Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Најпосле Шведска студија за ефикасност на вакцините, оти досега во главно имамевме само Израелски, Британски и студии од САД.

Ефикасност на Фајзер против инфекција:
- 15-30 дена по втора доза 92%
- 121-180 дена по втора доза 47%
- после 211 дена по втора доза 0%

Ефикасност на АЗ, против инфекција, ја нема после 121 ден, после втора доза.

Ефикасност на Фајзер против сериозна болест:
- 15-30 дена по втора доза 89%
- 181 дена по втора доза 42%

Она што е интересно, ефикасноста на вакцината, драстично опаѓа кај мажи, кај постари луѓе и кај луѓе со коморбидитети. Тоа значи мажите ќе треба почесто да се дупат од жените.

Interpretation: Vaccine effectiveness against symptomatic Covid-19 infection wanes progressively over time across all subgroups, but at different rate according to type of vaccine, and faster for men and older frail individuals. The effectiveness against severe illness seems to remain high through 9 months, although not for men, older frail individuals, and individuals with comorbidities. This strengthens the evidence-based rationale for administration of a third booster dose.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625

Од целото ова досегашно искуство можам да заклучам дека е најпаметно да се прележи веднаш после вакцина ( кој до сега го нема ), системски спроведено, после 15 дена од вакцинација да одиш во ковид центар да ти го вбризгаат вирусот и веднаш у кревет под мониторинг и нега на лекар неколку дена, како крај на терапијата. Доколку имаш многу изразени коморбитети, државата да те изолира и стави на 6 месечен пост па тогаш да ти ја имплементира терапијата. Старите задолжително живеење во домови во шума покрај река со што кај нив би се намалиле појавите дијабет, кардиоваскуларни проблеми, гојазност, со задолжителна прошетка, берење печурки, хоби, под режим на исхрана. Децата ќе останат сами во градот и темата " снаа свекрва " ќе биде дел од минатото. Очекувам ова први да го имплементираат скандинавците а после 10 години и ние.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
...да го видиме моменталниот бран со SARS-CoV-2 спомнат кај соседните земји,
конкретно во Романија
Прегледај го приврзокот 311381

споредбено со населението во МКД?

Прегледај го приврзокот 311380

... до денес 27.10.2021 биле регистрирани:
1.602.830 инфицирани со SARS-CoV-2,
од кои 7.711 реинфицирани после најмалку шест месеци од прва инфекција,
додека 1.358.530 особи оздравеле,

...во последните 24ч, регистрирани биле 14.950 на нови инфицирани, од кои 232 се со реинфекции после шест месеци од прва инфекција,

Прегледај го приврзокот 311383

...до денес вкупно биле регистрирани 46.015 инфицирани кои починале, додека во период од 24ч починале 512 особи инфицирани од кои 265 мажи и 247 жени,

Прегледај го приврзокот 311382

... од тие 512 починати особи по возраст:
- од 10-19 год починала една особа,
- од 20-29 години починале 4 особи,
- од 30-39 години починале 11 особи,
- од 40-49 години починале 19 особи,
- на возраст од 50-59 години починале 46 особи,
- на возраст од 60-69 години починале 128 особи,
- на возраст од 70-79 години починале 165 особи,
- на возраст над 80 години починале 138 особи,

Прегледај го приврзокот 311384

... од сите 512 починати инфицирани , 465 особи биле невакцинирани и 47 особи биле вакцинирани (со возраст 30-39 години и над 80 години), а вкупно хоспитализирани 20.442 особи, од кои 1861 на интензивна,

... до сега според националната програма направени се 10.223.507 ПЦР тестови и 4.297.968 антигенски брзи тестови, последните 24ч направени биле 26.202 особи ПЦР тестови (14,557 тестови по медицински протокол, а 11.632 по барање, а 48.942 брзи антигенски тестови)

...денес низ цела територија на Романија 148.914 се со потврдена инфекција и се во домашна изолација, додека 19.632 особи се болнички изолирани, додека 56.195 особи се во домашен карантин, додека во болнички карантин се 96 особи,

П.С.

еве некој, нека се потруди да направи споредба со нашот бран пред извесен период, со график, проценти или било како споредбено!
Постои ли некоја евиденција колку има повторно заразени луѓе т.с.кои еднаш го прележале и не се вакцинирале?
Треба да има податок и за пациенти кои еднаш прележале, па се вакцинирале и повторно се заразиле и завршиле во болница.
Се некои штури податоци, а гледам мои колешки, пријатели, комшии, кои се вакцинирани со фајзер, второто инфицирање им беше полошо од првото.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745

Ефикасност на Фајзер против инфекција:
- 15-30 дена по втора доза 92%
- 121-180 дена по втора доза 47%
- после 211 дена по втора доза 0%
Сега полека гледаме зошто надлежните со mRNA вакциниве сакаат да има чести вакцинирањата, немаат скоро никаков долготраен/стекнат имунитет туку само бустаат антитела и тоа антитела за сој од вирусот кој бил актуелен пред две години.

Мислам дека со ова станува јасен одговорот на дилемата mRNA наспроти традиционални вакцини со инактивиран вирус.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.313

Како тоа кога Кинеските се далеку послаби од овие мРНА? мРНА е само технологијата и Бионтех/Фајзер и уште повеќе Модерна предизвикуваат силна имунска реакција на телото, исто како Векторските. Покрај сите слабости на вакцини со инактивиран вирус единствена предност е можеби тоа што сепак лаички кажано цел вирус се внесува а телото може да изгради имунитет према него а не само против спајк протеинот. Иначе пошто многу позитивно се проценуваат овде класичните вакцини: и тие како и векторските и мРНА вакцините имаат помошни супстанци кои се внесуваат во телото.

На крај небитно е начинот односно технологијата на вакцината туку ефикасноста.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
На крај небитно е начинот односно технологијата на вакцината туку ефикасноста.
Па не може да биде небитно кога долгорочност на заштитата и ефикасноста на среден и долг рок е важен критериум за оценување (и одбирање на вакцина).

Овде баш зборуваме за ефикасноста на актуелната mRNA технологијата на вакцини. Не што размислуваме ние поединците, туку што кажуваат резултатите од истражувања и студии... Цитирам:
Ефикасност на Фајзер против инфекција:
- 15-30 дена по втора доза 92%
- 121-180 дена по втора доза 47%
- после 211 дена по втора доза 0%
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Мислам дека со ова станува јасен одговорот на дилемата mRNA наспроти традиционални вакцини со инактивиран вирус.
Мене не ми е толку јасен, поефикасни се Алиекспрес вакциниве? xD
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Направи истражување, тестирај врз себе и објави резултат... xD
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Направи истражување, тестирај врз себе и објави резултат... xD
Што и да направам јас, макар и грешка, секогаш ќе биде поблиску до вистината отколку твојата изместена biased логика и крајно разочарувачки заклучоци и (не)можност за правилно расудување.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.313
Па не може да биде небитно кога долгорочност на заштитата и ефикасноста на среден и долг рок е важен критериум за оценување (и одбирање на вакцина).

Овде баш зборуваме за ефикасноста на актуелната mRNA технологијата на вакцини. Не што размислуваме ние поединците, туку што кажуваат резултатите од истражувања и студии... Цитирам:
Има и други студии со поинакви резултати.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Има и други студии со поинакви резултати.
Игорче нема други студии со поинакви резултати. И сам си знаеш.

А тоа го знаат и сите медицински авторитети, иначе нема да трупаат залихи на вакцини, за до 2024 година.

Во Израел не ни дочекаа да видат колку ќе биди ефикасноста на вакцината на 9 месеци, зедоа да ги бустаат сите на 6 месеци.

Мислам еве и наш Филипче како папагал го кажува истото, сите ќе треба да се ревакцинираат на 6 месеци, а со кинеските после 3 месеци.

:)

БОНУС

Нели најмногу заболени има кај што е најслаба вакцинацијата?

Оти во моментов Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Струмица имаат најмалце заболени?

А водат: Куманово има 455 активни случаи, во Велес 328, во Прилеп има 257, во Битола 216, во Кавадарци 211, во Штип 207, во Охрид 192

Нели Кавадарци и Охрид се лидери во вакцинација во Македонија, па следат Битола, Прилеп ?

Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751

многу добра логика тенеке, просто бриљираш и воодушевуваш, такер карлсен школа си се гледа.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Типичен хаос. Секоја држава почна да си носи "одлуки", како ќе им текне.

Конкретно во Србија трета доза ќе се дава по четири месеци за оние вакцинирани со Синофарм, додека по 5 месеци на оние вакцинирани со Фајзер, Астра и Спутник.
Кај нас како беше. Вакцинирани со Синофарм по 3 месеци бустер, се останато по 6 месеци.

Па што не одлучат и на секои два месеци по едно бустерче за сите!? Можда така ќе го згаснат вирусов, богами и уште појаки пари ќе се вртат.
Е што е многу, многу е! Претераа.

Со многу вакцинирани еминентни лекари, во последно време имам разговарано на оваа тема, тоест бустер доза по 6 месеци.
Ама ниту еден, буквално ниту еден од нив воопшто не ни помислува на трета доза.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Со многу вакцинирани еминентни лекари, во последно време имам разговарано на оваа тема, тоест бустер доза по 6 месеци.
Ама ниту еден, буквално ниту еден од нив воопшто не ни помислува на трета доза.
Што предлагаат они?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom