Компјутери во образованието?

Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.058
Што е со компјутериве?

Значи од 4 на 2 клупи, на 3 од нив нема тестатура, на сите 4 нема маус, не се поврзани ни со струја, не пак со нет.Жално е ова, толку пари се фрлени за џабе, професорите немаат појма шо и како треба да се работи за нив, толку пари се фрлени за џабе изгледа ...
 
С

сашенко

Гостин
Македонија брате.Не гледаат да научат нешто од нив туку што повеќе да се изнесе од нив од школото и некој динар да се земе за цигари или шо ти ја знам.Или фраерите....ке се скарат со професор и после на мал одмор демек нервозен и тастатурата од маса.Владата требаше прво да види какви дивјаци имаме по школите па после да направи таква голема инвестиција.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
д 4 на 2 клупи, на 3 од нив нема тестатура, на сите 4 нема маус, не се поврзани ни со струја, не пак со нет.Жално е ова, толку пари се фрлени за џабе, професорите немаат појма шо и како треба да се работи за нив, толку пари се фрлени за џабе изгледа ...
Мене смешно ми беше што искочи на Сител една вест дека Македонија е земја каде компјутеризацијата на образованието е на најзавидно ниво. А компјутериве освен за тетрис, нет и гледање Том и Џери на јутјуб за ништо не ги искористивме. Стојат така. :tapp:

Наместо тоа можеа да се реновираат училиштава, да им се смени кров на повеќе од пола, нов ентериер, под...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Не беше работата да се искористат компјутерите, туку да се фали владата дека има компјутер за секое дете.
Незнам како можеше да се вложат толку пари во компјутери кога немаше никаков план што со тие компјтуери, кај професорите се неписмени за пц, туку ако се донесоа за игри и губење време на нив-страшна работа.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Не можат да се користат компјутерите се додека не се средат (наместат). За да се наместат треба да се приклучат у струја. Во многу училишта кои се разбира, се многу стари не се во можност поради старата инсталација.
Од друга страна има толку дегенчиња на кои им е толку интересно да кршат крадат, се глупираат итн. Тие се доволна причина да не се стартува со компјутерската работа. Професорите одеа на курсови и колку толку се спремни, само директорите се вадат со тоа као демек не им е дозволено да ги уклучат од X причини ( лажат).
И уште многу, многу вакви работи кои се причини за недоразвивањето на е-македонија.
Абе не е за нас ништо.
Од друга страна, децата сами си прават да биде така.
Кажете ми колку од вас ( на оние на кои им се уклучени ком) ги користат правилно, а колку седат на кајгана и др страни непотребни во моментот!?
Сигурно вториве се процентуално многу повеке од првите. Епа како тогаш да ви го задржи вниманието професорот , ако ВИЕ не сакате и не се потрудите!?
Дискутабилно е малце ова со компјутериве, посебно тоа дали е правилна одлуката што ги донеле (зборувам ако беа во употреба, што не е случај сега во училиштата)
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Доста интересна тема...Што ке правиме со компјутерите доколку не им дозволуваат на учениците да ги користат?
Ми има кажувано другарка дека од кога дошла еден нов директор во гимназијата исклучил и интернет и каблите од компјутерот за да не можат да ги користат...Зошто?Затоа што сметала дека интернетот ке им го одвлекува вниманието на часовите.
Се сетив кога пред неполна година на телевизија гледав училишта во нашата земја како се уништени во градбата.Растурени покриви,растирени wc-а,неизбелени и ишарани зидови(демек немале пари за белење)искршени врати и прозорци,тотален хаос.Ама пазете...Имаат компјутери кои не им служаат за ништо.
Па добро бе,наместо да отидат тие пари за спремање на училиштата да не изгледаат така бедно владата дава пари за компјутери кој подоцна не можеме да ги користеме и само ни пречат во текот на часовите.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
epa toa e vo makedonija :D Profesorite si spijat na svojte katedri ne vodat red... i taka ti e toa posle nie na krajot plajchame :D
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
И на крај краева додека ти прашуваш што со компјутерите некое твое другарче од генерацијата(или со тие што делите смена) ке си дигне од хардверот па ти на крај мислимуја ако ви побараат за оштетувањето ,како нас што ни побараа преклани...
 

Чоста ^

Good looking boy
Член од
23 август 2009
Мислења
1.999
Поени од реакции
48
Во прва година во моето школо немаше интернет конекција,па комјутерите служеа за редкорди на тетрис,вежбање склопување и расклопување,па потоа вежбање на прецизност при фрлање.......Па 2 година,а и 3 немаме компјутери.....и баш е убо:kesa:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Крш..лом.. проект:компјутер за секое дете..епик феил... Не се за нас компјутери за по школи, кога школите ги водат неписмени информатички директори и професорски кадар
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Сега ми текна, од тие две години што поминавме на компјутери, само една професорка ни држеше предавања преку компјутер и беше баш интересно ама она знаеше како. Не верувам дека и другите професори кога би биле научени како не би предавале преку ПЦ, но знам идеа на обука па сега ако не било тоа тоа :S А овие стариве професори со методи на предавање уште од комунизмот бегаа од компјутериве како ѓавол од темјан.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Кај нас у школо во секоја училница има компјутер..и топ е лани на крајот на годината немаше некаде тастатури мауси (скршени беа) сега кога отив во Септември гледам истите ги замениле со нови..така да ..не е се џабе освен шо има компјутери и таму кај шо не треба...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Не се за нас компјутери за по школи, кога школите ги водат неписмени информатички директори и професорски кадар
За болдот и за штетата и неискористеноста на опремата одговорноста е врз ресорните министерства, раководителите и советниците во тие институции. Доколку направеле анализа и план, ќе можеле да забележат дека директорите (кои тие ги бираат) се "неписмени", а наставниот кадар необучен, ниту учениците, наставниците или директорите биле задолжени со потпис, реверс, клуч/обезбедување на училници, ниту пак целта на компјутеризацијата била јасна и одредена. Компјутер за секое дете како цел е промашена, тоа може да помине у некоја банана држава...или да помине во случај цифрата за тендерите да е малку поголема.

Затоа не би ги судел најниските учесници во оваа активност (наставник и ученик) сите овие недостатоци и несогледувања не се резултат на децата и наставниците туку на немањето визија/слика/цел и одржливост кога се планирал и имплементирал проектот (како и повеќето други проекти).
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Компјутер за секое дете - Ахилова пета на Владата... Интересна замисла, но премногу избрзана. Брза кучка, слепикучиња раѓа :toe:
1. Голем дел од професорите не се комјутерски образовани (посебно оние пред пензија)
2. Нема соодветен софтвер за сите предмети, а нема ни изработена програма по која ќе се водат часовите со помош на комјутер
3. Комјутерите не се воопшто заштитени од некои учениците (читај вандали, примитивци), а кога ќе снема некои делови, школото ги напаќа по ексклузивна цена помножена со 2 од продажната
4. Директорите штедат на струја, а не сум сигурен дали МОН обезбедува дополнителни средства до школите за потрошена струја од рабопта на комјутерите. Доколку обезбедува, тогаш буџетот на школото расте.
5. Кога и утре би се донела одлука да се започне со работа, голем дел од комјутерите повеќе не се во исправна состојба.
6. Ставија комјутери во сите училници, а кабинетите по информатика ги оставија со незавидна комјутерска опрема (нема принтер, скенер, проектор,...)

Комјутеризацијата не беше неопходна. Многу држави низ Европа немаат комјутер за секое дете, па ни ние немаше да бидеме нешто поназад. Она во што требаше да се вложат парите од комјутерите е реновирање на училиштата, промена на прозорците, вратите, клупи, столчиња, промена на санитарни јазли, подови, плафони и покриви, осветнување, табли и други потрошни материјали.... Ај, грешката што е направена е направена. Назад нема. Ама барем да се мрдне од мртва точка... Владава во обид да го подобри образованиево, го осакати целосно.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Добро е тоа... Компјутер за секое дете...
Какви деца, тие се говеда... Глеам некој од класот, грабнал го дави маусот, мислиш маусот е крив шо има кец... го направи сол...
Тестатурата ја праат ко черга... Мењаат букви, бројки, стрелки... Шараат по мониторите...
Добро е замислено тоа, но не за стока, туку за ученици...
Можеби за 10 години ако се подигне свеста на идните генерации, ке има ефект замислата на Груевски...

Инаку тоа што велиш, до 4 мон, ниеден нема маус, 2 имаат тестатура инт инт инт...
Тие се зедени од децата, не се земени од дедо мраз за подароци...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom