Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 јули 2006
Мислења
11.466
Поени од реакции
13.608
Од кај ти се првите бројки ?
Тие за повторна инфекција, знам дека се од Институт за јавно здравје, ама тие за вакцинирани заразени до 26 август, ги нема сеуште никаде објавено.

Посебно ме интересира хоспитализација за тој период.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
1.272
Поени од реакции
881

https://mk.tv21.tv/mz-83-od-novite-sluchai-i-89-od-hospitaliziranite-so-kovid-19-se-nevaktsinirani/
 
Igorcemk

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
12.463
Поени од реакции
16.875
Од над 500.000 вакцинирани со две дози:
- 2924 се заразиле со Ковид
- 11% биле хоспитализирани
- 30 души починале
Истите бројки со невакцинирани за споредба не би било лошо ако ги има негде.
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
613
Поени од реакции
610
Мене една логика не ми е јасно. Другар мој со сопругата се тестираат пред 10тина дена во Струмица во една попозната приватна болница, со брз тест. Сопругата позитивна, тој негативен иако уште утредента исти симптоми и се коронашки симптоми. Поентата е иако се пријавени кај матичен апсолутно никој не и се јавил ни од ЦЈЗ, ниту контрола од полиција. Тие совесни се, седат дома ама немат никакви решенија за изолација. Само ПЦР се признаваат или?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.296
Поени од реакции
11.355

Јас ги почитувам протоколите. Смеам да влезам во Сити мол?
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
7.480
Поени од реакции
22.071
Пред два саати се вакцинирав со озогласената Фајзер вакцина,кои нус појави да ги очекувам? Најдобрата вакцина на Астра Зенека нема шанси нигде да се најде.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
6.810
Поени од реакции
11.225
Од над 500.000 вакцинирани со две дози:
- 2924 се заразиле со Ковид
- 11% биле хоспитализирани
- 30 души починале
Ништо не може да се зклучи со бројкиве. Треба да напраат споредба со невакцинирани по години. Имаат процент на вакцинирано население по години, број на умрени по години и тн. Можат само да ги пуштат во јавност и сами ќе си пресметаме.
 
Igorcemk

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
12.463
Поени од реакции
16.875
Пред два саати се вакцинирав со озогласената Фајзер вскцина,кои нус појави може да ми да ги очекувам?
Прва ти е? Викаат кај мРНА вакцините после втора има повеќе нус појави. Иначе главоболка, трески, температура, како настинка. И раката/местото може да то боли ден два.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
7.480
Поени од реакции
22.071
Прва ти е? Викаат кај мРНА вакцините после втора има повеќе нус појави. Иначе главоболка, трески, температура, како настинка. И раката/местото може да то боли ден два.
Прва
 
Член од
2 септември 2013
Мислења
245
Поени од реакции
230
Се повеќе слушам наоколу луѓе вакцинирани до две дози дури и со месеци однапред да се пак заразат со ковид, а од друга страна сеуште немам слушнато за природно прележана особа да заболи.. едно колку и да верував во вакцините испадна дека не се толку ефективни..
 
Член од
17 август 2011
Мислења
6.810
Поени од реакции
11.225
Кај мене првата беше полоша, а не прележан. Мислам дека си постар, би требало полабава реакција да имаш. Како и да е очекувај после 24 h
Автоматски споено мислење:

Се повеќе слушам наоколу луѓе вакцинирани до две дози дури и со месеци однапред да се пак заразат со ковид, а од друга страна сеуште немам слушнато за природно прележана особа да заболи.. едно колку и да верував во вакцините испадна дека не се толку ефективни..
Мој двајца другари, прележани и вакцинирани фатија пак. И двајцата работат по болнициве нешто. Поминаа исто ко првиот пат, 1 ден темп.
 
Igorcemk

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
12.463
Поени од реакции
16.875
Се повеќе слушам наоколу луѓе вакцинирани до две дози дури и со месеци однапред да се пак заразат со ковид, а од друга страна сеуште немам слушнато за природно прележана особа да заболи.. едно колку и да верував во вакцините испадна дека не се толку ефективни..
А како поминале?
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
781
Поени од реакции
2.089
Пред два саати се вакцинирав со озогласената Фајзер вакцина,кои нус појави може да ми да ги очекувам?
Страничните ефекти се многу индивидуални и релативни.

Најлоши што може да те стрефи е блага температура , можеби мал оток на местото на убодот. За температура земаш парацетамол , за отокот облога со борова вода.

Средно силни симптоми : болка во раката , малаксаност мала ... можеби поспаност и замор.

А може и ништо да не ти биде.

Повеќето од вакцинираните во мојата околина се со Фајзер , сите поминаа без никакви странични ефекти, освен болка на местото на убодот.

Во секој случај несаканите ефекти се лесни и краткотрајни. Вообаечно траат 3-4 дена.

Па за некој ден пиши како си поминал :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom