Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
According to preliminary figures from Statistics Sweden, a total of 2,505 people died in the week of April 6th-12th, equivalent to 358 deaths each day.

The weekly figure is almost 150 more deaths than in Sweden's second deadliest week of the century, which saw 2,364 people die during the first week of the year 2000.

The third and fourth highest death tolls to date also come from 2020. There were 2,354 deaths in week 14, between March 30th and April 5th, and 2,310 deaths in week 16 (April 13th-19th), according to the same data.

Постирав пред некој ден од истиот извор како било до крајот на март, и до тогаш беше во рамките на нормалата, видов дека има некоја аномалија во април и за почетокот на мај, според овие бројки оној просек за април го исполниле во првите 3 недели, што значи една недела и е над просекот,
и тенеке постира график на кој се гледаше зголемениот број (таканаречен пик) и убаво се гледаше дека состојбата се нормализира, што значи за неколку илјади плус кој можеби нема да се одразат на вкупниот број на годишно ниво не вреди да се воведуваат такви мерки.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.383
Поени од реакции
7.305
Постирав пред некој ден од истиот извор како било до крајот на март, и до тогаш беше во рамките на нормалата, видов дека има некоја аномалија во април и за почетокот на мај, според овие бројки оној просек за април го исполниле во првите 3 недели, што значи една недела и е над просекот,
и тенеке постира график на кој се гледаше зголемениот број (таканаречен пик) и убаво се гледаше дека состојбата се нормализира, што значи за неколку илјади плус кој можеби нема да се одразат на вкупниот број на годишно ниво не вреди да се воведуваат такви мерки.
1589567402122.png

Го разбираш графиков или да го објаснам. Што забележуваш во април?
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.313

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Мртви на ден.
Епа вака, бројот на умрени во март беше 8500 а пред 2 или 3 години беше скоро 9500, имаше и со 7700, би рекол дека до март со 300 и нешто регистрирани умрени состојбата е прилично супер,
уште не најдов вкупен број за април ама според неофицијалните е барем 3000 повеќе од нормалното,
значи просекот е добар да се види дека е повеќе ама имало години кога разликата е и 1650 помеѓу најлошиот и најдобриот март (во Македонија лани имало 700 повеќе умрено во март).

Значи 100 пати ви кажувам дека не велам дека нема починати и дека е скроз онака, ама вирусот не е онака како што се мислеше, неговата смртност е неколку илјади повеќе (за Шведска зборам како земја без мерки), а тие неколку илјади можат да бидат во рамките на некоја полоша година, и таму разликата беше цели 3500 помегу подобра и полоша година, а рачунај дека сме во време на сведска пандемија, и без ниакакви мерки бројот на починати ќе биде само некој % поголем од нормалниот и сметај дека воведување на карантин не го решава проблемот (те ти ја Русија со карантин месец дена и огромни бројки поради тестирањето).

Пак ке кажам зошто мислеме дека Шведска има совршен модел иако има некој % повеќе умрени од постарата популација,
останатите држави по укинувањето на мерките воведуваат сакале или не Шведски модел, значи ќе се работи со некој мерки, а вирусот ќе циркулира исто како и во Шведска, единственото нешто што се надеваат сите е топлото време да го убие вирусот, па есен пак да се мисли какви мерки ќе воведат.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.111
Поени од реакции
8.899
mozes da go prefrlis videoto/postot vo temata ekonomija korona, skros na mesto e za tamu,
ima za sto da se diskutira.

samo vo ova vreme, jas bi se vozdrzal od kritiki. site znaeme kakov bese svetot pred korona,
koi zemji bea ponormalni, koi bea virosani i bez virus.
mnogu gi ima so kritikuvaat sistem, vlada bile biznismeni i advokati.
neli vladata na kanada, i nekoi drugi zemji, bese pretezno dr. na nauki relevantni za pozicii.
sekade umiraat lugje i ima ekonomski posledici.
za globalni prasanja kako virusov, prethodno globalno zatopluvanje, treba globalen konsenzus,
koj ni go imalo, ni pa nekogas kje go ima.
 
C

CoolIris

Гостин
А кога ќе биде тоа тогаш? По месец, два, пет... година дена?
Филипче, во кој се крстиме сите, рече дечки фурајте на избори океј е.
Океј е или не е океј?

Имаш повеќе прашања, еден два погрешни заклучоци пошто ниту те анализирав ниту имам нешто лично против тебе, туку те цитирав заради ставовите кои ги браниш, не на лична основа.

Од моб сум, ваљда до вечер ќе ти одговорам поопширно од лаптоп кога ќе се уклучам ама впечатокот ми е ист како на Кико т.е. дека ги одбегна дел од прашањата кои ти ги поставив.

Убаво попладне и кулијана малце. Еве денес од скоро 500 тестирани само 17 беа позитивни?
Тоа е океј. :)))
Кога ќе биде тоа некогаш...дали си сериозен со прашањето? Кога ќе биде тоа некогаш никој не знае. Релативно е. Ама идеално би било како во Словенија, две недели да држиме контрола над бројот на заразени, па тогаш да размислуваме за следен чекор на разлабавување на мерки.

Не, не е никако океј. Со оглед на тоа што ме читаш, јасно ми е сега на што алудираш. Јас политички не сум обоена. Стојам на тврдењето од претходно дека се што превзема Филипче уште на самиот почеток е коректно, согласно капацитетите и можностите на државата, но сега ваквиот однос на Филипче и смешното прогласување на победа над вирусот со по 29 болни на ден, воопшто не го оправдувам.

Јасно ми е зошто ме цитираш уште од првиот ден кога пишав тука. Како и да е, високо мислење имам за тебе, без разлика на ставовите кои ги имаш и политиката што ја фураш.

Ниту едно прашање не сум одбегнала. Што тоа остана неодговорено?
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Кога ќе биде тоа некогаш...дали си сериозен со прашањето? Кога ќе биде тоа некогаш никој не знае. Релативно е. Ама идеално би било како во Словенија, две недели да држиме контрола над бројот на заразени, па тогаш да размислуваме за следен чекор на разлабавување на мерки.

Не, не е никако океј. Со оглед на тоа што ме читаш, јасно ми е сега на што алудираш. Јас политички не сум обоена. Стојам на тврдењето од претходно дека се што превзема Филипче уште на самиот почеток е коректно, согласно капацитетите и можностите на државата, но сега ваквиот однос на Филипче и смешното прогласување на победа над вирусот со по 29 болни на ден, воопшто не го оправдувам.

Јасно ми е зошто ме цитираш уште од првиот ден кога пишав тука. Како и да е, високо мислење имам за тебе, без разлика на ставовите кои ги имаш и политиката што ја фураш.

Ниту едно прашање не сум одбегнала. Што тоа остана неодговорено?
Да не испадни дека НЕ ти обрнав внимание и не ти одговоирив на она што го ветив ... иако моментално друго работам форумот и онака стои на рифреш и читам, планирав да ти реплицирам покасно но ајде...

Да расчистиме околу личниот дел и околу политичкиот дел.
НИТУ едниот, НИТУ другиот ме интересираат во врска со тебе. Во смисла, можеш да си за или против било кој, на оваа тема ги коментирам исклучиво мислењата, а политиката ќе ја оставиме за политички теми.

Филипче чисто го спомнав како лице кое е моментално на чело на Министерство за здравство, дали и што и КОЛКУ квалитетно прави ќе покажи времето, не ми е целта да се впуштам во расправи за неговите политики и одлуки, ти го спомнав чисто дека НИЕ граѓаните сите правиме како што тој го води колото т.е. не само тој но тој нели е репрезентот и на тв секој ден ни предлагаше мерки и беше гласноговорник цело ова време - што е нормално.
За прибраноста со која го направи сето тоа и за издржувањето на ГЛУПОСТИТЕ од новинарите ПЕКИ, капа до под. За останатиот политички дел... си има теми, не е за тука.

Муабетот е дури и тие мерки кои се донесени, без разлика кој е на власт, не се спроведени како што треба и еве ако така поќе ти одговара ќе речиме НЕ по вина на власта туку ајде да го препишеме на лошиот менталитет меѓу народот... иако според мене народот ако не знае како власта треба да го фати за уши и да го научи како т.е. на подобар начин да ги спроведи мерките кои ги донесе.

Не те цитирам нешто тенденциозно или со намера да се расправам со тебе, а и тоа ако се случило еднаш два пати сум те цитирал... НО да бидиме на чисто дебатирам чисто по твојот став за темата. Едино на лична основа на темата се имам фатено со еден кој почна да ме вреѓа и наместо да дискутира со мене за ставови почнавме да се препуцаваме на лична основа и знаеме тоа како заврши.

Така да, се надевам и тука сме јасни.

Во однос на твојот став, повторно ќе ти повторам што е тоа што ми пречи... многу едноставно, имај свое гледиште и ИМАШ право на истото како и сите тука, сепак од тебе побарав да гледаш и малку пооптимистички на работите.
Зошто?
Затоа што се покажа дека вирусот беше присутен некаде уште од декември - што за 5 месеци и со вакви килави мерки т.е. нивно спроведување заради тиња менталитет на народ и донекаде неспособни власти (да не испадни пак политички да гледаш на постот кога не е така) ние би имале во државата ПОКОЉ.
Тоа го нема.
Го нема и во Шведска кај што има еден куп мртви.
НЕ е апокалиптично. НЕ е смак света за толку да му се тресиме.

Тоа што те прашав е, нели ти пречи дволичноста и двојните аршини? .... и не ти ја спомнувам тука власта како власт со вонредната ситуација, ајде ќе ја земиме другата страна од паричката. Нели ти пречи ти, јас, било кој да пазиме на мерки додека денес клањаа во џамија, некни одеа на литија, пред тоа полни кладилници, казина, кафичи, а по олабавувањето на мерките ќе биди ИСТО.

Испаѓа, на форумот тука се испишани едно 1000 страници, генерално има анти и про коронаши (ко и за секоја друга работа) и на крај останавме да дебатираме околу тоа дали и какви мерки има, колку се оправдани, дали мора да останиме дома уште некој месец НО никој од нас не ја гледа поголемата слика и ја губиме емпатијата кон тие што овој период останаа без работа, кон илјадниците кои и понатаму ќе останат, кон хроничните болни на кои ќе им се влоши или веќе им е влошена состојбата, кон СИТЕ што се заложници на една баба рога што ДА е реална, но НЕ толку лесно се шири меѓу нас (освен во нашите мозоци, поттикнувајќи страв и паника).

Извини ако се почувствува навредено од репликата утрово, немав таква намера. Ниту кон тебе ниту кон членот Маркез со кој влеговте во дуел не сум нешто нарочито наклонет или нарочито против. Луѓе како луѓе со свои ставови, со неговите повеќе се согласувам, со твоите помалку, ништо чудно бидејќи и онака на крај на ден тоа не е „бранење по машка линија“ - како што ми замери, туку едноставно поклопување во мислења.

Нема седење дома да ни донеси подобро утре. Мило ми е ако се согласиме дека не се согласуваме, макар и да не ни се поклопат мислењата во ниту една тема на форумот или да ни се поклопат (небитно), сепак целта беше КОНЕЧНО да се намали со стравот и паниките бидејќи очигледно никому не донесоа добро во периодот кој измина.

Ќе намалам со активност по темиве на форумот заради обврски кои се наголемуваат, тоа исто како тебе нема да значи дека нема да сум тука и нема да читам... како и да е, чисто ради инфо... тоа што сегашната гарнитура ја плукам по темите во политика не значи дека на СЕКОЈА тема на форумот гледам политички, а најмалку значи по дифот дека припаѓам на некоја спротивна страна од политичката слика (бидејќи обично се гледа црно-бело на работите)... напротив, во време на Грујовизмот сум бил и сослушуван од полиции и триста други гомненици заради кои истиот замина и падна од власт - а овие кои дојдоа требаше да го направат животот посреден. Затоа и толкав хејт добиваат моментално по политичките теми и во секојдневието од народот. Овај дел малку оффтопик но штом веќе праша еве и за тоа да ти одговорам :))

Короната ќе помини, како и се' друго во животот, ќе остани само пизмата меѓу луѓето и солењето памет.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Да споделам за Германија, денес се отвори ресторанот кај што сум, со преку една маса, што би дошло 50% капацитет....и работата тука беше Корона чао, ни маски носеа, ни растојание припазуваат, исто како нормален ден пред короната, топ луѓе.
Да незнај чоек што да мисли :). Да речам машала, да не ја урочам работата Се надевам дека за најбрзо ќе се вратиме 90% во нормала.
 
C

CoolIris

Гостин
иако според мене народот ако не знае како власта треба да го фати за уши и да го научи како т.е. на подобар начин да ги спроведи мерките кои ги донесе.
Епа се согласуваме сите дека е до менталитетот на народот. Со невоспитан, некултурен и своеглав народ, како поинаку би постапил?
Каков и да е начинот, се додека не фрчат казни за непочитување на мерките ништо не правиме.

сепак од тебе побарав да гледаш и малку пооптимистички на работите.
Па нели ми цитираше едно од постарите мислења....јас сум оптимист (верувај и тоа многу голем, сепак не ме познаваш лично), но истовремено сум реалист. Се трудам реално да ги гледам нештата и да, колку и да тебе сега тоа ти звучи смешно, пробувам да се ставам во туѓите чевли секогаш...


Затоа што се покажа дека вирусот беше присутен некаде уште од декември - што за 5 месеци и со вакви килави мерки т.е. нивно спроведување заради тиња менталитет на народ и донекаде неспособни власти (да не испадни пак политички да гледаш на постот кога не е така) ние би имале во државата ПОКОЉ.
Каде тоа се ДОКАЖА Крстев, никаде не е и официјално докажано...посебно не кај нас во Македонија.

НЕ е апокалиптично. НЕ е смак света за толку да му се тресиме.
Не е апокалиптично и не е смак света, ама е ЛОШО. 97 животи загубивме, многу од нив наши мајки и татковци, баби и дедовци, меѓу нив имаше и помлади (27 годишната родилка, која наместо да му се радува на своето бебенце по раѓањето, таа беше пратена на инфективно и поставена на респиратор; понатаму млад дечко на 37 години). Па знаеш ли колку од нив починаа на 40/50 години. Тоа Крстев не е старост, тоа е зрело доба и период во кој треба да ги уживаш благодетите кои ги добиваш од тоа што си постигнал во првата половина од животот. Секој човечки живот е вреден и нема цена која може да ја купи ваквата вредност.

Тоа што те прашав е, нели ти пречи дволичноста и двојните аршини? .... и не ти ја спомнувам тука власта како власт со вонредната ситуација, ајде ќе ја земиме другата страна од паричката. Нели ти пречи ти, јас, било кој да пазиме на мерки додека денес клањаа во џамија, некни одеа на литија, пред тоа полни кладилници, казина, кафичи, а по олабавувањето на мерките ќе биди ИСТО.
Апсолутно Крстев. Секако дека ми пречи, ама на крајот од денот, јас гледам за мене и моето семејство. Е сега моето семејство е малку поширок поим за мене. Сите мои пациенти се моето семејство. Меѓу нив има многу што се хронично болни, стари и млади и себично и непрофесионално би било од моја страна со првото отварање на кафичите да седнам и да си пијам кафе, или пак со првото отварање на сити мол, да летнам во ЗАРА (дали ги видовте сликите од хаосот? Дали го оправдуваш тоа? Па зарем е толку неопходна облеката од ЗАРА) Зборувам за млади луѓе, не за мали деца и бененца кои ја надраснале облеката па мора да си купат нешто.
Едноставно не ми одат така нештата.


и ја губиме емпатијата кон тие што овој период останаа без работа, кон илјадниците кои и понатаму ќе останат, кон хроничните болни на кои ќе им се влоши или веќе им е влошена состојбата, кон СИТЕ што се заложници на една баба рога што ДА е реална, но НЕ толку лесно се шири меѓу нас (освен во нашите мозоци, поттикнувајќи страв и паника).
Не е точно дека ја губиме емпатијата. Бројот на лица загрозени од вирусот е многу поголем од бројот на лица кои останале без месечни примања. За Македонија зборуваме, земјата во која луѓето не го добиваат основното човеково право за живот - ЧИСТ ВОЗДУХ.

И сега да не ме сфатиш погрешно, не сакам никој да биде гладен и жеден (впрочем, јас бев една од првите која донираше повеќе од половина од својата плата за помош на другите луѓе), сакам како во сите нормални земји во светот луѓето да бидат згрижени и финансиски потпомогнати. Ама не со отварање на не неопходните нешта во земјата (како кафичите и рестораните) и загрозување на животот на поголем процент од народот (верувај дека ги има навистина многу).
Мило ми е ако се согласиме дека не се согласуваме, макар и да не ни се поклопат мислењата во ниту една тема на форумот или да ни се поклопат (небитно), сепак целта беше КОНЕЧНО да се намали со стравот и паниките бидејќи очигледно никому не донесоа добро во периодот кој измина.
Апсолутно. Се согласувам дека не се согласуваме. Почитувам сечие мислење и се додека противникот дебатира на фин и културен начин, фина и културна сум и јас.

Јас би рекла ЦЕЛТА не е да се паничи и да се сее страв, туку да се биде претпазлив! Толку време издржавме, да не упропастиме се и се да отиде јабана.

Имај убав ден.
П.С. со многу од твоите мислења на другите теми се согласувам.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Еве колку се спремни кај нас да излезат на улица за вакви глупости, во споредба со еден куп други држави (и нормални и банани). Ни голем интерес имало, ни бутур, ама затоа на ФБ се први!

 
D

Deleted member 12196

Гостин
Еве колку се спремни кај нас да излезат на улица за вакви глупости, во споредба со еден куп други држави (и нормални и банани). Ни голем интерес имало, ни бутур, ама затоа на ФБ се први!

Се протестира само преку тастатура. Во пракса слабо.
Инаку, на ваков протест јас не би излегол. За да протестирам треба да имам основа. 4Г мрежата никому не му смета, 5Г на некои им смета. А никој не знае дали навистина е штетна. Само рекла-казала. Вакцинирањето стана штетно, а мојата генерација нема прескокнато ниту една вакцина. Уште сме живи (добро, не баш сите). И тука рекла-казала. Полицискиот час мислам дека е непотребен, ама кога веќе така е одлучено, треба да го почитуваме. Не можеме секој за себе да носиме одлуки, се знае кој ја има одговорноста.

Мислам дека одзивот е слаб зашто никој не ќе дели сендвичи. Инаку поприлично би се собрале. :pos:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Супер што ги теститаат вработените во градинките и што се' ќе биде по протокол. А со децата, кои што се "тивки" супер-преносители, што праиме? :)
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.720
Ноември Франција

[URL
unfurl="true"]https://www.nbcnews.com/news/world/new-evidence-race-find-france-s-covid-19-patient-zero-n1207871[/URL]
УПМ Колмар е многу туристички град, не само странци ами и Французи одеа на големо таму до пред карантинот, така да се разјаснува сликата зошто така брзо се рашири. И јас бев на работа до средина на октомври во Стразбург, кој е доста блиску до Колмар ама не затекнав тогаш вести дека има некоја зараза...

Инаку ситуацијата во Франција е се подобра, секој ден има се помалку луѓе во болниците и на реанимација. Денес е веќе 6ти ден од кога го тргна карантинот во зелените зони и можеме да шетаме без документот кој моравме да го имаме до неделата.

Сепак ова важи само за зелените општини, каде бројот на пациенти на реанимација е мал. За патување подалеку од 100 км од домот, мора да се има или одобрение од работа или ептен некоја итност, бидејќи наводно полицијата проверува.

Во неделата, додека сеуште траеше карантинот, се вратив од Париз во Ним, и никој не ми побара документдали имам, полицијата така дремеше на станицата во Париз.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom