Трамп замрзна 200 милиони долари помош за сирискиот регион под контрола на ЈПГ/ПКК
Американскиот весник наведува дека Белата куќа оваа одлука ја донела паралелно со одлуката на Трамп за повлекување на американската војска од подрачјето на Сирија
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, издаде наредба на американскиот Стејт Демартментот за замрзнување на поддршката од 200 милиони долари наменети за повторно градење на зоните под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ под водство на САД во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американските претставници на власта во разговор за весникот „Wall Street Journal“ тврдат дека Белата куќа ја оценила улогата во иднина на САД во Сирија. Властите истакнаа дека во процесот на оценување е замрзната помошта од 200 милиони долари наменета за стабилноста на зоните во Сирија каде меѓународната коалиција врши операции.
Американскиот весник наведува дека Белата куќа оваа одлука ја донела паралелно со одлуката на Трамп за повлекување на американската војска од подрачјето на Сирија.
Исто така, властите тврдат дека Трамп побарал да се замрзне фондот за кој станува збор откако се ширеа информации дека американскиот Стејт Департмент одвоил дополнителни 200 милиони долари за градење на Сирија.
Овој весник тврди дека подари тоа што борбата против ДЕАШ во Сирија во последно време влезе во една безизлезна ситуација, предизвика Трамп да донесе ваква одлука.
Поранешниот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон, за време на состанокот на коалицијата за борба против ДЕАШ кој се одржа во февруари во Кувајт, вети дополнителен фонд од 200 милиони долари.
Трамп, за време на митинг кој се одржа во Охајо, истакна: „Наскоро ќе излеземе од Сирија. Нека другите (во регионот) се интересираат за неа. Сто отсто ќе го завршиме тоа што го нарекуваат 'калифат'. Се што ќе вратиме (од рацете на ДЕАШ)“.
Наскоро ќе ја напуштиме Сирија. Тој момент е многу блиску. Другите (во регионот) нека се бават со таа земја. Стопроцентно ќе имаме контрола над она што го нарекуваат 'калифат'. Се ќе им зеземе назад (од рацете на ДЕАШ", рече Трамп во обраќањето на собрирот во сојузната држава Охајо.
По оваа изјава која предизвика реакции, портпаролката на американскиот Стејт Департмент, Хедер Нојерт, истакна дека немаа информација за намерата на САД да се повлече од Сирија.
Од друга страна, Пентагон, прашањата околу ова тема ги пренасочуваа кон Белата Куќа и истакнува дека не знаат што точно сакал да каже претседателот Трамп.
https://aa.com.tr/mk/наслови-на-денот/трамп-замрзна-200-милиони-долари-помош-за-сирискиот-регион-под-контрола-на-јпг-пкк/1104494