Комуникација со коматозни пациенти

Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.420
Извор: http://kajgana.com/pacient-vo-koma-prozbore-so-pomosh-na-kompjuter

Пациент во кома прозборе со помош на компјутер
Текст: И.М.
Живот | 14 август 2013
----
Научници од Канада успеаа да искомуницираат со пациентот кој мислеле дека е во вегетативна состојба последниве 12 години. Истражувачите употребиле функционална магнетна резонанца за да ја следат активноста на мозокот на пациентот, кој инаку не реагирал на никакви физички стимуланси.



Додека бил под скенерот, пациентот одговорил на неколку прашања- сконцентрирајќи се на зборовите „да“ и „не“. На тој начин си го соопштил името и кажал дека е свесен дека моментално е во болница.

„Оваа нова техника овозможува комуникација со некои пациенти за кои се верувало дека се во вегетативна состојба“ , вели истражувачот Едријан Овен.
Благодарение на истата, докторите ќе можат да дознаат кој од пациентите е свесен и подобро ќе ги исполнуваат нивните потреби.



Во две различни болници во рок од пет месеци, истражувачи успеале да искомуницираат со пациенти и да откријат колку тие се свесни за своето опкружување.

Научниците Овен и Лорин Наци планираат да продолжат со користење на овој метод за комуникација со коматозни пациенти и оние кои не можат физички да реагираат, кои можеби добиле погрешна дијагноза за вегетативна состојба.

Ова истражување е објавено во списанието Journal of American Medical Assocciation, под наслов „Секој збор се брои кај пациенти кои не реагираат“.

Според научниците, интерпретација на човечките мисли на основа на активноста на мозот, без помош на зборови и гестови е еден од најголемите предизвици во областа на модерната неурологија.
----

Иако веста не содржи доволно информации во врска до деталите за процесот, сметам дека се работи за голем напредок во дијагностицирањето и евентуалното разрешување на состојбата на коматозните пациенти, додатно се работи за напедок во технпологијата за „читање мисли“, како и подобро разбирање во работата на човечкиот мозок.

PS: http://www.medicalnewstoday.com/articles/192522.php
Додатно инфо, со објаснет тест пример.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Имам читано дека истото го имаат правено и со EEG (Електро-енцефалограм), далеку поефтина и подостапна техника за експериментирање.

Само научник со отворен ум може да биде доволно упорен во експериментирањето, многу работи и механизми сеуште не се познати, да работиш на таков терен со малку информации е навистина храбро, секоја чест на истражувачката група.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Браво. Би сакала да знам, кога човек се буди од кома да речеме после 3,4 години дали е свесен дека бил во кома? Дали се развива нормално како и сите луѓе? Кој најдолго бил во кома и се разбудил? Дали навистина они слушаат додека се во кома?

Многу интересна тема.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.950
Ми текнува на еден случај од пред неколку години за човек што се разбуди од кома после 12 години. Прво што изустил по будењето било да му донесат Пепси и незнам уште што, баш се заебававме со другариве дека пепси сега одма реклама ќе прават нова :)
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
И порано се збореше (се претпоставуваше) дека можат да слушнат разговори (не знам како го откриле ова), ама ете еден чекор напред...

Што ли би си кажале?
Пациентот би барал одговори веројатно, роднините дека го сакаат и мислат на него....а докторите? „Еве работиме на тебе, те одржуваме, ама....“
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.950
И порано се збореше (се претпоставуваше) дека можат да слушнат разговори (не знам како го откриле ова), ама ете еден чекор напред...

Што ли би си кажале?
Пациентот би барал одговори веројатно, роднините дека го сакаат и мислат на него....а докторите? „Еве работиме на тебе, те одржуваме, ама....“
Подобро би било пациентот да не е во свесна состојба за работите околу него, многу потешко е кога може да слуша а да неможе да враќа, болка за живци и за мозокот е тоа, сакаш да кажеш а неможеш... страшно. Технологијава може ќе го санира ова колку толку, но додека да почне да се користи ќе помине време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom