Последен ми беше Опет во Софија, почетокот на март. Феноменално нешто, сеуште сум без коментар за тој концерт. Во иднина планирам да одам на се што ми фаќа око искрено и се што сум слушал и поштувал во животов, реално за тоа и се оди на концерти нели
А досега сум поминал и сито и решето од Блек Сабат, преку Вајт Снејк, Парпл, Арктик Манкис, Корн, Моби, Пети Смит, Меднес, Секс Пистолс, Нерд, Најтвиш, Креатор, Машин Хед, Гад Форбид, Госип, Паблик Енеми, Африка Бамбата, Гогол Бордело, Џулиет Луис, Тито ен Тарантула, Орбитал, Крафтверк, Продиџи...и немам мозок да памтам уште што се не. Од клаберски аспект, журки и фестивали не спомнувам, нема потреба.
Секаде ми се дешава истата еуфорија и адреналин, секаде сакам да испоубијам се околу мене од радост
секаде се дерам и останувам без глас и секаде ми е мило што гледам уште еден тон луѓе кои дошле со истата причина како и јас, со што се ствара една хармонија и убава енергија која не би ја менувал за ништо.
Концерт е исто ко утакмица, одиш се дереш, се трошиш и празниш и се враќаш дома задоволен ко да си имал секс со 2 јапанки, феноменално.
Следна мисија ми се Слеер, морам да ги гледам.