Комунизам

Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Денеска чисто се изнервирав, луѓе со маици Che Guevara, а незнаат кој е човекот, или пак се тотално анти-левичари/комунисти.

Ќе пробам да направам една мала интродукција за што е комунизам, според мене и според тезите на Маркс и Енгелс... Значи вака прво:

Сега ова ќе биде многу кратко, нема тнтере мнтере, нема она, ќе ве оставам вас да филозофирате колку ви сака душа.

Значи комунизам (во генерална смисла) е свет без граници. Нешто во облик на анархијата, но со различен редослед на како работите одат и како едноставно тоа ќе се одвива и ќе биде придонесено на таблата. Анархијата нема некои посебни правила, но комунизмот треба да помине низ рана фаза т.н социјализам. Знаеме што е социјализам, социјализам е контролиран капитализам, што е тотално спротивно од тој капитализам што го гледаме денеска. Го имало во Југославија, а и го имало во СССР и уште некои земји после Втората Светска Војна. Социјализмот е малце подолг период којшто треба да им овозможи на луѓето да преминат од тој начин на живеење во сосема нов. Како новите генерации се раѓаат, така тие капиталистички или робовладителски мисли се одстрануваат со цел сите да бидеме еднакви. Тоа не е можно, нели... но не се мисли буквално! Комунизам би успеало само доколку револуцијата се прошири во СИТЕ земји на светот!

Е сега гледав едно видео на YouTube од американците... тотално испревртени работи. Значи во видеото се даваа разликите помеѓу левичарите и десничарите. Левичарите биле EXTREME GOVERNMENT а десничарите пак NO GOVERNMENT AT ALL. Е ај сеа... После ќе сакаш американец да ти знае што е комунизам! :)

Како и да е, јас сум сигурен дека сте ја имале вие оваа мисла некогаш во главата... свет без граници! Од кај си? Од Земјата!

Има уште МНОГУ за читање, ова е ПРЕ-ПРЕ-ПРЕ-ПРЕ-ПРЕ-ПРЕ-ПРЕ-ЏВАКАНО!

:)

п.с:
Можеби требаше ова да иде во филозофија, но и тука му е местото!
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
За да се живее во комунизам по дефиниција, треба да се има една висока висока висока свест, која што за да се достигне треба време време време време правилен развој.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Денеска чисто се изнервирав, луѓе со маици Che Guevara, а незнаат кој е човекот, или пак се тотално анти-левичари/комунисти.
Зошто ако го носам Че на мајца или на аватар мора да бидам левичар т.е. комунист ?
 
D

dbt

Гостин
Комунизмот во теорија е најнапреден систем на уредување, далеку понапред од денешниот капитализам и квази-комунустички уредувања. Но во пракса е неуспешен поради тоа што треба одредено ниво на свест да достигне човековиот ум. Според мое убедување, развитокот на технологијата е клучниот елемент за да се постигне тоа.
 
Член од
27 ноември 2010
Мислења
14
Поени од реакции
0
Извадено од лексикон на странски зборови и изрази: Комунизам е бескласен облик на општествено уредување, со кој историски се сменува капитализмот; се засновува на висок степен на развиеност на производните сили, без каква и да е експлоатација на човека од човек, каде што средствата за производство се општествена сопственост и каде што продуктивноста на трудот е толку развиена, што потребите на луѓето во сите области можат да се задоволат, така што да нема општествени недорабирања и спротивности, зашто распределбата се врши според начелото: секому според неговите потреби(на комунизмот му претходи социјалистичкиот облик на општествено уредување, т.е. неговата прва фаза); основните законитости на општествениот развиток и изградбата на комунистичкото општество ги утврдија и теориски ги објаснија Маркс и Енгелс.
 

Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Јас комунизмот го сматрам за врв на човештово, еднаква раја со еднакви права и обврски... Комунизмот не е никакво зло така нареченава Демократија е зло а самата Демократија во суштина цели кон Комунистичката идеологија на еднаквост бес никакви расни или статусни разлики.... Живео Комунизам
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Зошто ако го носам Че на мајца или на аватар мора да бидам левичар т.е. комунист ?
Навредливо е прво за самиот човек, а и за сите левичари :)
Го прават Че урбана статуа... Е да беше сега, некој да побара на гугл кој е човеков - она тоа, ама нема такви луѓе сега. Кога ќе видат на Википедија колку информации се отвараат, сигурно викаат друг пат ќе читам. Значи не викам за сите, ама тоа е вистината 99,8% се такви. Така да, ете затоа :) Ќе видат сега некој другар им носи маица од Че, и оп и они ќе си купат... Тоа! :)
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Во Македонија до ден денес владее Комунизмот.. Само што овој Комунизам се нарекува. ИРОНИЧЕН КОМУНИЗАМ
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Во Македонија до ден денес владее Комунизмот.. Само што овој Комунизам се нарекува. ИРОНИЧЕН КОМУНИЗАМ
Оф топик, пропаганда и слично... во друг дел од форумот те молам! :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Смртен непријател на анархијата, уште еден во редицата економски и општествени системи кои теоретски се предвидени после “транзициони периоди“ и некои си нови,“поинакви“,свесни и не знам какви луѓе...а во меѓувреме се појавува неговата реална форма која зафаќа различни ситуации во различни периоди и земји, од хард-кор касапница и супер-гулаг (Ленин,Џугаш-вили,Енвер,Мао,Пол Пот,Енвер,Ким Сениор/Ким Јуниор...), софт-кор параноја (Чаушеску,Хонекер,Кастро,Брежњев) до релативно успешни приказни (Тито,Хо Ши Мин,Лулумба)...и на крај дури и отворен турбо-капитализам каде Це-ка на “партијата на работниот народ, пролетерите и селаните“ апла ги експлоатира наведените до даска (денешна НР Кина)...

Бољшевизмот е киднапер на Руската,Шпанската и Кубанската револуција каде со помош на лаги,превари,двојни игри и предавства е уништен автохтониот отпор на рајата кон капитализмот (анархија) и со сила е воведено срање од кое немало враќање.

“Црвениот“ Октомври 1917 е фикција.
Нападот на Зимскиот дворец се “случил“ две години подоцна во режија на Ајзенштајн.
Ленин на власт го донела Германската армија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom