- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 31.501
- Поени од реакции
- 62.296
Пред некој 10 години бев на курс за обука со справување од пожари, зошто ми накачија обавеза да ги проверувам ПП апаратите низ канцеларии, па морав. Доволно е да земете 3 големи здива, што кога сте во паника сите го прават, кога сте внатре во пожар, и јаглерод моноксидот да ве парализира целосно, и да не можете да се движите. Нема да имате сила за викање. Оваа информација ми дојде како комплетен шок на тоа предавање, затоа што мислев дека треба бајаги да се наголташ чад пред да ти го афектира движењето. Верувам, и многумина други мислеле исто.
Видеото подолу ни беше покажано како пример. Преку 60-70 починати од вкупно 100 жртви се од труење со Јаглерод моноксид иако пожарот бил краток.
Вредна лекција беше дека доколку се најдете во таква ситуација, мокра крпа преку уста ке ви помогне во тие неколку минути да дишете нормално во некоја смисла, дур да се снајдете да излезете од објектот. Се надевам дека нема на никој да му биде потребен советот.
Кој може да гледа, ке види за колку кратко време настанува целосна хаварија од избивањето на пожарот. Пожарот почнува кога камерманот ке почне да се движи кон излезот. Имате и документарец за пожаров.
Бараката во Тетово мислам дека има целосно изгорено за 10-15 минути.

Последно уредено: