Корици на книги

Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614

„Петербург“ - Андреј Бели Шарени, дури кичерајски куполи, маж што личи на болјар, маж со морничаво – застрашувачки израз на лице каков што неретко се сретнува во руските романи, жена со споени дланки како да се моли и ладното, ниско небо над претстолнината на царството во залез - Петербург.


„Преобразба“ - Франц Кафка Едноставна, убава корица. Цитатот „Книгата мора да биде секира за замрзнатото море во нас. Тоа е она во што јас верувам“ е полн погодок.



„1Q84“ - Харуки Мураками Посебно ми се допаѓа белата позадина. Минимализам на дело. Според мене, една од најубаво дизајнираните корици на издавачката куќа Три.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Досега не сум купил книга поради корицата, пред да купам книга или претходната прочитана ме води до следната или читам рецензии, или препорака од некого чие мислење ценам. Меѓутоа, сум купил книга само поради насловот, без претходно какво било знаење за книгата. Ја купив Патагонија од Душан Митана, словачки автор, изданието беше на Блесок од саемот на книгата. Мислев дека дејството во романот се случува во Патагонија или дека е патопис, мислев дека ќе има екстензивни описи на предлот... (ја прашав и таа што продаваше, ме излажа, „Да, да, дечко тоа е, земај одма...“) Но, се работеше „психолошко-егзистенцијална“ новела во времето на социјалистичката Чехословачка со премногу досадни и непторебни сцени, описи и информации... Се разочарав веднаш. Оттогаш не се сеќавам дека имам купено книга на „слепо“.

Од книгите што ги имам ми се допаѓаат Шест ликови бараат автор Л.Пирандело, Поетика на митот Е.М.Мелетински, Тунел Е.Сабато, Петербург А.Бели (погоре спомната). Потоа, илустрациите на Шепард Фери на 1984, Животинска фарма & На дното и отфрлен во Париз и Лондон (ги има во Икона). Ми се допаѓаат стрип илустрациите на книгите на Бегемот, Три имаат интересни корици итн.

321_19_35_11__2__4_2012tunel.jpg
rsz_likovi.jpg
868_28_35_11__2__4_2012poetika-na-mitot.jpg
mkd-234706.jpg
(последнава ја немам, ама ми се допаѓа сликата)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom