Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.418
Поени од реакции
9.084
Pa sakale oti nema dovolno momentalno za site, zatoa procesot ke trae meseci. Ziti logikata - jasno e deka ne se seuste site vakcinirani ti pisav deka nema statistika oti procesot tece. Sega i toa ne cini.

Veruval ili ne, sekoj doktor moze sam da odluci dali ke se vacinira ili ne isto kako i sekoj zitel. Ne mozat i smeat da gi prisilat so zakani i slicno vsusnost toa nema da funkcionira doktorite se vo jaka pozicija smesto ke si zaminat. A i zakon gi stiti. Ti si kazuvas toa sto si veruvas sto ne se sovpagja so realnosta. Toa e razlikata vo muabetive, fakti protiv rekla kazala, tezi koi ne se potvrdeni kolku da se rece nesto. Mozes da reces na primer ke se vanciniraat oti se informirani i smetaat deka e dobro ama vikas taka im nalagalo profesijata ili deka se prisileni sto ednostavno ne e tocno.

A zenite od mnogu pricini ne tolku, zboruvame za med. personal. Tuka vekje fakjaat zagovorite, strav od neplodnost sto se siri cesto kako posledica.

Inace sekoja cest za medicinskiot personal i nivnata strucnost i znaenje, ama veruvam deka nivnoto znaenje okolu vakcini, virologija i slicno e ograniceno kolku naseto. Ako ja sum dobar rabotnik moler ne me pravi toa ni arhitekt ni inzener.

Inace zagrizenost sekoj moze da ima sto e normalno ama ne menuva faktot deka sakaat da ja primat.
Проценцти имаш царе, 55% во твојот линк постиран искажуваат загриженост од вакцинацијата т.е. последици кои би можеле да има на долг рок.

Не знам тука што не ти е јасно. Линкот ти е добар, ти кажав, не ти оди во прилог на тоа што го застапуваш али добар е ;)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Проценцти имаш царе, 55% во твојот линк постиран искажуваат загриженост од вакцинацијата т.е. последици кои би можеле да има на долг рок.

Не знам тука што не ти е јасно. Линкот ти е добар, ти кажав, не ти оди во прилог на тоа што го застапуваш али добар е ;)
Кои последици на долг рок? Не ме разбирај погрешно, нема таква сила која би ме боцнала против Ковид, само мислам дека често се навлегува во теориите на заговор кои немаат допирна точка со реалноста. :)
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.161
Поени од реакции
15.951
Кои последици на долг рок? Не ме разбирај погрешно, нема таква сила која би ме боцнала против Ковид, само мислам дека често се навлегува во теориите на заговор кои немаат допирна точка со реалноста. :)
Баба Ванѓа кажала дека ова ќе трае 5 години, не знам која вакцина очекуете да го прекине овој рок на пророчицата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.171
Поени од реакции
21.287
Normalno no da ima zagrizenost toa go imas i za drugi raboti. I pred da primis vakcina protiv grip si zagrizen dali ke te fati temperatura ili malaksanost. Jak spin ama ne menuva faktot sto golem del od doktorite planiraat i je ja primat ko ke stignat na red.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.418
Поени од реакции
9.084
Кои последици на долг рок? Не ме разбирај погрешно, нема таква сила која би ме боцнала против Ковид, само мислам дека често се навлегува во теориите на заговор кои немаат допирна точка со реалноста. :)
Прашај ги медицинските лица.
И ти не ме сфаќај погрешно како голем дел од тука што заговараат вакцинација, но зошто еве во линкот на Игор во германија германски доктори и сестри (заради последици на подолг рок) изразуваат загриженост?
Исто, нешто што тој не спомнува, е тоа дека на тие медицински лица кои што имаат антитела во време на анкетите кои му ги спроведоа на работните места им беше кажано дека нема потреба да се вакцинираат ни сега, ниту во иднина. Но тој податок или не му одговара да го спомени во целата дискусија или го нема, сеедно.

Генерално, муабетот е, ставаш во себе нешто што може да ти влијае и не е испитано до крај (вакцина добивме за 6 месеци т.е. не беше вакцина туку беше трка кој прв ќе објави дека има вакцина, а потоа се тркаа чија нуди поголем процент на заштита) и треба да им верувам дека БАШ ја испитаа и тестираа? Било која, нека не е таа Фајзеровата или таа на Модерна - оти пак ќе се збори за теории на заговор.
Кога сите релеватни од оваа наука (медицината) ќе ти кажат дека тоа е прекраток рок за вакцина против било што да се пронајди, тестира и да се согледаат ефектите тогаш не знам како можи ние да тврдиме спротивно.

Ама не, Игор живее германија, Диме тука е начитан, образован и му се шета па ајде сите на вакцинација.

Иако е форум ова, сепак секој со своето мислење дава допринос во ширење на една масовна хистерија дека ако не се вакцинираме никогаш веќе ништо нема да биде исто и „нема животот да се врати во нормала“, дрн дрн...
Не бе дечки, нема да испоцркаме колективно.

Повеќе штета во банана држави како нашата имаше што луѓето не одеа на лекар и не ги лечеа хроничните болести него седењето дома. Повеќе штета имаше и врз други пореметувања кои им се јавија од седење дома како анксиозност и депресија но никој не говори за тоа.

Прво заговараа седење дома по секоја цена, како да ова магично ќе помине.
Сега заговараат вакцинирање по секоја цена, како да ПОВТОРНО ова сето магично ќе помине.

Нема.
Пак ќе има маски и дистанци.
Пак ќе има самоизолација.
Пак ќе има мерки и рестрикции.

Кој е луд нека верува дека има магично апче (ете вакцина) која ќе го направи сето ова да го снема така лесно и тоа е здрав разум и логика, а не теорија на заговор.

Треба да се вакцинира старо население, можеби дел од хронични болни кои имаат такви болести кои во комбинација со вирусот би ги довело до смрт, сите останати треба да излезат малку надвор и да уживаат наместо да се напињаат како да е крај на свет.

п.с. дали е точно дека те тераат да потпишеш документ во кој производителот на вакцината не сноси правни последици заради твоето здравје ако толку многу им е тестирана?
Разбирам се штитат од тужби бидејќи сечиј организам не е ист и може да добие анафилактички шок, ама нели добија еден куп луѓе во Калифорнија анафилактички шок па никому ништо? Или и тоа не важи, важи само кога производителот ќе ти го фали производот, а кога треба да му кажиш дека еј овај документот што ми го даваш да го потпишам не е во ред тогаш ти вели не си играме така.
Смрди работава, само кој како сака да гледа на нештото.
330.000 дози беа повлечени, рачунај 330.000 народ да се вакцинираше со нив.


Инаку, еве и друг линк доколку некој сака да следи вакцинација во Германија, со реални и секојдневни бројќи и статистики - на цела популација.


Досега се вакцинирале 1.600.000 од кои околу 300.000 по втор пат (комплетна имунизација) на 80 и кусур милиони народ.

Така да, ПРЕрано е за било какви прогнози околу вакцините.
 
C

CoolIris

Гостин
ИСТО, колку таксисти познаваш што заболиле? Никој.
Колку возачи на ЈСП кои се разболиле? Никој.

Дури и да има по некој колкав е нивниот процент од вкупниот број на возачи, таксисти и слично? - МИНОРЕН.
Настапуваш ко на сам почеток на пандемијата да сме па не знаеме за луѓе кои биле заразени со вирусот. Да, на почетокот беше така, ама сега кога секој втор меѓу нас има прележано корона малку ти губат значење муабетиве.
Ти инсистирам цело време на тој одговор за да увидиш дека ова твоето тука напинање на темата со вакцинирање и слично е ништо друго освен паника.
Вакцинирај се, не е проблем. Да имав здравствени проблеми или да ми беа годините најверојатно и јас ќе се вакцинирав со некоја од вакцините (по сопствено убедување) ама дај еднаш отстапите од ставот дека или вакцинација или потпоп.
Колку што сфатив ти смета тоа што некои поединци на форумов ги искажуваат своите ставови про вакцинација. Значи, не повикуваат на вакцинација, туку искажуваат ставови зошто мислат дека е океј да се вакцинираш.

А, кажи ми тоа ти што го правиш е океј? Дали конс вакцинација е океј?
Не ме сфаќај грешка, во ред е да искажеш мислење, ама ти повикуваш на масовна НЕВАКЦИНАЦИЈА кај народот. Тоа е многу полошо според мене.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.418
Поени од реакции
9.084
Настапуваш ко на сам почеток на пандемијата да сме па не знаеме за луѓе кои биле заразени со вирусот. Да, на почетокот беше така, ама сега кога секој втор меѓу нас има прележано корона малку ти губат значење муабетиве.
Ако има секој втор тоа е 50%, значи секој трет е асимптоматичен - а тоа само по себе значи дека колективен имунитет имаме. Тоа се обидуваш да ми кажеш?
Се изгуби во преводот некако или?

Дополнително, дали сме на почеток или крај од пандемија правилата се исти, одржувај дистанца, миј раце, носи маска. Ти се придржуваш кон тоа? Доколку да, дали имаш прележано корона и каде ја фати? Доколку не, дали имаш прележано корона и каде ја фати?

А, кажи ми тоа ти што го правиш е океј? Дали конс вакцинација е океј?
Не ме сфаќај грешка, во ред е да искажеш мислење, ама ти повикуваш на масовна НЕВАКЦИНАЦИЈА кај народот. Тоа е многу полошо според мене.
Не си во право. Јас единственото масовно на кое повикувам и кое можеш да го прочиташ од СИТЕ мои постови на темата откако почнав да ви реплицирам е тоа ВИЕ останатите кои сте за вакцинација да не ги етикетирате тие кои не се како некапени, слезени од планина, неписмени, антиваксери, глупави и слично - а неколку лица токму тоа го правите.

И те молам, штом веќе извртуваме муабет дај цитирај ме каде тоа повикав на масовно НЕвакцинирање?
Лажењето е многу лошо според мене.
 
C

CoolIris

Гостин
Ако има секој втор тоа е 50%, значи секој трет е асимптоматичен - а тоа само по себе значи дека колективен имунитет имаме. Тоа се обидуваш да ми кажеш?
Се изгуби во преводот некако или?
Да. Секој втор ноември и декември беше со бронхопневмонија. Секој втор се тестираше. Процентот на луѓе кои ја прележаа коронава кај нас не е низок. Да не зборам па колку луѓе нетестирани пројдоа. Јас не сум епидемиолог, ниту статистичар, ама воопшто не е толку мал бројот (колку што го претставуваш) на наши сонародници кои го прележаа вирусов.

Тебе муабетиве за вработените во КАМ, Тинекс, Веро и таксистите ти се ко да живееш во пештера па не знаеш што се случува околу тебе.

Дополнително, дали сме на почеток или крај од пандемија правилата се исти, одржувај дистанца, миј раце, носи маска. Ти се придржуваш кон тоа? Доколку да, дали имаш прележано корона и каде ја фати? Доколку не, дали имаш прележано корона и каде ја фати?
Не знам што се обидуваш да ми кажеш. Секако дека треба да се почитуваат правилата, но ете и покрај тоа знам луѓе кои се заразиле со вирусот. Јас лично, не сум прележала корона (барем колку што знам).
Не си во право. Јас единственото масовно на кое повикувам и кое можеш да го прочиташ од СИТЕ мои постови на темата откако почнав да ви реплицирам е тоа ВИЕ останатите кои сте за вакцинација да не ги етикетирате тие кои не се како некапени, слезени од планина, неписмени, антиваксери, глупави и слично - а неколку лица токму тоа го правите.

И те молам, штом веќе извртуваме муабет дај цитирај ме каде тоа повикав на масовно НЕвакцинирање?
Лажењето е многу лошо според мене.
Кој тоа те етикетирал тебе? Кој ти рекол дека си некапен, дека си слезен од планина, дека си неписмен, глупав? Јас такво нешто немам забележано. Гледам, константно се повикуваш на некакви навреди, а никој ништо навредливо ти нема кажано. Од друга страна, ти користиш зборови од типот "вие начитаните", "вие паметните", "вие образованите".
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.418
Поени од реакции
9.084
Да. Секој втор ноември и декември беше со бронхопневмонија. Секој втор се тестираше. Процентот на луѓе кои ја прележаа коронава кај нас не е низок. Да не зборам па колку луѓе нетестирани пројдоа. Јас не сум епидемиолог, ниту статистичар, ама воопшто не е толку мал бројот (колку што го претставуваш) на наши сонародници кои го прележаа вирусов.

Тебе муабетиве за вработените во КАМ, Тинекс, Веро и таксистите ти се ко да живееш во пештера па не знаеш што се случува околу тебе.
Обратно е, ти изгледа живееш во пештера бидејќи ако сите сме го прележале или сме асипмтоматски случаи тогаш од што ќе се вакцинираме или заштитуваме?


Не знам што се обидуваш да ми кажеш. Секако дека треба да се почитуваат правилата, но ете и покрај тоа знам луѓе кои се заразиле со вирусот. Јас лично, не сум прележала корона (барем колку што знам).
Исто. Обратно е.
Ти доколку не си прележала тогаш се придржуваше кон мерките и покрај тоа што си медицинско лице и еве немаш Корона.
Значи логично е ако и понатаму се придржуваш кон мерките да не добиеш кога не си успеала да фатиш за година и кусур изложеност на истиот.


Кој тоа те етикетирал тебе? Кој ти рекол дека си некапен, дека си слезен од планина, дека си неписмен, глупав? Јас такво нешто немам забележано. Гледам, константно се повикуваш на некакви навреди, а никој ништо навредливо ти нема кажано. Од друга страна, ти користиш зборови од типот "вие начитаните", "вие паметните", "вие образованите".
Мене лично само Димитрије начитаниот.
А за другите можи да ми одземи време, но ако ти го скокотка стомакот можам да ти извадам цитати и да те тагирам во пост па да прочиташ.

Сега, кога погорното го расчистивме, дали ќе бидиш љубезна и фина па да ми одговориш КАДЕ повикувам на масовна НЕвакцинација и/или доколку не го правам тоа да ми се извиниш јавно бидејќи клеветиш неосновано и со лаги се служиш за да доловиш поента?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.732
Баба Ванѓа кажала дека ова ќе трае 5 години, не знам која вакцина очекуете да го прекине овој рок на пророчицата.
Каде кажала?
Она кажала разни работи и нејзе е најлесно да ја фалсификува некој, бидејќи она не запишувала, само зборела, а други фаќале прибелешки.
Затоа секакви работи денес по медиуми се појавуваат под нејзино име, а она никад не ги кажал. Најпопуларна е една листа измислена одамна од страна на руски жолт печат, која веќе две децении кружи по балканските медиуми. И на форумов едно петнаес пати ја имаат објавувано.
 
C

CoolIris

Гостин
Обратно е, ти изгледа живееш во пештера бидејќи ако сите сме го прележале или сме асипмтоматски случаи тогаш од што ќе се вакцинираме или заштитуваме?
Какво спинунвање на муабетите.
Почитуван Генерал, јас не викам дека сите сме го прележале вирусот, туку дека бројката на заразени во Македонија воопшто не толку наивна колку што ти ја прикажуваш. Од она што го гледаме последниве недели, гледаме дека бројот на позитивни е се помал, но тоа не значи дека го нема вирусот. За да бидеме сигурни и да ставиме конечно крај на пандемијата пожелно би било да се вакцинираме. Вакцините би го убрзале крајот на пандемијата. Секако, ако ти или Петко или Трајко, не сакате да се вакцинирате, никој не може со сила да ве натера на тоа.

Исто. Обратно е.
Ти доколку не си прележала тогаш се придржуваше кон мерките и покрај тоа што си медицинско лице и еве немаш Корона.
Значи логично е ако и понатаму се придржуваш кон мерките да не добиеш кога не си успеала да фатиш за година и кусур изложеност на истиот.
Па еве јас ти кажувам дека познавам многу луѓе кои и покрај почитувањето на мерките пак се заразиле со вирусот. Е сега, тука не негирам дека можеби има и друга позадина. Од типот, носам маски, се придржувам на правила, ама на работа заедно пијам кафе со колегите. Не би знаела!
Во секој случај треба да се придржуваме кон правилата.
Мене лично само Димитрије начитаниот.
А за другите можи да ми одземи време, но ако ти го скокотка стомакот можам да ти извадам цитати и да те тагирам во пост па да прочиташ.
Немој да се вознимируваш! Инаку, не знам дали знаеш ама можеш да пријавуваш мислења со навредлива содржина на форумов.
Сега, кога погорното го расчистивме, дали ќе бидиш љубезна и фина па да ми одговориш КАДЕ повикувам на масовна НЕвакцинација и/или доколку не го правам тоа да ми се извиниш јавно бидејќи клеветиш неосновано и со лаги се служиш за да доловиш поента?
Почитуван господине Генерал, немам ја тебе што да ти се извинувам. Всушност, ти си тој кој што треба мене да ми се извини. Ничим изазван, во неколку пати се повикуваш на мене и на моите ставови во врска со вакцинацијата. Многу работи си изнакажал за многу членови на темава овие неколку денови. Буквално ти си тој што не делиш на наши и ваши, вакцери и антивакцери (патем не знам зошто антивакцери ви е навредливо, логично е така да се нарекуваат тие што се против вакцинација).

Ти бараш почитување на твоето мислење, а не им даваш на луѓето да искажат свое мислење. Ги нарекуваш глупи, исфрустрирани, пички, вакви, такви. Извини, ама за чоек со толку висок воен чин (макар и да е само форумски ник - уствари веројатно е, со оглед на годините кои ти се пишани) начинот на кој што се изразуваш и однесуваш е многу невкусен.

Еве што изјави ти:
Мене ми смета што се брани воопшто вакцинацијата или ете било што друго нека е поврзано со здравје, а истото не е доволно медицински и емпириски истражено за така ревносно да му дадеме поддршка и да бидеме сигурни дека „тоа е лекот“.
Времето ќе покаже дека нема исправна одлука, како што напишав погоре во еден пост, а нема исправна одлука бидејќи ќе има несакани последици и од вакцинација и од невакцинирање.
Како си толку сигурен и изјавуваш вакво нешто кога истото не е доволно медицински и емпириски истражено за така ревносно да бидеме сигурни дека тоа не е лекот?!
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.418
Поени од реакции
9.084
Еве што изјави ти:

Како си толку сигурен и изјавуваш вакво нешто кога истото не е доволно медицински и емпириски истражено за така ревносно да бидеме сигурни дека тоа не е лекот?!
КАДЕ тоа повикувам на масовна невакцинација? Не ми цитирај муабети каде зборам за нешто десетто?
Во цитатот убаво е напишано дека ако се вакцинираш можеш да наебиш, истото може да се случи доколку НЕ се вакцинираш.

Ме обвини дека повикувам на масовна невакцинација, бујрум цитирај КАДЕ?
Ако ова од погоре е најдоброто што можеш тогаш смешно е.

Во меѓувреме...

На 12 години ми ставија вакцина која не се сеќавам што вакцина беше. неколку месеци после тоа почнав да имам чудни симптоми, кои подоцна беа дијагностицирани ко кронова болест. Никој во фамилија нема, и тоа неколку колена назад. Немав ама абсолутно баш никакви предиспозиции за да имам, дете од село, се здраво и право јадено и пиено. Никогаш не се оправив од денот кога ја примив.

Инаку сите вакцини ми се примени, но само од таа вакцина која ја примив на 12 годишна возраст имав лоши физички ефекти, кои кулминираа со дијагнозата.
@CoolIris
Зошто не му одговори на човекот туку само тажен емотикон му остави на коментарот?
Те цитирал, те прашал, си водела претходно дискусија ама и таму како и тука во недостаток на аргументи МУКЛА.

Не ти оди во прилог, нели? ЕВЕ ти ЕДЕН пример од директна штета од вакцина (било каква вакцина). Штом има штета од некоја која подолго време ја испитувале и ја ставил, дали ти можеш да гарантираш (како некој кој се залага за вакцинација и како лице со медицински факултет и колку толку пракса позади себе) дека од вакцина која е донесена после само 6 месеци нема да има никакви несакани ефекти? Не можеш нели? Или ќе одиме против здравиот разум само да сме во право на форум - па кој прочита и наеби, негово си е.

Доколку можеш да го гарантираш тоа, зошто тогаш се појавија такви несакани ефекти во Калифорнија (имам погоре постирано линк) и зошто се појавија во Бразил од кинеската (прашај го тенеке за случајот)?

Во однос на навредите:

...Ќе идев до крај макар и у планина да живеам, а не да плачам зашто ме уценуваат со вакцина.

...Брзо ќе сватите колку сте биле глупи со муабетите за страшните нусефекти и кој пат бил ,,правилниот''.

.... Ама муабетиве што ги ширите се уби боже. Немало емпириски докази... дека сигурно си се утепал од научни студии читање ти претходно.
Еве го цитирав Димитрие како вреѓа за живеење во планина, плачење, кој бил глуп а кој не бил, кој бил начитан и слично, отктако претходно во пртходен пост ни кажа дека никој не не прашува ништо и ќе не вакцинирале сите како пилци. Хитлер и фашизам мора да му се познати поими на дечкото.
Нема што да му пријавувам постови, негов е резилот. Мене не ми е стил да плачам кај админи, а ако некој цени дека тоа што го пишел е паметно тогаш нека стои.
Еве ти си несуден модератор на тема форум здравје, прифати па се откажа... според тебе ова неговото е во ред и ќе си остани да стои, а сигурен сум би ги банирала сите кои не размислуваат како тебе во однос на вакцинација.

А истиот тој Димитрие само пред некое време еве што пишал на темата во однос на вакцинација:

Двајцата луѓе што ги знам што највеќе се пазат не планираат да се вакцинираат по никоја цена. Од една страна не знам како планирааат оваа да заврши ако не се заразат или вакцинираат :D, од друга страна дали светскиве влади и лекарската фела има било каков кредбилитет после кризава? Или па фармецевските корпорации, зарем некој би помислил дека ќе одговараат ако извадат лош продукт на пазарот?
Ем не им верува на светските влади, фармако компаниите и се сомнева во лошиот квалитет од нивните продукти, ем ќе оди да се вакцинира и повикува на масовно вакцинирање за да се стави крај на лудилото.

Па да прашам, кое лудило?

Па вакво салто мортале во ставови на форумот одамна немало.

Разбирам јас и анксиозност и депресија и разно разни психички заболувања кои се јавија како последица на затворањето дома, али од најголем противник на рестриктивните мерки да излезиш со став дека ЕДИНСТВЕНИОТ излез за да мрдниме од дома ни е вакцинација ете не знам. Треба ваљда да се позанимаваме со други (психички) состојби кај народецот како последица на короната.
И тие се здравствени, сепак. ;)

Чувај се мила докторке и помалку нервози. Нервозата води кон ослабување на имунитетот, а слаб имунитет кон зголемени шанси за заразување со корона.
Заборавив, ти ќе се вакцинираш.
Тогаш немаш гајле, нервирај се слободно.
А можеш во меѓувреме да пласираш уште неколку невиситни околу тоа дека повикувам на масовна НЕвакцинација и дека немаш забележано како тоа некој се служи со навреди.

Искрено, не ти замерувам. Брзо се лутиш.
Сите си имаме по некоја маана. :)
 
C

CoolIris

Гостин
Се си е аргументирано и склопено во неколку долги постови. Треба само да читаш и да имаш барем основни познавања од биологија за да го сфатиш значењето на постот.

Поздрав и секое добро!
И помалку ароганција, дрскост, безобразлук. Повеќе приземност и позитивни вибрации.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.418
Поени од реакции
9.084
Во немање на аргументи при лажење ќе се повикуваме на позитивни вибрации.
Може, нема проблем. Ве сакаме и такви.

Позз несудена модераторке, тоа што не цитираш каде повикувам на масовно невакцинирање и тоа што не одговараш и на други членови (во однос на вакцинација) кога немаш аргументи ќе го препишеме на карактерна особина, а не на зол човек или слично. Едноставно таква си, се лутиш брзо и нека ти е. :)

Исто, секое добро.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.732
Автоматски споено мислење:

Почнаа по про-владините медиуми да зборат за позитивните страни на кинеската вакцина. Какво мењање плоча за кратко време...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom