Мене ме иритира што никаде никој не потенцира кое време од денот се зимаат, кои можат да се комбинираат, кои се препорачливи дози
Витамините се микронутритиенти кои ни се доволни во мали количини, но се особено важни. Прво, најважно е да се внесуваат преку храната, но ако храната која ја внесуваме е сиромашна со истите, тогаш треба да се суплементира.
Инаку, витамините грубо може да се поделат на липосолубилни (растворливи во масти) - Д, Е, К и А и хидросолубилни (растворливи во вода) - витамин Ц и сите витамини од Б комплексот.
Значи овие кои се растворливи во масти бараат присуство на масти во храната, поради тоа најдобро е да се земаат врзани со оброкот, за да се подобри апсорпцијата и да се овозможи подобро нивно искористување . Додека хидросолубилните може да ги пиете во текот на денот кога сакате (пред или после оброк).