Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.355
Поени од реакции
18.244
Интересно е што изјавуваш едно нешто и во истиот пост се демантираш со друго нешто.

Како тоа никој никого не присилува?
Тоа со ковид пасошите за влез што е како предлог?
Тоа со авионските компании и превоз со нив САМО ако си вакциниран што е? Јас и ти би пливале до УСА? Или мора да се вакцинираме за да дојде "новото нормално"?

Без маска смееш надвор?
На 30 "заболени" немаше карантини по 48 часа?

Не, нема присилување и ускратување на моите и твоите права и слободи за "општото добро".
Во моментов единствена најава за имунолошки пасош е за туризам и тоа од страна на Грција и некој други туристички дестинации. Никој не дава во моментов таков документ ако се вакцинираш.

Тоа не значи дека нема да постои, но реално од ова лето се ќе се смири, така да мислам дека ќе стани излишен.

Прашање што не ми се јасни е само што ќе прават земјите кои имаа строги карантини и немаат природен имунитет во моментов. Таму можно е силување на населението со вакцини, но ќе видиме за тоа.

Маски се потребни уште некое време, ама реално 50% од населението во Македонија во моментов не носи и покрај казните.

Реално ние поминавме со најлесни мерки во цел свет, каква Шветцка, каква Танзанија, каква Белорусија, ние сме скроз во наш филм влезени. Во моментов кај нас може било кој да дојди нема никакви карантини, ништо. САД можат да патуваат слободно само во 5 земји без ПЦР документ. Една од тие 5 е Македонија.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Упорна си, ама се согласувам, не трпи импровизација оваа работа, само што како што реков, производителот се осигурал процесот да тече безбедно без многу можности за ненамерни пропусти.

Колку што знам, ниедно шишенце не е оштетено при транспортот, а прва работа што направија е проверка на температурните логови. Можеш да се олабавиш, успеаа еден пакет да го пренесат од граница без да го расипат.

Друже не се мачи, да беше Тодоров министер вакциниве ќе беа телепортирани од Табановце без никаков проблем.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.201
Поени од реакции
36.972
Упорна си, ама се согласувам, не трпи импровизација оваа работа, само што како што реков, производителот се осигурал процесот да тече безбедно без многу можности за ненамерни пропусти.

Колку што знам, ниедно шишенце не е оштетено при транспортот, а прва работа што направија е проверка на температурните логови. Можеш да се олабавиш, успеаа еден пакет да го пренесат од граница без да го расипат.

... оф, да знаеш одговорните колку профи се во МАЛМЕД у пм, кој во клин кој во плоча, све партиско и неписмено! :facepalm:
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин

Хрватска ќе добие Руски вакцини во наредните неколку недели, притоа најверојатно нема да чека Европската агенција за лекови да ја одобри прво истата

А наш Вилипче нека чека уште..
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Една работа не ми е јасна..Филипче вели дека ќе ги вакцинира сите здравствени работници, а никој не дава мислење дали и тие лица што го прележале вирусот ќе бидат вакцинирани, знаејќи дека половина од нив, ако не и повеќе го прележале!?
Сечено, лепено, монтирано. Членот малку ја скрати изјавата. Филипче рече дека ќе биле вакцинирани сите здравствени работници кои работат со Ковид пациенти! Не дека сите здравствени работници ќе биле вакцинирани. :)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
A kako ke predizvikaat vakcinite sterilitet?

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
Ете така.
Мадињата прво ќе ти станат како портокали, па како тикви и на крај отпаднат.
Како да не си слушнал за хемиска кастрација, па тролаш тука.
:гомце:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.805
Поени од реакции
10.047
Сечено, лепено, монтирано. Членот малку ја скрати изјавата. Филипче рече дека ќе биле вакцинирани сите здравствени работници кои работат со Ковид пациенти! Не дека сите здравствени работници ќе биле вакцинирани. :)
Токму таму скоро сите вработени го прележаа вирусот, кој со симптоми, кој без симптоми..ништо не разбирам:toe:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Токму таму скоро сите вработени го прележаа вирусот, кој со симптоми, кој без симптоми..ништо не разбирам:toe:
Еден месец по оздравување може да се прими вакцината. И да прележале им треба заштита, сеуште се најизложени.
 
Член од
2 февруари 2021
Мислења
17
Поени од реакции
11
Сечено, лепено, монтирано. Членот малку ја скрати изјавата. Филипче рече дека ќе биле вакцинирани сите здравствени работници кои работат со Ковид пациенти! Не дека сите здравствени работници ќе биле вакцинирани. :)
Признавам грешка, само го ископирав насловот. Се извинувам.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.805
Поени од реакции
10.047
Еден месец по оздравување може да се прими вакцината. И да прележале им треба заштита, сеуште се најизложени.
Во ред е сето тоа, но нели рекоа дека најмалку 8 месеци си заштитен ако имаш антитела, така да не гледам логика за вакцинирање.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Во ред е сето тоа, но нели рекоа дека најмалку 8 месеци си заштитен ако имаш антитела, така да не гледам логика за вакцинирање.
Најмалку 8 месеци е со вакцина...Со антитела е многу помал периодот и варира во зависност од „количината“ на антителата.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.417
Поени од реакции
29.981
Во ред е сето тоа, но нели рекоа дека најмалку 8 месеци си заштитен ако имаш антитела, така да не гледам логика за вакцинирање.
Јас познавам човек кој после неполни четири месеци ги изгуби антителата......така да, нема некое правило со прележување.
Вакцина е чарето.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Јас имам над 100 антитела.
Тоа е убава бројка, еве ти можеш да ни бидеш контролен пример како се движи бројката. За месец дена од добивање на оваа бројка направи контролен тест за антитела :)
Сеуште стои фактот дека нема некој патерн како се менува клиничката слика со вирусот ниту како се справува организмот по болеста.
Еве брат ми од антитела околу 40 после два месеца веќе скоро да немаше антитела. Неговата колешка од иста канцеларија со антитела над 150 после еден месец повторно беше позитивна.
Не сакам да те исплашам, сакам да ти кажам дека треба да внимаваш и да не се опушташ премногу. Сеуште со ваков огромен број на случаеви немаме конкретни заклучоци за тоа како реагира организмот по прележаниот Ковид.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom