Абе цела болница му изгоре за 3 минути. Ти за цевки зборуваш ?
Изгоре и Претседателот на Влада полемизира. Не сака да ја прифати одговорноста (оставката) затоа што тоа ќе биде шамар пред локалните. Игра политички игри. А народот гледа дека нема интерес кај нив за решавање на кризава. Интересот за вакцина е спласнат. Просекот е околу 1.000 дневно и сеуште стојам на тоа дека треба да се имунизираат за некој месец, а не сега кога бранот завршува и кога започнува сезона на грипови и наскоро, новиот бран. По вакцина, имунитетот опаѓа, а организмот, во нормални околности, би се справил полесно со овој вирус (зборувам кај младите). Тоа е моето размислување, но секој со својот памет.
Дури не ни очекувам интерес од самите доктори за ставање крај на пандемијата, сем ако нема личен интерес. Никогаш за ништо не реагирале, Комората ги штити како бели мечки, така да, и акцентот им е ставен само на самите плати. Зошто не протестираа(т) против условите во болниците? Тоа се нивни работни услови. Имаа протести за изолирани случаи за напади врз доктори, ок, а што е со останатите проблеми во здравството? Иницијативата мора да започне од самите нив. Истата ја нема.
Стапката на смртност е 0.02% (не била 0.01%, малку рипнала). Напнуваат со тоа дека и млади умирале! И сега? Од форумов не знам лично ниту еден активен член, нема ни да се замарам со тоа кој и зошто се или не се вакцинирал. Не ме интересира.
Очекувам кршење на Уставот по овие локални, мислам дека ќе бараат задолжителни тестови на своја сметка, неплатени одмори, па дури и притисоци на администрацијата. Нешто построги мерки, ама и тука, ако не реагираат засегнатите, нека го трпат стапот.
Јадник Костов ако стане министер. Една болница не може да води, ќе води цел ресор!