Комунизам VS капитализам - идеолошки осврт

Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Не знаеш дали постои официјален владин документ/закон за тоа, а тврдиш дека де факто е укинато? Да не имаш случајно таму живеено? :D

Пријателе, јебеш таков колективистички систем, кога немаш слобода. Систем кој ти ги ограничува индивидуалните права и слободи. Систем кој те кастри доколку заслужено се издвојуваш над другите. Систем во кој ќе бидеш медиокритет и подеднакво беден како и сите останати "човечиња". Систем во кој немаш право на приватна сопственост и право да го живееш животот на начин кој го сметаш за најсоодветен, без притоа да ја загрозуваш слободата на другите. Систем во кој нема слобода на говор и печат, и доколку зуцнеш против него, те праќа на Голи Оток. Систем во кој се случуваат самоубиства со два куршуми во глава. И да, ова за мене е диктатура, ти како сакаш наречи го.

Јебеш ова, верувај и ти не го сакаш, но мора да го браниш пошто друго нешто ти одговара. :D
Бесплатно станче, државата да ти најде работа, работел не работел пак просечна плата да си земаш и тн. Лесен е живот џаболебарско-паразитски, знам. :D

Но, тоа е тоа. Јебига, јас сум повеќе за едно слободно и просперитетно општество, кое се заснова на слободарски вредности и принципи. Општество во кое индивидуата е слободна, со загарантирани права и слободи. А чим е слободна, мора да биде индивидуално и општествено одговорна.

Газдата алчен? А ти не? :D
Богатството на газдата зависи од квалитетот на добрата и услугите кои ги нуди на пазарот. Газдата алчен пошто на чесен начин нуди добра и услуги кои другите луѓе ги вреднуваат, а ти не си алчен што бараш 1000 евра плата за труд кој не вреди толку, а притоа си забушант и недоволно писмен и способен? Општо зборам, не конкретно за тебе, немој да се навредиш.

Е така. Тоа го прави само глуп македонски газда, кој бизнисот го наследил од татко му, а е всушност неписмен сељак, и се понаша како куртон со вработените, наместо со почит и разбирање. Таквиот заслужува да го затвориш во контејнер за ѓубре и да го частиш еден молотов на BMW-то.

Да, треба да се мотивираат вработените, бидејќи така имаат корист и двете страни. Но, треба да знаеш дека газдата не е секогаш во можност да го направи тоа. Обично, платата ја диктира стандардот во државата. Повисок стандард, повисока плата. За да ти даде поголема плата, треба прво да оствари и поголем профит. А како ќе оствари поголем профит кога пола од платата што треба да ти ја даде, ја дава на државата!?
Ima dva pravci na kapitalizmot.Edniot se bazira na potrosuvacko opstestvo,kade rabotnikot zema solidna plata i e sredna klasa i e stolb na ekonomijata.Drugiot vid na kapitalizam e eksplatatorski kade sto rabotnikot e platen 150 evra i ekonomijata na taa drzava e na katastrofalno nivo ,edinstveni dobitnici na kratok rokk se gazdite.Eksplatirackiot kapitalizam e majka na komunizmot zatoa sto vo nego ima golema masa na nezadovolmi ljuge!
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.503

Цената за работна сила се одредува според стандардот во државата. Затоа е толку платен работникот. Кога ќе се намали понудата на работна сила, тогаш расте и цената на трудот.

Секој инвеститор инвестира за да прави профит. Затоа, за инвестирање бираат земји со понизок стандард. За да може и тој како инвеститор да направи профит, но и да помогне на економијата во државата, со тоа што ќе отвори нови работни места. А повеќе работни места, значи повисок стандард и појака економија.

Тој експлоататорски капитализам, како што го нарекуваш, ти нуди избор. Имаш можност да работиш за 200 евра или да седиш дома со 0 евра, да умреш за јадење. Е сега, кој како си го цени трудот. Работникот доброволно стапува во работен однос, никој не го тера со сила да работи.

Ако се сметаш за поспособен, повели, вработи се на подобро платено работно место, или пробај и ти да бидеш газда, никој не ти брани.
 
A koj e patot za edna drzava da stani potrosuvacko opstestvo ako ne so zgolemuvanje na plati?Kako so kazav i predhodno sekoja drzava,bez sredna klasa e osudena na propast.Znaci bitno e kako se rasporedeni finansiite na taadrzava.Ne sum nekoj strucnak po ekonomija ama cistata logika go kazuva toa.Primer,so ako ti kako gazda otvoris salon za koli koga narodot nema pari za da si kupi nova kola?Znaci osuden si na propast.Zapadnite Kapitalisticki drzavi se jaki zatoa so rabotnicite se dobro plateni i so samoto toa imas jaka sredna klasa koja e motor na ekonomijata.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.503
A koj e patot za edna drzava da stani potrosuvacko opstestvo ako ne so zgolemuvanje na plati?Kako so kazav i predhodno sekoja drzava,bez sredna klasa e osudena na propast.Znaci bitno e kako se rasporedeni finansiite na taadrzava.Ne sum nekoj strucnak po ekonomija ama cistata logika go kazuva toa.
Најдобра социјална политика е отворањето нови работни места. Како се зголемува побарувачката за работна рака, како се зголемува продуктивноста во една економија, така се зголемува и цената за работна рака, односно стандардот.

Не може да имаш зголемување на плати како што си замислуваш, во држава која нема развиено производство или не лежи на нафта.

Primer,so ako ti kako gazda otvoris salon za koli koga narodot nema pari za da si kupi nova kola?Znaci osuden si na propast.
Тоа значи дека сум лош инвеститор. Само токмак би отворил салон за коли во, што знам, Конго.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Ке ми каже ли некој во што живееме денес капитализам или комунизам зашто стварно не ми е јасно...
Ако државата плака придонеси за секое ново вработување каков капитализам е тоа?[DOUBLEPOST=1427142193][/DOUBLEPOST]
Цената за работна сила се одредува според стандардот во државата. Затоа е толку платен работникот. Кога ќе се намали понудата на работна сила, тогаш расте и цената на трудот.

Секој инвеститор инвестира за да прави профит. Затоа, за инвестирање бираат земји со понизок стандард. За да може и тој како инвеститор да направи профит, но и да помогне на економијата во државата, со тоа што ќе отвори нови работни места. А повеќе работни места, значи повисок стандард и појака економија.

Тој експлоататорски капитализам, како што го нарекуваш, ти нуди избор. Имаш можност да работиш за 200 евра или да седиш дома со 0 евра, да умреш за јадење. Е сега, кој како си го цени трудот. Работникот доброволно стапува во работен однос, никој не го тера со сила да работи.

Ако се сметаш за поспособен, повели, вработи се на подобро платено работно место, или пробај и ти да бидеш газда, никој не ти брани.
Ова што го пишуваш е некој вид на општи дефиниции како би требало да изгледа капитализмот,ама каква понуда,каква цена,какви глупости е кога некој целосно те експлотира...
Ако Македонија учествува со 1 % на целокупната олова цинкова руда во светот и ако таа руда има определена цена на светската берза како може во различни рудници во Македонија да се зема различна плата,
Келнер во ГТЦ кој има работа во услужна дејност зема поголема плата од еден рудар кој извезува 1% руда на светско ниво.
Мислам дека прав капитализам постои во неколку држави во светот а се друго е неуспешо копирање и имитирање... ова во Македонија се нарекува улично грабелизам а по стручно современ феудализам...
Локалните мокници не ни дозволуваат на странските инвститори дададат поголема плата зашто ке им ги затворат сопствените бизниси...Значи не е ништо точно кај нас од ова што го напиша ти
ФЕУДАЛИЗАМ братче .
Знаеш ли колку фирми ја намалија платата од кога се донесе законот за најниска плата.ЗАконот е донесен се со цел да се привлечат странските инвеститори за да некој добие политички поени не гледајки каква загуба се прави врз работникот и стопанството.
Ова што ви кажуваат дека плата од 200 евра е нешто најнормално и така натаму ве лажат.
Плата од 150 до 200 евра земаше работникот кога имавме над 40% незапосленост
Плата од 150 до 200 евра кога имаме под 30% некој лаже или пак не сме созреани за капитализам
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.503
Ке ми каже ли некој во што живееме денес капитализам или комунизам зашто стварно не ми е јасно...
Ако државата плака придонеси за секое ново вработување каков капитализам е тоа?
Не само привремено ослободување од плаќање придонеси, јас сум за целосна либерализација на пензискиот и здравствениот систем.

Ова што го пишуваш е некој вид на општи дефиниции како би требало да изгледа капитализмот,ама каква понуда,каква цена,какви глупости е кога некој целосно те експлотира...
Ако Македонија учествува со 1 % на целокупната олова цинкова руда во светот и ако таа руда има определена цена на светската берза како може во различни рудници во Македонија да се зема различна плата,
Келнер во ГТЦ кој има работа во услужна дејност зема поголема плата од еден рудар кој извезува 1% руда на светско ниво.
Мислам дека прав капитализам постои во неколку држави во светот а се друго е неуспешо копирање и имитирање... ова во Македонија се нарекува улично грабелизам а по стручно современ феудализам...
Локалните мокници не ни дозволуваат на странските инвститори дададат поголема плата зашто ке им ги затворат сопствените бизниси...Значи не е ништо точно кај нас од ова што го напиша ти
ФЕУДАЛИЗАМ братче .
Знаеш ли колку фирми ја намалија платата од кога се донесе законот за најниска плата.ЗАконот е донесен се со цел да се привлечат странските инвеститори за да некој добие политички поени не гледајки каква загуба се прави врз работникот и стопанството.
Ова што ви кажуваат дека плата од 200 евра е нешто најнормално и така натаму ве лажат.
Плата од 150 до 200 евра земаше работникот кога имавме над 40% незапосленост
Плата од 150 до 200 евра кога имаме под 30% некој лаже или пак не сме созреани за капитализам
Се додека имаме огромен број невработени, ќе има и работници кои ќе работат за 200 евра. Жално, но вистинито. Така е секаде во светот, не само кај нас. Странските инвеститори ги привлекува токму евтината работна рака и нискиот стандард во државата.

Од претходниот систем наследивме огромен број прилично неписмен и недоволно квалификуван "кадар", кој на тие години не може да се снајде на пазарот (ваљда нема 50 годишни луѓе да работат како DJ-и), па мора да работи за 200-250 евра, пошто нема друг избор.

Пак ќе повторам, најдобра социјална политика е отворањето нови работни места. А нови работни места отвора капиталот кој е во потрага по профит. Ова е факт, колку и да не ни се допаѓа.
И Кина наводно комунистичка земја, ама вака-така и таа мораше да клекне на коленици пред капитализмот, пошто луѓето ќе изумреа за јадење. Сега е економија бр.1 во светот.

Околу тоа за платите, кога имавме 40% невработеност, обичниот работник земаше по 3-4 илјади денари, еднаш во 2-3 месеци. Во 2005-06 просечна нето плата беше околу 12,000 денари, сега е 22,407 денари. Но, да не навлегуваме за внатрешно eкономски проблеми, ептен ќе бидеме оф-топик.

Далеку сме ние од капитализам, друже. Така е кога на пост-социјалистичка почва садиме капиталистички семки. Затоа, куферите и Германија. :D
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Не само привремено ослободување од плаќање придонеси, јас сум за целосна либерализација на пензискиот и здравствениот систем.

Се додека имаме огромен број невработени, ќе има и работници кои ќе работат за 200 евра. Жално, но вистинито. Така е секаде во светот, не само кај нас. Странските инвеститори ги привлекува токму евтината работна рака и нискиот стандард во државата.

Од претходниот систем наследивме огромен број прилично неписмен и недоволно квалификуван "кадар", кој на тие години не може да се снајде на пазарот (ваљда нема 50 годишни луѓе да работат како DJ-и), па мора да работи за 200-250 евра, пошто нема друг избор.

