Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Darklady

Марсовка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
3.322
Поени од реакции
23.129
нула логика во овие мерки, да се укинат мерките ние да блуеме корона на раат и да живееме живот, сити мол е живот :love:
Не се грижи за нас антиваксериве, околу нас животот е веќе вратен во нормала, нормално фунционираме. :love:
Види оди фаќај врски за бустер шот, заштити ги бабите.
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
54
Поени од реакции
87
Може ли петиција да се покрене сега кога им се деси потоп на сдс на избориве за да ги тргнат скапаниве рестрикции со потврда/сертификат да се влага во КАФАНИ и КАФИЧИ НА РААТ ДА СЕ ИСПИЕ ЕДНО СМРДЛИВО КАФЕ ИЛИ ДА СЕ ИЗЕДЕ ЧОРБА?!
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
2.109
Поени од реакции
1.485
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
36.652
Поени од реакции
58.089
Само што заклучив дека митот, дека вакцините штитат од хоспитализација и смрт, се крие зад еден единствен факт, зголемено тестирање.

Грција во моментов тестира 18 луѓе на 1000 жители. На крај на 2020 тестирале 2 на 1000 жители.

Прегледај го приврзокот 310400

Прегледај го приврзокот 310401

Прегледај го приврзокот 310402
Сеа мит испадна и дека штитат од хоспитализација и смрт?

Ја и Бјонс немаме ни прва а ти со трета доза ни претиш :D
на вас двете е договорено три одеднаш да ви аплицираат

Може ли петиција да се покрене сега кога им се деси потоп на сдс на избориве за да ги тргнат скапаниве рестрикции со потврда/сертификат да се влага во КАФАНИ и КАФИЧИ НА РААТ ДА СЕ ИСПИЕ ЕДНО СМРДЛИВО КАФЕ ИЛИ ДА СЕ ИЗЕДЕ ЧОРБА?!
не
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
11.370
Поени од реакции
13.429
Сеа мит испадна и дека штитат од хоспитализација и смрт?
Што прават? Претураат од шупливо во празно со бројки под 60 години, за луѓе кои и така немаат проблем.

Си играат со статистика. Ризичните групи слабо фајде, па макар и секоја недела да ги бустаат.

А прашањето останува колку од ризичните имаат проблем со вакцината.

Денешниот текст за тоа колку вакцинирани умреле и дека 25 од тие 26 имале комрбидитет ја покажа сета беда во која што се наоѓаме со вакцините.

Синофарм не штити повеќе, Синовак за некоја недела ќе почни да откажува, а Фајзер и АЗ за некој месец.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
11.370
Поени од реакции
13.429

Тенџереке, Глупаврата, Биџонгла, Берика Дундарина и останата антивакс багра...
Не го клавај Берик во баграта. Тој е поголем хипохондрик од Рон.
Автоматски споено мислење:

Ќе се изначитаме вакви стории.

 
Последно уредено:
Член од
26 август 2021
Мислења
964
Поени од реакции
2.642
Вештачки вс. природен менталитет…се помочав од смеење.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.246
Поени од реакции
11.262

Некои коментари на објавата се логични, а неискреноста на некои доктори и министерот нека им служи на чест ако воопшто ја имаат. Многу граѓани сеуште се во недоумица каква вакцина да примат затоа што овие наводно биле неделотворни (дури сега тоа се шушка иако во коментарите ќе прочитате и други искуства). И кога. И која по ред. Белким до зима ќе се разјасни, да знаеме на што сме.

Патем, повторно се прескокнати прележаните во објавата на министерот.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
2.565
Поени од реакции
17.675
Е па тоа е тоа што се турка кон присила. Ете си се вакцинирал, си створил доволно антитела, која е причината да одиш на трета бустер доза, ако ти веќе имаш доволен број на антитела. Вакцинацијата беше најавена како нешто “што ќе створи антитела“, ако веќе ги имаш доволно, зошто?
Зошто се турка по секоја цена, за наше добро или за нечиј џеб:cautious:
Исто и со прележаните.

Се врши класична дискриминација, преку кршење на правото на слободно движење, само затоа што некој не поседува некој си документ (сертификат), му се ограничува слободата. И некој треба да одговара за носењето на нелогични, крајно глупави, фашистички мерки
За сертификатите општо се имам изјаснето уште одамна, не ми се допаѓа таа работа. Не треба да постојат едноставно. Еве јас често патувам, кој вели дека не можам да го пренесам вирусот како вакциниран. Факт дека можам.
Друга ЛУДА работа е што ние сме единствени на планета мајка земја каде што сертификатот на прележани важи само 45 дена. Типично лудило.
Како што сме единствени и во една друга работа во однос на овие сертификати, на излез од држава да ми бараат да приложувам вакцинален сертификат. Повторно единствени на планета мајка земја.

Нема логика некој што прележал и што сеуште има антитела да прима вакцина. Кога ќе ги изгуби стекнатите антитела, тогаш. Но луѓето примаат баш поради овие гнасни сертификати.

Исто како на пример лично јас. Вакциниран прва доза март, втора доза јуни. Имам IgG 196 u/mL (реф. 0.8), која логика е да примам трета доза? Нема логика, едноставно сеуште немам потреба.
Ги пратам антителата од време на време, чисто од љубопитност да знам на што сум.
Бидејќи секој организам не е ист, можеби кај мене ќе се задржи доволен број на антитела и по 9 месеци од втора доза. Кој знае, ќе видиме.
Кога ќе паднат, тогаш ќе примам трета доза. До тогаш не.

Затоа убаво, тоест правилно би било кога би можело под фонд (научна фантастика), секој кај кој изминале 3/6 месеци од втора доза (во зависност од вакцината), да има можност за проверка на антитела па да се одреди дали има или нема потреба да прими трета доза.
Исто и прележаните, да имаат можност да се проверат по извесно време, да знаат дали сеуште имаат заштита или треба да примат вакцина. Што инаку многу, многу ретко има реинфекции кај прележани. Така докажува статистиката.

Е сега кога веќе ја нема таа опција, бесплатно да се проверат антитела, секој што планира да прима трета доза, убаво би било да направи една лабараторија пред да оди да ја прими. Тоест, да се види дали има или сеуште нама потреба од трета доза.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.246
Поени од реакции
11.262
Во врска со антителата и дискусијата за нив овде пред 2-3 недели. Дали човек треба стално да има високи антитела за да се смета заштитен. Или антитела се создаваат и качуваат ако дојде во допир со инфицирано лице (одговор на одреден антиген).
Затоа што не ми е логично (како некој овде што збореше) да се има постојано повисоки антитела. Тогаш ние треба да имаме антитела во нас за десетици болести, доволно високи за да не "заштитат" што ми е малку нонсенс. Како организмот постојано да се бори со инфекција/инфекции.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
11.685
Поени од реакции
19.065

Тенџереке, Глупаврата, Биџонгла, Берика Дундарина и останата антивакс багра...
... денес крајно време беше да се почне со вакцината против сезонски грип, а не вниманието да се насочи САМО кон скрининг на учениците и SARS-CoV-2 вирусот, сите вакцинирани со антиковид вакцина, а ќе ги удри сезонски вирус, зашто не се вакцинира на време...и што со тоа? од сезонски грип и негови последици не се умира, што мислиш ти шинобусу?
 

Darklady

Марсовка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
3.322
Поени од реакции
23.129
Друга ЛУДА работа е што ние сме единствени на планета мајка земја
Трета луда работа е што во ресторант/кафана/кафетерија, 4 на маса + сертификат. А на митинг, на избори, каде што имаш стадо луѓе кои си дишат во врат, таму не треба нити сертификат, на избирачко место сите се заштитени, корона таму нема :icon_mrgr:

Уште полуда работа, е тоа што министер за здравство, во време на пандемија, кој повикува на вакцинација, активно да учествува во изборна кампања, каде што скоро никој не носи маска, одржување дистанца е непознат поим. И дотичниов министер ќе излезе на телевизија, да кажува приказни, како обичниот смртник треба да носи маска, да врши дезинфекција на раце, дистанца и 300 чуда.
Еден министер треба да биде пример, огледало на тоа како треба.
Филипче е класичен пример како НЕ ТРЕБА. Згора на тоа имаш на врат 15 живи изгорени луѓе во болница
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
11.370
Поени од реакции
13.429
Трета луда работа е што во ресторант/кафана/кафетерија, 4 на маса + сертификат. А на митинг, на избори, каде што имаш стадо луѓе кои си дишат во врат, таму не треба нити сертификат, на избирачко место сите се заштитени, корона таму нема :icon_mrgr:

Уште полуда работа, е тоа што министер за здравство, во време на пандемија, кој повикува на вакцинација, активно да учествува во изборна кампања, каде што скоро никој не носи маска, одржување дистанца е непознат поим. И дотичниов министер ќе излезе на телевизија, да кажува приказни, како обичниот смртник треба да носи маска, да врши дезинфекција на раце, дистанца и 300 чуда.
Еден министер треба да биде пример, огледало на тоа како треба.
Филипче е класичен пример како НЕ ТРЕБА. Згора на тоа имаш на врат 15 живи изгорени луѓе во болница
Сидро му е Министерот, што влече напред ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom