежат на клиника, само потпаѓаш на пропаганда.
Се испитуваат кај пациенти со тромбоза, со проширени вени поради зголемено стварање на тромби. Таму се клинички оправдани, и кај бремени жени.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
@Наќо Скопски
Другo ми беше муaбетoт,не мoже секoј кaкo тебе дa седи дoмa зaтвoрен и дa трпи вo интерес нa кoлективнo дoбрo,дoдекa муслимaнски хoрди слoбoднo шетaaт и ширaт вирус сфaќaш? Не сaкa секoј дa биде силувaн
Да ти кажам од Мај ко се накренав од болеста сум поактивен можеби од последниве 3-4 години.
Веќе имам кондиција за 25км дневно на точак. Веќе имам тен ко некој арап, ама јебига треба витамин Д.

За ифтарите си во право, но ова да го повторуваш цело време како папагал, е малце глупаво, затоа што еве сега вчера некни имаш кафичи кои беа полни до дрт, без никакви прописи и правила. Се разбира повторно поддржани од власта, затоа што некој му дојавува.

Не те гледам да се жалиш за тоа?

Ама јас не коментирам, затоа што веќе неколку месеци мислам дека треба болеста да се остави да се шири. Ништо не правиме инаку. Малце ми е жал што нема море ова лето, ама то е, ќе се стрпам.

Инаку тој што си е паметен ќе си намали тежина, ќе си држи кондиција и ќе си се припазува. Единствено што коментирам на темава е дека болеста е сериозна и треба да се сфати сериозно.
 
Последно уредено:

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.194
Поени од реакции
21.342
Околу респираторите колку што кажуваат ги ставаат како последен обид да се спаси заболениот затоа што иначе би починал. Нормално дека голем дел од тие луѓе во таква состојба и навистина починуваат. И да спасат 10% од тие подобро толку него ич.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.645
Поени од реакции
27.956
@Наќо Скопски


Да ти кажам од Мај ко се накренав од болеста сум поактивен можеби од последниве 3-4 години.
Веќе имам кондиција за 25км дневно на точак. Веќе имам тен ко некој арап, ама јебига треба витамин Д.

За ифтарите си во право, но ова да го повторуваш цело време како папагал, е малце глупаво, затоа што еве сега вчера некни имаш кафичи кои беа полни до дрт, без никакви прописи и правила. Се разбира повторно поддржани од власта, затоа што некој му дојавува.

Не те гледам да се жалиш за тоа?

Ама јас не коментирам, затоа што веќе неколку месеци мислам дека треба болеста да се остави да се шири. Ништо не правиме инаку. Малце ми е жал што нема море ова лето, ама то е, ќе се стрпам.

Инаку тој што си е паметен ќе си намали тежина, ќе си држи кондиција и ќе си се припазува. Единствено што коментирам на темава е дека болеста е сериозна и треба да се сфати сериозно.
Значи требаше да не одат луѓето по кафулиња,да чмаат дома и да шљапаат на кајгана форум додека чекаат да се објават новите бројки после курбан? Јок бе брат,ја јебаа работата и се изгуби редот.Нека си тераат живот луѓето па што биде нека биде
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.567
Поени од реакции
7.386
@Наќо Скопски


Да ти кажам од Мај ко се накренав од болеста сум поактивен можеби од последниве 3-4 години.
Веќе имам кондиција за 25км дневно на точак. Веќе имам тен ко некој арап, ама јебига треба витамин Д.

За ифтарите си во право, но ова да го повторуваш цело време како папагал, е малце глупаво, затоа што еве сега вчера некни имаш кафичи кои беа полни до дрт, без никакви прописи и правила. Се разбира повторно поддржани од власта, затоа што некој му дојавува.

Не те гледам да се жалиш за тоа
Ифтарите (и литургиите, кои за чудо не дадоа таков резултат) се тераа во време кога секоја граница во Европа беше затворена, кога ниедно школо во Европа не работеше, кога ниеден ресторан во Европа не работеше, односно кога беше почетокот на епидемијата.

После 4 месеци чмаење дома, сите граници во Европа се отворени (освен за нас), Хрватска има преку милион туристи овие месец и половина, ресторани работат буквално во секоја земја и сега ти го наоѓаш кривецот во луѓето сега што сакаат да живеат нормално како цела Европа а воопшто не го спомнуваш фактот дека кога требаше да се почитуваат мерки одредена група граѓани играа табла на сред полициски час.

Па нормално дека луѓето сакаат да го живеат животот, поминаа 4 месеци карантин и сега било проблем шо сакаат да живеат. Не е нивна кривица што мерките не беа корисни и не дадоа никаков резултат, без мерки ќе имавме подобра ситуација денес

Мал пример, во Швајцарија сите кои се враќаат од престој во Македонија мора да одат 10 дена задолжително во карантин како земја од висок ризик, додека пак за престој во Шведска - не мора. Во Шведска инаку препораката од властите е да не се носи маска
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Ифтарите (и литургиите, кои за чудо не дадоа таков резултат) се тераа во време кога секоја граница во Европа беше затворена, кога ниедно школо во Европа не работеше, кога ниеден ресторан во Европа не работеше, односно кога беше почетокот на епидемијата.

После 4 месеци чмаење дома, сите граници во Европа се отворени (освен за нас), Хрватска има преку милион туристи овие месец и половина, ресторани работат буквално во секоја земја и сега ти го наоѓаш кривецот во луѓето сега што сакаат да живеат нормално како цела Европа а воопшто не го спомнуваш фактот дека кога требаше да се почитуваат мерки одредена група граѓани играа табла на сред полициски час.

Па нормално дека луѓето сакаат да го живеат животот, поминаа 4 месеци карантин и сега било проблем шо сакаат да живеат. Не е нивна кривица што мерките не беа корисни и не дадоа никаков резултат, без мерки ќе имавме подобра ситуација денес
Ќе имавме подобра ситуација без мерки да имавме швеѓани во Македонија :)

Секаде се шири вирусот каде што има неодоговорни граѓани. Огромен број на народот не го признава вирусов, така да јас уште крајот на Април бев за целосно отворање и укинување на сите мерки.

Нека живеј народот.

А и ни пресметаа колкава ќе биде разликата со почитување на мерките и не почитување. Јас сум 90% сигурен дека ноември ќе го дочекаме со по 30 мртви дневно.
 
Член од
25 април 2009
Мислења
367
Поени од реакции
135
Знае некој какви барања имаат нашите за враќање назад у мк од бугарија? До сега гуглав ги поминав сите министерстава и веб сајтови и све, али наоѓам само за излез од мк кои се правилата. Бугарија планирам да одам со пцр тест, е сега ми е нејасното кога ке се враќам по 3-4 дена, нашиве ке ми бараат и они пцр тест ли? инаку да, имам двојно државјанство, како што чув на мк државјани им е забранет влез сеуште
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.645
Поени од реакции
27.956
Ќе имавме подобра ситуација без мерки да имавме швеѓани во Македонија :)

Секаде се шири вирусот каде што има неодоговорни граѓани. Огромен број на народот не го признава вирусов, така да јас уште крајот на Април бев за целосно отворање и укинување на сите мерки.

Нека живеј народот.

А и ни пресметаа колкава ќе биде разликата со почитување на мерките и не почитување. Јас сум 90% сигурен дека ноември ќе го дочекаме со по 30 мртви дневно.
И да знаеш само дека ова што си го пишал е на светско ниво.Вирусот од каде дојде,од каде се рашири по целиот свет знаеш? Тој свет го населуваат повеќе од 8 милијарди луѓе,не е возожно да ги држиш сите тие луѓе под контрола.Ке букне повторно у некоја вукојебина и пак ке се рашири насекаде исто како првиот пат од Кина што дојде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom