Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.026
Поени од реакции
12.700
Ја викам дека беше најдобра од сите, без никакви мерки, а резултатите се како и сите останати (дури и многу подобри од Северџистан).

Баш ги гледам новите мерки, се препорачува носење маски (значи не е задолжитено), во кафаните да се седело до максимум 4 души, да не се продавало аклохол по 20 часот и каде можело работата да се одвива онлине, спотрски сали, базени и сл. да затворат еден месец.

Мило ми е што една земја издржа скоро цела година и што имаме примерок за анализа, што би било кога не би имало мерки, и овие мерки не се којзнае што ама ќе се вели дека има нешто.

Оваа е со 3-ти декември, умрени по денови, има нешто резултати повеќе ама ми изгледаат нецелосни па ќе дадат лажни бројки.
Би рекле дека е 4000 над просекот, иако таа 2019г ептен го руши истиот, има и 2400 во 2020г од непознати денови, ама и 2600 во 2019г, 2500 во 2018г, 2200 во 2017г... нека се заврши годината па ќе ги додадеме и тие (во месечните се вкалкулирани).

Во овој график се прикажани по возрасна група во 2019 и 2020г, за жал како што кажав 2019 е доста потпросечна па има огромна разлика, ама отприлика можете да видете дека смртноста е зголемена кај возрасната популација.
На овој график е по месеци (со оние што незнаеле кој денови се умрени, ама го знаат месецот), 2020г е првото, а просекот е второто (ме мрзеше да ги менувам местата)

Од овде како што гледате по априлскиот бран состојбата беше супер, па дури и имаше изјави како се било ОК, а сега за само 700 души повеќе од просекот и одма ќе воведуваат смешни мерки,
оваа со мерките е изгледа поради простата раја која ја плашат медиумите и поради тој притисок морале да изгледа како да прават нешто.

И уште една многу интересна работа која се докажа, дека барем пола од тие што се регистрирани дека умреле од корона , короната не е причина, и кај нас и во Шведска и веројатно било каде, бројот на умрени е за околу пола поголем од просекот умрени претходните години, другата половина можеме да ја поделиме оти постојат над просечни години, па останува дека околу четвртина со сигурност можеме да ги препишеме на короната, а дали таа бројка е голема за да цел свет пага во транс проценете вие (според мене не).
Како некој што ја искуси од прва рака тврдам дека не е најдобра. Факт е дека и нив ги фаќа паника и вчера на пресот објавија дека ќе издадат препорака да се носат маски во јавен превоз. Минатата недела дадоа препорака да не се патува со кола и да не се оди на скијање за да се намалат шансите за било какви несреќи и медицински интервенции бидејќи веќе немаат ресурси. Иако сеуште стои официјалната препорака на Тегнел против маски, во последниве две недели се повеќе и повеќе гледам луѓе кои носат маска. Секако од друга страна имаш луѓе кои сеуште одат на аеробик рецимо во група со уште 30 души.

Зошто мислам дека шведскиот модел не е успешен? Бидејќи медиционскиот систем им е толку преоптоварен ( не дека и пред коронава не беше ) али тие упорно го туркаат до максимум. Од она што читав по форумов алгоритамот во Мк излеа некако вака:

Си фатил корона, одма трк до матичниот да те прегледа.
На 3ти ден од позитивен тест оди на ренген, на 5ти крвна слика.
Секој ден комуницирај со матичен, шо терапија да земаш.
После завршување на карантинот уште една крвна слика и уште еден ренген.

Тука ти стига позитивен тест и другарче снајди се сам. Терапија сам си одредуваш, состојба си пратиш сам. Не велам дека за секое кивање треба консултација со доктор, но ова што се случува тука моментално е хаос. Тука не само шо немаш испитувања, до доктор може да стигнеш само со тешки симптоми. Шо секако психички многу мава, со оглед на тоа на колку луѓе нагло им се влошува состојбата.

Економски, мислам дека Шведска ги имаше истите последици како и соседите кои тотално се затворија.

Да не зборам дека мерките им се константно збунувачки. Се е на база на препорака, која не е легално обврзувачка но сепак има последици? Еве и мерката за носење маски во јавен превоз нема да биде обврзувачка туку опционална.
Наративот тука од старт им беше скроз погрешен. Кога останатите земји се затвораа и воведуваа полициски час, Шведска се понашаше ко короната да е вирусче, нешо шо ќе помине до август. Кога сите седеа дома за викенди тука уште се журкаа по клубови. И нормално кога наративот е таков, и граѓаните се понашаа така, зошо не би се понашале кога Владата константно дава препораки а не забрани? Одиш во трговски полно, одиш во ресторан полно, пабови полни, си викаш јас глуп сум шо седам дома? Па реално од сите луѓе што ги знам, Швеѓаните беа тие кои најмалку ги следеа препораките и сеуште се тие кои одбиваат да носат маски. Најголем дел од колегите кои сеуште одат во канцеларија се Швеѓани. На Стуреплан во Стокхолм, центарот на елитата до пред 1 месец сеуште се организираа масовни журки. Е сеа дојде јајцето на газот, немаме ресурси, се зголемува бројката, граѓаните биле криви што не почитувале препораки. Граѓаните закони не почитуваат ти бараш препорака некој да ти следи.
 
C

CoolIris

Гостин
Младите се починати од тоа колку што е организиран системот. Еве веќе една година помина, еден пациент под 50 години немам видено да почине од корона. Нешто смрди во таа чусесна земја.
Не ми беше тоа поентата. Годините немаат значење кога е некој близок во прашање. Освен што те потсетуваат на минливоста на животот. Времето е тоа што не стопира и ни ги расипува сите планови.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.876
Поени од реакции
1.633
Како мислиш напушти болница?Ако имаш позитивен тест тогаш решение за изолација имаш само што не си го добил ти на вибер.Така да консултирај се со матичниот прво за здравјето после за административните процедури.
Да не се повторувам пред две недели се тестирав по прегледот бев до вчера на клиника сега сум на домашно лекување. Досега ниту ми се јавија ниту пак ми пристигна решение за самоизолација. Утре се навршуваат 15 дена од тестот ,а од симптомите 19 дена. Ме интересира до кога треба да сум дома и дали да се пријавам сам негде?
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Да не се повторувам пред две недели се тестирав по прегледот бев до вчера на клиника сега сум на домашно лекување. Досега ниту ми се јавија ниту пак ми пристигна решение за самоизолација. Утре се навршуваат 15 дена од тестот ,а од симптомите 19 дена. Ме интересира до кога треба да сум дома и дали да се пријавам сам негде?
20 дена од земање на брисот
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.570
Поени од реакции
2.789
Да не се повторувам пред две недели се тестирав по прегледот бев до вчера на клиника сега сум на домашно лекување. Досега ниту ми се јавија ниту пак ми пристигна решение за самоизолација. Утре се навршуваат 15 дена од тестот ,а од симптомите 19 дена. Ме интересира до кога треба да сум дома и дали да се пријавам сам негде?
Вообичаено за позитивен со симптоми се дава 20дена изолација али со оглед дека си бил во болница 2 недели и гарант си имал потешки симптоми без консултација со матичен лекар не би правел ништо.Може да ти продолжат и после 20дена ако сеуште не си добар али тоа иде преку лекарска комисија мислам.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Ни срам ни перде по фезбуци слики уште зеле редат.
Јас главата в торба си ја редам со хартивче на уста за некој да може да ужива. Денес мајка ми има роденден не смеам да ја видам, за да не ја заразам постара жена е, само уште мене ме има на светов, треба да чекам резултат од брис пошо еден таму излажал на врата дека е здрав. Нормално со позитивен брис. Секоја недела ради по некој ваков в нос ме силуваат, мислиш Мандинго ми го пика в нос е.ате беља.
Срам и арам да им е на сите што не почитуваат основни мерки. Нека ми прости Горниот што на денов не е ред да пцујам ама ова не е ред што го прават неранимајковци апаши. Ради такви што си играат курташак и мислат промаја било имаме епидемија.
Толку од мене во изолација, се надевам нема да е сташно. Мада сигурен сум дека ме нафати. Досега минатите пати успевав да се спасам ама овај пат не, доста близок и долг контакт беше. Само симптоми можам да чекам.

ЈА ви се извињавам на софрава за речников ама и јас сум човек морам некаде да се издувам више ова не се издржува. Не можат ни малку некои да се стрпат па еве ја пред врата вакцината уште некој месец барем да почекаа со слави и глупости. Зеле уште ставаат слики на фејзбуци од слави и не знам што, додека некои со глават в торба си го ризикуваме животот. Срам и арам да им е. Мада немаат ни срам ни образ таквите.

Барем на нас што се трудиме и ризикуваме глава да не ни се смееја во фаца со слики по фејзбуци барем. Ништо повеќе не барам. Да не ми се смеат во фаца со слики од слави по фејзбуци. Не се опишува дрскоста, подбивањето и крималот што го прават таквите. Мислам ни дека не се свесни за тоа ни самите. Страшна работа.

Знам не сум единствен со главата в торба и многу други се, и на форумов ги има и поклон до земја до сите нив. Многу од нив и повече од мене ризикуваат и секоја им чест. Ама зборови не се доволно. Треба и дела. Ако имате пријател што ве кани по слави и става слики од слави по фезбуци ко Господ ве молам не штедетезборови. Распалете со зборови и аргументи да осети што е срам и да знае како треба да се однесува во време на пандемија!
Оти некој друг ради него осеќа вистинска физичка болка.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Правилно....
Ќе ја направат задолжителна ако сакаш да посетиш Х земји, како едно време што беше за Бразил и зика вирусот и ќе видиш како од сите бунтовници до ред за вакцина нема да можеш да дојдеш.

Уживај си тетка Паце од Прилеп или од кај и да беше дека ќе седи дома уште едно лето наместо да здува во Калитеа уште во јуни итн.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.863
Поени од реакции
5.737
Правилно....
член на етички совет препорачува да се остават да умрат луѓето кој што нема да се вакцинираат, иако станува збор за доброволно вакцинирање !?!? wtf!?!? член на етички совет!??! ова може ќе му помине во некоја друга земја, ама во Германија тешко... очекувам дека во теков на нареднава недела ќе почне да ретерира од ставовите, па ќе се правда дека тоа е приватен односно личен став, а не како член на етички совет.. ама гарант ќе си поднесе отставка или ќе биде заменет...

Sent from my SM-G980F using Tapatalk
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.402
Поени од реакции
18.558
Башка што истиот човек одвојувал голем дел од платата за тоа здравство сега да го згрижи. Мислам океј е, и ја би сакал да се вакцинираат повеќето ама без трескање од земја. Вакви изјави и глупи форсирања за задолжителна вакцина само им ствараат одбивност на луѓето.
Може треба да го побараат проблемот на друго место, пример зашто народот има толкава недоверба во институциите што попрво би верувал дека бил гејтс ќе ги чипира него на фармацевските корпорации.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.657
Поени од реакции
796
Да не се повторувам пред две недели се тестирав по прегледот бев до вчера на клиника сега сум на домашно лекување. Досега ниту ми се јавија ниту пак ми пристигна решение за самоизолација. Утре се навршуваат 15 дена од тестот ,а од симптомите 19 дена. Ме интересира до кога треба да сум дома и дали да се пријавам сам негде?
Треба да се обратиш кај својот матичен лекар бидејки тој сега ти ја следи состојбата и ќе ти каже дали се уште со во изолација или си слободен човек.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Правилно....
Неправилно.

Ги разбирам сите фрустрации, ама за овој здравствен систем плаќам и во одреден момент, ако ми треба услуга, очекувам истата да ја добијам.

Дали ако се разболам од сезонски грип, а притоа не сум вакциниран, ќе треба да ме остават на цедило? o_O

Нема некоја недоверба во вакцината, едноставно само значително мал дел од населението спаѓа во таа ризична категорија и тоа би требало да се вакцинира. Другите треба да бидеме оставени на мира затоа што доволно беше цела година малтретирање.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.275
Поени од реакции
9.057
Ќе ја направат задолжителна ако сакаш да посетиш Х земји, како едно време што беше за Бразил и зика вирусот и ќе видиш како од сите бунтовници до ред за вакцина нема да можеш да дојдеш.

Уживај си тетка Паце од Прилеп или од кај и да беше дека ќе седи дома уште едно лето наместо да здува во Калитеа уште во јуни итн.
Вакцината е веќе понудена и тоа на доброволна основа. А тоа напишаното е само што некој паметњакович нешто кажал како предлог. Меѓутоа не можат без согласност на пациентот да го лишат од неговото право на лекување. Правна држава е тоа, нема ништо заедничко со чудесна земја.
 
C

CoolIris

Гостин
Дали ако се разболам од сезонски грип, а притоа не сум вакциниран, ќе треба да ме остават на цедило?
Епа таква ќе биде де, како вакцината за сезонски грип (приоритет ќе биде за вулнерабилните категории, ама нема да биде задолжителна). Со тоа што ако сакаш да патуваш ќе има земји кои не би те примиле без сертификат за извршена вакцинација. Нешто слично како Бразил и зика вирусот.

А за задолжителните вакцини треба да биде така. Задолжителната вакцинација обезбедува не само лична туку и колективна заштита од некоја болест. На тој начин се заштитуваат сите вулнерабилни категории кои не може да бидат вакцинирани (доенчиња 6-12 месеци, дечиња со намален имумитет, малигноми итн). Зошто ги оставате на цедило?!

Нема некоја недоверба во вакцината, едноставно само значително мал дел од населението спаѓа во таа ризична категорија и тоа би требало да се вакцинира.
Човек што има комплетна недоверба во сè, треба сериозно да се замисли.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom