Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73
Јас сум еден од оние кои на форумот мислат дека енма потрева од паника, хистерија и преземените мерки ( забрана за јавни собири, школи и дистанцирање подржувам)... после некое врме се инфицирам и сум позитивен на корона, колку и да размислуваш со мозок искрено кажувам веднаш инстиктивно помислуваш на твоите дома ( барем мене тоа ми се случи), јас буквално работам со таткоми во една канцеларија, секој ден сум со него минимум 7-8 часа, а истиот има здравствени проблеми и свашта во тиј моемнт ти проаѓа во глава, следно ти се јавува епидемиолог и редовна таа процедура, потполно се изолираш од твоите дома ( секако си во изолација од останатиот свет) јадам во моја соба, заеднички користиме само кујна во која што кога влегувам дезинфицирам раце секогаш, во паника се и моите но после 2-3 дена се враќаат во нормала.
На секој се јавив со кој сум бил во контакт и искрено првите два три дена минимум по 2-3 часа на телефон проаѓав бидејќи зворував со луѓето кои биле во контакт си мене, се интересираа ( со право )...но како проаѓа време еве 11 дена без симптом без ништо само дремеш дома, таткоми толку се опушта што доаѓа со мене сака пиво да пиеме заедно, при тоа никогаш во живот пиво немаме испиено заедно, но истиот вртел на заболени што го прелеажале вирусот и од нивни искуство дека е лававо сега е опуштен сто посто ...
Како и да е муабетот ми беше после 11 дена без никакви симптом си затворен и почнува психа да ти работи ( ваљда од причина што дома сум престојувал само за спиење), со две раце потпишувам оовака и да остане, но психа што прави затворен тоа е луда работа, толку пасивен не се сеќавам никогаш да сум бил, се осеќам тотално некорисен како некој паразит, но кога ке размислам добро и од искуство штп имам разговарамо со излечени ( кои биле со минимални тегоби), да не се јавев на матична ова ке продјеше без да знам, луѓето повише ги тепа психа од непознато што е нормално... така да мислам дека доста луѓе ова го прелегуваат на нозе без да осетат и паниката е тотално без везе, ниту пак преносливоста е толку голема колку што се направи паника, имено на 27.06 со другар искачуваме титов врв, со што од куманово до попова шапка и назад бевме во исто авто, јас кога се тестирав на 02.07 и биднав позитивен тој за два три дена се тестираше и беше негативен, така да преносливоста не е така како што се претставува, така да врз основа на се и ако остане како што е ( зашто молам бога), ке излезе на крај дека Вело Марковски иако тука беше плукан и омаловажаван ке испадне тотално во право, пак напоменувам од мое лично искуство, овде на форум што читам имале луѓе со за жал полошо искуство.
Вело Марковски е најсветлата точка од докторите во целата оваа ситуација а не оној Даниловски кој не знае да се насмее една иста фаџа му е секогаш. Вода може да му носи на проф. Вело.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718
чекајки коронапарти Бајрам, прво имавме денес литургија , ама ова е блиску со корона избори, па ќе се измешаат кластерите , господ ќе знае од каде што...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Вело Марковски е најсветлата точка од докторите во целата оваа ситуација а не оној Даниловски кој не знае да се насмее една иста фаџа му е секогаш. Вода може да му носи на проф. Вело.
овде беше плукан и омаловажуван со изговор го изгазило време, како проаѓа време излегува дека од збор до збор е во право... а тек па онаа сподоба караџовски шта да ти причам сите се криви само тој и комисијата не е, демек луѓето со ифтарите донесоа одлука каква што донесоа, демек народот беше конфузен со преземените мерки...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718

ако е вистинска слика, опасна работа
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Што сака сега пак ова племе што се движи накај влада......нормално сите кабрио без маски со орлите развеани....ете кој ни ги ствара кластерите
Сликано пред 30 минути
20200712-203720.jpg
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73
овде беше плукан и омаловажуван со изговор го изгазило време, како проаѓа време излегува дека од збор до збор е во право... а тек па онаа сподоба караџовски шта да ти причам сите се криви само тој и комисијата не е, демек луѓето со ифтарите донесоа одлука каква што донесоа, демек народот беше конфузен со преземените мерки...
Проф. Вело Марковски ми беше мене професор и многу научив, запомнав од него а и на некој начин уште у глава ми се вртат предавањата негови, начинот на кој предаваше и плус од инфектологијата која сите ја мразеа јас ја засакав од него иако доктор по стоматологија почнав да се насочувам кон насока на орална вирусологија, орални инфекции да читам повеќе за тоа да се замарам а се замарам и те како во денешно време. Некако ми остави впечаток и тоа голем. И за него секогаш ќе имам добри зборови.

Во однос на неговите искажувања за ситуацијата која владее во светот последните месеци. Не зборам за тоа што се зборувало тука ниту ме интересира овде само гледам напади и омрази и скрос во друга насока се турка работата.Небитно. Зборот ми е проф. Вело кој беше до 2002 година директор на Инфективна клиника и те како е релевантен да збори образложува или си дава до знаење да прави паралели и да користи цврсти ставови во однос на темата КОВИД од некои кои постојано се експонираат а има и такви кои се општи лекари. Општите лекари треба да си ја гледаат својата работа а коментарот што го имаат да биде насочен кон обраќање дали преку фб или јавно во смисла да ги почитуваме мерките да се избориме со оваа ситуација да се слуѓат надлежните итн... Јас тоа не го видов. Премногу експерти сме имале во земјава и надвор од медицинската елита. Тоа излезе на виделина.

Понатаму проф. Вело докторирал на тема Грип. А 30 години се занимава само со респираторни инфекции. Има книг Грип едидемии и пандемии напишана од него на англиски и македонски јазик. Исклучителен професор и познавач на работите од Инфектологијата кој и самиот истакна дека Балканот има јака инфектологија и ќе се справи добро со ситуацијата доколку не вмеша прст политиката и политичарите од една Италија која бележи феноменални резултати за мозочни удари и слично ама во делот на Инфектологијата не. Во европа занемарлив е делот Инфективни болести како предмет. Се базира на етиолошко учење на болестите. Ние учиме синдромска Инфектологија така налага модерната Инфектологија во светот. И ова беше истакнато од него.

Професор кој е постојано во контакт и со други негови колеги во странство ја следи ситуацијата и во други држави, образложуваше што има ново на секое негово наредно гостување и појавување во јавноста од прочитаното и изнесеното во најновите студии во LANCET и Brittish Journal во врска со ситуацијата. Едноставно за мене вреди неговиот збор. Во ред е да имаш различни мислења и ставови макар и меѓу колеги микробиолози, епидемиолози итн, ама не да се претерува, да се оди во сосема друга конатација итн...
 
Тоа го зборувам, уште од почеток на пандемијава се сконцентрирав да слушам совети на Вело, еден германец имаше и Пановски, тие ми беа достапни, ставовите мање више им се поклопуваа и беа оптимистични во врска со вирусот истите кажуваа дека треба да се затворат школи, забрана за јавни собири и тоа е тоа, овде памтам оној тенеке мада и повеќето од форумот го плукаа и секој што го спомнуваше беше омаловажуван за на крај да излезе баш тоа што тој го зборуваше...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
 
Kajgana Shop

На врв Bottom