Пак ќе повторам, најдобра социјална политика е отворањето нови работни места. А нови работни места отвора капиталот кој е во потрага по профит. Ова е факт, колку и да не ни се допаѓа.
И Кина наводно комунистичка земја, ама вака-така и таа мораше да клекне на коленици пред капитализмот, пошто луѓето ќе изумреа за јадење. Сега е економија бр.1 во светот.

Околу тоа за платите, кога имавме 40% невработеност, обичниот работник земаше по 3-4 илјади денари, еднаш во 2-3 месеци. Во 2005-06 просечна нето плата беше околу 12,000 денари, сега е 22,407 денари. Но, да не навлегуваме за внатрешно eкономски проблеми, ептен ќе бидеме оф-топик.

Далеку сме ние од капитализам, друже. Така е кога на пост-социјалистичка почва садиме капиталистички семки. Затоа, куферите и Германија. :D
Кога сме имале 40% невработени сме земале плата 3-4 илјади ова ја прв пат го слушам од некој
Плата и тогаш беше 150 евра во послабите фирми и денес е исто... Ова демек тогаш беше толку сега е волку се билда вештачки во последно време чисто од политички причини.
Плата во рудник во 90 те години беше 13-14 денеска благодарејки на законот за најниска плата таа падна основица 10 илјади.
Тоа е тоа во едно се сложуваме оваа тука не е капитализам,не сме дораснати за капитализам уште се служиме со антички и отомански методи при решавање и на најситните проблеми
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.503
Кога сме имале 40% невработени сме земале плата 3-4 илјади ова ја прв пат го слушам од некој
Плата и тогаш беше 150 евра во послабите фирми и денес е исто... Ова демек тогаш беше толку сега е волку се билда вештачки во последно време чисто од политички причини.
Плата во рудник во 90 те години беше 13-14 денеска благодарејки на законот за најниска плата таа падна основица 10 илјади.
Тоа е тоа во едно се сложуваме оваа тука не е капитализам,не сме дораснати за капитализам уште се служиме со антички и отомански методи при решавање и на најситните проблеми
Знам дека прв пат слушаш. Лично познавам луѓе кои земаа толку, затоа пишав. Не знам зошто воопшто правиме муабет за ова, кога во тоа време 200 евра била просечна плата. Еј, 200 ебани евра просечна плата, со 40% невработеност. Самиот направи си пресметка колку земале обичните работници.

Не знам како тоа се билда вештачки, но знам дека сега минимална плата загарантирана со закон е 9590 денари, а просечна 22400. Од 2016та, минималната ќе биде 10080. Значи, колку толку работниците имаат некоја каква-таква загарантирана сигурност.

Но, да не продолжуваме понатаму со оф-топик, горе-долу се согласуваме. Се додека имаме висока стапка на невработеност, не очекувај плати од 1500 евра.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
@Con Artist , за некои работи си во право. Но за нешто грешиш. Платата кога имаше 40 % невработеност и денес е иста. Разликата е само што денес има повеќе луѓе што работат.
Друга разлика кога беше 40 % имаше исто и огромен број на не регистрирани, денес тој број е многу мал.

Како и да е кај нас нормално е што луѓето се исфрустрирани. Разлика нема да се осети се додека невработеноста не падни под 10 % во цела држава или 5-6% во Скопје.
Дури тогаш ќе почнат платите да одат нагоре поради фактот што ќе има недостиг на работа рака во многу домејни. И дури и тогаш ќе зависи како се ореинтиран пазарот. Ете ги спомнавте рударите. Можно е да се отворат многу рудници но да нема доволно рудари и ако остани така околу 1 година платите можно е да се кренат и до 50-100 % во таа област само да се привлечи работната сила. Но пример во друг домејн дури и со 5-6 % невработеност платите можи да стагнираат или да одат надолу во некои случаеви ако тој домејн е презаситен .
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.503
@Con Artist , за некои работи си во право. Но за нешто грешиш. Платата кога имаше 40 % невработеност и денес е иста. Разликата е само што денес има повеќе луѓе што работат.
Друга разлика кога беше 40 % имаше исто и огромен број на не регистрирани, денес тој број е многу мал.
Е сеа и ти, исти биле платите... :D
Како биле исти кога јас лично сум сведок дека луѓе земаа по 4-5000 плата, и тоа нередовни!? Просекот беше 11000 денари. Еве и овде прочитај. Ме правиш будала на очи, лично познавам луѓе кои толку земаа, не заебавај. :D

Пак ќе повторам, да не одиме оф-топик како било некогаш, било-поминало. Прашањето е што треба да се направи сега, како да им се помогне на тие рудари кои земаат мизерни плати, а работат високо-ризична и ниско-платена работа.

Како и да е кај нас нормално е што луѓето се исфрустрирани. Разлика нема да се осети се додека невработеноста не падни под 10 % во цела држава или 5-6% во Скопје.
Дури тогаш ќе почнат платите да одат нагоре поради фактот што ќе има недостиг на работа рака во многу домејни. И дури и тогаш ќе зависи како се ореинтиран пазарот. Ете ги спомнавте рударите. Можно е да се отворат многу рудници но да нема доволно рудари и ако остани така околу 1 година платите можно е да се кренат и до 50-100 % во таа област само да се привлечи работната сила. Но пример во друг домејн дури и со 5-6 % невработеност платите можи да стагнираат или да одат надолу во некои случаеви ако тој домејн е презаситен .
За ова се сложувам, ова е тоа што го зборам цело време. При висока стапка на невработеност, не може да очекуваш европски плати. Некои земји имаат високи плати, но имаат 3-4% невработеност.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Е сеа и ти, исти биле платите... :D
Како биле исти кога јас лично сум сведок дека луѓе земаа по 4-5000 плата, и тоа нередовни!? Просекот беше 11000 денари. Еве и овде прочитај. Ме правиш будала на очи, лично познавам луѓе кои толку земаа, не заебавај. :D

Пак ќе повторам, да не одиме оф-топик како било некогаш, било-поминало. Прашањето е што треба да се направи сега, како да им се помогне на тие рудари кои земаат мизерни плати, а работат високо-ризична и ниско-платена работа.

За ова се сложувам, ова е тоа што го зборам цело време. При висока стапка на невработеност, не може да очекуваш европски плати. Некои земји имаат високи плати, но имаат 3-4% невработеност.
Да но вредноста на парите е различна стандардот различен. 10 000 денари денес и 10 000 пред 10 години не се исто, тогаш за тие пари можеше да купиш многу повеќе работи отколку денес. Мислам дека има мала разлика откако ќе се вклучи и сандардот тогаш и денес.

Како и да е целта е што се оди малку напред, да платите се за нигде но во ниту една земја што е во транзиција не рипнале наеднаш. (Мислам дека се согласуваме со ова но ко наведам само некој пример за другите) :)
Ете најдобар пример Бугарија, пред 10 тина години беше зад нас, но моментално е пред нас и со плати и со стандард и пошто моментално има мала стапка на невработеност платите си растат. Истото ќе се случи и кај нас но многу побавен е тој процес. Дури и да влезиме во ЕУ нема да се убрза кузнеј колку.Нема преку нок за 200 % да се зголемат платите.
 
Flix,sakas da kazis deka pred 10 godini bese nesto podobro?:confused:
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Секое време си има свои плус и минус, меѓутоа кај нас плусот не е ни опција, бидејќи не владеат 20 и кусур години една иста гарнитура, од аспект на продадени души и шпиуни, како и соработници со други држави, пред се Грција и Србија, а помалку Бугарија. Затоа каков и да дојде период овде, се додека народов гласа едни исти преваранти нема да видиме позитивна последица нити пак нашите деца, внуци итн...Многу е едноставно уствари. Нема потреба од споредби, туку промена на начинот на размислување и менталитет. А ние тапкаме во место, добри 2 децении веќе.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Flix,sakas da kazis deka pred 10 godini bese nesto podobro?:confused:
Не баш спротивно дека моментално оди на подобро и објаснував зошто има само мала разллика во плати и стандард. Поголема разлика нема да се осети додека не падни невработеноста под 10%
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
Опшествен систем во кој денес живееме , на површина убав шаренолик примамлив а во суштина еден грд суров деструктивен нечовечен систем

capitalistrealisam.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom