Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.096
Поени од реакции
5.300
Јас го издркав малку на снимките од Австралија. :pos: Каква решителност не ебат ни гумени куршуми ни жива сила, рушат се пред себе.:cuc:
Na zalost ama vladata ke go istera toa sto go namislile. Protestive ne mozat nisto da smenat ako se organiziraat ednas na nekoe vreme. Za da se izvrsi pritisok treba posilen otpor ama narodot e predaden bas od tie sto navistina mozat da izvrsat pritisok vrz vladava.
Jas pred nekoolku nedeli ocekuvav posilen otpor koga ja stopiraa gradeznata industrija, ocekuvav sindikatot da go povika clenstvoto i da go blokira sistemot / patistata so cela masinerija, za volja na vistinata pocnaa so mal zastoj na sobrakajot ama sindikatot e korumpiran, teska mafija se. Najverovatno se vodeni tajni pregovori pa se ispazarija da ne pravat problemi, za necela nedela im dozvolija da se vratat na rabota site sto ke se vakciniraat i im obezbedija priviligiran status t.e prednost pri vakcinacija, ako na primer jas sakam da bukiram za vakcina ke treba da cekam moze 2 meseci a za vrabotenive vo gradeznava industrija drugi im bukira i zemaat termin vo rekordno kratko vreme, golem del se i ispovakciniraa.
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2020
Мислења
15
Поени од реакции
55
Не сте свесни дека со вирусот е бетер, дури и да го прележите со лесни симптоми, кој ви гарантира дека нема да удри на друг орган, или пак на крвните садови?

Ќе дојде ред да имаме "ковид инвалиди", од тоа што читам има луѓе кои завршуваат со трајни оштетувања со кои прашање дали ќе бидат 30% од тоа што биле претходно.
Вирусот го поминав лесно, млада сум и имам одличен имунитет. Имам одлична крвна слика и антитела стекнати по природен пат, органите и крвните садови ми се во одлична состојба. Зошто морам да примам вакцина? Воедно немам ништо против 5Г технологијата, често храната ја подгревам во микро, сигурна сум дека земјата е топчеста, го подржувам глобализмот и немам ништо против вакцинација на постари лица како и лица со ризична здравствена состојба, разбирам дека за многу луѓе бенефитот е поголем од ризикот. Но не разбирам на кој начин луѓе како мене се со ниска општевствена свест и треба да ни се забрани нормално функционирање кога ние не го оптеретуваме здравствениот систем а вие вакцинираните сепак го ширите вирусот?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
12.110
Поени од реакции
24.461
Не сте свесни дека со вирусот е бетер, дури и да го прележите со лесни симптоми, кој ви гарантира дека нема да удри на друг орган, или пак на крвните садови?

Ќе дојде ред да имаме "ковид инвалиди", од тоа што читам има луѓе кои завршуваат со трајни оштетувања со кои прашање дали ќе бидат 30% од тоа што биле претходно.
Veke imame kovid invalidi i bez vakcini i bez prelezan.
Samo lelekaat i ne ispagaat od doma.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
17.686
Поени од реакции
12.867
https://press24.mk/masovna-tepachka-vo-chajdzhilnica-vo-debar-letaa-masi-stolici-i-palki-video?fbclid=IwAR3j3yIXvHqrf7LljpMo89w5p5nDN8WYWuzHz-_9KjkOwmaq0WTSf44i88s

позитивно е што се тепале по К19 протокол, со Маси, Столици, безбол Палки...значи од ДИСТАНЦА... не борење и такви работи...
Ќе мора да се промовира јапонска борилачка вештина КЕНДО, тепање со долги стапови...
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
11.308
Поени од реакции
23.399
Вирусот го поминав лесно, млада сум и имам одличен имунитет. Имам одлична крвна слика и антитела стекнати по природен пат, органите и крвните садови ми се во одлична состојба. Зошто морам да примам вакцина? Воедно немам ништо против 5Г технологијата, често храната ја подгревам во микро, сигурна сум дека земјата е топчеста, го подржувам глобализмот и немам ништо против вакцинација на постари лица како и лица со ризична здравствена состојба, разбирам дека за многу луѓе бенефитот е поголем од ризикот. Но не разбирам на кој начин луѓе како мене се со ниска општевствена свест и треба да ни се забрани нормално функционирање кога ние не го оптеретуваме здравствениот систем а вие вакцинираните сепак го ширите вирусот?
Не ги поддржувам мерките околу тие што се прележани, не гледам ни поента да ве вакцинираат, или ако да максимум една доза би била доволна (има многу луѓе што немаат воопшто антитела, а го прележал).

Проблем се тие што не го имаат прележано, или немаат антитела, е тие треба да се вакцинираат оти го тероризираат здравствениот систем.

Инаку мерките од сам почеток се глупи насекаде, требаше да се најдат други начини за едукација на народот дека треба да се вакцинира и за почеток блокирање и затворање на интернет светот за сите теоретичари на заговор, па дури и воведување за закони и казнување ако наведуваат луѓе кон невакцинација.
Автоматски споено мислење:

Како што кажавме веќе, не е изборот вирус или вакцина, туку еднотп или двете. Замисли сеа 5те жени у норвешка што починаа од тромбоза, млади години, статистички премали шанси да умрат од корона и се тоа у вода за вакцина која трае 6 месеци.
Статистички можеби ќе умреа уште 500 без вакцина, јбг ништо не е 100% безбедно.
Еве сега зимава ќе не иструјат уште троа и ќе умрат еден куп од рак, ама не гледам да се собери народ против закадувачите, вакцината им е проблем :tapp:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
10.996
Поени од реакции
22.891
Проблем се тие што не го имаат прележано, или немаат антитела, е тие треба да се вакцинираат оти го тероризираат здравствениот систем.
Да, ситемот го тероризираат. Ситемот може го тероризираат и сите оние кои умираат од рак на белите дробови во болнички услови, како резултат на загадувањето. Мое уставно право е правото на здрава животна средина, па не гледам да возите тротинети, велосипеди, електрични автомобили или да го користите јавниот превоз. Тука се и пушачите кои свесно си го ставаат животот во опасност, каде и дел од нив го тероризираат здравствениот систем. Го тероризираат и дел од оние кои не се хранат здраво, дали со замастени органи или срцеви удари. Го тероризираат и пијаните возачи и оние кои водат со брзина над дозволената. Па не видовме мерка нула промили алкохол во крвта, што јас ќе ја поддржам.

Не, твоите права ги загрозуваат оние кои денар не вложиле во тие болници, каде дел од опремата е од донации, а дел купена на прескапи тендери. Да имавме ефективен и ефикасен систем, немаше да имаме 44% смртност во нашите болници. Ќе имавме и подобри услови и повеќе капацитети.

Проблем се оние над 50 кои имаа 95% од хоспитализациите. И вчера имаше 2ца починати на 49 год, другите беа над 50. Пред некој ден имаше и 5-6 под 50, точно. Ама ако ја гледаш големата слика, јасно е каде требаше да се превенира. 30% сеуште не се имунизирани!

И да, тезата ти е погрешна. Не сите кои го немаат прележано или немаат антитела го тероризираат системот. :)
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
2.969
Поени од реакции
4.194
Вакцинација или инфекција по природен пат. Трета опција е изолација на подолг период од општеството.
Гадна верзија е Делтава. Во просек секој заразен може да зарази 5-9 лица, за разлика од минатогодишната верзија која се ширеше на 1-3 лица.
 
Последно уредено:
Член од
19 ноември 2020
Мислења
1.969
Поени од реакции
7.119
Вакцинација или инфекција по природен пат. Трета опција е изолација на подолг период од општеството.
Гадна верзија е Делтава. Во просек секој заразен може да ја зарази 5-9 лица, за разлика од минатогодишната верзија која се ширеше на 1-3 лица.
Вакцинација ти е секако пошто немаш избор.

Проблем се тие што не го имаат прележано, или немаат антитела, е тие треба да се вакцинираат оти го тероризираат здравствениот систем.
Исто така и вакцинираните што немаат антитела. Од тие што се вакцинираа дали 0.1% испитаа антитела. Од кај знаеме дека еве ти не си проблем ако немаш испитано антитела ?
Имаше изјави на доктори да се гледа веќе број на антиела или негативен тест.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
16.566
Поени од реакции
24.325
Да, ситемот го тероризираат. Ситемот може го тероризираат и сите оние кои умираат од рак на белите дробови во болнички услови, како резултат на загадувањето. Мое уставно право е правото на здрава животна средина, па не гледам да возите тротинети, велосипеди, електрични автомобили или да го користите јавниот превоз. Тука се и пушачите кои свесно си го ставаат животот во опасност, каде и дел од нив го тероризираат здравствениот систем. Го тероризираат и дел од оние кои не се хранат здраво, дали со замастени органи или срцеви удари. Го тероризираат и пијаните возачи и оние кои водат со брзина над дозволената. Па не видовме мерка нула промили алкохол во крвта, што јас ќе ја поддржам.

Не, твоите права ги загрозуваат оние кои денар не вложиле во тие болници, каде дел од опремата е од донации, а дел купена на прескапи тендери. Да имавме ефективен и ефикасен систем, немаше да имаме 44% смртност во нашите болници. Ќе имавме и подобри услови и повеќе капацитети.

Проблем се оние над 50 кои имаа 95% од хоспитализациите. И вчера имаше 2ца починати на 49 год, другите беа над 50. Пред некој ден имаше и 5-6 под 50, точно. Ама ако ја гледаш големата слика, јасно е каде требаше да се превенира. 30% сеуште не се имунизирани!

И да, тезата ти е погрешна. Не сите кои го немаат прележано или немаат антитела го тероризираат системот. :)
границата ти беше над 65, сега над 50 ти падна. Иначе какви споредби правиш со сообраќајки и некој што има срцеви болести со корона, само вие тоа знаете такви споредби да правите
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
10.996
Поени од реакции
22.891
границата ти беше над 65, сега над 50 ти падна. Иначе какви споредби правиш со сообраќајки и некој што има срцеви болести со корона, само вие тоа знаете такви споредби да правите
Границата ми е на 50 или 60. Твојата е 12! :unsure:

Зборуваме за тероризирање на здравствениот системот и мерките кои треба да се преземат со цел да се превенираат затоа што живееме во општество, а не на планина! Сфаќаш? ;)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
16.566
Поени од реакции
24.325
Границата ми е на 50 или 60. Твојата е 12! :unsure:

Зборуваме за тероризирање на здравствениот системот и мерките кои треба да се преземат со цел да се превенираат затоа што живееме во општество, а не на планина! Сфаќаш? ;)
не гледам во болница да лежат 100 души кои имале сообраќајки или имаат срцеви болести. Наспроти, они не можат да дојдат на ред од коронаши да се прегледаат и умираат пред време.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
17.686
Поени од реакции
12.867
границата ти беше над 65, сега над 50 ти падна. Иначе какви споредби правиш со сообраќајки и некој што има срцеви болести со корона, само вие тоа знаете такви споредби да правите
кога вакцинираат многу многу не прашуваат за болести, башка што срцевите болести се ЕНИГМА и во 21 век, не ќе умреше данскиот фудбалер на терен а милион евра доктори ги контролираат ??????
и друго, кажуваат после вакцина пазење 3 дена, а можеби треба 2-3 недели мирување... а што праиме со работата и неодложни активности ??? Сега на Ковид болни ако се помлади и вработени само 7дена боледување му дава...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom