„Големата слика“ илити по амерички „ендгејм“, тоа за РФ не е добробитта на сиријската држава. Интересите на РФ се други. На Русија таму им одговара замрзнат конфликт или контролиран бескраен конфликт. Инаку дека тие интереси ќе беа многу подобро опслужени со сиријската држава на чело со Асад, тоа е апсолутно точно. Ова дефакто е на штета на РФ без разлика што нивните медиуми тоа сакаат обратно да го претстават.
Крајно за РФ најлошо е во Сирија да се стабилизира ситуацијата, да настане мир и да има ред... И тогаш западните да можат да направат гасовод од Катар кон ЕУ. Ендгејмот на РФ е да се оттргнат ЕУ вазалите од САД, тој ендгејм нема да се оставари со енергетска незвисност на ЕУ од РФ.
Во претходниот коментар само нафрлив неколку факти кои ќе ти извадат очи.
Или не сум се дообјаснил или не си ме разбрал.
Сирија како единствена секуларна држава во арапскиот свет повеќе не постои (каде со закон/устав беше забранео да се формираат партии на религиозен основа -кај нас во северџганистан е дозволено формирање партии на етничка основа а тоа е рецепт за распаѓање на било која држава!!!), им сметаше на многумина тоа секако но имаше и свои спонзори кои на крајот ја “шитнаа“ за ситни пари.
Што е лошо а што добро за САДистите или РФ не е тема, темата е дека и едните и другите на грбот на Сирија си ги тераат агендите.
Не велам дека е завршена претставата туку велам дека состојбата се комплицира и се носи во насока да се притерат до зид во случајов РФ и Иран, а во таква состојба реакциите не секогаш се најрационални.
Сирија економски пропадна а не воено. Пишував поназад, да не се повторувам но накратко: Немале пари за ништо. Дивизиите под 40% по људство, платите мизерни војниците арач наплаќале по аутопатишта. Утврдувања и фортификации неодржувани, вежби непостоечки. Без пари нема функционалност... Сега гледаме колку значеше држењето на нафтените извори од САД и Курдите (нивни проксија).
Што има врска воено или економски, важно е дека ја растурија!
Немале пари, по чија заслуга?
Кој му дозволуваше на Израел да бомба по цела Сирија?
Кој му дозволуваше на Султанот да инсталира свое прокси и да ја црпи нафтата?
Кој им дозволи на Курдите да ги завземат богатите со ресурси региони и на тој начин ја остават Сирија без истите?
Кој постојано вршеше притисок врз Иран да не реагира?
Кој го убедуваше Садат дека не треба да бара од САДистите да ја напушат Сирија туку да не ги лути, само нека ја вадат нафтата нема врска ?
?
?
Само поставувам прашања на кои нема одговор, и ме нервира кога Москва се обидува за ова да ги направи виновни Сиријците и Садат.
Ако Москва немала сили да издржи до крај тогаш не требаше да се меша на почетокот
Сето тоа кажано, Асад и неговата влада лошо играа во рамките на просторот за играње што го имаа. Не најдоа нови приходи и не најдоа начин како повеќе да ги искористат Иран и Русија. Во Русија можеа да се обучат за новите начини за војување, и да вратат дел од нафтените извори. Од Иран може да обезбедат повеќе воена подршка, ама не сакаа повеќе да се замерат со Израел. Се обидуваа да седат на повеќе столчиња и на крај на долу паднаа.
Најголемиот проблем е што некој за цело време на Асадат му шепотеше на увце што и како да прави...
Ова дека Сирија Асад не сакале да се замерат со Израел не ти држи вода!
Како и да е во случајов директни и најголеми губитници се Сирија и Палестинците.
Што очекуваш од Русија? Да ја донесе армијата и да војува за Сирија? До последните денови беа подржани воено со авијација и сателити/техника. Без Сиријците да се борат толку е, и од РФ и од Иран... Пази, сиријската армија немаше ниедна поголема битка во падот на Сирија. Нека легне таа мисла. Ниедна ебана битка не водеа. Епа кој им е крив? Иран? Русија?
Кога веќе ме прашуваш,
-очекувам РФ да се држи до договорот за военот-техничка соработка, значи ако Сирија е нападната од Израел или да и пружи помош на Сирија или да го раскине договорот;
-Ако РФ не сака да војува за Сирија друг пат нека внимава какви договори потпишува;
-очекувам некој што има таков договор со Сирија во исто време да не тргува со Султанот и Ционистот на моја сметка;
-која ја донесе армијата на Сирија во таква состојба да биде обезглавена Садат или “спонзорите“(стратешките партњори) на Сирија?
Инаку погрешно го толкуваш мојот коментар ова не е насочено против РФ ова се факти, фактите тоа го говорат, а најголема забелешка до РФ е што заради свои интереси-Украина ја продаде Сирија, ќе видиме дали и колку се исплати таква работа.