Корисни/едукативни Youtube канали

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.088
Поени од реакции
13.105
Идејата на темата е да се споделат корисни/едукативни јутуб канали од гранка која ажурно ја следите, со цел ако некој потоа го интересира истата тематика да може да си најде корисни видеа и мислења од интерес.

Покрај тоа што ќе споделите канал или повеќе канали од одредена област, би било убаво и во една реченица да напишете за што поточно е каналот, и во што се разликува од другите од таа бранша.

Целта на темава не е да си ги рекламирате своите јутуб видеа, ниту пак да споделуваме влогови и како луѓе се маваат со јајца, туку да споделиме канали на кои би се нашле корисни видеа или пак видеа кои можат да не едуцираат за некоја тематика која не интересира.

Вака нешто би требало да изгледа целата работа:

Криминолошки Youtube канали околу мистериозни убиства, исчезнувања

1. Criminally Listed - канал на кој можете да најдете видеа за документирани мистерични исчезнувања и убиства кои се случиле најчесто на териториите на Америка, но и има голем број глобални мистерии. Особено интересни се решените случаеви, како овие Bizarre Twists

добра страна:
+ детални видеа со кои нараторот се погрижува сликата комплетно да биде доловена
+ на овој канал нема мистерии од типот "марсовец на слика" сите се документирани случаи
често и од базата на fbi земени
+ за разлика од многу други канали, човекот тука сам копа, не копира од други јутуб канали и само менува содржина

лоши страни:
- реклами во некои видеа
- должината на видеата
- гласот е страшно монотон

2. Vintage Files - со овој канал и се навлеков уствари на ова. Нараторот е малку повеќе интересен од Criminally Listed , има случаи кои се детално опфатени, но има и такви за кои не е пружено голем број детали.

добра страна:
+ директно оди на темата, без интро
+ насловот секогаш одговара на тематиката што се обработува во видеото
+ исто сам работи, опфаќа случаи што не се претходно опфатени од никој

лоши страни:
- малку видеа

3. Scary Mysteries - квалитетен канал, кој опфаќа секакви видови мистерии, вклучувајќи и вонземјанци и чудни слики, поради кој и го рангирам некаде под првиве два.

добра страна:
+ постојано нови видеа, супер ажуриран
+ опфаќа секакви мистерии ако некој е љубител на мистерии има за секој по нешто

лоша страна:
- некогаш забегува со теории за вонземјанци итн

4. Top5s и Top 5 Unknows - тука веќе може да најдете се и сешто, од видеа за луѓе што живеат како племиња, до секакви мистерии и хорор приказни. Има секако и многу крими материјал интересен

добра страна:
+ шареноликост

лоша страна:
- најмалку детали во видеата од сите канали погоре

Имам уште многу, но да не претерувам, доколку некој го интересираат, со задоволство би му пратил канали, како и видеа најинтересни според мене од тие канали. Има и случаи и во наша близина, пример случај на германец исчезнат во Варна што уште не е пронајден, една од најголемите мистерии се води. Така да, радо би ве снабдил со материјали "за пред спиење" ако сте љубител на вакви работи.

Бодибилдинг и фитнес Youtube канали

1. Athlean - X - речиси и да нема некој што се занимавал со вежбање дома, на улица или во теретана, а не го знае каналот. Нема што нема да најдете тука, од корисни вежби, до корисни совети како да ги правите/да не ги правите истите вежби, до анализирање на анатомијата на телото, па се до суплементи и исхрана. Буквално се што би можело да се запрашате

добра страна:
+ опфаќа се
+ постојано ажурира нови видеа
+ видеата воопшто не се во ниеден момент досадни

лоша страна: нема

2. ScottHermanFitness - канал кој исто така многу го почитувам, предобар материјал му се видеата каде што директно споредува една вежба против друга и кажува кои се бенефити од едната, а кои од другата и советува која е подобро да ја избереме. Исто така се околу фитнес и бодибилдинг. Добра и лоша страна би било остото како Athlean - X

добра страна:
+ опфаќа се
+ постојано ажурира нови видеа
+ видеата воопшто не се во ниеден момент досадни

лоша страна: нема

Има уште многу други, но овие ми се најкул и најинтересни дечки, па затоа и не ги следам многу другиве, освен ако не налетам на нивно видео барајќи нешто конкретно.

Учење шпански јазик

За оваа намена не користев многу youtube канали, но затоа би издвоил еден што го следев доста.

1. The Spanish Dude - го следев бидејќи во неговите видеа споредува два различни збора со исто значење, и во каква ситуација се користи едниот, а во каква другиот. Пример "beber" vs "tomar", иначе значат "пие(drink)" на македонски

Добра страна:
+ дава примери со конкретни реченици и ги опфаќа сите варијации на шпански, вклучувајќи латино америка, европски шпански, островски итн.
+ мајчин јазик му е англискиот, така да разбирливи се видеата, собира информации од пријатели и од интеренет за конкретна употреба на шпанските зборови
+ пратете ги и коментарите и од таму доста примери кои се надоврузваат на видеото може да најдете.

Лоша страна:
- мајчин јазик му е англискиот, па може е подобро кога директно од шпанец би учел, па и да се мачиш со англискиот акцент на видеата


Чувстувајте се слободно да додадете едукативни јутуб канали кои вие ги следите за вашата тема на интерес, или пак да се надоврзите со некој канал на моите посочени тематики.







 
Член од
10 јуни 2016
Мислења
134
Поени од реакции
72
ScottHermanFitness има ископирано неколку видеа од Athlean X, некој што ги има пратено каналите подолго време може има приметено, со оглед на тоа што работите кои ги кажува Jeff се поткрепени со знаење и се unique, имам приметено дека некој од советите на Jeff се ископирани од страна на Scott само ги објаснил на некој друг начин.
 
Член од
29 септември 2017
Мислења
178
Поени од реакции
102
The king of random - прилично забавни содржини, несекојдневни експерименти и тестови, некои се интересни, некои се поучни.

Veritasium - опфаќа широк спектар на теми, генерално физика, филозофија, медицина

Vsauce - малку повеќе филозофија

Minute Physics - насловот кажува се - физика

SmarterEveryDay - рандом истражувања и тестови

SciShow - работи поврзани со наука од многу области

CrashCourse - за тие што се заинтересирани за рандом теми; содржи доста сликовити објаснувања на појави

Numberphile - за љубителите на математиката

AsapSCIENCE - хемија, биологија, општи теми
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.656
Поени од реакции
4.144
ChrisFix - момчево има сопствена гаража каде што сам си ја поправа колата. Има снимено доста видеа, секој може да научи како да ја поправи својата кола ( да смени дел, репарира итн.. )
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.703
Поени од реакции
1.610
https://www.youtube.com/user/misterwootube/videos
Eddie Woo - дечкото го имам пратено од поодамна, многу едукативни видеа од областа на Математиката, голема помош за секој студент. Предност е што тој е вистински професор и камерата му е поставена помеѓу студентите, така да добивата перспектива како да се вистински на неговото предавање.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.825
Поени од реакции
18.506
https://www.youtube.com/channel/UC8butISFwT-Wl7EV0hUK0BQ
https://www.youtube.com/channel/UCSJbGtTlrDami-tDGPUV9-w
код (особено јаваскрипт)

https://www.youtube.com/channel/UCbmBY_XYZqCa2G0XmFA7ZWg
вордпрес

https://www.youtube.com/channel/UCtuvpPNTY1lKAoaVzBrzcLg
математика

https://www.youtube.com/channel/UCp68_FLety0O-n9QU6phsgw
ликов е најбоље, ако ве интересираат разни иновации ко на пример како да направиш hoverbike со електромотори

https://www.youtube.com/channel/UCn8V3KNSgDr1Dai77_y8JrQ
https://www.youtube.com/channel/UC--70ql_IxJmhmqXqrkJrWQ
https://www.youtube.com/channel/UCpdCpPEScuSnF6r6P0hw3-Q
експериментирање со психоделици

https://www.youtube.com/user/ActualizedOrg/videos
психологија, филозофија на живеењето...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
За тепање време - тотално бескорисно, ама за многу луѓе интересно - јапонски канал каде се реставрираат или произведуваат ножеви на многу педантен начин со алати што луѓе од тој калибар ги сонуваат. Интересен и изборот на материјалите: дрво, карбон-фибер, желе, мраз, смола, ориз...

https://www.youtube.com/channel/UCg3qsVzHeUt5_cPpcRtoaJQ
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.088
Поени од реакции
13.105
Andy Hoops - за сите љубители на НБА лигата, видеа кои опфаќаат интересни моменти, ситуации кои се случувале низ историјата во лигата. Конфликти, промашени трејдови, потценети/преценети играчи, најчудни потези итн... Добро е што во просек видеата се неповеќе од десетина минути, доволно за да се заситите со интересни информации, а секако не многу долго за да не ви се здосади.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.225
Поени од реакции
7.745
Јас доста пратам српски јутјуб канали па ќе предложам неколку Јутјуб канали што мислам дека се корисни

Vesic - Дечкото е од Србија и се занимава со електроника. Јас иако везе си немам од електроника сепак ми е интересен за гледање.

AXE - Исто српски канал наменет за компјутери, тестирање компјутерски компоненти, кoмпјутерска периферија, фотошоп и многу друго. Екипата што го имаат направено сето ова имаат дури и свој проект составено цел компјутер нивни дизајн под името AXE R. Покрај Јутјуб каналот имаат и веб портал, форум, јутјуб гејминг канал.

Gledaj Ovo - Јутјуб канал кој има доста интересни занимливости и едукативни видеа како што се Колку мегапиксели има нашето Око, Што би се случило доколку го снема сонцето, серијал видеа Топ 10 и многу други.

BALKAN INFO - Независна српска продукција која прави интервјуа со балкански, најчесто српски политичари, музичари и други познати луѓе во Србија на социјални и политички теми. Има и интервју со Миленко Неделковски.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.477
Поени од реакции
40.367
Јутубов ми стана тотално срање у задње време, не знам дали е до мене но порано ми искачаа видеа што сакам да ги гледам и увек имаше нешто сеа само срања или видеа што сум ги гледал порано, не знам дали го заебаа алгоритмот али не чини нешто:busi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom