Комеморација за 62-годишнината од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН од оваа година ќе продолжат традиција на одбележување на годишнината од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо во Егејскиот дел на Македонија во 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до1949 година со помен за жртвите од војната.



На 27 август, петок, во 10 часот, делегација на Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН по повод шеесет и втората годишнина од британското напалм бомбардирање односно фрлањето на првите напалм бомби во светот во Македонија во 1948 година, ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите од Граѓанската војна во Грција, во Жена парк пред Собранието на Македонија, а во 11 часот во дворот на црквата „Света Богородица“ на Кејот на Вардар во Скопје ќе се одржи комеморација со панихида за жртвите од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо со пригодни говори за настанот.

На комеморацијата поканети се: претставници на верските заедници во Македонија; претседателот, пратениците и министрите; директорите на државните институти; ректорите на државните универзитети; градоначалниците на градот Скопје и скопските општини; дипломатско-конзуларните претставништва и странските мисии во Македонија; здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија; граѓаните на Република Македонија и пишаните и електронските медиуми.

Од Комеморацијата ќе биде упатено барање до Велика Британија да се извини на грчките и македонските анти-фашисти од Втората Светска Војна за поразот во Граѓанската војна на Грција 1946-1949 година, за жртвите од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо со цел спречување на комунизацијата на Елада и за британската асистенција за победата на грчките монархофашисти кои жестоко се пресметаа пред се со Македонците во Егејскиот дел на Македонија, поради договорот меѓу Черчил и Сталин, Велика Британија да ја добие Грција, а Советскиот Сојуз Бугарија и Романија. Македонија и Македонците повеќе нема да бидат колатерална штета на интересите на големите сили за свои сфери на влијание на овие простори. Никој повеќе не ќе може да ги крие историјата и археологијата за да не се открие вистината за Македонија.

На комеморацијата ќе биде осудена употребата на оружјето за масовно уништување (напалм, хидрогенските, графитните и атомските бомби), а на светот ќе му се упатат пораки за мир и љубов наспроти војната и омразата. Очекувањата на Македонците во целиот свет за британското покајание е безрезервното признание на државното име Македонија и членство во Европската Унија и НАТО-Алијансата под државното име Македонија.

Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН очекуваат не само исполнување на договорот меѓу Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Комунистичката партија на Грција за културна автономија на македонскиот народ во Грција по победата во Втората Светска Војна. Македонците во Егејскиот дел на Македонија од 1940 до 1949 година со илјадници жртви се вградија во темелите на државноста на Грција бидејќи заедно со Грците ја ослободија од фашистите, и поради тоа безусловно бараат враќање на граѓанските и имотните права на насилно прогонетите Македонци од Балканските војни до денес и за почитување на универзалните човекови права на Македонците кои денес живеат во Елада.

Македонците во целиот свет го отфрлаат барањето за промена на државното име Македонија со цел легализација на грчкиот геноцид врз македонскиот народ и окупацијата на Македонија од Балканските војни до денес и бараат итен и безусловен прекин на разговорите за државното име Македонија. Македонците од целиот свет ги отфрлаат притисоците за промена на државното име Македонија како културен геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото.

http://www.maticanaiselenici.com/?page=read_news&id=19262
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
139
Поени од реакции
3
Bombardiranjata na Gramos i Vicho

Годинава во Гдањск се одбележа 70 годишнината од почетокот на Втората светска војна во 1939 година. Се собра европската елита за да им оддаде почит на жртвите од Втората светска војна. Во Полска се собраа наследниците и на агресорите и на жртвите, претставниците и на фашистите и на антифашистите.

Нели, демократија е кога двете страни по војната ќе се помират заедно да ги оплакуваат жртвите од страдањата. Демократија се и колатералните штети, кога агресорот не е против народот, туку против власта избрана од истиот тој народ, та ги уништува целите во кои пенетрира власта што агресорот не ја сака. Тоа што гинат и цивили се калкулира како грешка на техниката и технологијата. Но, нели пушката сама не пука? Британскиот империјализам физички од земјината топка избриша стотици народи, јазици, религии и култури. Да живее кралицата! Зарем не беа времиња кога и ние Македонците имавме цареви и царици, империи?! Или тоа за комуњарите е антиквизација, перверзија на недоносении

Годинава во Македонија, за разлика од Грција каде се случуваат дејствијата, Македонците од Егејскиот дел на Македонија одбележуваат и еден бизарен настан: „60 години од крајот на Граѓанската војна во Грција во 1949 година“. Грција не го одбележува овој настан. Затоа што во неа се уште владеат монархофашистите. Тие, коишто со помош на Велика Британија им ја одзедоа победата на антифашистите, демократите и на Македонците во Втората светска војна.

На Македонците во таа продолжена антифашистичка војна по Втората светска војна, од 1946-1949 година, на грчките антифашисти со англо-американските интервенционистички сили кои ги вратија монархофашистите на власт во Грција, им се повтори геноцидот и егзодусот. Насилно беа прогонети од своите родни огништа, убивани, измачувани, депортирани, раселени, врз нив, на планините Грамос и Вичо, во Егејскиот дел на Македонија, Британците ги фрлија првите напалм бомби во светот за да ја капитулираат Демократската армија на Грција во која речиси една третина се приклучија Македонците. Исто како што Американците ги фрлија првите атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки во Јапонија за да ги капитулираат колаборационистите со Хитлеровата Германија.

На 30 август 1949 година Демократската армија на Грција (ДАГ) беше поразена од монархофашистичките сили на Грција помогнати од англо-американските интервенционистички сили. Главнината на ДАГ премина од Грамос во Албанија, со што заврши тригодишната грозоморна војна, со стотици илјади жртви, ранети, бегалци, насилно прогонети, од кои многумина никогаш не ги видоа своите родни села и домови, ден-денес соголени планини од напалм бомбите на Грамос и Вичо... Оние што останаа во Грција беа интернирани по грчките каменити острови, претворени во логори на смртта, каде што комунистите и Македонците беа сурово измачувани и убивани...

...Впрочем, најстрашниот терор врз Македонците се врши со доаѓањето на власт на генералот Јоанис Метаксас, кој на 4 август 1936 година ја воведува фашистичката диктатура во Грција, суспендирајќи го демократскиот живот во земјата, прогонувајќи ги и затворајќи ги припадниците на левицата и на малцинските групи, прогласувајќи апсолутна вредност на нацијата, забрзано фашизирајќи ја земјата. Во негово време се забранува македонскиот јазик во секаква употреба, започнува едно од најмрачните поглавја од историјата на Македонците под Грција. Во такви услови на терор врз Македонците избувнува и Втората светска војна. По неуспешниот обид на Бенито Мусолини да ја окупира Грција, интервенира Адолф Хитлер со неговиот моќен „Вермахт“. Грција набргу капитулира и е поделена на три окупациски зони: германска, италијанска и бугарска. Најголемиот дел од Егејска Македонија потпаѓа под окупација на Бугарија, но Македонците се приклучуваат на грчкото партизанско движење ЕЛАС и неговото политичко крило ЕАМ во борбата против германските и бугарските окупатори. Македонците го прифаќаат тогаш исправниот став на Комунистичката партија на Грција (КПГ) кон македонското прашање: признавање на Македонците, право на автономија, информирање и образование на македонски јазик...

...Клучниот историски факт кој доведе до војната во Грција од 1946-1949 година и кој однапред го определи нејзиниот исход, беа и останаа, интересите на големите сили, нивните стратегии и пазари околу поделбата на сфери на влијание на овие простори. На средбата на Сталин и Черчил во Москва 1944 година, постигнат е договор Романија и Бугарија да и припаднат на Русија, а Грција на Велика Британија, поради британскиот интерес за Средоземното море, подоцна потврден и на Јалта меѓу Сталин, Черчил и Рузвелт.

Поради овие одлуки на големите сили, по завршувањето на Втората светска војна, антифашистите во Грција, борците на ЕЛАС во кои масовно беа вклучени и Македонците, наместо по поразот на фашизмот да ги уживаат плодовите на победата, беа ставени под тешки репресии на екстремните десничари, на оние што соработуваа со фашистичкиот окупатор за време на војната. Теророт врз борците на ЕЛАС, врз оние кои и ја донесоа слободата на Грција, толку ќе ескалира за една година, што и покрај советите на Сталин и на Комунистичката Интернационала за апстиненција, ќе ги принуди грчките комунисти на оружен бунт против десничарскиот терор. Репресиите беа особено изразени во Македонија каде што десницата палеше цели села само за изречен македонски збор.

Во оваа војна македонскиот народ од Грција масовно се приклучи на армијата на левицата Демократската армија на Грција (ДАГ), а во одредени периоди Македонците под Грција заедно со заднинските сили, беа дури една третина од војската на ДАГ.

За жал, британскиот премиер Винстон Черчил во втората половина на 1944 година повеќе беше загрижен од можната комунизација на Балканот и Источна Европа, отколку од тоа како да ја победи фашистичка Германија, посебно исплашен од грчките партизани од ЕЛАС и нивното политичко крило ЕАМ, по војната да ја преземат власта во Грција, поради што му довери задача на британскиот генерал Скуби, по секоја цена да го разоружа ЕЛАС, со покритие за интервенција на британските трупи во Грција од претседателот на грчката влада во егзил во Каиро, Јорго Папандреу. Иако ЕЛАС не го положи оружјето туку во декември 1944 година започна оружени борби со британските трупи за престолнината Атина, поради засилувањата на британските трупи и одбивањето на Сталин да упати воена помош, на 12 февруари 1945 година во Варкиза склучи договор за разоружување. И покрај договорот на сојузничките сили за затворање на сите колаборационисти со фашистичкиот германски, бугарски и италијански окупатор, британците нема да го испочитуват договорот од Варкиза и овие реакционерни грчки сили набргу ќе бидат пуштени на слобода. Монархофашистите организирани во легална паравојска на полицијата, иронијата да биде поголема вооружени токму со оружјето предадено од ЕЛАС, започнуваат невиден терор врз партизаните, левичарите и демократите, особено врз Македонците под Грција. Монархофашистичкиот режим во Грција по војната ги засили репресиите врз Македонците, а тоа кулминира по враќањето на кралот на 28 октомври 1946 година...

...Балканските војни од 1912-1913 година и Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година трајно ја изменија етно-историската карта на Македонија и на македонскиот - еден од најстарите народи во Европа! И затоа и парадоксот, Грција крајот на војната 1946-1949 година не го одбележува, затоа што треба да ја признае победата на фашистите од Втората светска војна, востоличени од англо-американските интервенционистички сили., кои владеат до ден-денес во јужниот сосед на Македонија - Грција.

И како што Јапонците го одбележуваат фрлањето на првите атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки, најверојатно така и ние Македонците треба да почнеме да го одбележуваме фрлањето на напалм бомбите за да го потсетуваме светот на геноцидот врз македонскиот народ, оддавајќи им почит со молитва на жртвите од геноцидот. Ако германските фашисти во Втората светска војна за Евреите градеа концентрациони логори, грчките фашисти цела Македонија ја претворија во логор на ужасите и смртта. Се подготвуваме за одбележувањето на 100 годишнината од Букурешкиот договор, поделбата и окупацијата на Македонија и геноцидот врз македонскиот народ, во 2013 година.

Имајќи предвид дека германската премиерка Ангела Меркел во Гдањск по повод 70 годишнината од почетокот на Втората светска војна во 1939 година им се извини во името на Германија на Евреите и на европските народи за страдањата, така и британскиот премиер по повод 60 годишнината од крајот на т.н. Граѓанска војна во Грција во 1949 година, јавно го повикуваме да им се извини во името на Велика Британија за поразот и жртвите на грчките антифашисти и на Македонците заради британската помош во победата на монархофашистите, како и за фрлањето на првите напалм бомби врз Македонците на Грамос и Вичо!

Извинувањето на Велика Британија на грчките антифашисти и на Македонците под Грција ќе претставува израз на победата на демократските вредности на нова Европа и на поразот на фашизмот во Втората светска војна!

За среќа, заврши српско-грчкиот договор за слободната зона во Солун, како благодарност на Атина спрема Белград за трајна елиминација на македонското прашање, Југославија како супститут на голема Србија во која Македонија требаше да биде Јужна српска бановина а Македонците јужно-србијанци повеќе ја нема! Ја нема и големата перална во Кумровец, нејзините ученици умираат, повеќе ги нема, нивните пулени ја подзабораваат па и презираат идеологијата која повеќе ја нема!

Завршија големите лаги, кои Македонците цели 90 години ги селеа зад Карпатите, за да некому друг, заедно со територијата му припадне и историјата на Македонија!

Македонија е држава, така било, така и ќе остане! Во геноцидното барање на Атина за промена на државното име Македонија ќе остане само Македонија, без додавки и без придавки! Како што и било, така и ќе остане! Амин!
I ve molam komentirajte za temava!!!!
--- надополнето ---

Da se razbereme tekstov e prezemen od gospodinot Todor Petrov od stranata na Svetskiot Makedonski Kongres!!!
 
T

Tetro

Гостин
не е исто? иста тематика, исти настан :)
Модераторот ќе каже :)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
139
Поени од реакции
3
Ako primeti na drugata tema objasnuva sto ke ima po povod toa i sto ke se bara.A ovdeka pisuva za nastanite togas direktno!!!

--- надополнето ---

Te molam komentiraj za temata ako ne sakas mozes slobodno da ne ja gledas temava!!!
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Кој ги натерал тие 20 000 војска Македонци и Грчки комунисти да се дигнат против 200 000 грчка војска подржани од Америка и Англија.Ги натера Другарот Тито и Македонските Комунисти другарот Колишевски кои им рекоа дигнете се ние ке ви помогнеме и не им помогнаа.Ги снајде истото како Србите во Хрватска,ќе им помагаше Милошевич на крајот не им помогна па ги насели во Војводина.Истото и Колишевски го направи.
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Btw, кога ќе имам време ќе го прочитам целово. Иначе, има многу борци од граѓанската војна што го доживееја ова, ама имаат страв да проговорат ден-денес.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Британците не ги бомбардирале Македонците со напалм-бомби

Во последно време одделни субјекти јавно го спомнуваат наводното „британско бомбардирање со напалм-бомби врз македонските борци во Граѓанската војна во Грција

Притоа дури се упатуваат и барања за „извинување“ од страна на сегашната влада на Велика Британија за ваквото наводно „бомбардирање“. Пред неколку години лично имам слушано еден маргинален политичар, кој мелодраматично зборуваше како Англоамериканците со напалм-бомби ги бомбардирале македонските дечиња-бегалци(!?).

Но сето ова се бесмислици. Историските факти зборуваат дека британската авијација никогаш не ги бомбардирала македонските борци во Граѓанската војна во Грција со напалм-бомби, а камоли македонските деца. Точно е дека постоело бомбардирање со напалм-бомби врз борците на ЕЛАС (каде што, освен Македонци, имало и Грци) во реонот околу планината Вичо во 1948 година, но тоа бомбардирање било изведено од спитфајери на Грчката кралска авијација (РХАФ), а не од британската. Денес постојат детални податоци за сите борбени летови на авијацијата во оваа војна (кој авион кога и каде дејствувал, какво оружје носел, какви загуби имал и сл.), па ова лесно може да се провери.

Само како илустрација ќе спомнеме дека Грчката кралска авијација во 1948 година извела вкупно 8.907 борбени лета, додека британската воопшто не учествувала во борбите во оваа година, а ниту подоцна. Притоа (според документите) напалм-бомби биле користени во борбите околу Вичо, но исклучиво од страна на грчката авијација (во интерес на просторот историските детали преземени од грчки историски воени извори ќе ги оставиме за друга пригода).

Поради сето ова, при знаењето на овие факти, доколку лагата за непостојното „британско бомбардирање со напалм-бомби“ и натаму продолжи да се повторува, тогаш тоа не ќе може да се оквалификува поинаку, освен како комунистичка пропаганда, која има за цел, врз основа на лаги, да шири омраза кон нашите западни сојузници (Велика Британија и САД).

Факт е дека Велика Британија и САД во Граѓанската војна во Грција застанале на страна на грчката кралска армија, и тоа треба да се осуди. Но познато е и дека таа нивна определба не била заради Македонците, туку заради опасноста од ширењето на комунизмот на Балканот, а голем дел Македонци во тоа време биле токму на страната на грчките комунистички сили (кои, пак, од своја страна, барем во тоа време, имале колку-толку исправен однос кон македонското национално прашање, така што ваквата ориентација на Македонците во голема мера била оправдана).

Меѓутоа и Велика Британија во еден миг понудила позитивно решавање на македонското прашање, но под услов Македонија да биде обединета и независна демократска држава, надвор од комунистичкиот блок.

Кога сме кај „барањето извинување“ од владите на оние земји што во историјата ни направиле неправди, нејасно е зошто е издвоена само Велика Британија. Според истата логика, извинување би требало да се бара и од: Турција, Русија (која била главен иницијатор за поделбата на Македонија), Германија, Србија, Бугарија, Грција, Италија...

Но каде ќе нé одведе сето тоа, кога денес со многу од овие држави имаме пријателски односи? Вистинските македонски патриоти треба да создаваат пријатели на Македонија низ светот, а не да шират омраза кон најмоќните и највлијателни земји, и тоа врз основа на лаги.



Автор: Александар Донски, историчар

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=830101554355&id=13&setIzdanie=22072
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Не е важно дали биле Британците или Грците,важно е дека се користело напалм,е сега дали било користено врз борците на ЕЛАС или на Македонските бегалци дури и пилето на гранката знае,колатерална штета?Мислам не..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Според историчарот, не ја говори вистината ниеден од овие (тогаш живи) сведоци и снимките од бомбардирањето (околу 3:25)

И г-ѓа Гелева не ја кажува вистината

people's history of the united states Трумановата доктрина
The United States moved into the Greek civil war, not with soldiers, but with weapons and military advisers. In the last five months of 1947, 74,000 tons of military equipment were sent by the United States to the right-wing government in Athens, including artillery, dive bombers, and stocks of napalm. Two hundred and fifty army officers, headed by General James Van Fleet, advised the Greek army in the field. Van Fleet started a policy—standard in dealing with popular insurrections of forcibly removing thousands of Greeks from their homes in the countryside, to try to isolate the guerrillas, to remove the source of their support"
Знае некој каде може да се најде овој документарец? Интересни се "причините" за неговото исчезнување па би сакал да го погледнам
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Меѓутоа и Велика Британија во еден миг понудила позитивно решавање на македонското прашање, но под услов Македонија да биде обединета и независна демократска држава, надвор од комунистичкиот блок.
Тешка грешка! Има еден многу важен документ кое го вели тотално спротивното. Всушност Британија е за Македонска држава... но во никој случај ОБЕДИНЕТА!
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Но сето ова се бесмислици.Историските факти зборуваат дека британската авијација никогаш не ги бомбардирала македонските борци во Граѓанската војна во Грција со напалм-бомби[/COLOR], а камоли македонските деца. Точно е дека постоело бомбардирање со напалм-бомби врз борците на ЕЛАС (каде што, освен Македонци, имало и Грци) во реонот околу планината Вичо во 1948 година, но тоа бомбардирање било изведено од спитфајери на Грчката кралска авијација (РХАФ), а не од британската. Денес постојат детални податоци за сите борбени летови на авијацијата во оваа војна (кој авион кога и каде дејствувал, какво оружје носел, какви загуби имал и сл.), па ова лесно може да се провери.
Pogavolite, od koga spitfaeri se Grcki avioni??? I sto baral Cercil vo Belomore, na odmor da se sonca??? Do koga uste ke ne lazat... sreka sve e dokumentirano i PROSTENO IM E!!!
se izvinuvam za latinica, tex prob.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Дечки, до кога ќе се расправаме на погрешни форуми?

На Историја имате многу материјали и таму и е местото на дискусијава!

Кој за што е виновен и зошто тоа така се случило имате конкретно:

Договорот за Процентите беше договор меѓу Сталин и Черчил за тоа како да се подели Југоисточна Европа во сфери на влијание.


Lurz спомна за Трумановата Доктрина, која добро опишува која и била целта и како се одвивала, ќе прочитате на истава тема погоре, клик на линкот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom