Конфликтот во Сирија

Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Слободно изнеси ги причините, за просторот нека се грижат други.
Инаку вака нафрлено 'нема никаква опасност...' ќе делува несериозно.

Еве нпр. јас мислам дека опасноста за турско-руски судир е многу изгледна, тоа што ја така мислам не значи дека ќе дојде до судир туку дека имам такви информации кои упатуваат на таков развој. Ако опасноста од судир е мала нема да има така сериозни закани-предупредувања од РФ, Турција во ОТАН ја има клучната позиција за навлегување во 'мекиот стомак' преку туркменските станови и групи кои делуваат на просторот се таму до Кина-Ујгурите. Ваквата позиција на Турција е градена со децении од страна на НАТО, и ваквата позиција е градена со цел еден ден да се искористи, дали е време, е прашањето.
Пријателе,се мислев како да ти одговорам зошто за да се дојде до тој заклучок треба да се објаснат настани од пред неколку години па целокупната светска поитика па регионалната политика зана крај да се дојде до нужноста на сево ова што се случува сега.
Во светот во овој момент има три пола кои се глобални субјекти и Кина која е лиску до тоа но сепак во овој момент не е тоа.
Трите субјекти се Русија,Трампистите и длабоката држава.
Сите тие се меѓусебно спротивставени но во исто време се природно насочени еден кон друг затоа што го делат и се борат за истиот простор.
Затоа во еден момент Русија оценува дека е подобро да се подржи Трамп но подршката е само од руски интерес иако во тој однос има и доста идеолошки примеси што е далеку позначајно од било каков моментален интерес.Трамп ја прими подршката не затоа што е руски човек туку дека мисли дека тоа е најдобриот пат за САД.
Русија исто така соработуваше и со длабоката држава иако се и интересно и идеолошки спротивставени.Значи поентата не досегашниво напишано е во нужната координација на трите вектори на светската политика.
Е сега во тие нивни планови,за кој ние дознаваме од одредени изјави или дејствувања има регионални сили (вектори) кои се поставени да го изведуваат или спроведуваат нивниот план или представа за тој дел на светот.
Сега во врска со регионот за кој пишуваме.
Ти добро си забележал дека длабоката држава после распадот на СССРза Турција имаше одредено специјално место исто како и за Полска па тие добија и одреден израз како Нова Европа кој ќе бидат апсолутно главни држави во своитерегиони.
Така за полска беше одредено да биде глацна за централно словенските држави Чешка.Словачка,Белорусија,Украина,Молдавија плус балтичките држави.
За Турција беше одредено да биде главна од Сараево па до кинескиот Ѕид.
Затоа беше доведен и Ердоган со помош и подршка на Гуленистите и сите неоосмански и исламистички сили во Турција.
Запамти го ова неоосмански зошто е важно за тоа што се случува сега.На Турција и се дадоа доста концесии во економијата им се дадоа доста западни лиценци им се даде во финансискиот сектор одредена инекција која после завршување на дејството на лекот секако дека ќе го врати делото во првобитна состојба,но сето тоа изгледаше доста моќно а се во сврха на неоосманизмот.Султанот Ердоган качен од Анкара гледаше од Сараево па се до киргиските степи и сахарските песоци како на своја зона на доминација.
Сирија и сириските настани требаа да бидат само уште една епизода во тој след.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
неможеш да ги воопштуваш толку работите.... христијаните исто имаат меѓусебни конфликти, ете САД ја бомбардираше скратената Југославија
А САД се големи христијани,добар виц.Во САД и општо западот доминираат атеисти.Ево ќе кажам поинаку.Израел е опкружен со непријатели а сепак егзистира.Ни Турција ни Иран не смеат да им зуцнат од друга страна пред своите народи глумат нешто заштитници на муслиманите.Затоа и реков главен победник е Израел.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Сценариото започна очекувано,внатрешна обоена револуција тотално опколена Сирија и опасно здрмана Русија после смислената економска криза во 2009 година и катастрофалното паѓање на цените на енергентите.Внатрешнополитичките обоени проблеми на Русија во тоа време и обоените револуции кои и се случуваа во нејзиното соседство во тоа време.
Се беше одлично смислено а улогата на Турција беше можеби клучна во секаква логистичка помош до терористичките елементи кои навлегуваа од Турција па се до полуотворена агресија со помош на специјални сили,а се под плаштот на помош на нивните сунитски браќа кои се дигнаа против шиитско-христијанското ропство.
Исламистите беа задоволни а во исто време и неоосманистите триеа раце и го величаа султанот Ердоган.
Има тука уште мнооогу ситници кои се важни но мислам дека ќе го одвлечат вниманието од поентата.
Единствено нешто што по малку го подзагрижувашњ султанот беше создавањето на Ирачки Курдистан.
Планот одеше се како треба иако малку бавно,се до влегувањето на Русија во судирот која по долго размислување и покрај огромната воена помош на сирискта армија сепак САА не можеше да издржи и терористите победуваа на сите фронтови.Во Дамаските предградија беа влезени.
Тогаш на Ердоган не му се бендиса уште една работа формирањето на СДФ во која беа воглавном курдски сили.
Отворањето на планот на Големиот Блиски Исток во кој на мапите беше и независна држава Курдисан уште еднаш го загрижија султанот но султанот беше удиран по рамо и му беше ветувано дека тоа се медиски шпекулации и печатни грешки и дека тој треба да продолжи по зацртаниот план.
Тој продолжи а америте со Обама ја тестираа руската технолошка конкурентност со испалување на дветенајмодерни невидливи ракети од западно средоземје.
Тој настан ги смени во основа плановите(никако целите) на америте па Турција мораше да повлече повеќе.
Меџлисот изгласа воена интервенција во Сирија и тогаш му се јави Путин на Ердоган,во кој го убеди дека би било катастрофално за Турција да интервенира.
Убедувањето беше навистина верно така да Ердоган прв пат удби да изврши наредба на своите газди.Армијата која не беше под негова целосна контрола,особено после ќе се покаже авијацијата се обиде на тешка провокација за да го вразуми Ердоган (соборување на СУ-24) но Ердоган од тоа шо го убедуваше Путин беше поприлично исплашен за да ја смени одлуката.
После та доаѓа до отворање на американските карти и вистинската закана за Турција од создавње на Курдистан.
Кога Ердоган увиде дека во суштина плановите за неоосманизмот форсирани од САД биле лага и дека за Турција било планирано распад се заврте кон Русија која во моментов му е единствениот гарант за територијална целовитост.
После тоа знаеш дека следеуваше целосен отклон на Ердоган од Заадот и договори со Русија и Иран.Сето ова е испланирано а во исто време мора да се сочува неоосмансата и исламистичка подлога на Ердоган.
Во тој контест и сегашните настани во Сирија се договорено сценарио во кој Ердоган не смее да биде поразен дома.
Мислам дека сега сум малку појасен.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
@кнез, твоево дека се работи за договорено сценарио за сега е само посакуван развој на настаните, затоа што тоа ќе се знае ако развојот на настаните го потврди инаку, сите опции остануваат отворени.

Во воведот си можел да го посочиш и клучниот момент а кој се однесува на Турција како геостратешки стожер во тој регион а кој гравитира кон ЕУСА (комплексни се односите на Турција со клубот на петте очи, со германско-франсжцуската оска и новиот хегемон САД) тоа е кубанската криза кога Турција како мост беше искористена за пенетрација кон тогашен СССР (подрачјата со муслиманско население).
Си можел да го спомнеш и контекстот на растурањето на СССР и Варшавскиот договор, моментумот до кој антикомунизмот беше користен како алатка за да се води војна против тнр. Руски Свет и во таа калакурница Турција повторно имаше значајна улога.

Во тој регион има повеќе геостратешки стожери, тука се Иран, Египет па и понтонскиот мост Израел, сите тие на некој начин во одредени периоди гравитираат кон исток или запад (некои се воодушевени од Израел но не знаат дека околу 50% од населението се доселеници од СССР или РФ, па дури и командувањето во ВС е делумно на руски). Играта за и околу Курдистан не беше насочена против Турција туку против Иран да се спречи создавање на “шиитски полумесец“ кој на нивна несреќа се повеќе станува реалност.
Во тој контекст се сакаше да се инсценира судир помеѓу РФ и Турција (случајот со авионот - со стил со туѓ рацку да млатат по глоѓиње), непредвидливоста на Ердоан да се искористи за да тој го затвори Босфор... со една демонстрација на моќ (употребата на балистички проектили и гаѓање на цели во Сирија) Царот на Вселената Путин го предомисли Ердоан, за да овој ја смири топката.
Другиот клучен моментим е предупредувањето до Ердоан (некои велат од страна на ФСБ или ГРУ преку Иран) за информации до кои дошле преку следење на ел. комуникации дека нешто му спремаат партнерите од западот. Со други зборови Путин му ја сочува главата.

Е сега зошто мислам дека до судири е можно да дојде и тоа наскоро.
Во последно време Турција енормно многу воени сили концентрираше во тој регион односно во Сирија, што неминовно ќе предизвика судир, дури и ПВО единици што значи очекува бомбање. Сириските сили иако во монетов во тој регион се неприкосновени заради 9-годишното борбено искуство сепак немаат доволно потенцијал за да го загрозат султанот, значи очекуваат дека РФ ќе ги бомба.

Тоа, дали на Турција и одговара или не да предизвика судир со РФ не зависи од Турција туку од оние кои управуваат со воените сили во Турција а самиот рече дека Ердоан баш и нема некоја контрола врз нив. Заради процесите кои се одвиваат на други места (УК, ЕУропска САД) а кои тие сили ги чуствуваат како закана многу лесно може да се одлучат да ја втурнат Турција во авантура.
Сепак ова се само толкување на фактите онака како јас ги гледам.

П.С.
Гледам правиш разлика помеѓу Штрамп и парадржава, ти навистина мислиш дека не се работи за фингирана игра, дека ете се работи за 2 спротивстваени сили кои имаат различен интерес,
Ако е така, која е разликата помеѓу тие две групировки, баш би сакал да видам кое е твоето мислење!?
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Таксист настаните ќе се одвиваат така заради турскиот неоосманизам и исламската база која ја има Ердоган.Сигурно дека нема подршка кај проевропската турска база.За да се таа база сочува и не се разочара,Ердоган мора да направи нешто во Идлиб,а Русија и Сирија мора да му помогнат тоа да изгледа веродостојно.Ќе има загуби од двете страни ама тоа е,таков е овој неправеден свет.
Тоа е поентата на моите два поста.
А за внатреамериканската борба тоа е идеолошка борба која ја снајде Америка или борба на суверениститекој го донесоа Трамп на власт и кои проценија дека претходните глобалисти во суштина не и носат добро на САД.Тоа е борба на две сили кои сепокажува дека се огромни иако многумина мислеа дека Трампистите се далеку послаби од глобалистиве.
Трамп во говорото во ОН во Септември годинава накрајот рече секако парафразирам дека суверените држави можат да спијат мирно и дека така ќе биде во иднина.Пораката јасно е дека ја прати до американските демократски империјалистички глобалисти за кои суверенитетот на државите а со тоа и идентитетот на народите мора да исчезне како историски анахронизам.
Во говорот за уставните промени токму тоа беше и една од поентите на Путин.Суверенизмот како основа пред меѓународните и странски закони и суверената воља на народот која е во опасност од внатрешните сили.Тоа е исто долга и комплицирана тема ама е многу актуелна во сегашниов момент на човековиот општествен развој.
 
M

Macedon1um

Гостин
Ердоган колку и е да е нестабилен не верувам дека е толку глуп да влезе во конфликт со Сиријската војска и да оди контра интересите на Русија таму. Едноставно има еден куп причини зошто таков потег би бил негативен кон Турција, и распоредувањето на нивната војска кажува до каде ќе биде новата граница “сигурна“ зона

Е сега ако не успеат да ги остранат од таа сигурна зона оние радикални групи, ништо чудно пак да има нова воена интервенција..
1.jpg
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.323
Ваков дебакл како денес се нема случено од Германија-Бразил. Предградијата на Алепо и огромна територија се ослободени во само еден ден. Се очекува ова да растерети добар дел од војската затоа што ослободените територии беа поурбани делови кои бараа поголем квантитет на стационирана војска, така што тек вахабиите ќе губат се побрзо. Нема што султанот не поддржа а да не крахира, Морси и муслиманско братство во Египет, ГНА во Либија, сириски џихадисти, блискост со Катар. А се јачаа, конвои и конвои со тенкови и воена оперма, кур се тресе. Убав ден.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
Ваков дебакл како денес се нема случено од Германија-Бразил. Предградијата на Алепо и огромна територија се ослободени во само еден ден. Се очекува ова да растерети добар дел од војската затоа што ослободените територии беа поурбани делови кои бараа поголем квантитет на стационирана војска, така што тек вахабиите ќе губат се побрзо. Нема што султанот не поддржа а да не крахира, Морси и муслиманско братство во Египет, ГНА во Либија, сириски џихадисти, блискост со Катар. А се јачаа, конвои и конвои со тенкови и воена оперма, кур се тресе. Убав ден.
Неоосманизмот губи како Грчка :pos:

Само се е под контрола не се секирајте, тоа векторите така се поклопија, во втора куќа, сега му е Венера на Ердоган.

Ко ќе му влези Марс, во 9 ката, ќе се средат работите. Деветата куќа де ...
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.187
Поени од реакции
19.264
Кога ќе ми текне дека во 2013 Алепо изгледаше вака :




А Дамаск изгледаше вака :



Алепо денес :

 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.511
Поени од реакции
4.136
Меркел+Макрон му се јавиле на Путин и изразиле желба за медијаторство-посредување во смирување на ескалацијата во Идлиб.
Проклета линија Брлин-Багдад, по се изгледа ќе има разигрување, Германија го користи Макрон за да не излезе дека ете баш тие се многу заинтересирани за пријателските врски со Багдад.
(ваквиот исход беше за очекување откако САА со своите сојузници почна да им ги разбива нивните сили а под унифома на Турција)
“умерените“ канибали сега веќе со отворена помош на Турција и другите демократски сили продолжуваат со егзикуции и сечење на глави,
18+ https://twitter.com/EndiZentarmi/status/1230616727811174415

Кога не може таму кај што треба барем на јутуб да бидат “големи“
....................

-дополнување-
вчерашните шпекулации дека Турците многу сакаат да гаѓат СУ24 денес се потврдија како вистна.
со 2 проектила е гаѓан ама со маневри и иц-мамци успела да избегне па коа им се вратил, партали ги направил.
In Video: Russian Su-24 Warplane Avoids Two Ground-To-Air Missiles Over Greater Idlib
 
Последно уредено:

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.076
Турција како стара членка на НАТО е под директива на Вашингтон. Зборувам за Турската војска, а Ердоган зависи токму од војската. Ништо не е чудно доколку се добие зелено светло од Америте, на Ердоган да му се случи нов воен удар. Овој пат најверојатно ќе биде успешен. Но само доколку Ердоган се зближи со русите. Ѓуленистите можеби се исчистија од армијата, но секуларните кемалисти се уште се тука и имаат многу поголемо влиание од било кога. После раскинувањето меѓу Ердоган и Ѓулен кемалистите се зацврстија во армијата. Плус имаат огромно искуство со воени удари. Така да не би било тешко да се собори Ердоган. И тотално да се смени надворешната политика на Турција према Блискиот Исток.
Автоматски споено мислење:

Во меѓувреме
Километарски турски воен конвој пристигнува во Сирија
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Ќе падне Султанот кај и да е. Ова играње топло ладно и седење на две столчиња ќе му се удри од глава.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Турција како стара членка на НАТО е под директива на Вашингтон. Зборувам за Турската војска, а Ердоган зависи токму од војската. Ништо не е чудно доколку се добие зелено светло од Америте, на Ердоган да му се случи нов воен удар. Овој пат најверојатно ќе биде успешен. Но само доколку Ердоган се зближи со русите. Ѓуленистите можеби се исчистија од армијата, но секуларните кемалисти се уште се тука и имаат многу поголемо влиание од било кога. После раскинувањето меѓу Ердоган и Ѓулен кемалистите се зацврстија во армијата. Плус имаат огромно искуство со воени удари. Така да не би било тешко да се собори Ердоган. И тотално да се смени надворешната политика на Турција према Блискиот Исток.
Автоматски споено мислење:

Во меѓувреме
Километарски турски воен конвој пристигнува во Сирија
Таков конвој пред некој ден беше нападнат од руската авијација.Уништени биле неколку тенка и 20 тина оклопни возила.Е сеа демек тенковите и оклопните биле управувани од џихадисти а не од турски војници.Која е вистината, кој знае.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom