Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Како би пуштиле картичка со пин по пошта ? Не можи државата со инка да му тури во тие главите празни дека треба да држат дистанца, нека се поболат кога немаат во главите.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.085
Поени од реакции
8.133
Како би пуштиле картичка со пин по пошта ? Не можи државата со инка да му тури во тие главите празни дека треба да држат дистанца, нека се поболат кога немаат во главите.
така шарено
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.551
Поени од реакции
2.123
Како би пуштиле картичка со пин по пошта ? Не можи државата со инка да му тури во тие главите празни дека треба да држат дистанца, нека се поболат кога немаат во главите.
NLB пиновите ги пушти по порака, а картичките ги испорача со курири.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
:pos::pos:
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Ја незнам што не им ги пратат по пошта...
Се тоа си е релативно добро регулирано, ти стига порака на мобилен во кој ден и во колку саат да дојдеш за да си ја подигнеш, за да не се создава гужва. Згора на тоа банките имаат креирано и формулари на нивните веб страни каде што со едноставно внесување на твојот матичен број можеш да се информираш дали картичката ти е изработена, за датумот, времето и филијалата од каде што можеш да ја подигнеш.

Тоа на сликата ти е полуописмената маса што доаѓа секој ден да праша дали има картичка за нив. Дома еден од родителите доби, си отиде уредно да си ја подигне. Внатре ѓупци се расправаат со тоа службениците, му вели ми дојде порака на Фејсбук да дојдам по картичката, сакаш да видиш? Ќор да умрам ако те лажам :pos:
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.683
Поени од реакции
2.510

Да. Да си го почитуваат сите терминот нема да биди гужви. Ама ова 40 годинии +, по по по каква проста маса
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Најпосле сериозен научник од Србија, @Timberwolves, @gigovit, се согласувате со колешкава ?

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Се тоа си е релативно добро регулирано, ти стига порака на мобилен во кој ден и во колку саат да дојдеш за да си ја подигнеш, за да не се создава гужва. Згора на тоа банките имаат креирано и формулари на нивните веб страни каде што со едноставно внесување на твојот матичен број можеш да се информираш дали картичката ти е изработена, за датумот, времето и филијалата од каде што можеш да ја подигнеш.

Тоа на сликата ти е полуописмената маса што доаѓа секој ден да праша дали има картичка за нив. Дома еден од родителите доби, си отиде уредно да си ја подигне. Внатре ѓупци се расправаат со тоа службениците, му вели ми дојде порака на Фејсбук да дојдам по картичката, сакаш да видиш? Ќор да умрам ако те лажам :pos:
Тоа можда ОК си е регулирано, ама кога пола народ е полуписмена багра, залудно е. Сепак, ова требаше да оди по пошта.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Денеска се регистрирани 88 нови случаи на Ковид-19, починати се 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, Пробиштип-1, Кичево -1, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е почината пациентка на 76 годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3878, активни 1788
• Куманово 862, активни 194
• Дебар 151, активни 89
• Штип 457, активни 178
• Прилеп 301, активни 64
• Тетово 871, активни 292
• Струга 330, активни 171
• Велес 203, активни 33
• Битола 71, активни 28
• Охрид 227, активни 135
• Кавадарци 26, активни 18
• Гостивар 230, активни 144
• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 9
• Радовиш 8, активни 4
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 77, активни 13
• Пробиштип 37, активни 24
• Демир Хисар 8, активни 7
• Македонски Брод 8, активни 4
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 7, активни 4
• Свети Николе 118, активни 111
• Кичево 81, активни 69
• Ресен 137, активни 77
• Неготино 21, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 973 теста се преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -97, Жан Митрев (Филип Втори) –110, Систина со PCR метода -140, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 302
• Аеродром - 162
• Бутел - 135
• Гази Баба - 199
• Центар – 138
• Карпош – 145
• Сарај – 118
• Кисела Вода – 107
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 116
• Шуто Оризари – 83
• Арачиново – 42
• Илинден – 23
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 12
• Зелениково- 15
• Странец – 6
• Нераспределен- 41n
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Како би пуштиле картичка со пин по пошта ? Не можи државата со инка да му тури во тие главите празни дека треба да држат дистанца, нека се поболат кога немаат во главите.
Со гулаб, како инаку. Евентуално, ако е во зона кај што летаа орлиња, мулиња ќе товарат со пинови. Ќе си каскаат лека полека.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.564
Поени од реакции
13.894
Не знам дали сте пишале или не, ама на Телма слушнав, Енглезиве ќе правеле трето тестирање на вакцината и демек од септември ќе оди во продажба. Наводно ќе чинела колку едно кафе. Ептен да се надеваме дека конечно ќе се изнајде нешто, бидејќи срањево ќе трае со години очигледно.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Со гулаб, како инаку. Евентуално, ако е во зона кај што летаа орлиња, мулиња ќе товарат со пинови. Ќе си каскаат лека полека.
Да го имаа вашиот памет банките тогаш би било едноставно како што мислите вие...арно ама не секој е спремен да пушта картички со кеш и пин по пошта или телефон и притоа ако од хх причини картичката е злоупотребена од друг да плаќа оштета.
Затоа повеќето одат лично и со потпис.

Денес 88 нови, дај боже конечно да почни да намалува бројот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom