Копаничарството во Македонија во антиката
За да ги пронајдеме корените на древното
македонско копаничарство мора да се послужиме со
археолошките пронајдоци на нашата етничка територија и во светот. Досега пронајдените факти, презентирани во
музеите,
литературата и во медиумите зборуваат за темата што ја интересира јавноста, особено копаничарите. Со сигурност може да тврдиме дека не постои опипливо, зачувано копаничарско дело од античко време, поради краткиот век на животот на
дрвото.
Археолошките пронајдоци зборуваат за големото
културно-
историско богатство и за низа предмети и детали изработени од
камен,
мермер,
керамика,
метал и др.
Дрвото, кое сигурно било застапено, се распаднало, не може да посведочи за неговата
уметничка и
историска вредност.
Пронајдената кралска гробница во
Кутлеш зборува за високото
културно и
историско богатство со врвни
уметнички елементи. Тоа е претставено на ковчегот со 16-зрачното сонце, декоративна плитка пластика во огледален одраз со богати
орнаменти, ногарки што завршуваат со лавовски шепи, пронајдени се
златни желади и
дабови лисја во вистинска големина. Ако се споредат античките пронајдоци во Кутлеш со сегашните резбани дела и со иконостасите во црквите и
манастирите, се забележува видна сличност, блискост и истородност.
Желадите и
дабовите лисја во
злато и желадите и дабовите лисја на
иконостасите во
дрво слободно може да речеме дека се исти и подеднакво употребувани и застапени во
уметноста во етничките граници на
Македонија.
Лавовските шепи од ковчегот и денеска се резбаат како декор на
мебел.
Флората и
фауната во античко време, врежана во
мозаиците,
мермерите,
монетите,
керамиката, и растителниот и животинскиот свет што денеска е најчест мотив на
иконостасите. Најзастапени елементи во копаничарската
уметност, во античкиот и во сегашниот период, се:
риба,
елен, ламја-андрогин (дракон),
сатир,
кентавр,
грифон,
лав,
орел,
паун,
змија, лисје, цветови и плодови од
смокви,
лоза,
афион,
даб и други. Во античко време, на влезовите во кралските палати и престоли се поставувале по два лава-чувари во
скулптура. Таа традиција продолжила низ вековите, а денеска во старите и во новите
цркви и манастири се ставаат како задолжителни копаничарски елементи покрај владичките престоли (
тронови).
Сатирот,
грифонот,
кентаврот и други
митолошки суштества во
иконостасите се често практикувани елементи и ги има насекаде во различни модификации изрезбани во
дрво. Тоа е уште еден знак за античките корени на копаничарството во
Македонија. Ликот на
ламјата е добро познат во
уметноста на многу древни народи и во
средниот век во
Европа. И порано и денес ламјата се става до распетието на
иконостасите.
Во античкиот град
Баргала е пронајдена
резба стара 17 века. На таа
резба на
дрво се претставени луѓе, лавови и геометриски декорации од крајот на
4 век. Изрезбаните симболи и елементи во јагленисаното дрво зборуваат за тесна врска меѓу древноантичките, тогашните (во
4 век) и сегашните резби.
Поврзаноста на античкиот период и на копаничарските школи (Прилепско-слепченската во
15 и
16 век,
Светогорската на
Атос во
17 и
18 век и Дебарско-охридската во
19 век и денеска е изразена и видна преку приказ на елементите, симболите и на мотивите што се користеле во античко време и сѐ до денес.