Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
По доминатниве албански средини немаше претходно гужви по поликлиниките за боцкање, во Чаир пред две недели моите за 5 мин раб завршија, оди сега да видиш што е
пс. за какви медиумски патки збориш?



Sent from my iPhone using Tapatalk

Мислев на медиумската патка за роамингот од 1 Јули дека ќе се зборува бесплатно со земјите од Западен Балкан, на таков начин медиумите го претставуваа сето тоа, дека бесплатно ќе сме разговарале со 6-те земји од Западен Балкан, и јас и уште неколкумина наседнавме на тоа. Не платив прескапо, нешто помалку од 500 денари платив за Јулската сметка за разговор со мобилна мрежа од Србија во траење од 20 минути.
Памет за друг пат ми е ова, да не верувам на нашите медиуми, што би отпеал Џибони: ово је мени школа живота.

Во Телеком ми кажаа: кога си на територија на Србија тогаш можеш бесплатно да зборуваш со броеви од Српска мрежа и да вртиш бесплатно кон броеви во Македонија, но ако од Македонија ти вртат на твојот број додека си во Србија ти нема да платиш ништо но тие кои од Македонија ти вртат тие ќе платат.
Ова е глупост, најбитното беше да можеме бесплатно да вртиме од Македонија кон Србија, што јас кога веќе ќе сум во Србија со тие со кои сакам да зборувам ќе зборувам лице во лице, вака им кажав а тие во Телеком ми рекоа дека сум ироничен.
Автоматски споено мислење:

... коментирав за трета доза на Фајзер вакцинирани, зашто тие се првите вакцинирани во МКД, инаку трета доза би важело и за Синофарм антиковид вакцина и тоа после најмалку 4 недели од втората доза,

... а можеби ќе се биде во можност за избирање на друга антиковид вакцина како трета доза, без разлика која била втора доза на антиковид вакцина, така да во текот на годината на секој четврти месец ќе се аплицира по една антиковид вакцина по личен избор или по избор што ќе има во вакциналниот пункт, а доколку не се постигне задоволителен ефект или појава на ламда сој на коронавирус кај нас, ќе се тера можеби на четврта доза, по мое логичко мислење, ако не збувне нешто друго, кривец за пандемија, заговор...итн, па да добие друг правец!


Ќе биде каша попара со трета/ четврта доза на вакцина. Како на берза ќе биде, ќе може и со оваа/онаа вакцина за 3 доза.
Ќе има ситуации да фалат доволно вакцини, и пример кој земал 1 и 2 доза Фајзер сосема е можно да нема доволно вакцини за 3 и 4 доза Фајзер за сите, и тогаш ќе земаат таквите 3 и 4 доза или од Астра Зенека или од Модерна.
Во Октомври стигнуваат околу 200.000 дози Модерна во Србија.

Времето ќе покаже дали погрешив што неодамна се вакцинирав 1 доза со Фајзер, едноставно отидов без термин закажан и уште пред да отидам смаиот себеси си реков која биде вакцина на распоред денот кога ќе отидам на вакцинација со таа и ќе се вакцинирам, едноставно решив да не бирам.
А можев кога отидов на пунктот јас уште кога чекав во долгите редици да ми дојде редот јас дознав дека тој ден за 1 доза 1 Фајзер а за ревакцинација Синовак, можев да напуштам, но во принцип генерално не сум некој кој се пишмани и предомислува.

А веројатно за оние кои земале 1 и 2 доза од Кинеските Синовак/ Синофарм за нив ќе има доволно вакцини и за 3 и 4 доза, проблемот ќе биде за нас кои сме земале Фајзер.

Но сега кога Заев на големо им удоволува на Нато со некакви бегалци од Авганистан може западњаците ќе пуштат за нас доволно Фајзер вакцини за 3 и 4 доза.
Автоматски споено мислење:

Јас од Албанија си зборував и сурфав најнормално со сите, само не со луѓе од Албанија. Се разбирав проверував пред да се јавувам некаде, да не сум на грчка мрежа. Во Валона повеќе не ни проверував.

Немам поголема сметка.

За 20 минути разговор со мобилен број од Србија нешто помалку од 500 денари добив. А насекаде се пишуваше од медиумите дека ќе било бесплатно да се зборува.

Испаѓа само кога сум во Србија ќе можам тогаш со Српски броеви бесплатно да зборувам. Која е тука логиката, кога сум веќе во Србија тогаш очи во очи ќе зборувам со кого треба.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.857
Поени од реакции
7.546
Кластер Карлеуша.
Кластер Шерифович.
Кластер Грашо.
Кластер свадби.
Кластер антивакцинален протест.

Нека ни е со помин.
Зошто мора кога се прашање забавите се спомнува најчесто Карлуша, Шерифовиќ, Грашо и слични такви. Не прочитав некој да спомене Ohrid Calling, D Festival. Да сеа некој ќе пише па тие се на отворено не е толку опасно на отворено. Да ама пак си во гужва и е ризик каков таков.

Ги разбирам јас луѓето, бевме затворени за вакви работи и им се живее и ни се журка на нас младите ама од друга страна гледано со вирусов е ризик и за организаторите и за луѓето.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.192
Поени од реакции
35.745
Работата е проста. Со вакцина имаш 7 пати помала шанса да се зарази и 25 пати помала шанса за хоспитализација. Ако сакаш се вакцинираш ако не, не се вакцинирај и тоа е тоа.

Ако некој решил среде пандемија, невакциниран да се пика во полни дискотеки и да си го бара со боринче, кој сум јас да го спречам.

Мерките кај нас се дебилни, настрана што не може ни да се спроведат во пракса освен во неколку населби низ Скопје кај што ќе се тренира строгост.

Со имунитетот нема никакви гаранции дека ако некој е млад и здрав лесно ќе го помине. Зошто е тоа така не знаеме. Ама има ризик фактори. Ако си дебел, дијабетичар или со други срцеви и респираторни проблеми, можно е потешко да го поминеш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Така ли? Значи и ти немаш одговор. Како тоа млади 20 годишни луѓе кои 2 пати неделно трчаат маратон, се здрави и прави поред сите медицински параметри, починуваат од корона или се со лонг ковид? Ретки се ама постојат примери. А од друга страна болни, стари, дебели луѓе го поминуваат со настинка. Нивниот имунитет е подобар? Или работата е што руски рулет е како ќе поминеш, иако како помлад шансите за подобар замав ти се подобри?

Ај тоа, ама од кај да знаеме ние со каков имун-систем сме? Отопорен на корона или не? Да играме руски рулет или да примиме вакцина и со тоа докажано да ја намалиме шансата близу 0 за тешко заболување?
дали во Германија не се бесплатни тестовите за антитела до октомври 2021?
Автоматски споено мислење:

Не ми е јасно @Aceso зошто многу страни наназад споменуваш испитување на причините за смрт кај вакцинираните? Зошто не и кај невакцинираните, кај сите. Дали знаеш како беа луѓето лекувани од вирус кој на добар дел од нас со средно тешка слика ни го заеба животот за навек? Лекување од матичен до пуштање кислород по слободно убедување
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Работата е проста. Со вакцина имаш 7 пати помала шанса да се зарази и 25 пати помала шанса за хоспитализација. Ако сакаш се вакцинираш ако не, не се вакцинирај и тоа е тоа.

Ако некој решил среде пандемија, невакциниран да се пика во полни дискотеки и да си го бара со боринче, кој сум јас да го спречам.

Мерките кај нас се дебилни, настрана што не може ни да се спроведат во пракса освен во неколку населби низ Скопје кај што ќе се тренира строгост.

Со имунитетот нема никакви гаранции дека ако некој е млад и здрав лесно ќе го помине. Зошто е тоа така не знаеме. Ама има ризик фактори. Ако си дебел, дијабетичар или со други срцеви и респираторни проблеми, можно е потешко да го поминеш.
Како е пресметано дека 7 пати се помали шансите да заболиш и 25 помали шанси за хоспитализација кога никој не ги води тие со лажни негативни тестови, тие што прележале дома без евиденција, тие без симптоми како децата или оние кои поминале асимптоматски од на нога или пак кога немаше доволно тестови па сите по дома ги водеа ковид итн итн


смртноста кај нас се води 3% официјално, а постковидно не се води од последиците од ковидот(можеби терапијата?) значи повеќе од 3% а во светски рамки 0.3% што значи немаме систем ниту сме пронашле како да се извлечиме од срањето, никој не поднесува оставка ниту носи грижа на совест така да господ да им поможи на сите во новиот бран
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.698
Поени од реакции
9.537
Кажи колку за џабе “знајш“ кога не кажуваш.
Неколку колешки кај мене на работа, кои исто прележале корона со потешка клин.слика како мене, после примена вакцина втора доза, имала бурна реакција, исто како кога биле болни првиот пат....
Што е со изолацијата, одат ли уште како порано или не?

@Lurtz абе кај си ти човек, те мислевме:)
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.177
Поени од реакции
21.298
дали во Германија не се бесплатни тестовите за антитела до октомври 2021?
Автоматски споено мислење:

Не ми е јасно @Aceso зошто многу страни наназад споменуваш испитување на причините за смрт кај вакцинираните? Зошто не и кај невакцинираните, кај сите. Дали знаеш како беа луѓето лекувани од вирус кој на добар дел од нас со средно тешка слика ни го заеба животот за навек? Лекување од матичен до пуштање кислород по слободно убедување
Да брзите антиген тестови до 11.10. се безплатни.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.192
Поени од реакции
35.745
Како е пресметано дека 7 пати се помали шансите да заболиш и 25 помали шанси за хоспитализација кога никој не ги води тие со лажни негативни тестови, тие што прележале дома без евиденција, тие без симптоми како децата или оние кои поминале асимптоматски од на нога или пак кога немаше доволно тестови па сите по дома ги водеа ковид итн итн


смртноста кај нас се води 3% официјално, а постковидно не се води од последиците од ковидот(можеби терапијата?) значи повеќе од 3% а во светски рамки 0.3% што значи немаме систем ниту сме пронашле како да се извлечиме од срањето, никој не поднесува оставка ниту носи грижа на совест така да господ да им поможи на сите во новиот бран
Статистиката е дадена од доктор Кунгуловски. Инаку за да се видат ефектите од вакцината треба да си дадеме одговор на две прашања. Во овој летен бран колку од хоспитализираните се вакцинирани а колку не се вакцинирани, и колку од смртните случаи биле вакцинирани а колку не биле вакцинирани.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.177
Поени од реакции
21.298
Ми се чини ова лонг ковидот и последиците од вакцината све се јавуваат кај хипохондрик ликови :icon_lol: Па пола спортисти професинални фатија корона, ете ти пратиш фудбал и сам знаеш. Кој се тие млади профи спортисти што заглавиле со лонг ковид?
За среќа ретки се тие случаеви ама постојат: https://www.medica.de/de/Long_COVID_–_für_einige_Sportler_bedeutet_es_das_Aus_für_Olympia_und_weitere_Wettkämpfe

Во една болница за рехабилитација се околу 60 професионални спортисти. Нормално има и други спортови освен фудбал. Еден пример е Лена Микулич (карате) или Лиса Граф (пливање), Стефи Кригерштајн (Кану) и Марин Понграчич (фудбал).

Сакам само да посочам дека меѓу живот и смрт има и лонг ковид. Кај некого три месеци, кај некого година дена а кај некого можеби цел живот.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.102
Поени од реакции
10.376
дали во Германија не се бесплатни тестовите за антитела до октомври 2021?
Автоматски споено мислење:

Не ми е јасно @Aceso зошто многу страни наназад споменуваш испитување на причините за смрт кај вакцинираните? Зошто не и кај невакцинираните, кај сите. Дали знаеш како беа луѓето лекувани од вирус кој на добар дел од нас со средно тешка слика ни го заеба животот за навек? Лекување од матичен до пуштање кислород по слободно убедување
Затоа што зборевме конкретно за смртност кај вакцинирани, а од вакцината се очекува да штити од тешка клиничка слика и смрт.

Секако дека и кај невакцинираните, т.е сите што воделе борба со вирусот убаво треба да се изанализира се. Впрочем, за секој еден починат постои нешто што се вика основна причина за смрт (болест), непосредна причина за смрт (како еден вид компликација на основната болест) и коморбидитети (придружни болести).
Пример, еден човек има шеќерна болест, зависен е од инсулин. Десет дена пред смртта заболел од ковид19, а три дена после тоа развил пневмонија. Основната причина за смртта кај овој човек е ковид19.
Непосредната причина е пенвмонијата како компликација на ковид19.
А шеќерот е коморбидитет.

Има многу пропусти. И начин на лекување и немање координација меѓу примарно, секундарно, терциерно здравство, и немање кадар, и немање услови, све туто комплето.

Мило ми е што си добар. Те баравме со Анонче.
 
Последно уредено:

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.177
Поени од реакции
21.298
Неколку колешки кај мене на работа, кои исто прележале корона со потешка клин.слика како мене, после примена вакцина втора доза, имала бурна реакција, исто како кога биле болни првиот пат....
Што е со изолацијата, одат ли уште како порано или не?

@Lurtz абе кај си ти човек, те мислевме:)
Пријавивте? Светско чудо толку случаеви истовремено на едно место мора да се истражи оти засега нема знаци дека доаѓа до поголема појава. Можеби и не е вистина, не знам.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.102
Поени од реакции
10.376
Зошто мора кога се прашање забавите се спомнува најчесто Карлуша, Шерифовиќ, Грашо и слични такви. Не прочитав некој да спомене Ohrid Calling, D Festival. Да сеа некој ќе пише па тие се на отворено не е толку опасно на отворено. Да ама пак си во гужва и е ризик каков таков.

Ги разбирам јас луѓето, бевме затворени за вакви работи и им се живее и ни се журка на нас младите ама од друга страна гледано со вирусов е ризик и за организаторите и за луѓето.
Да ти кажам право ова ми е актуелно деновиве низ социјалните мрежи и затоа. Бев надвор од државава претходно и затоа не знам што се случувало, ама секако го осудувам секое такво собирање со многу луѓе. Се согласувам со тебе потполно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom